Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, согласно денешното известување и барање од страна на Министерството за внатрешни работи, како и по итниот состанок кој се одржа меѓу претставници на ФФМ и МВР, донесена е одлука за промена на локацијата на бараж натпреварот за пласман во Првата лига. Натпреварот ФК Беса 1976 - ФК Башкими 1947 ќе се одигра на 25. мај (недела) со почеток во 17:00 часот на Градскиот стадион во Кавадарци. ...
Да. Срцето на Башкими посилно од силата на Беса. Беса – Башкими 0:2 е епилогот од денешниот бараж меч во Кавадарци за пополнување на ПМФЛ за следната сезона. Тоа значи дека Куманово како град по подолго време доби прволигаш, а Беса предводена од тренерот Горазд Михаилов испадна од елитата. Во секој случај сензација во Кавадарци ако се знае дека Беса заврши како 10-та во ПМФЛ и како таква влезе во баражот, како апсолутен фаворит, додека Башкими ...
На стадионот во Кавадарци ќе се води нова бараж битка во македонскиот фудбал, за последниот билет за Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се борат Беса и Башкими. Беса ќе го брани прволигашкиот статус, а Башкими ќе се обиде да го пресели противникот во понизок ранг за тие да влезат во нашата најдобра лига. Според квалитетот на играчкиот кадар, Беса е фаворит во овој меч, тие имаат прволигашки тим и на хартија се поблиску до остварување на ...
Првата Македонска фудбалска лига за следната сезона има 11 сигурни учесници, а последниот, 12-ти, ќе биде познат после одигрувањето на бараж-мечот помеѓу Беса и Башкими, кој се игра денес во 17 часот на „Градскиот стадион“ во Кавадарци. Беса од гостиварски Добри дол ја заврши дебитантската сезона во Првата лига на десеттата позиција и опстанокот ќе треба да си го обезбеди преку баражот, додека Башкими како третопласиран во второлигашката ...
Утре на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 17 часот ќе се одигра баражот за Првата македонска фудбалска лига меѓу Беса која како прволигаш ќе бара опстанок и Башкими кој како второлигаш сака влез и враќање во елитата. Главен судија на натпреварот во Кавадарци ќе биде Стојанче Трчевски, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Дарко Видиниќ, а пак Кирил Смоквоски ќе биде четврт судија на мечот. Финална битка и 90 минути до остварување на целта. ...