Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, поднесе оставка. Вишковиќ ја објави својата одлука денес на прес-конференција. „Останувам во тимот, тука сум, ќе работам некоја друга работа. Сè што сум направил досега, ќе го работам од некоја друга позиција“, рече Вишковиќ. Тој рече дека поднел оставка во согласност со Милорад Додик. „Во согласност со претседателот на Републиката, претседателот на Народното собрание на Република Србија и ...
Радован Вишковиќ поднесе оставка од функцијата премиер на Република Српска, објавува Н1 Сараево. Премиерската функција тој ја извршуваше од 2018 година, а во меѓувреме заврши под санкции на САД поради поткопување на Дејтонскиот мировен договор. Според Министерството за финансии на САД во јули 2023 година, Вишковиќ и неколку други функционери од РС се директно одговорни за поттикнување на усвојување на закон во Народното собрание на Република ...
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, денес поднесе оставка, наведувајќи дека тоа била негова доброволна одлука по нешто помалку од седум години на функцијата. „Одлучивме да избереме нова влада на Република Српска“, изјави Вишковиќ пред новинарите, додека Додик и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, стоеја до него. Тој рече дека очекува да ја напушти функцијата премиер откако беше назначен во 2018 година, додавајќи ...