Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Судија на претходна постапка го прифати предлогот на јавниот обвинител и му одреди мерка притвор во траење од 8 дена на лицето кое ја каменуваше амбасадата на Бугарија во Скопје. Ваквата одлука е донесена поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и оправдан страв дека лицето може да го повтори кривичното дело. Според наводите на обвинителството, осомничениот на 11 јануари, мотивиран од омраза, со камен го ...
За денеска во 12 часот закажана е лидерска средба на барање на премиерот Христијан Мицкоски. Како што е потврдено на средбата учество ќе земат лидерите на партиите со пратенички групи во Собранието. Но меѓу нив нема да биде најголемата опозициска партија СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче одби да учествува на средбата со образложение дека „нема да се среќава со криминалци“. Но и покрај ваквиот став на СДСМ и Филипче, Мицкоски реши ...
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа и понатаму ќе остане во притвор, откако Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за продолжување на мерката за дополнителни 30 дена. Одлуката следува по истекот на првичниот притвор, кој завршуваше деновиве. Стафа е осомничен во истрага што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), за кривичното дело „примање награда за противзаконито ...
Алваро Арбелоа привремено на клупата на Реал Мадрид Прилог: Реал Мадрид официјално го назначи Алваро Арбелоа за привремен тренер, по заминувањето на Чаби Алонсо. Поранешниот дефанзивец на клубот ќе го води тимот до крајот на сезоната. Арбелоа истакна дека ја прифаќа одговорноста со голем ентузијазам и дека веднаш по назначувањето разговарал со Алонсо. На настанот присуствуваше и директорот Емилијо Бутрагењо, а Арбелоа веднаш имаше и прв ...
Македонската ракометна репрезентација ги стартуваше првите активности на Европското првенство. Дел од ракометарите и стручниот штаб ги минаа првите активности поврзани со новинарите. – Го играме првиот натпревар против најдобриот тим на светот во последните десет години – Данска. Тие се домаќини и ќе биде тешко против нив, но ние немаме што да загубиме и мора да уживаме во натпреварот, изјави Лазаров. За другите два ривала во групата ...
Орце Ѓорѓиевски информираше дека е започнато површинско чистење на депонијата Вардариште. Тој на својот фејсбук профил истакна дека депонијата ќе замине во историјата. – Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите ...
Василичарите од Боемска ги покануваат граѓаните на заедничко одбележување на празникот Василица, на 14 јануари 2026 година, со почеток во 16:00 часот, на Боемска улица во Дебар Маало. ,,Оваа традиција ја започнавме во 2023 година, со цел не само да го одбележиме празникот, туку и да ја негуваме хуманоста, солидарноста и заедништвото меѓу граѓаните. Ги покануваме сите да ни се придружат на дружење во празнична атмосфера и заедно да бидеме ...
Без електрична енергија денеска во периодот од 09.00 до 11.00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него во општина Центар, а од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски(општина Аеродром), соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Без електрична енергија денеска во периодот од 09.00 до ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства ...
Легендата на шпанската балада, Хулио Иглесијас, е обвинет за сексуален напад врз две жени во 2021 година, пренесуваат шпанските медиуми. Помладата од жртвите тогаш имала 22 години. Жените тврдат дека наводно биле злоупотребувани додека работеле во карипските вили на пејачот. Една домашна помошничка опиша шлаканици и физичко и вербално насилство, додека друга, физиотерапевтка, тврди дека била сексуално вознемирувана и понижувана во ...
Тимот на специјалниот обвинител Чо Еун-сук побара смртна казна за поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол, обвинувајќи го дека се обидел да остане на власт преку неуспешно прогласување воена состојба и преземање контрола над судството и законодавството. Барањето беше изнесено на последното рочиште во Централниот окружен суд во Сеул, пренесува Јонхап. Истовремено, обвинителот предложи доживотна казна за поранешниот министер за ...
Девет новороденчиња починале во болница во Русија. Тие починале за време на новогодишната ноќ во градот Новокузнецк. Породилиштето привремено е затворено. Затворањето е резултат на неповолната локална епидемиолошка состојба и зголемувањето на бројот на респираторни инфекции. „Околностите на овој случај во моментов се испитуваат. Комисијата на Министерството за здравство го посети теренот за да ја процени ситуацијата и да се осигура дека ...
Два грчки танкера за транспорт на нафта беа погодени денес во Црното Море од неидентификувани дронови. Најмалку еден од нив требаше да вчита казахстанска нафта на руска територија. Станува збор за танкерите „Матилда“, под знаме на Малта, и „Делта Хармони“, под либеријанско знаме, кои не претрпеле поголема штета, изјави официјално лице од грчкото министерство за поморство, пренесува Euraktiv. Грчките и казахстанските власти не објавиле кој ...
Ерфан Солтани, 26-годишен Иранец и еден од илјадниците демонстранти уапсени за време на неодамнешните протести во Иран, се соочува со непосредна егзекуција, откако само неколку дена по апсењето беше осуден на смрт, пренесуваат Би-Би-Си, АФП и Амнести Интернешнл. Солтани бил уапсен минатиот четврток во Карај, град на северозападниот раб на Техеран, во екот на протестите и непосредно пред исклучувањето на интернетот во земјата. Би-Би-Си ...
Италија сака да има активна улога во секој судски процес за пожарот во швајцарскиот бар во Кран-Монтана во кој загинаа 40 лица. – Ќе ги повикаме швајцарските власти да ги идентификуваат и казнат одговорните и да обезбедат целосна јасност за оваа огромна трагедија, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани за весникот „Кориере дела сера“. – Исто така, ќе поднесеме барање да бидеме граѓанска страна во ...
Европската комисија одобри две вакцини против птичји грип од фармацевтската компанија „Берингер Ингелхајм“, вклучувајќи за прв пат вакцина наменета за мисирки, објавува „Аграројт“. И двете можат да се користат кај кокошки и мисирки, додека едната од нив е дополнително одобрена за патки и обезбедува заштита од вирусот H5. Досега, во Европската Унија немаше регистрирана вакцина против птичји грип за мисирки, што, како што истакнуваат тие, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека помошта е на пат за Иран. Но не откри за каква помош станува збор. – Ќе морате сами да откриете. Жалам, рече Трамп. Американскиот претседател претходно им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат, како и дека помошта е на пат. – Ирански патриоти, продолжете да протестирате – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Ќе ...
Секој петти граѓанин во Германија размислува да ја напушти земјата. Анкетите покажуваат дека 21 процент од германското население размислува да ја напушти земјата, од кои 34 проценти од луѓето со мигрантско потекло и 37 проценти од нивните деца. Студијата е спроведена од германскиот центар за истражување на интеграцијата и миграцијата во периодот од 2024 до 2025 година, со учество на 2.933 испитаници. Меѓу луѓето без мигрантско потекло, 17 ...
Според Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, изјави дека изходот од протестите во Иран е неизвесен. Таа предупреди на евентуалниот пад на иранскиот режим кој не гарантира подобра иднина за државата. – „Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа“, рече Калас на новинарско прашање. Таа оцени дека моменталната ситуација во Иран е сложена: – „Во моментов не е ...
Повеќе од 2.400 демонстранти се убиени, а над 18.000 лица се уапсени откако иранските власти минатиот месец започнаа брутално задушување на протестите, покажуваат податоците на американска организација за човекови права. Телевизијата CBS пренесува дека постојат сериозни стравувања дека бројот на жртви би можел да надмине дури и 12.000. Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските демонстранти да продолжат со протестите, ...
Министерот за надворешни работи на Данска денеска ја посетува Белата куќа во обид да ги намали тензиите околу арктичкиот остров Гренланд, кои беа поттикнати од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз него од долгогодишниот сојузник на Данска. Откако се врати на функцијата пред речиси една година, Трамп размислува за преземање на огромниот, стратешки важен и ретко населен арктички остров. ...
Голем број клиенти на Националната трговска банка (БКТ), најголемата банка во Албанија, беа изненадени кога нивните картички мистериозно беа испразнети. Според весникот „Капитали“, откриено е дека картичките биле користени во различни земји, вклучувајќи Бугарија и Италија, за купувања во вредност од илјадници евра. БКТ потврди дека картичките биле клонирани преку банкомат во Тирана, каде сторителите инсталирале камера. Банката наведува ...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека состанокот со земјоделците е наменет за оние кои се подготвени за дијалог, нагласувајќи дека не може да се принуди никого да учествува. Средбата ја организираа со претставници на 18 блокови кои минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа разговор со владата. Останатите 55 блокови одлучија да не дојдат, наведувајќи дека владините ограничувања за бројот на претставници го ...
Возачите на камиони од Србија и Босна и Херцеговина најавија дека на 26 јануари ќе блокираат сите гранични премини за товар кон земјите од Шенген зоната. Причина е новиот систем за влез и излез (EES), кој ги евидентира преминувањата на превозниците, а чијашто имплементација, според нив, не ги зема предвид нивните предлози за олеснување на процедурите. Претседателот на Здружението за меѓународен транспорт од Србија, Неѓо Мандиќ, појасни ...
Нема да има средба помеѓу српскиот претседател Вучиќ и делегацијата на европскиот парламент која најави посета во Белград. Вучиќ смета дека делегацијата доаѓа непоканета и нема причина да губи време со европратеници кои ја мразат Србија. Вучиќ ја даде изјавата од Абу Даби, каде престојува за Неделата на одржливост, и како причина за немањето средба наведе претходно договорени обврски во Давос во истиот период, закажани уште пред неколку ...
Израелската полиција го прогласи Срулик Ајнхорн, поранешен советник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за бегалец и издаде налог за апсење по него. Тој е осомничен за протекување доверливи информации во аферата „Катаргејт“. Ајнхорн беше и долгогодишен советник на српскиот претседател Александар Вучиќ, а според БИРН, по октомври 2023 година, тој посредувал во трансферот на српска муниција во Израел, објавија израелските медиуми. Во ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага и побара притвор за маж од Богданци, осомничен дека на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја убил својата мајка. Според обвинителството, во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот влегле во расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент, тој земал нож од кујната и ѝ нанел повеќе убодни рани на мајка си во пределот на главата и ...
Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница. „Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ. Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата! Владино славење за новото задолжување на граѓаните. Во моментот кога ...
Во Охрид, вчера трагично загина 28-годишниот Кристијан Љушев – снимател, фотограф и продуцент – при пад од петти кат во окно од лифт во зграда која се наоѓала во изградба. По несреќата, тој итно бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал, обидите биле неуспешни. Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено по објавата на адвокатот ...