Поврзете се со нас

Светски првенства

Драма во Нешвил: Лос Анџелес промаши пенал во 101. минута и ја потврди својата елиминација (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/LAFC

Екипата на Лос Анџелес ФЦ последна обезбеди место на Светското клупско првенство, но ќе биде еден од тимовите кои најрано ќе го завршат настапот на овој турнир.

Рано утринава американскиот тим загуби на драматичен начин од Есперанс Тунис и со тоа остана без теоретски шанси за место во осминафиналето на клупскиот мундијал.

Есперанс водеше од 70. минута, но доцна во судиското надополнување, судијата реши да досуди пенал за МЛС тимот, а трагичар на Ел-Еј беше Денис Буанга, кој не успеа да го надмудри противничкиот голман.

Американците кои влегоа на првенството преку плејоф со кое се пополнуваше местото на дисквалификуваниот Клуб Леон, во последното коло ќе играат со Фламенго, додека Челси и Есперанс во директен дуел ќе се борат за осминафинале.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни