Нова безбедносна ескалација се отвори во поширокиот регион откако беа објавени информации дека беспилотни летала и ракети од правец на Иран паднале во зоната на аеродромот во Нахичеван, азербејџанската енклава што се граничи со Иран. Настанот веднаш ја засили нервозата во веќе разгорениот конфликтен контекст и ја помести кризата и кон Јужен Кавказ. Во првичните информации се наведуваше дека проектилите и дроновите паднале на територијата на ...

Кина ќе го зголеми увозот на руска нафта поради кризата на Блискиот Исток, објави „Фајненшл тајмс“ Во моментов, Иран учествува со околу 13% во увозот на нафта во Кина, додека приближно една третина од кинеските испораки на нафта и 25% од нејзиниот течен природен гас (ЛНГ) минуваат низ Ормутскиот теснец, кој е нарушен по нападот на САД и Израел врз Иран, забележува британскиот весник. Според изданието, во оваа ситуација, се очекува Кина да го ...

Цените на нафтата повторно бележат нагло зголемување на светските берзи, откако ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток сериозно ги наруши глобалните енергетски текови. Цената на суровата нафта Брент порасна за повеќе од седум проценти и достигна околу 91 долар за барел, што е највисоко ниво од април 2024 година. Во исто време, американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) скокна за повеќе од 10 проценти и се искачи на околу ...

Евакуацијата на македонските државјани кои се наоѓаат во земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела и ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, соопшти Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија. Од Министерството информираа дека попладнево е склучен договор со авиокомпанија, согласно постапките предвидени со Законот за јавни набавки. Според утврдениот план, се очекува до средината на следната ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека одбраната мора да биде координирана и дека мора да се обезбеди подеднакво ефикасна заштита на животот во Европа и Блискиот Исток. „Од наша страна, ние работиме на заштита од „шахедите“. Сосема со право очекуваме дека на нашата одбрана ќе ѝ биде пружена соодветна помош и дека Русија ќе ги почувствува последиците не само од продолжувањето на оваа војна против нас, туку и од обидот да ...

Како и што се очекуваше поради кризата на Блискиот Исток по нападот на Иран од страна на САД и Израел, цената на нафтата продолжува да расте и надмина 90 долари. Цената на глобалната референтна нафта од типот „брент“ се зголеми за 7,28 долари или 8,52%, и вчера се продаваше за 92,69 долари за барел. Кризата на Блискиот Исток предизвика бран нарушувања на енергетските пазари, а поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец е речиси целосно запрен. ...

Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне денеска, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството информираа дека склучиле договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да ...