Непозната бела пенлива материја попладнево беше забележана кај вливот на реката Лепенец во Вардар во Скопје, по што на терен веднаш излегоа инспекциските служби за да утврдат за каква супстанција станува збор и од каде потекнува загадувањето. Според првичните информации, големи наноси од бела пена најпрво се појавиле во Лепенец, а потоа продолжиле да се движат кон Вардар. Засега не е познат составот на материјата, ниту дали таа претставува ...
Местото каде што реката Лепенец се влева во Вардар денеска е прекриено со необична бела и пенлива материја, а надлежните најавија дека ќе се испитува што го предизвикало тоа. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дојде на местото во населбата Злокуќани со инспекторите. Тој рече дека иако тоа било во ингеренции на Министерството за животна средина, тие зеле мостри од пената и Градот самиот ќе испита кој е загадувачот. Ѓорѓиевски и пред ...
Надлежните институции веќе постапуваат по пријавата, која пристигнала до Град Скопје, за појава на непозната материја, која од реката Лепенец се влевала во реката Вардар. Како што информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, по пријавата инспекциски служби на Градот, но и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен. -Пред околу околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната ...
СДСМ обвини дека загадувањето стигнало и до Скопје, откако во реката Вардар била забележана бела пена која се слева од Лепенец. Од партијата велат дека, по проблемите со загадена вода во повеќе градови, појавата на белата пена е уште еден показател за, како што наведуваат, системски колапс на институциите. Според нив, пената, која наликува на синтетичка материја, е видлив доказ за загадување. Во меѓувреме, на терен се екипи на инспекциските ...

