Лековите за онколошките пациенти до крајот на неделава ќе бидат доставени на Клиниката за радиотерапија и онкологија, информираат од Клиниката. Тече рокот за жалби и предметот на јавна набавка во моментот е во Државната комисија за жалби по јавни набавки. „Тимот за јавни набавки на УК за радиотерапија и онкологија напорно работи да ги заврши сите процедури во најбрз можен рок, за да може да се потпишат договорите со дистрибутерите и лековите да ...

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа. – Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање на таблетарната терапија, појаснуваат од клиниката. Додаваат дека во текот на денот ...

Пристигна дел од терапијата што недостасуваше на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Оттаму велат дека пациентите ќе бидат известени кога да дојдат за апликација на терапијата и за подигнување на таблетарната терапија. Додаваат дека е зголемен буџетот и набавуваат седум нови лекови за различен вид канцер. Кризата на дел од терапијата траеше еден месец, а онколошките пациентите беа во страв, паника и загриженост за недостигот и колку долго ...

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, се прават максимални напори за што побрзо пристигнување на дефицитарните лекови. Од клиниката информираат дека сите потребни постапки се при крај, со цел пациентите да ги добијат неопходните терапии, без натамошни доцнења. „Постапката, од наша страна, е целосно завршена. Управната контрола, во Бирото за јавни набавки, беше успешно комплетирана за многу кратко време. Во моментов, течи ...

Онколошките пациенти и по Велигденските празници останаа без терапија.Раководството на Клиниката си дадоа рок дека до петок лековите ќе бидат достапни во болничката аптека. Месец и половина нема биолошка терапија за рак на дојка, недостигаат и лекови за меланом и карцином на бели дробови. А се трошат залихите и на таблетарната терапија – алармираат пациентите. Тие прашуваат ќе има ли крај на овие кризни моменти со недостаток на лекови за ...

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) се прават максимални напори за што побрзо пристигнување на дефицитарните лекови. Од институцијата информираат дека сите потребни постапки се при крај, со цел пациентите да ги добијат неопходните терапии без натамошни доцнења. „Постапката од наша страна е целосно завршена. Управната контрола во Бирото за јавни набавки беше успешно комплетирана за многу кратко време. Во моментов тече ...