Во координирана дипломатска акција, три големи држави од западниот свет ја признаа денеска палестинската држава. Најпрвин, Канада стана првата членка на Г7 која донесе ваква одлука, по што државата Палестина беше призната и од Австралија. Неколку минути подоцна во видео порака објавена на неговите профили на социјалните мрежи, британскиот премиер, Кир Стармер, потврди дека Обединетото Кралство ја признава палестинската држава. „Денеска, за да ја ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека нема да има палестинска држава откако таа денеска беше призната од Велика Британија, Австралија и Канада, што ќе го следат и други држави на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации. „Имам порака до лидерите кои ја признаа Палестина по ужасниот масакр на 7 октомври 2023: тоа нема да се случи. Палестинска држава нема да се формира западно од реката Јордан“, кажа Нетанјаху, обвинувајќи ...