Викендот е добра можност удобно да се сместите и да ѝ се препуштите на серија со мистериозен заплет. Особено привлекуваат приказните што уште од првата епизода нè тераат да се сомневаме во сите ликови, да поврзуваме навидум безначајни детали и да се обидуваме да го погодиме крајот. За оние што планираат викенд-маратон, издвоивме пет серии со интригантни мистерии, непредвидливи односи и доволно пресврти за да го задржат вниманието до ...

Игор Поп Трајков претставува изложба на дигитални слики насловена „Епиграми и епитафи“, во која ги спојува литературата, историјата, филозофијата и визуелната уметност. Делата се инспирирани од антички натписи, историски епитафи и книжевни епиграми. Изложбата ја преиспитува трајната моќ на зборовите и сликите, а низ неа Поп Трајков ги претвора концизните пишани искази во визуелни композиции што отвораат прашања за начинот на кој живееме, се ...

Албанската Централна банка пред неколку дена соопшти дека Турција е најголемиот странски инвеститор во Албанија. Турските инвестиции во Албанија во вториот квартал од годината изнесуваат 64 милиони евра, додека Австрија вложила 62 милиони евра. Странските инвестиции во Албанија во периодот од април до јуни 2026 година вкупно изнесуваат 741 милиони евра. Но, податоците на Централна банка за вториот квартал покажуваат пад на инвестициите од ...

Македонската економија доби подобра прогноза за раст во 2026 година, но новиот извештај на Светската банка отвора многу поважно прашање од тоа колку ќе порасне БДП годинава. Колку економски потенцијал губат компаниите поради административните процедури, трошоците за трговија и ограничениот пристап до странските пазари? Податоците покажуваат дека дел од најголемите пречки за економскиот развој не се видливи во царинските тарифи, туку се ...

Младата македонска авторка Деа Балкански неодамна во Неготино ја промовираше својата поетска збирка „The Swan“, дело во кое поезијата и илустрациите создаваат заеднички мистичен свет исполнет со љубов, осаменост, загуба, преобразба и внатрешна сила. Збирката е напишана на англиски јазик и е поделена на две тематски целини „Daydream“ и „Nightfall“. Во нејзиниот центар се наоѓа лебедот како симбол на грациозноста, интуицијата и неукротливоста. ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара Европската Унија да воспостави единствен и координиран пристап во преговорите за завршување на војната во Украина, оценувајќи дека сегашниот начин на настап ја намалува веродостојноста на европската дипломатија. Во писмо испратено до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мелони предупредува дека одржувањето состаноци во различни формати, без јасно утврдено претставување на Унијата, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека сè поголемото политичко влијание на милијардерот Илон Маск претставува опасност за помалите држави. Истовремено, изрази надеж дека победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес ќе донесе поголема воена помош за Украина и ќе го принуди рускиот претседател Владимир Путин на преговори. Зеленски во интервју со германскиот сатиричар Јан Бемерман за емисијата „Магазин Ројал“ ...

На официјалната страна на Град Скопје се објавуваат партиски соопштенија, што е недозволиво, рекоа советниците од СДСМ на денашната седница на Советот на Град Скопје. Советничката Катерина Цаневска рече дека на 20 октомври на официјалната фејсбук страна е објавено партиско соопштение против СДСМ и лидерот Венко Филипче. „Официјалната страна на Градот не смее да биде место каде се објавуваат партиски соопштенија, за тоа ги имате партиската ...

Министерството за внатрешни работи доби 33 нови полициски мотоцикли и комплетна мотоциклистичка опрема, обезбедени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). На официјалното примопредавање присуствуваа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски. Станува збор за мотоцикли „Piaggio Beverly 310 HPE“ во полициска изведба, со заштитни кациги, јакни, панталони, чизми и ...

Таа наведува дека поминале повеќе од 17 години од смртта на нејзиниот татко, славниот пејач, а парите што требало да им припаднат на неговите деца сè уште не се префрлени во фондот. Фондот бил основан во корист на неговите три деца, а тие требало да почнат да добиваат приходи кога ќе наполнат 21 година. Во нов судски поднесок, доставен на 29 октомври, 28-годишната Парис наведува дека имотот на нејзиниот татко генерирал приходи во износ од ...

Мачките обожаваат кутии – дури и такви во кои едвај можат да се сместат. Но, дали знаевте дека и еден обичен квадрат нацртан на подот може да го привлече нивното внимание? Изгледа дека се доволни само неколку линии за да ги поттикнат да седнат токму на тоа место. Една сопственичка одлучи да тестира колку е силна оваа необична навика кај мачките – и колку мал треба да биде квадратот за нејзините миленици конечно да се откажат. Ѕвездите на оваа ...

Foto: European Free Alliance Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) изрази сериозна загриженост поради засилените притисоци, институционалното заплашување и судското прогонување на припадниците на македонското и турското малцинство во Грција. Во декларацијата се наведува дека во текот на летата 2024 и 2025 година, како и во периодот што следува, притисоците врз двете малцински заедници значително ...

Рутинска победа на македонската репрезентација на стартот на квалификациите за Европското пренство. (41-23) (Луксембург не е достоен противник и тоа се виде од стартот. Нашите ракометари водеа во текот на целиот меч. Лазаров често ротираше и шснса доби и новото заслиување Хориха. Украинецот се наметна и ќе биде големо засилување за мечевите со Грција и Шведска. Македонија следниот меч го игра во Грција овој викенд. Рутинска победа на ...

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, синоќа победи во квалификациите за Големата награда на САД во Формула 1. Дваесетгодишниот Италијанец имаше време од 1 минута и 34,025 секунди во својот најбрз круг. Второто место му припадна на 29-годишниот Холанѓанец Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, со заостанување од 0,179 секунди. Третото место е за 22-годишниот Французин Исак Хаџар од Ред Бул, со заостанување од 0,215 секунди. Главната трка од ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2026 година, изнесува 408.167.8 милиони денари и бележи пораст од 10.83% во однос на истиот период од претходната година, соопштија од Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2026 година, пак изнесува 566.113.5 милиони денари, што е за 7.94% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. ...

Иран се движи кон Црното Море, древен град во Турција паѓа под налетот на мистериозна сила, Јадранот е прекриен со крв, а Франција ја тресе неочекуван удар врз идниот владетел! Ова се само некои од застрашувачките призори од стиховите на познатиот француски пророк Нострадамус, кои современите толкувачи ги поврзуваат со 2027 година. Британскиот „Скај хистори“ објави анализа во која со векови старите пророштва се доведуваат во врска со војната ...

Фудбалерите на Галатасарај, Лукас Тореира, Исмаил Јакобс и Барис Алпер Јилмаз, се најдоа на удар на јавноста откако на интернет кружеа тврдења дека посетиле геј клуб за време на ноќен излез во Истанбул. На социјалните мрежи се појави приказна која привлече големо внимание од навивачите на Галатасарај. Откако видеото беше објавено на профилот „GolMania24“, почнаа да кружат тврдења дека некои фудбалери на големиот истанбулски клуб посетиле геј ...

Хрватската влада на 5 ноември предложи продолжување на учеството на хрватските вооружени сили во КФОР во Косово во 2027 и 2028 година. Предлогот предвидува ангажирање најмногу 200 припадници и до два хеликоптера. Документот е дел од пакет од десет предлог-одлуки за учество во меѓународни мисии и операции. Предвидените задачи во КФОР опфаќаат патролирање и поддршка на активностите на мисијата. Предлозите се испратени до Хрватскиот сабор, кој ...

Со тешка механизација бесправно се ископувал песок од коритото на Вардар во близина на тетовското село Сиричино, при што се предизвикани големи штети на речното корито и на околината. За случајот алармираат од риболовниот клуб „Риболовец-Вардар“, кој како концесионер има обврска да го штити рибниот фонд во овој дел од реката. „По пријава од граѓанин излегов на самото место и забележав нелегален ископ со два багери и три камиони од засега ...

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина. „Алкалоид“ АД Скопје е добитник на меѓународно признатиот сертификат Top Employer 2026 за Македонија, доделен од реномираниот Top Employers Institute од Холандија, ...

Легендарниот британски рок-бенд Deep Purple беше принуден во последен момент да ги откаже претстојните настапи во Германија, откако нивниот пејач и фронтмен, Ијан Гилан, итно беше хоспитализиран. Познатата група требаше да настапи вечерва во Лајпциг и утревечер во Хамбург, но концертите се одложени поради ненадејни здравствени компликации кај седумдесет и деветгодишниот пејач. По тој повод, бендот им се обрати на јавноста и на загрижените ...

Љубовта кон фудбалот кај Јана Чубриноска започнала уште во детството, под влијание на нејзиниот татко, поранешен фудбалер и тренер. Од игрите со другарчињата на улица и првите тренинзи во ФК „Форца“, патот ја одвел до настапи во дресот на македонската женска фудбалска репрезентација. Денес таа повеќе не игра активно, но останува на теренот како тренерка на младите категории во клубот во кој ги направила своите први фудбалски чекори. Во ...

Таа сподели серија провокативни фотографии на Инстаграм кои го привлекоа вниманието на нејзините следбеници, пренесува „The Sun“. Позира во чипкасто боди и танга Ријана позираше опкружена со елки и подароци, носејќи црвено-црно чипкасто боди со длабоко деколте и танга. Изгледот го надополни со високи чорапи и црни чевли со високи потпетици. На една од фотографиите, таа му сврте грб на фотоапаратот за да ја покаже својата заднина. „Бидејќи ...

На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„Дижонска” во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо” со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје ...

Фотографии, деловни документи и други важни фајлови често се чуваат на телефон или компјутер. Сепак, секогаш е добра идеја да имате резервни копии. Дефект на уредот, кражба, случајно бришење или напад од злонамерен софтвер може да доведат до губење на податоците. Еден начин да се намали овој ризик е преку креирање резервна копија (т.н. „бекап“). Ова подразбира создавање дополнителна копија од вашите податоци, која се чува така што датотеките ...

Денес сме тука да работиме за подобри односи за утре, изјави европската комесарка за проширување, Марта Кос, кога пристигна на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија. „Бугарија е порта кон Европа за регионот на Црното Море, како и за Турција, а Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) играат многу важна поврзувачка улога“, рече Кос. Таа посочи дека во регионот се ...

Стотици британски војници и борбени авиони на Кралските воздухопловни сили (РАФ) ќе учествуваат во голема мултинационална воена вежба во Полска за подготовка за потенцијален мир во Украина, соопшти Министерството за одбрана во Лондон. Обединетото Кралство и Франција заеднички ќе раководат со вежбата „Коалиција“ во која се вклучени 2.800 воени сили од 11 нации, со цел да се обезбеди подготвеност на НАТО силите за да ѝ пружат безбедносни ...

Новиот репрезентативец не го криеше задоволството што го облече дресот на Македонија, најавувајќи уште подобри партии во иднина. „Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам – ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро ...

Според истражувањето на компанијата „OurPCB“, Fitbit и Instagram се издвојуваат меѓу апликациите што можат значително да ја оптоварат батеријата. Се наведува дека, под одредени услови, нивната потрошувачка на енергија може да достигне дури 85 отсто од капацитетот на батеријата. Додека се користи, Fitbit користи GPS и Wi-Fi за следење на физичките активности и други податоци, додека Instagram пристапува до различни функции на уредот, ...

Како што е наведено во краткото образложение на одлуката, судот го одобрил барањето за поништување на пресудата поднесена од осуденото лице, која се однесува на кривичната одлука бр. 1222/П од 18 декември 2025 година, издадена во предметот бр. 7777/118/2024. Соодветно на тоа, Апелациониот суд во Констанца ја поништи претходната одлука и наложи поништување на наредбата за извршување на затворската казна, издадена од Трибуналот во Констанца. ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25