Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека Иран ја информирал за ракета што погодила област во близина на нуклеарната централа Бушер. МААЕ во објава на платформата „X“ соопшти дека еден од вработените во физичката заштита на локацијата бил убиен откако бил погоден од фрагмент од ракета и дека зграда на локацијата била погодена од ударни бранови и фрагменти. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење“, ...

Овие четворица астронаути веќе патуваат околу Месечината за време на мисијата Артемида II, на бродот Орион на НАСА. Овој историски пробен лет со екипаж е само почеток на патот кон воспоставување долгорочно научно и човечко присуство на месечевата површина. Да се запознаеме со екипажот: Рид Вајзман, командант: ја предводи мисијата. Ова ќе биде негово второ патување во вселената, откако во 2014 година служеше како летачки инженер на ...

Белата куќа соопшти утрово дека Соединетите Американски Држави спасиле пилот заробен зад непријателските линии откако Иран соборил американски борбен авион Ф-15. „Во текот на изминатите неколку часа, американската војска спроведе една од најопасните операции за пребарување и спасување во историјата“, се вели во изјавата на Трамп објавена на социјалната мрежа X од портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Трамп рече дека пилотот е ...

Кувајтската нафтена компанија (KPC) објави дека по напад со беспилотно летало рано утрово, избувнал пожар во нафтениот комплекс Шуваик, во кој се сместени Министерството за нафта и седиштето на KPC, јавува кувајтската државна новинска агенција. Засега нема повредени. Екипи за итни случаи се на местото на настанот, како и пожарникари кои го гаснат пожарот. Кувајтските државни медиуми, повикувајќи се на Министерството за финансии, објавија ...

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе професионалниот празник на руските геолози и ветерани од индустријата и ги објави нивните нови откритија. „Се посветивте на тешка, но исклучително важна работа што бара длабоко знаење, упорност, посветеност и посветеност на целта“, нагласи Путин. Претседателот нагласи дека професионалните традиции на геолозите се пренесуваат од генерација на генерација, што им овозможува ефикасно да ...

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 18:24 часот на подрачјето на Грција. Според достапните податоци, епицентарот на потресот е лоциран на координати со географска ширина 39, 6794 и должина 20.568, западно од Јанина. Според информациите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата. Засега нема ...

Албанија се соочува со сериозна криза во однос на работната сила. 40% од нејзиниот потенцијал за работа одлучил да го изгради својот живот во странство. Годишниот извештај на Народната банка на Албанија за 2025 година предупредува на загрижувачките статистики за иселувањето, класифицирајќи го овој феномен не само како социјален проблем, туку и како ризик што влијае на економскиот развој и ја нарушува стабилноста на многу сектори во ...

Косовската претседателка, Вјоса Османи, своите овластувања ги предаде на претседателката на парламентот Албулена Хаџиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател. Церемонијата се одржала во кабинетот на претседателката. Османи изјавила дека зад себе остава извонредни дела. Хаџиу, изјавила дека должноста ќе ја извршува во согласност со Уставот и законите на Косово, нагласувајќи дека е свесна за ...

Пприпадници на полицијата и војската на Србија го пребаруваат теренот во општина Кањижа, барајќи недозволени супстанции кои се опасни по животот на граѓаните и делови од витална инфраструктура, јавуваат српските медиуми. Како што дознава РТС , по одобрение од страна на Полициската управа во Суботица, припадници на Управата за криминалистичка полиција, заедно со Воената полиција и други единици на српската армија, од раните утрински часови ...

На 03.04.2026 од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во содејство со САЕ Тигар беше спроведена оперативно-тактичка мерка “заседа”, долж автопатот “пријателство” во близина на Градско, со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на Р.С.Македонија, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога -марихуана и запленета е поголема ...

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени на наплатната рампа Стоби, во близина на Градско. Првиот осомничен, 38-годишен ...

На 04.04.2026 во 20:40 часот на бул. „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Б. од Кичево, затоа што со патничко возило „опел вектра“ со кичевски регистарски ознаки удрил во десетгодишник од Кичево. По преземени мерки, утврдено е и дека А.Б. го управувал возилото иако има активна заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б- категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото му е ...

На 05.04.2026 во 02:35 часот во Полициската станица Кочани полициски службеници лишија од слобода 15-годишен малолетник по претходна пријава дека на 04.04.2026 во Кочани извршил полово дејствие врз друг малолетник. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална работа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. На 05.04.2026 ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив шестмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје, двајца во Прилеп и по еден во Битола и Свети Николе. Четири лица (по еден во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани) возеле иако имале активна забрана за управување со возило, а едно лице управувало возило под дејство на ...

Акцизите за дизелот се намалуваат за четирим а за бензините за два денари одлучи Владата денеска на вонредна седница, а одлуката на прес-конференција ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. На вонредната седница Владата одлучи ДДВ-то за горивата да продолжи да биде намалено од 18 на 10 отсто до крајот на кризната состојба, која ќе истече на 20 април. Мицкоски истакна дека без намалување на ацизата, литар дизел ќе беше околу 102 или над ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Македонските граѓани во моментов го носат товарот на најниските примања во Европа, додека истовремено се соочуваат со европски цени во маркетите. Пред новиот инфлаторен бран поттикнат од глобалните кризи и конфликтот на Блискиот Исток, кој се заканува дополнително да го стопи скромниот домашен буџет, Либерално-демократската партија (ЛДП) повторно го поднесува Законот за платежни услуги и платни системи со кој ...

Соопштение, ВЛЕН Ахмети упорно ги потценува Албанците. Неговото писмо е стоти опозициски обид своите грешки и пропусти да ги префрли на туѓа адреса. Цели 20 години беше власт и наместо системски да ги решава правата на Албанскиот народ остави во наследство половични и недоречени акти. Тогаш кога му одговараше лажно, со гол популизам, сееше магла дека ги решил сите прашања на Албанските права, а реалноста е сосема поинаква. Поважно било ...

Полицијата пресече транспорт на наркотична дрога во близина на Градско, при што се лишени од слобода две лица, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава. На 3 април 2026 година, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во содејство со САЕ „Тигар“, спровеле оперативно-тактичка мерка „заседа“ долж автопатот „Пријателство“, во близина на Градско, со цел спречување на недозволена трговија ...

Александар Наунов, татко на починатата Надица Наунова, која го загуби животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска на „Маршот за ангелите“ во Кочани упати остро предупредување до Институтот за судска медицина. Тој порача дека доколку во рок од три дена родителите на загинатите не ги добијат резултатите од токсиколошките наоди, вклучително и испитаните параметри за присуство и ниво на цијанид, ќе излезат пред Институтот за ...

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија има доволно нафтени деривати и нема потреба од ограничувања во моментов. Тој додаде дека иако ограничувања не се потребни, има зголемена потрошувачка, пред се поради тоа што голем дел од граѓаните од соседните земји доашаат да точат гориво кај нас. -Во моментов немаме никакви индиции дека би имало потреба од ограничување од аспект на волумен како што направија некои земји од ЕУ. Не само ...

Реката Вардар во Гостивар попладнево имаше чудна непрепознатлива боја. Граѓаните алармираа за оваа загрижувачка состојба. И од Општина Гостивар информираа дека утрово, загрижени граѓани доставиле фотографски материјали кои укажуваат на загадување на реката Вардар. Испратените се инспектори на терен за да се утврди ситуацијата и да се провери дали нарушувањето на водите во реката Вардар е предизивикано поради човечка активност или природен ...

Верниците на Римокатоличката црква и другите западни цркви го слават најголемиот христијански празник – воскресението на Исус Христос, празник што ја симболизира победата на животот над смртта. Дел од православните христијани ширум светот кои припаѓаат на црквите од западен обред денес го слават најголемиот христијански празник – воскресението на Исус Христос. Воскресението на Синот Божји е темел на христијанската вера, обнова на животот, ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој би условил обилни врнежи од снег и исклучително ладно време. Исклучително ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Коалициските партнери СДС и ДУИ за криминални активности не мирувале ни ден. Па така, после изборите во 2020 година и по формирањето на нивната нова влада, не чекале многу за да почнат со нивните добро познати навики за криминал, корупција, тендери, разни набавки или, пак, измена на урбанистички планови. Само еден ден од изборот на тогашната влада на Заев премина на исполнување на ветувањата кои тој му ...

Утре (06.04.2026), со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит со траса на движење од пред плоштад „Карпошово востание“ ул.„11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по ул.„Никола Вапцаров“ и завршува на ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, сообраќајот ќе биде пренасочен по ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: За овие речиси две години во опозиција, ДУИ не остави ништо без да злоупотреби, само за да ја спаси сопствената политичка кожа, дури и грижите на студентите. Денес, без никаков морален кредибилитет, се обидува да инструментализира прашање што самата го држеше како заложник. Истата партија, со неколку министри за правда, денес пролева крокодилски солзи за проблем што не го реши кога ја имаше целата моќ во ...

Зошто владата на премиерот Христијан Мицкоски упорно бега од решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат на Македонија? Ова прашање логично се поставува кога ќе се видат последните пораки од официјална Софија поврзани со односите со Македонија. Илијана Јотова претседателка на Бугарија, испрати јасна порака дека „Бугарија и Северна Македонија немаат билатерален спор“, туку дека Владата во Скопје треба да ги исполни преземените ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Енергетиката не е обична економска гранка. Таа е темел на индустријата, социјалната стабилност и државната самостојност. Држава што нема контрола врз сопственото производство на електрична енергија долгорочно не може да се смета за суверена, туку за зависна – економски, политички и стратешки. Македонија, за жал, со години се движи токму по тој пат. И не поради недостиг на природни ...

Еден член на екипажот е спасен, а по другиот се трага. Техеран демантираше дека го уапсил исчезнатиот член на екипажот. Иран тврди дека пилотот сè уште не е пронајден, додека паралелно трае интензивна потрага и од иранска и од американска страна. Според светските медиуми, станува збор за еден од двајцата членови на екипажот на американски F-15E Strike Eagle што беше соборен над Иран. Еден од нив веќе е спасен, но вториот и натаму се води ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, предупреди на сериозни последици за пазарот на недвижности доколку продолжи трендот на блокирање на нови детални урбанистички планови (ДУП) во Скопје. Според него, ограничувањето на урбанистичкото планирање и изградбата на нови објекти директно ќе доведе до драстичен раст на цените на становите, при што квадратниот метар може да достигне и над 5.000 евра. „Јас ви гарантирам дека ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
43%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
68%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.0
57%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
88%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
46%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
61%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Паладиум

48883.97