Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиавидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној пак му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј одговори: ...
Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на ...
Денес православната црква го одбележува Преносот на моштите на Свети Атанасиј Велики, еден од најголемите столбови на православието и непоколеблив борец за вистинската вера. Свети Атанасиј бил архиепископ Александриски, богослов, црковен учител и бранител на никејската вера против аријанската ерес. Неговата мудрост и духовна сила го направиле еден од најпочитуваните светители во историјата на Црквата. Починал на 2 мај 373 година, а неговите ...