Ние не го користиме Ормускиот Теснец, во одреден момент, тој ќе се отвори сам по себе, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп. – Би било убаво ако земјите што го користат теснецот, како Кина, се вклучат – рече Трамп пред медиумите. На прашање за прекин на војната, тој рече: – Не сакам прекин на огнот. Не се завршува кога буквално ја уништувате другата страна. Трамп разговараше со новинарите пред Белата куќа пред да отпатува во ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека размислува за „намалување“ на американските воени напори против Иран, велејќи дека САД се блиску до постигнување на своите цели додека конфликтот, кој ги потресе финансиските пазари и регионот, влегува во четврта недела. „Многу сме блиску до исполнување на нашите цели и размислуваме за намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток,“ напиша Трамп во објава на социјалните мрежи во петокот. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп кратко разговараше со новинарите пред Белата куќа. Запрашан за отворањето на Ормускиот теснец за да се овозможи проток на нафта и гас, Трамп ги повтори своите критики кон членките на НАТО, велејќи дека тие „немале храброст да го сторат тоа“. „Ние не го користиме. Во одреден момент, тој ќе се отвори сам“, додаде тој. Тој нагласи дека „би било убаво“ ако земјите што го користат теснецот, како што се Кина ...
Постепено намалување на операциите против „терористичкиот режим на Иран“ САД планира постепено намалување на своите воени активности на Блискиот исток насочени против „терористичкиот режим на Иран“. Ова го соопшти Доналд Трамп во петокот, само неколку часа по изјавата дека не е заинтересиран за прекин на огнот. „Многу сме блиску до постигнување на нашите цели додека размислуваме за постепено прекинување на нашите големи воени напори на ...
Пет европски држави, Канада и Јапонија излегоа со заедничко соопштение во кое изразија спремност да се придружат на напорите за обезбедување сигурен премин на бродовите низ Ормускиот Теснец. Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Јапонија и Канада притоа не ветија дека ќе испратат воени бродови на Блиски Исток, како што бараше Доналд Трамп. „Најостро ги осудуваме неодамнешните напади на Иран врз невооружени комерцијални ...
Британските воени експерти работат со Соединетите Американски Држави за да најдат начини за повторно отворање на Ормускиот теснец. Британски експерти се испратени во Централната команда на САД, која е одговорна за американските воени операции на Блискиот Исток. Сепак, извори од британското Министерство за одбрана нагласија дека ситуацијата во Ормускиот теснец е толку опасна што многу нации во моментов не се подготвени да испратат воени ...
Рос Аткинс од Би-би-си извлече низа контрадикторни изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за војната со Иран и ситуацијата во Ормускиот теснец, покажувајќи како пораките од Белата куќа се менуваат од ден на ден. Еден ден бара помош, следниот вели дека не му е потребна Зборувајќи за затворањето на Ормускиот теснец, Трамп прво ги повика сојузниците да помогнат. „Тие треба да дојдат и да ни помогнат да го заштитиме“, рече тој. Веќе ...
Добивај вести на Viber Повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Франција, Јапонија и Јужна Кореја, изјавија дека се подготвени да учествуваат во напорите за обезбедување безбеден премин низ Ормускиот теснец, остро осудувајќи ја блокадата на овој клучен морски пат од страна на Иран. Вкупно 22 земји, претежно европски, но и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, во заедничка изјава изјавија дека се подготвени да ...

