
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Како што се приближуваат локалните избори што ќе се одржат оваа година, 24 Инфо дојде до сознанија од партиски извори за имињата кои во моментов се споменуваат како можни кандидати на владејачката партија СДСМ за неколку клучни општини. Според информациите, се шпекулира дека Александар Бузлевски е потенцијален кандидат за градоначалник на Ресен, додека Асен Шајн се разгледува како опција за Охрид. За општина Ѓорче Петров, како можен кандидат ...
Овен Денеска вашата амбиција е силна и лесно ќе ги надминувате пречките кои се поставуваат пред вас. Вашата способност за брзо донесување одлуки ќе биде клучна, особено ако работите на сложени проекти или водите тим. Можно е неочекувано признание или пофалба за вашиот труд. Во љубовта, обидете се да бидете малку попретпазливи – нетрпеливоста може да предизвика недоразбирање со партнерот. Слободните Овни може да запознаат личност која ќе ги ...
Опозициската Демократска партија на Албанија потпиша договор за лобирање вреден шест милиони долари со американската компанија Continental Strategy, која ја водат луѓе блиски до претседателот Доналд Трамп, објавија албанските медиуми. Договорот, кој на 4 април го потпишал генералниот секретар на Демократската партија, Фљамур Нока и Карлос Трухиљо, поранешен советник на Трамп и основач на компанијата, предвидува месечна исплата од 250.000 ...
Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени. Откако ја презентираше изборната програма на кандидатот на ХДЗ за градоначалник на Осиек, Иван Радиќ, на новинарско прашање кога авионите „Рафал“ што ги ...
Едно лице загина, а неколку други се повредени откако рекреативен брод се судри со ферибот што превезувал 45 лица во Клирвотер, Флорида, потврди полицијата за Си-ен-ен. Рекреативниот чамец избегал од местото на настанот, но друга агенција за спроведување на законот успеала да го идентификува, изјави Роб Шо, портпарол на полицијата во Клирвотер. 🚨 Clearwater Ferry Crash Update: At 8:40 p.m., the Clearwater Ferry collided with a privately ...
Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун. Ова е прва официјална потврда на присуството на севернокорејски војници во Русија, неколку месеци откако ...
Кардиналите на Католичката црква, кои пристигнаа во Рим од целиот свет, денеска ја одржуваат петтата Генерална конгрегација по смртта на папата Франциск, јави ДПА. Состанокот ќе започне во 9:00 часот по локално време и се очекува на него да биде утврден датумот за почеток на конклавата, на која ќе се избира новиот папа. Според проценките на експертите, конклавата би можела да започне на 5 или 6 мај, веднаш по завршувањето на деветте дена ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец. Според најавите, летови за Барселона ќе има двапати неделно, секој вторник и сабота, а за Лион ...
Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче ...
Во Уставниот суд на Република Северна Македонија во Скопје денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“. Настанот има за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор. Воведни обраќања ќе имаат претседателката на Република Северна Македонија, ...
Владата и парламентарното мнозинство се стабилни, се огласија вчера премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет на партијата и претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. Под знак прашање е останувањето на министерот за здравство Арбен Таравари во Владата по превирањата во коалицијата Вреди, еден од владините коалициски партнери покрај ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Уште денес (понеделник 28 април) во нашата Република Македонија времето ќе биде променливо облачно со појава на локален дожд. Од утре (вторник 29 април), па се до четврток (1 мај) времето кај нас ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност, а и температурите ќе бидат во пораст преку ден. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопскиот ...
Во Основниот кривичен суд денеска во 10 часот продолжува судењето за свирепите убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо ќе одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната. Палевски на претходните рочишта ја негираше вината, нарекувајќи ги доказите против него манипулативни и нецелосни. Тој тврдеше дека на денот на убиствата бил зафатен со приватни обврски и партиски ...
Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска ќе го одбележи 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештајза случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та. Како и во минатите години, во парк во Аеродром, ќе бидат засадени дрвца во спомен на загинатите работници на работните места. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е востановен од Меѓународната ...
Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од 8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД. Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 часот и поголем дел од корисниците од објектите со парен број на ул. „Иван Цанкар“ во населба Влае во општина Карпош. Од 9 до 13 ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и ...
Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ се соочи со сериозен инцидент на летот БА216 од Вашингтон кон Лондон. Летот полета од меѓународниот аеродром Дејлс во 17:36 часот по локално време, но помалку од два часа подоцна, во 19:30 часот, беше принуден да се пренасочи и да слета на меѓународниот аеродром Логан во Бостон. Причината за итната промена беше пријавен „можен удар од птица“ и појава на чад во кабината. Екипажот веднаш ги известил надлежните ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ја посети болницата „Чам“ во Истанбул, каде се лекуваат двајцата млади пациенти повредени во трагедијата во Кочани. „Останаа двајца пациенти, Борис и Мартин, кои имаат по 21 година. Состојбата им е тешка, но стабилна. Јадат самостојно и се под постојан надзор, заедно со своите родители. Би сакал јавно да изразам голема благодарност до целиот тим на болницата, кој даде исклучителен придонес во ...
Вечерва уште еден силен земјотрес е регистриран во Турција по серијата земјотреси кои следеа по земјотресот со јачина од 6,2 степени во средата во Истанбул, два посилни земјотреси во Кутахја, а потоа и во Коња. Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 21 часот и 9 минути по локално време во Елазиг, Анадолија, во источниот дел на Турција, објави Хаберлер. Тресењето на земјата се почувствува и во околните ...
Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица. Во истиот објект кој се ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи со соопштение по повод напуштањето на терен од страна на фудбалскиот клуб Гостивар на мечот со Работнички. Домашните примија гол за 1-2, па решија да покажат револт од судењето и да се повлечат. Воедно, судиите во извештајот имаат наведено дека добиле закана за ваков епилог уште од стартот на средбата. Во прилог, соопштението на ФФМ. „На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ...
Сè повеќе светски авиокомпании воведуваат строги ограничувања кога станува збор за носење надворешни батерии во авионот. Ова се случи по серија инциденти и пожари предизвикани од литиум-јонски батерии, а безбедноста стана многу ранлива, пренесува Euronews. Иако надворешните батерии често се незаменлив дел од багажот на патниците, тие сега претставуваат „скриен ризик“, а компаниите одлучија да ги променат своите правила. Зошто надворешните ...
По објавениот текст со наслов “Ќе плаќате и за увид во сопствените пари – НЛБ Банка воведува нови повисоки трошоци за клиентите”, од НЛБ Банка вечерва преку допис се огласија со дообјаснување и истиот интегрално ви го пренесуваме во продолжение. ” Во врска со објавениот текст кој се однесува на новиот Тарифник на НЛБ Банка кој стапува на важност од 23 јуни годинава, поконкретно на воведувањето паричен надоместок за користење на мКлик, би ...
ДУИ побара одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври, предупредувајќи дека земјата оди во „погрешна насока“ и дека е неопходна итна политичка стабилизација за спас на европската перспектива. „На земјата ѝ е потребна долгорочна политичка стабилност што може да се обезбеди само преку одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Тоа ќе овозможи повеќегодишен период без изборни соочувања, ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле 63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. „Инаку, имало ...
Европската комисија во четвртокот предложи важни промени во правилата за периодични тестови на возилата, за да се земе предвид зголемениот број електрични автомобили, напредните системи за помош на возачот и да се намали измамата со километражата. Новите правила треба да ги намалат емисиите, измамата со километражата и да ја зголемат безбедноста на патиштата. Комисијата предложи ревизија на три директиви: за периодични технички тестови за ...
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска во периодот од 08:30 до 16:00 часот спроведе зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје. При контролата санкционирани се вкупно 96 учесници во сообраќајот, од кои изречена е 41 мерка за возење со брзина поголема од дозволената, 15 санкции за возачи на мотоцикл кои управувале без заштитна кацига, четири мерки за возење без возачка ...
Првиот ден по Свети Тома е Побусени понеделник. На овој ден, вообичаено е да се организира и исчистaт гробовите од плевел, по што и беше именуван овој понеделник. Оние што ќе отидат утре на гробиштата, треба да се придржуваат кон мерките на претпазливост и социјалното растојание, да стават обоени јајца на гробовите, со поздравот: „Христос воскресна“, што им ја пренесува радоста на најголемиот христијански празник на оние кои веќе не се со ...
Рускиот астролог Василиса Володина открила кој знак од зодијакот ќе има најмногу среќа и успех до крајот на 2024 година, како во професионалната сфера, така и во личниот живот. Знакот кој го чека неверојатно добар хороскоп до крајот на годината е БИК. Припадниците на овој знак ги очекуваат многу љубов, пари и позитивни околности во речиси сите области од животот. Накратко, тие ќе бидат миленици на ѕвездите! Планетата на љубовта – Венера – ви ...