Попладнево изби пожар на отворен простор на Скопска Црна Гора, над скопското с. Раштак. Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер. Чадот од пожарот е видлив од поголем дел од Скопје. Во Русиново, пак, денеска, во период од 12:00 до 15:00 часот, хеликоптер Ми-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ беше ангажиран за гасење на шумски пожар во атарот на селото, поточно во ...

Десет противпожарни возила со сите сили работат на гаснење на големиот пожар кој избувна во скопската депонија „Дрисла“. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, информира дека била побарана дополнителна помош од ЈП „Комунална хигиена“, од каде се пратени две цистерни за дотур на вода кои ги надополнуваат противпожарните возила на терен. – Се надеваме дека за брзо време пожарот ќе биде целосно ...

Вечерва нов пожар во Македонија, гори Скопска Црна Гора. Продолжуваат да беснеаат пожарите низ државата, вечерва е забележан нов пожар во Скопје, гори на Скопска Црна Гора. Последното известување на Центарот за управување со кризи беше дека до 20:00 часот на територија на Македонија има вкупно 24 пожари на отворен простор од кои 4 активни, 2 под контрола и 18 изгаснати. Претходно денес се запали депонијата Дрисла, која сѐ уште гори. ...

Попладнево пламна голем пожар на скопската депонија „Дрисла“ во близина на селото Батинци. Од скопската Противпожарна единица известија дека нивни екипи веќе делуваат на терен, а присутни се и припадници на полицијата. Директорот на ДСЗ, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот не е алармантен. „БППЗ Скопје работи на негово гаснење. Гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во ...

Пожарот кој попладнево изби на Скопска Црна Гора е кај селото Раштак, соопштија надлежните откако објавивме дека тој избувнал, а големиот столб од чад се гледа од речиси цело Скопје. Препорачано Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер-трактори“ и еден полициски хеликоптер. Чадот од пожарот е видлив од поголем дел од Скопје. Гори и од скопската страна на Скопска Црна Гора ...