Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Иранската армија ќе ги води преговорите со САД, изјави портпаролот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ибрахим Резаи. „Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран. „Во оваа битка, Америка треба да се предаде и да го признае ...
Единаесет лица осомничени за припадност во криминална мрежа која се претставувала како оддел за банкарски измами и измамила околу стотина жртви, ќе се појават пред суд во Париз. Измамниците ги убедувале клиентите да им ги предадат своите банкарски картички на курири преку повеќестепена манипулација која вклучувала СМС-пораки за наводни измами и лажни телефонски повици. Според обвинителството, откако ќе ги добиеле картичката и ПИН-кодот, ...
Кина објави воведување на национален систем за осигурување за долгорочна нега, мерка насочена кон намалување на притисокот врз семејствата и зајакнување на социјалниот систем во услови на брзо стареење на населението. Планот, објавен од Државниот совет на земјата, предвидува обезбедување услуги или финансиска поддршка за основна медицинска и дневна нега за лица со траен инвалидитет што трае шест месеци или повеќе. Иницијативата е клучен ...
Танкер за сурова нафта во сопственост на компанија од Истанбул бил цел на напад со морски и воздушен дрон рано утрово во водите на Црното Море, во близина на Босфорот. Според првичните информации, бродот претрпел сериозни оштетувања, но засега нема повредени членови на екипажот. Станува збор за танкерот „Алтура“, кој е во сопственост на компанијата „Пергамон Шипинг“ и превезувал околу 140.000 тони сурова нафта од руското пристаниште ...
Пејачката Зорица Брунцлик веќе со недели води тешка битка со здравјето. Таа последен пат беше видена на 2 февруари на снимањето на „Пинкови ѕвезди“, по што нејзината состојба се влошила. Според извори за „Србија Данас“, пејачката првично била хоспитализирана во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде ѝ била извршена медицинска интервенција – цистоскопија. Сепак, поради сериозноста на ситуацијата, таа е префрлена на Клиниката за хирургија при ...
Коста Кецмановиќ на сведочењето открил како му било на училиште. „Имав 211 отсуства, еднаш настинав, а другите денови се преправав дека сум болен, бидејќи ми беше тешко да одам на училиште“, изјавил тој. Судијата го информирал момчето убиец дека сега има статус на оштетена страна, бидејќи неговиот татко и мајка се обвинети од Високото јавно обвинителство во Белград за занемарување и злоупотреба. „Разбравте?“, прашал судијата, а ...
Танкер за сурова нафта во сопственост на турска компанија со седиште во Истанбул рано утрово беше нападнат со морски и воздушен дрон на околу 14 наутички милји од Босфорот, објавија турски медиуми. Според информациите што беа објавени, танкерот за сурова нафта „Алтура“, во сопственост на турската компанија „Пергамон Шипинг“, кој вчера отплови од рускиот пристанишен град Новоросијск на североисточниот брег на Црното Море, натоварен со ...
Приведени се седум лица, а со двајца е извршен службен разговор за семејно насилство од вкупно 10 пријави во Скопје, Охрид, Тетово, Куманово, Струмица, Прилеп, Кавадарци и Велес во последното деноноќиe. Најсериозните случаи се регистрирани во Скопје и Охрид. Во Кисела Вода е приведен 42-годишен скопјанец поради физички напад врз неговата сопруга, која според пријавата и претходно била малтретирана. Во Охрид, 44-годишен маж е лишен од ...
13-годишно дете кое возело автомобил „Форд“ прегазило 14-годишно момче во Арачиново. Тоа е тешко повредено и било итно пренесено на скопските клиники, соопшти МВР. „На 24.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...
Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(70) од Скопје пријави дека на 24.03.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба, во домот на неговиот сосед В.Д.(39), по претходно недоразбирање, истиот физички го нападнал, при што пријавителот се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(70) од Скопје пријави дека на 24.03.2026 околу 18:00 часот на ...
Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(70) од Скопје пријави дека на 24.03.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба, во домот на неговиот сосед В.Д.(39), по претходно недоразбирање, истиот физички го нападнал, при што пријавителот се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(70) од Скопје пријави дека на 24.03.2026 околу 18:00 часот на ...
На 24.03.2026 во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото. При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во ...
Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема. Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ...
Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема” на телевизија Телма. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории на граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства. „Треба да се најде механизам да им се помогне на граѓаните. 400 евра беше ...
„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите”, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот” на Сител телевизија. „По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот ...
Централниот одбор на СДСМ на вечерашната седница донесе одлука за свикување на 32. Конгрес на партијата, кој ќе се одржи на 7 јуни и ќе има програмски карактер. На седницата беа избрани и нови членови на Централниот и Извршниот одбор. Во раководните структури на партијата влегуваат Соња Стаменкова, актуелна градоначалничка на Македонска Каменица, Слободен Чокревски, професор и поранешен носител на јавни функции, како и портпаролката на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 ...
Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот „WebEmpower“. Наместо класичен академски пристап, настанот отвори директен и понекогаш неудобен дијалог за реалната состојба на дигиталната пристапност во Северна Македонија. Преку серија интерактивни сесии, работилници и ...
Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите. Во Собранието денеска ќе се ...
Бугарските институции одлучуваат за шест волови што ја преминаа границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена. Животните биле заловени и сместени во привремен објект за одгледување животни на Општината, сè додека комисија од овластени бугарски и македонски служби не одлучи како да се постапи во овој случај, јавува „БНР.бг“. Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на терен. Од вкупно 4.070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број. Согласно податоците добиени од меѓуопштинските центри за социјална ...
Високото образование треба да обезбеди нашите општества да се развиваат и управуваат врз основа на фактичко знаење, како и на расудување и творечко размислување. Вакви универзитети се цел на сите нас во регионот, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на дводневната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ во Скопје, која МОН ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, укажа на економската и стратешката корист од членството во Европската Унија, потенцирајќи дека членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра. „Во кој сектор, во која сфера има прогрес кај нас? Има ли раст на платите, се гради ли инфраструктура, зајакнува ли правосудството, образованието, здравството, социјалниот систем? Земјите што се членки, како Шпанија и Романија, се ...
Добивањето универзитетски дипломи без квалитетно знаење создава фрустрации, а поседувањето диплома во сегашните услови не е доволно без доживотното учење бидејќи кариерните патеки веќе не се толку линеарни. Работодавачите сега не ги гледаат само дипломите, туку вештините, способностите и адаптабилноста. Затоа се потребни универзитети кои се поинтернационални, порелевантни, пофлексибилни и повеќе поврзани со вистинските економии – порача ...
Работни групи на Фондот на ПИОМ и на институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Австрија – Институција за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и Рударска индустрија (BVAEB), ја одржаа втората работна средба за подготовка и усогласување на Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност. На ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изрази оптимизам дека долгогодишниот проблем со паркирањето околу законодавниот дом ќе биде конечно решен до крајот на 2026 година. Тој информираше дека веќе е објавена постапка за партерно уредување на катната гаража, со што се очекува подобрување на инфраструктурата во овој дел од центарот на Скопје. „Процедурата трае 30 дена. Доколку сѐ се одвива според планот, очекуваме во мај да започнат ...
Во комуникацијата со медиумите е неопходно почитување на професионалните стандарди, укажува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со реакцијата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на новинарско прашање поставено од новинар на ТВ Канал 5 за време на јавен настан наменет за медиумите. -Новинарските прашања претставуваат составен дел од демократскиот процес и не смеат да се третираат како напад, ниту, ...
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица Од самото формирање на Регулаторната комисија за енергетика, па сè до денес, изборот на нејзините членови континуирано се одвива по партиски клуч, под превез на наводна независност и експертиза. Наместо институција што ќе биде коректив на пазарот и заштитник на јавниот интерес, РКЕ се трансформираше во механизам преку кој се носат одлуки со директно влијание врз цената на струјата, ...
Доскорешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, најави формирање нова политичка партија под името „Албански сојуз“, која, како што истакна, веќе е оформена и ќе претставува продолжение на идеалите на досегашната политичка структура. Во интервју за весникот „Лајм“, Села порача дека не гледа решение во повлекување од политичката сцена, туку напротив – најавува нов почеток и градење на нов, силен политички субјект. „Не ...
МВР информира дека вчера попладне во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. МВР информира дека вчера попладне во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Маршал ...