Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз ...
Стручната комисија за давање оцена, наод и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во една здравствена установа во Скопје, терала целосно слепо лице да го прегледува повеќепати, иако станува збор за трајна состојба. Покрај тоа што го малтретирале да доаѓа кај нив повеќепати на прегледи, му ја намалиле и паричната помош од 6.342 на 5.610 денари. Измалтретираното слепо лице случајот го пријавил во Комисијата за спречување и заштита ...
Формула 1 тимот Ред Бул го продолжи договорот на францускиот возач Исак Хаџар. Договорот важи до крајот на сезоната 2027. Дваесет и едногодишниот Хаџар се трка за Ред Бул од почетокот на 2026 година. Во тековното првенство, тој има освоено 71 поен и моментално е осми во пласманот на возачи. Следната етапа во Формула 1 ќе се одржи во Азербејџан од 24 до 26 септември. Во август 2026 година, Французинот го повреди зглобот додека тренираше во ...
Буџетскиот дефицит на Северна Македонија достигна 39,7 милијарди денари за девет месеци, додека расходите растат значително побрзо од приходите. Но вистинското економско прашање не е само колку троши државата, туку какви резултати создава со тие средства. Капиталните инвестиции, ефикасноста на институциите и трошоците за задолжување стануваат клучни за долгорочната одржливост на јавните финансии. Растот на расходите отвора прашање за ...
Доајенот на македонската народна песна – Јонче Христовски добива споменик во Старата битолска чаршија. Свеченото откривање на споменикот се очекува да биде во рамките на прославата по повод 4. Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Христовски е роден во Битола во 1931, а почина во 2000 година во Скопје. Се прослави со својата песна „Македонско девојче“ чии препеани верзии се појавиja на англиски, германски, дански, италијански, руски, ...
Низ необични случувања, научни претпоставки, митовите за дрвните астронаути и религиозни симболи, романот вешто и низ моќни драматични пресврти го води читателот кон прашања што го интригираат човештвото со милениуми: Кои сме? Од каде доаѓаме? Дали сме сами во бескрајниот Космос? Колкава е веројатноста да не сме сами? И дали науката и духовноста, како две страни на една иста реалност, со здружени сили можат да нè доведат до некоја заедничка ...
Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма во минатиот понеделник изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката …“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката, се посочува во соопштението од ...
Фото: Адмир Идризи По повеќегодишна истражувачка работа, во издание на „Утилис“ од печат излегоа две книги на авторот Адмир Идризи, посветени на историјата, културата и книжевното наследство на Гора и Опоље. Станува збор за книгите „Гора и Опоље во австроунгарскиот попис од 1918 година“ и „Нишан во Гора“. Книгата „Гора и Опоље во австроунгарскиот попис од 1918 година“ е објавена на босански и албански јазик и претставува резултат на ...
Затвореник кој успеал да избега за време на посета на лекар во германскиот град Есен ги отклучил оковите на нозете со помош на клуч што може да се купи на интернет за помалку од 10 евра, објави денеска германскиот весник „Шпигел“. Министерот за правда на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, Бенјамин Лимбах, на доверлив состанок го информирал Одборот за правда на покраинскиот парламент дека оковите немале единствена, посебна брава, ...
Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката. Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко. Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја ...
Екипата на Барселона не се откажува од носењето на играчот од одбраната на италијанската екипа Интер. Станува збор за Алесандро Бастони (27 години), италијански репрезентативец, кој треба да биде дел од „последната линија“ на каталонскиот клуб. Барселона се подготвува за трансфер во јануари, иако имаа обид и летово да направат трансфер, но не успеаја да го реализираат. Според информациите кои се достапни Бастиони веќе ги договорил личните ...
Комисијата за заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз гостиварчанец Македонец врз основа на етничка припадност, пристап до вработување и пол, при обид да се вработи во Национална установа Центар за култура АСНОМ, каде од 34 вработени 26 се Албанци, 4 Македонци и по двајца Турци и Роми. Во секторот уметност и култура каде конкурирал одбиениот граѓанин, од 15 вработени сите се од албанска етничка припадност. Граѓанинот ...
Во најновото издание на емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24, универзитетскиот професор и поранешен студентски лидер Филип Петровски направи детална геополитичка дисекција на актуелниот бран насилни протести што ја тресе Западна Европа, новите глобални поместувања и нивните рефлексии врз Балканот и Македонија. Клучни поенти од разговорот: Координирана паневропска мобилизација: Актуелните протести во Франција, Германија, Италија, ...
Шпанија нема да дозволи нејзините политики да се одлучуваат во странски престолнини, изјави премиерот Педро Санчез, нагласувајќи дека европските земји мора да ја зајакнат својата политичка, економска и технолошка независност за да ги заштитат сопствените интереси во услови на се поизразени геополитички конфронтации. „Шпанија се управува од Шпанија, а не од Вашингтон, Тел Авив, Москва или Буенос Аирес“, нагласи Санчез на меѓународниот форум ...
Возачот на Ред Бул Макс Верстапен е победник на денешната трка за ГН на Бахреин што се возеше на патеката Сепанг во Малезија. Трка се возеше во Малезија порадо воените случувања на Блискиот Исток. Победникот на трката Верстапен ја имаше и пол позицијата, а победи пред Кими Антонели и Луис Хамилтон. Местото на подиум најверојатно на Антонели ќе му ја донесе и шампионската титула. Одличен резултат забележа и искусниот Фернандо Алонсо. Возачот ...
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), денеска до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) ќе ја достави иницијативата за одземање на дозволата за емитување на програма на злосторничката ТВ Информер. „Иницијативата е одговор на повеќегодишното и систематско кршење на законите и програмските обврски кои РЕМ досега не ги санкционирал“, се вели меѓу другото во соопштението на НУНС. Ако Македонија имаше вистинско независно ...
Речиси секој мијалник во бањата има мал отвор под работ. Тој не е таму случајно: станува збор за преливник, наменет да спречи прелевање на водата на подот, но експертите предупредуваат дека токму таму се собира нечистотија, што може да предизвика непријатни мириси. Таа дупка, сместена веднаш под горниот раб на мијалникот, се нарекува преливник. Како што објасни водоводџијата Скот Ајман за списанието Real Simple, неговата намена е да спречи ...
Warner Bros. вчера го објави последниот „трејлер“ за Dune: Part Three, третиот и завршен дел од адаптацијата на Дени Вилнев на научно-фантастичната сага на Френк Херберт. По мрачниот „тизер“ во март и „трејлерот“ во јули, овој пат студиото покажува многу повеќе акција, а Пол Атреидес (Тимоти Шаламе) веќе не е херојот од првите два филма. „По години борби, станав угнетувачот против кој Чани се заколна да се бори“, вели тој во „трејлерот“. ...
На последниот работен ден на Асемблејата, на 31 октомври (сабота), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се одржа панелот „Зошто да се објавуваат драми?“, модериран од Бисера Бендевска. Во дискусијата учествуваа Доминик Долмие од издавачката куќа „Само за миг“ („L’Espace d’un instant“) – Париз, Бранка Бугариска од „Арс Ламина“ – Скопје и Несторас Пулакос од „Вакхикон“ – Атина. Драмата живее и како книжевен текст и како сценска ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничка прес-конференција во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија напорно работела за да ги постигне европските стандарди. „Албанската влада и Албанија напорно работевте за да ги постигнете европските стандарди. Албанија повторно постигна фантастичен напредок, го отворивте последниот кластер, а во јули ги затворивте првите три поглавја. Ги уверувам ...
Скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзината колешка, која исто така ѝ упатила и закани. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, Ж.Т.(55) од Скопје пријавила дека на 04.11.2026 во објект во скопското село Кадино, била физички нападната од нејзина колешка С.К., а исто така ѝ упатила и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанка пријавила дека била физички ...
Скопска информатичко-технолошка (ИТ) компанија која се претставува како водечка во Македонија, од 2021 година дискриминира и виктимизира вработен со аутизам преку емоционално и вербално насилство кое вклучува: исмевање, понижување, омаловажување, навредување, озборување, клевета и закани, од страна на повеќе негови колеги и колешки, според одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Одлуките на Комисијата за ...
Децениските гласини се побиени, откако беше употребена специјална програма за дешифрирање на заматен текст во еден култниот класик на Nintendo. Еден јутјубер тврди дека конечно ја решил една од најголемите мистерии во *Super Mario 64* — речиси 30 години по неговото објавување — со што, можно е, се става крај на децениските шпекулации поврзани со Луиџи. Објавена во 1996 година, Super Mario 64 остана ризница на тајни и теории на обожавателите, ...
Првиот настап на Мастерсот во Париз српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го има утре (вторник) како трет последен меч на Централниот терен. Негов ривал треба да биде Валентан Вашеро, кој на турнирот доаѓа со титулата освоена во неделата на турнир во Базел. Сепак фотографиите од последниот тренинг се загрижувачки за навивачите на српскиот тенисер бидејќи се гледа дека има одредени проблеми со грбот. Од социјалните мрежи било забележливо дека ...
Монтреал, Канада, е прогласен за најбезбеден град во светот за патување во 2027 година, според новото истражување на компанијата „Berkshire Hathaway Travel Protection“. Девет европски градови се наоѓаат меѓу 15-те најбезбедни дестинации за патување, открива истражувањето на осигурителната компанија „Berkshire Hathaway Travel Protection“. Монтреал го зазеде првото место со 82,18 поени, искачувајќи се од 16-тото место на минатогодишната листа. ...
На 05.11.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „1″ во с. Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки” со скопски регистарски ознаки управуван од С.О.(25) од с. Долно Количани, скопско и автобус со скопски регистарски ознаки управуван од Г.Н.(52) од с. Таор, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка ...
Почина Мишо Ковач, човекот кој продаде повеќе од 20 милиони плочи во текот на својата кариера долга речиси половина век. Хрватските медиуми пренесуваат дека Мишо почина денеска околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изрази желба да биде погребан во Загреб. Роден е на 16 јули 1941 година во Шибеник, за време на италијанската окупација. Израсна на истата улица од која произлегоа уште две големи имиња – Вице Вуков и Арсен ...
Македонското малцинство во Бугарија не очекува решение за регистрација на македонски здруженија и покрај најавите на Јотова дека таа сага набрзо ќе заврши. Првиот човек на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков, вели дека недовербата останува бидејќи, како што вели, „политиката на Бугарија е насочена кон негирање и постепено бришење на македонскиот идентитет“, за кој властите во Софија, според Стојков, сметаат дека никогаш не постоел. Во очите ...
За забрзување на процесот на енергетска транзиција, покрај усогласувањето на законските одредби, неопходни се континуирани вложувања во развојот на паметна дистрибутивна мрежа што ќе овозможи напредок на пазарот. Според податоците од социо-економската студија „Бела книга“, изработена од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вкупните инвестиции на ЕВН Македонија ...
Минатиот месец беше објавено дека долготрајниот процес на кастинг за улогата на агентот 007 е намален на три имиња: Џејкоб Елорди, ѕвезда во филмот „Slow Horses“ на Џек Лоуден и трет, неименуван актер, објави НМЕ. Сега се известува дека Тарнер, кој неодамна глумеше во њујоршката романтична комедија „Само една ноќ“, се појави во студиото Бреј во Беркшир во петокот (30 октомври) на пробно снимање. Се претпоставува дека тест-снимките за улогата ...