Откако ОЈОГОКК ја затвори финансискиот дел од истрагата за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, во вредност од над 167 милиони евра, од обвинителството на прашања на новинарите на денешниот брифинг соопштија дека се уште трае истрагата за еколошкиот дел и се испитуваат сомнежите дека со набавениот мазут од страна на РКМ е предизвикано и загадување. Направено е вештачење во Србија, а во тек е анализа на добиените податоци. ...
Истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино е запрена по едногодишна постапка, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека не утврдило докази дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту дека постои друго кривично дело што се гони по службена должност. Предметот се однесуваше на сомнежи за злоупотреби при набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во време на енергетската ...
Премиерот Христијан Мицкоски е шокиран од одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и очекува нејзино преиспитување. Во овој случај се опфатени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и сопствениците на компаниите кои ја снабдувале ТЕЦ Неготино со мазут. – Со неверување ја слушнав таа вест. Второ, бев шокиран од тоа што го ...
Не се само премиерот Христијан Мицкоски и министерот Игор Филков „во шок“ од одлуката да се затвори предметот за мазутот за ТЕЦ Неготино. Во шок е и целата јавност. Не затоа што граѓаните однапред знаат дали некој е виновен или невин, туку затоа што повторно гледаат веќе познато сценарио: бомбастични најави за организиран криминал, спектакуларни сомнежи за милионски злоупотреби, драматични прес-конференции, а потоа, по месеци или години, а ...
Одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино повторно ја отвори најболната точка на македонскиот правосуден систем: Сомнежот дека предметите од висок политички и финансиски интерес не завршуваат според силата на доказите, туку според тежината на политичкиот момент. Кога случај што една година беше претставуван како „криминал тежок 167 милиони евра“ завршува ...

