Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот „Турски тек“ на територијата на Србија. Сијарто ги изнесе овие тврдења по седницата на Унгарскиот совет за одбрана. Сијарто рече дека „оневозможениот терористички напад во Војводина се вклопува во шемата на украинските дејствија“. Според него, Украинците претходно го дигнале во воздух гасоводот ...

Четири италијански аеродроми – Болоња, Милано Линате, Тревизо и Венеција – се соочуваат со можни ограничувања во снабдувањето со гориво за авиони поради проблеми со снабдувањето со клучниот добавувач Ер БП Италија. Во известувањето на авиокомпанијата издадено вчера се вели дека „услугите за полнење гориво за авиокомпаниите склучени договори со Ер БП Италија би можеле да бидат ограничени“ поради намалена достапност на гориво, објавува ...

Осум земји што го сочинуваат јадрото на групата производители на нафта ОПЕК+ денеска изразија загриженост поради нападите на Иран врз енергетските капацитети и проблемите во снабдувањето со нафта поради војната на Блискиот Исток. – Враќањето на оштетената енергетска инфраструктура до полн капацитет е скапо и трае долго, што влијае на целокупното снабдување, се вели во заедничка изјава по онлајн состанокот на Саудиска Арабија, Русија, ...

Најмалку три лица загинаа, а неколкумина се поврдени денеска откако врз нив паднало дрво во шума во близина на северниот германски град Фленсбург, пренесува ДПА. Настраданите во моментот на несреќата барале велигденски јајца во шумата, што е обичај во тој дел на Германија за Велигден. Германската метеоролошка служба соопшти дека временските услови на северот од земјата денеска биле лоши со силен ветер што дувал и до 80 километри на час. ...

Украинското Министерство за надворешни работи категорично ги отфрли обвинувањата дека Украина е поврзана со откриениот експлозив во близина на српскиот дел од гасоводот „Турски тек“. – Украина нема никаква врска со тоа, напиша на Х портпаролот на Министерството за надворешни работи, Георгиј Тихи. Според него, „најверојатно станува збор за руска операција под лажно знаме во рамките на масовното мешање на Москва во унгарските избори“. ...

Дваесет и двегодишник почина откако беше застрелан од полицајци за време на полициска потера во југозападна Германија, соопштија денеска обвинителите, јави ДПА. Инцидентот се случил околу 1 часот наутро откако возило се обидело да избегне полициска проверка североисточно од Сарбрикен, град на француската граница, на околу 150 километри од Франкфурт. 22-годишникот го управувал возилото во кое се наоѓале уште двајца мажи, 23-годишен и ...

Русија се надева дека напорите за намалување на тензиите околу конфликтот во Иран ќе вродат со плод и оти САД ќе придонесат за тоа со „откажување од јазикот на ултиматуми и враќање на дијалогот“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението објавено по разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Абас Арагчи, се повикува „да се избегнуваат активности, вклучително и во ...

САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијален 45-дневен прекин на огнот што би можел да доведе до траен крај на војната, објави вчера „Аксиос“, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите. Ројтерс не можеше да ја потврди веста, бидејќи Белата куќа и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на барањата за коментар. Според „Аксиос“, медијаторите ...

Руската војска рано утрово објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле 148 украински дронови за три часа, додека официјални лица објавија дека снабдувањето со електрична енергија е обновено во речиси половина милион домаќинства поради прекини поврзани со воздушните напади. Во соопштението од руското Министерство за одбрана се вели дека единиците за воздушна одбрана пресретнале 148 дронови помеѓу 20:00 и 23:00 часот во ...

На 05.04.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје 50-годишна жена од скопско пријави дека околу 01:00 часот во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(52). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 04.04.2026 во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Г.(26) поради тоа што околу 01:30 часот физички ја нападнал неговата 25-годишна партнерка. По целосно ...

На 04.04.2026 околу 15:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Каменичка” со ул.„Александар Македонски” во Македонска Каменица, патничко возило „голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(66) од Скопје, удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Н.(66) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник ...

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури. -Преговорите одат добро. Значи во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30 септември. Значи веќе добивме ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача да бидат спокојни сите институти кои генерираат квалитет во високото обрзование, но дека нема да бидат толерирани случаи по примерот што вчера го обелодени министерката Весна Јаневска која соопшти дека затвориле приватен институт кој работел во обложувалница. -Нив не може да ги толерираме бидејќи мора еднаш во високото образование да почнеме да генерираме квалитет, а не квантитет. Нашата цел не е да се ...

Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали ќе има промени во владиниот состав и има ли министри од чија работа не е задоволен. Како што рече, до крајот на април и почетокот на мај ќе се фокусираат на реструктурирање во партијата што ја предводи, а потоа, во мај-јуни, ќе се посветат на евентуални ...

Соопштение на ВЛЕН: Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022. Али Ахмети преку медиумите си пишува писма сам на себе за Албанскиот јазик, но молчи за фактот дека купил зграда од пет ката во центарот на Тетово со површина од 1200 метри квадратни. ВЛЕН одамна предупредува дека зад лажната грижа на ДУИ за правата на Албанците всушност се кријат тесно партиски интереси ...

Околу две илјади табли со јајца беа буквално разграбани за само еден час во Велес за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж. Поради безредието меѓу граѓаните кои чекаа во редици, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуални повреди, објави СДК.мк Донација од дијаспората, граѓаните земаа и по повеќе табли Хуманитарниот настан е донација од велешани кои живеат и работат во Соединетите ...

Во друштва, прослави и вечерни излегувања лесно се губи контрола врз количината на испиен алкохол. Иако често се создава впечаток дека организмот „се справува“, реалноста е поинаква телото има јасно ограничување, а најголемиот товар го носи црниот дроб. Неврохирургот Брајан Хефлингер посочува дека процесот на разградување алкохол е значително побавен отколку што повеќето луѓе претпоставуваат. Според неговите објаснувања, црниот дроб може ...

Не секој има потреба од големо друштво за да се чувствува исполнето. За некои луѓе поважно е да имаат неколку блиски личности на кои вистински им веруваат, отколку постојано да градат нови познанства. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци почесто избираат квалитет наместо квантитет кога станува збор за пријателства. На прв поглед можат да делуваат резервирано, но тоа најчесто е резултат на внимателност и желба да се заштитат од ...

Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV.mk, водителката и астролог Наташа Јанковска најави значаен астролошки настан кој, според неа, ќе го одбележи развојот на човештвото во наредните години. Станува збор за влегувањето на планетата Уран во знакот Близнаци на 25 април, каде што ќе се задржи до 22 мај 2033 година. Овој транзит, кој трае околу седум години, носи потенцијал за длабоки и брзи трансформации – како на ...

Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV.mk, водителката и астролог Наташа Јанковска говори за радикалната трансформација што го очекува светот особено во образованието, економијата и начинот на живеење. Според нејзините анализи, човештвото влегува во период на длабока дигитална револуција, во кој традиционалните системи постепено ќе се заменуваат со нови, технолошки напредни модели. Класичните пари, како што ги ...

Здравите плескавици од тиквички се лесни за подготовка, вкусни и готови за само 20 минути. Состојки: 350 г рендани тиквички (околу 1 средна тиквичка) 1/4 лажичка сол 1 јајце, изматено 60 г овесно брашно 1/2 лажичка кромид во прав 100 г рендано чедар сирење свежо мелен пипер 1 лажица ситно сечкан млад кромид 1 лажица маслиново масло Подготовка: Ставете ги ренданите тиквички во цедалка и посолете ги. Оставете ги да отстојат околу 10 минути. ...

Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV.mk, водителката и астролог Наташа Јанковска предупредува дека покрај технолошките трансформации, светот влегува и во период на сериозни општествени потреси. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Таа истакнува дека транзитот на Уран во знакот Близнаци, кој ќе трае неколку години, не носи само напредок и иновации, туку и силни бранови на ...

Посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, поради одржување на две спортски манифестации ќе има утре во Скопје. Првиот настан е планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, која започнува во 07:00 часот наутро. Стартно-целната позиција е во комплексот „Македонско село“, а трасата се движи по дел од јавниот пат до селото Горно Нерези (кај џамијата), по што натпреварувачите продолжуваат по планинските патеки. Поради оваа трка, ...

Денеска од раните утрински часови, поради градежни активности, целосно е затворен за сообраќај дел од булеварот „Македонија“, информираат од Град Скопје. Станува збор за потегот од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвениот Крст, каде ќе се изведуваат работи за поставување на завршниот слој на коловозот, во рамки на првата фаза од проектот. Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и трпение, ...

До месец јуни првата линија од Градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до железничка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе ја пуштиме во сообраќај. За останатите две линии тендер ќе распишеме оваа година со што ќе го скратиме рокот за една година и до 2027 година Градскиот воз комплетно на трите линии ќе биде завршен, истакна вицепремиерот и министер за транспорт ...

„Пет лица се убиени, 19 се повредени во нападот врз Никопол. Непријателот изврши удар со дрон. Пет лица, три жени и двајца мажи, се убиени“, рече Ханжа. Според него, меѓу повредените е и 14-годишно девојче, кое е хоспитализирано, а лекарите ја оценуваат нејзината состојба како сериозна. Во нападот избувнал пожар, додека биле оштетени трговски павилјони и продавница. Како што претходно беше објавено, во текот на ноќта биле извршени напади ...

Иран денеска направи ограничен чекор кон олеснување на поморскиот сообраќај низ стратешкиот Ормуски Теснец, дозволувајќи бродови што превезуваат основни и хуманитарни стоки да поминуваат под строга контрола и координација со иранските власти. Ова е прва ваква одлука по денови тензии и нарушен сообраќај, но не значи целосно отворање на теснецот, преку кој минува околу една петтина од светската трговија со нафта. Според иранската агенција ...

Војната во Иран веќе предизвикува потреси во воздушниот сообраќај и индустријата за авионски превоз, а патниците од регионот наскоро би можеле да ги почувствуваат последиците преку повисоки цени на билетите. Главниот фактор е скокот на цените на нафтата и нарушувањата во снабдувањето со авионско гориво, што директно ги зголемува трошоците за летовите. Денешната цена на суровата нафта од типот Брент изнесува околу 109 долари за барел, ...

Новите измени во законодавството во Германија воведуваат дополнителни обврски за мажите на возраст од 17 до 45 години, кои од 1 јануари 2026 година ќе мора да побараат дозвола доколку планираат да престојуваат во странство подолго од три месеци. Според новите правила, дозволата се добива од Кариерниот центар на Бундесвер, а обврската важи без разлика дали станува збор за студии, работа или подолг престој надвор од земјата. Оваа мерка ...

Во новите напади има повредени и штети во Тел Авив и во делови од централeн Израел. Пет лица се повредени во Тел Авив и во централниот дел на Израел по нов бран ирански ракетни напади, според израелските спасувачки служби. Направена е и материјална штета, а сирените за тревога повторно се огласија во повеќе делови од земјата. Израелската армија соопшти дека од полноќ од Иран биле истрелани шест серии ракети кон Израел. Израелската служба ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
43%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
68%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.0
57%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
88%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
46%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
61%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Калај

50.03