
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



„Lutke od krvi bez trunke ideje Ubice na cesti Loša noć bježim iz grada Oni dolaze“… Вака пееше Бранимир Џони Штулиќ во сега веќе далечната 1981 година, укажувајќи ни на постоењето на оние „Курвини синови“ кои секогаш имале, имаат и многу веројатно ќе имаат значајни позиции во високите слоеви од општеството – „Na strateškim mjestima njihovi ljudi…Kurvini sinovi…“. Затоа Штулиќ се обидуваше да побегне од нив „Loša noć bježim iz grada, оni ...
„Господ постои, името ѝ е Петрунија“, првиот македонски филм што беше номиниран за наградата Златна мечка на филмскиот фестивал „Берлинале“, каде што освои и две престижни награди, помина со одлични критики и коментари од жирито кое го оценуваше, а слично мислење преовладуваше и кај публиката, откако ова филмско остварување своевремено се прикажуваше и во домашните кина. Станува збор за филмот на Теона Стругар Митевска, во кој главната улога ја ...
По „Бохемиска рапсодија“ режисерот Декстер Флечер одлучи да не почести со уште еден фасцинантен проект. Овојпат од почеток до крај ја режираше приказната за биографискиот мјузикл „Рокетмен“, посветен на живата поп икона – Реџиналд Двајт, или како што го знаеме сите денес, популарниот Елтон Џон. „Рокетмен“, филм кој е насловен по истоимениот музички хит на Англичанецот, го опишува раното детство на малиот и срамежлив Реџи, неговата трансформација ...
Постои еден бенд во Детроит, тие се „Led Zeppelin Еден“ – изјави Роберт Плант, фронтменот на славните „Led Zeppelin“ за австралиските медиуми уште во март 2018 година, алудирајќи на групата „Greta Van Fleet . „Greta Van Fleet“ – млад бенд од Детроит основан во 2012 година пред точно 13 години, кој неодоливо потсетува на „Led Zeppelin“, ја враќа надежта на старите рокери, музичари, но и на обичните обожаватели на стариот добар рокенрол звук. ...
По ковид-кризата, Дубиоза Колектив реши да ја освежи балканската музичка сцена и повторно на сатирично-комичен начин да не потсети на секојдневието. Тоа го направија со Агрикултура – албумот објавен пред во 2022 година и до денеска последниот албум на босанскиот состав. Агрикултура е еден концизно прецизно обработен албум, содржи само осум песни и јасни пораки – исмевање на општеството и локалните власти укажувајќи на бизарните работи кои се ...
Доживуваш светска слава, сите очи наеднаш стануваат вперени токму кон тебе, сето она што си го сонувал како дете наеднаш се исполнува, но повторно не си среќен, напрoтив се чувствуваш поосамен од кога било. Сите те напуштиле, остануваш сам, разочаран од системот и неговите неправди. Ги оставаш сите, а го одбираш твоето старо пијано, од кое за прв пат произведуваш поинакви, поцврсти и многу посилни звуци од кога било досега. Вакво нешто му се ...
ПИШУВА: МИХАИЛО ДОНЕВ Многу чувства и емоции, внатрешни превирања кои излегуваат на површина, разочарување од надворешните општествени и политички случувања и трагање по вечната љубов, се првите неколку елементи кои веднаш се препознатливи албумот на „Фолтин“ од 2019 година, под назив „Момóма“. „Момóма“ е осмиот студиски албум, кој содржи шест стандардни, но сепак нешто поразлични нумери, од она на што не беше навикнал битолскиот состав. Покрај ...
Ултимативен респект за сѐ што е музика секогаш, но плеј листата дома ја креираме сами. Фолк песните од минатиот век и оние од почетокот на новиот милениум како „Zidovi“, „Umirem majko“, „Iza Oblaka“ ги знаеме сите, но прашање на вкус е колку и на кого му се допаѓаат. Иако апсолутно сум согласен дека станува збор за хитови, не се мој прв избор или да бидам попрецизен – не беа мој избор во минатото, бидејќи тоа драстично се промени откако почнав ...
Студиското издание „Unlimited love“ објавено на 1 април 2022 година дојде по шестгодишна пауза на „Red Hot Chili Peppers“ („RHCP“) , а своевремено претставуваше и најочекуваниот албум во рок музиката таа година, најмногу поради фактот што гитаристот Џон Фрусијанте повторно се врати во бендот. Неговата виртуозност му недостигаше на популарниот состав, па бројни фанови очекуваа дека со него ќе се врати и претпознатливиот звук на „RHCP“, од времето ...
„Gigaton“ е албум кој содржи 12 нумери, а бендот во 2020 година по седум години дискографска пауза го објави своето 11. студиско издание… Ако целата ситуација со коронавирусот би требало да се претстави во само 12 дена проследени со музика, тогаш секој од нив ќе биде посебно одбележан преку стиховите и мелодиите на новиот албум на рок групата „Pearl Jam“ под наслов „Gigaton“. Славните музичари на чело со оригиналниот фронтмен Еди Ведер направија ...
Промоција на стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“ од Милена Сиљаноска ќе се одржи вечерва од 20 часот, во кафе-книжарница „Буква“. Милена Сиљаноска е писателка, поетеса и уредничка во Издавачки центар ТРИ, во чиешто издание е оваа стихозбирка. Голем дел од песните во неа се дел од поетскиот ракопис „Болопадание“ за кои се здоби со признанието „Антев златник“ од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Во ...
Од 25-ти до 28 јуни на платото на Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи првото издание на мултимедијалниот фестивал, саем на книгата, насловен „Критична маса“. Како што објаснуваат организаторите овој фестивал е конципиран како четиридневен празник на книгата, но и на винил плочите и стриповите. „Позициониран во велелепниот Офицерски дом во Битола ќе ги вгости најдобрите и најголеми издавачки куќи од државата во склоп на саемот на книгата 2025, ...
Вечерва со почеток од 19 часот, познатиот писател, поет, сликар и стрип автор Владо Јаневски во седиштето на Друштвото на писатели на Македонија, ќе се и се претстави на домашната читателска публика. Авторот ќе раскажува за своите три романи – „Кој го уби Едгар Алан По“ („Или-Или“, 2024), „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, 2022), „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, 2020). Промоторка ќе биде Ана Пејчинова, а извадоци од делата ќе чита Емилија ...
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен на руски јазик од Олга Панкина е вброен во листата за номинацијата -„Пропуштени ремек-дела“, објавена од коосновачите на Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јаснаја Полјана“ – Музеј „Лав Толстој” и Самсунг Електроникс. „Во 2025 година, жирито за наградата кое се состои од познати руски писатели, литературни критичари и јавни личности на чело со Владимир Толстој, правнукот на Лав Толстој, се ...
Во време кога поезијата сѐ почесто ги преминува националните граници и станува мост меѓу културите, македонскиот поет Јосип Коцев го бележи својот најнов успех со објавувањето на двојазичното издание на својата збирка „Две мориња“ во Шпанија. Оваа книга, која веќе беше препознаена и номинирана за престижната награда „Браќа Миладиновци“ во 2023 година, сега добива нов живот на шпански јазик, благодарение на преводот на Марко Видал Гонзалез и ...
На 3 јули, во четврток, со почеток од 20 часот, љубителите на поезијата ќе имаат можност да присуствуваат на промоцијата на дебитантската поетска збирка „Ќумур смоквин млеч“ од младиот автор Стефан Спасовски, во издание на „Илика“. Настанот ќе се одржи во пријатниот амбиент на кафе-книжарницата „Буква“, каде преку разговор со авторот ќе биде претставена збирката, а дел од песните ќе бидат прочитани пред публиката. Промотор на збирката е Андреј ...
Општина Охрид го распиша годинашниот Конкурс за најдобар расказ за наградата што традиционално се доделува во чест на охридскиот писател и раскажувач Живко Чинго. Според пропишаните пропозиции на Конкурсот, право на учество имааат сите полнолетни граѓани, кои своите трудови треба да ги достават во печатена форма во три примероци под шифра без лични податоци на адресата на Општина Охрид, со назнака „за конкурсот за расказ“. Авторското право ...
Писателот Цане Андреевски почина денеска во 95-тата година од животот во Скопје. Андреевски е роден во Кратово во 1930 година. Таму завршил основно училиште, а потоа во Скопје завршил учителска школа, и дипломирал на Филозофски факултет. Учествувал во уредување на списанија за деца и на весникот „Млад Борец“. Најголемиот дел од својот работен век беше во Радио Скопје, како уредник на Културната редакција. Тој е добитник на наградата „Кочо Рацин“ ...
Неодамна излезе од печат најновата поетска книга на Даниела Андоновска-Трајковска со наслов „Царски рез на небото“ во издание на „Матица македонска“. Книгата содржи повеќеслојна, егзистенцијалистичка, рефлексивна, магично-реалистична, медитативна и општествено ангажирана лирска поезија. Песните се доживуваат како философски слики во кои времето е забавено за да се доживее мигот на постоењето. Андоновска-Трајковска како и во сите нејзини ...
Книгата „Од личност до маска – за новата ’нормалност‘“ на Влатко Деловски ќе биде промовирана утре (10 јули) во 19 часот, во книжарницата на „Или-или“ во центарот на Скопје. Станува збор за прва книга на авторот во која тој објавува текстови на повеќе теми, како философија, есеистика, личности и маски, а кои се однесуваат на новата „нормалност“ во локални и глобални рамки. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Дејан Донев. На промоцијата ќе настапи ...
Андреј Анѓелковиќ, за збирката „Чергар“, e добитник на наградата „Млада Струга“, која ја доделува поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“, во соработка со Јуроп хаус и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Ова признание се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор дебитант. Наградата „Млада Струга“ има цел да ја поддржи младата поетска сцена и да им даде видливост на новите гласови со ...
На големата сцена на Македонскиот народен театар публиката вечерва со почеток од 20.00 часот ќе има прилика да ја следи премиерната изведба на претсавата „Кататонија“ – направена по мотивите на драмскиот текст на Алис Бирч, а во режија на Васил Христов и драматургот Викторија Ррангелова Петровска. Улогите во „Кататонија“ ги толкуваат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и ...
Пред точно седум години на денешен ден почина Матеја Матевски истакнат македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач. Тој е роден во Истанбул на 13 март 1929 година. Матевски Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радио-телевизија како новинар, уредник на културните и литературни програми, потоа како главен уредник и директор на Телевизија и генерален директор на Радиотелевизија Скопје. Тој бил член на ...
По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на престижната награда за животно дело, која традиционално ја доделува Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. На свеченото отворање на 59. издание на фестивалот, ова значајно признание ѝ беше официјално врачено, проследено со долготраен аплауз и ...
Утре, на 12 јуни во 20 часот во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе се изведе претставата „Синот“ по текстот на Флоријан Зелер, а во режија на Благој Мицевски. Претставата е во чест на одбележувањето 30 години актерска дејност на Кољо Черкезов. Сценографијата е на Мицевски, драматург е Ацо Хогов, а преводот на Јадранка Стефкова. Играат: Кољо Черкезов, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Михаил Велков, Ванчо Василев и Томе Витанов. ...
„Носферату“ е новата претстава на Народен театар Штип која утре со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена на сцената на штипскиот театар. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Пеце Ристевски, и актерите од театарот велат дека режисерот Бојан Трифуновски носи нова визија на класичната приказна за вампирот од готскиот мит. Во претставата која е поддржана од Министерството за култура настапуваат познатите актерите од ансамблот ...
Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра. За најдобра женска улога пак, наградата ја доби актерката од Штип Марија ...
Македонскиот народен театар од Скопје и Градскиот театар од Подгорица потпишаа Меморандум за соработка за продлабочување на културната и уметничката размена меѓу Македонија и Црна Гора. Претставувани од директорите Никола Кимовски и Сандра Вујовиќ, двете институции ја изразија својата подготвеност за заедничка работа во областа на театарот, културата и уметноста. Меморандумот предвидува размена на театарски претстави, реализирање заеднички ...
Македонска режисерка Тамара Стојаноска е главната победничка на седмото издание на престижниот меѓународен Конкурс за млад театарски режисер „Слави Шкаров“, што се одржа од 16 до 21 јуни во Драмскиот театар „Сава Огњанов“ во Русе, Бугарија. Оваа година, конкурсот се одвиваше под мотото „Нарцис и Ехо“, избрано од селекторката Деница Езекиева – театаролог и уметничка советничка, која истакна дека главни критериуми биле естетските квалитети, ...
Во Македонскиот народен театар (МНТ) на малата сцена на 19 јули со почеток во 20:30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска. „По потпишувањето на меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за ...