Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Женската фудбалска репрезентација на Македонија славеше над Андора (3-0) во квалификацискиот циклус за Светското првенство, а моментот на мечот го имаше големиот талент Меланија Грозданова. 17-годишната фудбалерка која ја следи италијански Јувентус во изминатиот период, имаше фантастичен потег. По една комбинација со уште еден бисер на македонскиот фудбал, Теона Галабовска, Грозданова направи одличен дриблинг и даде уште подобар гол. Младата ...
Екипата на Комо ги освои бодовите на гостувањето кај Каљари со победата од 1-2, и така тимот на Цеск Фабрегас се доближи до местата кои носат во Лигата на шампионите идната сезона. Мартин Батурина во 14. минута успеа да го отвори резултатот и да донесе предност за гостите. Во 56. минута Еспозито израмни. Овој резултат беше актуелен до 76. минута кога прекрасен гол постигна Да Куња, и ги постави конечните 1-2. Крадењето авторски текстови е ...
Играчот од средниот ред Рајан Гревенберх денес потпиша нов долгорочен договор со Ливерпул. Со новиот договор, Холанѓанецот ќе остане на „Енфилд“ и во следните шест сезони, односно до 2032 година. Гравенберх дојде во Ливерпул пред три сезони од Баерн Минхен. Во Германија не се наметна, но затоа во таборот на „црвените“ се промовираше како еден од клучните фудбалери, кои лани придонесе титулата да се врати на „Енфилд“. „Се чувствувам навистина ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание со своето пристигнување на Мастерсот во Индијан Велс. Тој е во САД веќе неколку дена, а по еден тренинг беше „интервјуиран“ од едно момче. Додека даваше автограми, момчето му постави неколку прашања на големиот шампион. „Како дете, го гледав Пит Сампрас како го освојува Вимблдон. Пит ме инспирираше како и Моника Селеш“, рече Ѓоковиќ. Потоа дојде прашањето кој бил најтешкиот ...
Предмалку во рамките од новото 19. коло во ВМФЛ шампионатот, се одиграа најголемиот дел од мечевите за оваа рунда, а мечот кој што првенствено треба да се спомене е оној во Радовиш, каде што тимот на Беласица со голот на Живко Крстев победи со минимални 0:1. Од друга страна пак, тимот на Скопје немаше проблеми на свој терен и во Автокоманда со 2:0 го совлада тимот на Осогово. Новаци имаше лош ден, па загуби на свој терен од тимот на ...
Денешната Серија А програма стартуваше со победата на тимот на Комо на гостински терен против тимот на Каљари со конечни 1:2. Хрватот Мартин Батурина во 23. минута од мечот ги доведе гостите во водство за да истото со гол за домаќинот го поништо Еспосито во 56 минута. Да Куња во 75. минута повторно го носи Комо во водство овојпат за конечни три гостински бода. Комо е петти со 51. бод, додека Каљари е на 13 место со 30 бода. Денешната ...
Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја извојува првата победа во Ц лигата од квалификациите за Светското првенство, совладувајќи ја Андора со убедливи 3-0 (2-0). Натпреварот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола започна со подобро темпо на гостинките, но Андора и покрај малата иницијатива, не успеа да создаде некоја конкретна шанса пред нашиот гол. Македонија заигра многу подобро после 15. минута, а тоа се потврди и со два ...
Продолжува да се „разгорува“ битката за влез во Прва лига, а 19. коло во Втора лига донесе многу погодоци на сите натпревари, во долниот дел многу работи се јасни. Само еден гол го реши дербито на Истокот во Радовиш каде Беласица славеше со голот на Живко Крстев минимални 0:1 над Детонит Плачковица. Многу шанси кои не ги реализираа и едни и другите, радовишани можат да жалат за овој пораз, а пак екипата на Беласица да жали за пропуштена ...
Составот на Охрид ја оствари најубедливата победа на денешните натпревари од 19. коло во Втората македонска лига. Лидерот во првенство ја потопи прилепска Победа со 10-0. Скопје пак ја потврди одличната форма и дојде до уште еден триумф, овојпат во соочувањето со Осогово со 2-0. Брегалница пак која исто е еден од кандидатите за врвот како гостин беше подобра од Новаци со 3-1. Резултари 19. коло: Охрид – Победа 10:0 Скопје – Осогово 2:0 Новаци ...
Македонската скијачка Ева Милевска ќе испише историја како првата македонска скијачка која ќе настапи во брзите дисциплини – спуст и супервелеслалом – на Светското јуниорско првенство во алпско скијање. Во Нарвик, Норвешка, Ева ќе се натпреварува со најдобрите млади скијачи во светот во нејзината возраст, на едно од најпрестижните натпреварувања во календарот на FIS. Брзите дисциплини се најпредизвикувачките во алпското скијање – со долги и ...
Фудбалерите на Осасуна и Мајорка одиграа нерешено 2:2 во 27-то коло од шпанската Ла Лига. Луд натпревар одиграа овие тимови во Памплона, гостите водеа со 0:2 до 90-та минута со головите на Ведат Муриќи, но не успеаја да победат. Тие ја прекинаа серијата од четири последователни порази, но нема да бидат задоволни со освоениот бод. Ведат Муричи, го прекина постот, 250 минути немаше постигнато гол. Напаѓачот роден во Призрен дојде до бројката ...
Шпанскиот ветеран Хуан Мата и на 37-годишна возраст продолжува да блеска на фудбалските терени во дресот Мелбурн виктори каде што настапува во овој момент. Неговиот тим утрово одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Сиднеј, а искусниот шпански играч беше стрелец на првиот гол за својот тим. Мата повторно покажа класа. Откако неодамна постигна погодок од речиси половина терен, сега се истакна со мајсторски изведен слободен удар. Голoт го ...
Реал Мадрид на драматичен начин со гол во 94 минута дојде до трите бода на гостувањето кај Селта Виго на „Балаидос“. Федерико Валверде на крајот беше човек на одлука, но остана една дилема за тоа дали пред победничкиот погодок на гостите не беше санкциониран, досуден фаул за домашниот играч Фернандо Лопез по дуелот со Мануел Анхел Моран Ибањез. Celta Vigo ? YES ✅ There is a CLEAR FOUL before Madrid’s second goal. Celta player touches the ball ...
Големото градско дерби помеѓу Милан и Интер секогаш носи огромна побарувачка за билети, а тоа се потврдува и овој пат. Миланските гиганти комплетно го распродадоа легендарниот „Сан Сиро“, а воедно го срушија и рекордот во заработувачката од влезници, која изнесува огромни 8,7 милиони евра! Ова не е само рекорд кога се работи за градското дерби, туку и општ рекорд на италијанската Серија А. „Дерби дела Мадонина“ привлекува голем интерес, без ...
Два авиона што полетаа од Доха, Катар во саботата евакуираа неколку граѓани кои беа заглавени во областа по избувнувањето на конфликтот во регионот. Според МАРКА, двата лета превезувале и патници и роднини на луѓе погодени од ситуацијата, во операција организирана брзо како одговор на влошената ситуација во последните часови. Меѓу оние кои наводно ја напуштиле земјата со овие летови биле Шпанците Хоселу (Ал-Гарафа) и Хави Мартинез (Ал Бида). ...
Лидерот на табелата во ВМФЛ екипата на Скопје, на свој терен го совлада составот на Осогово со 2-0. Со по еден гол во двете полувремиња, „пиратите“ успеаја да дојдат до триумф, со кој ќе ја задржат лидерската позиција на табелата барем засег. „Мачењето“ на прилепска Победа во Втората лига продолжува. Екипата од Прилеп прими неверојатни 10 гола од Охрид на гостувањето крај Охридското Езеро. Со тоа охриѓани и натаму се во игра за пласман во ...
Фудбалерите на Арсенал се пласираа во 1/4 финалето на ФА Купот откако го победија Менсфилд Таун на гостински терен со резултат од 2:1. Лидерот во Премиер лигата и тимот кој, за многумина, игра најдобар фудбал оваа сезона, се мачеше на не многу добро подготвениот терен на членот на третата лига. Арсенал го контролираше натпреварот речиси цело време, поведе на крајот од првото полувреме, но наиде на неочекуван проблем на почетокот од второто ...
По средбата во Неапол тренерот Антонио Конте испрати пофални зборови за македонскиот репрезентативец за кого вели дека треба да му се подигне споменик. „За денешната партија „Свети Елмас“ заслужува споменик. Ељиф многу го разбира фудбалот, го има насекаде на теренот, може да игра повеќе позиции, игра како дефанзивен играч од средниот ред и како напаѓач. Тој е неверојатен фудбалер. Стартуваше на осумнаесет натпревари во низа, имаме среќа што е ...
Кошаркарскиот маратон во НБА лигата започнува нешто порано од вообичаеното, во 21 часот по македонско време и ќе трае до рано изутрина. На пет од шестте меча фаворити се домашните екипи, додека честа на гостите треба да ја спаси ЛА Клиперс со победа кај Мемфис. Според квотите во Sport Life, најголеми фаворити за победа се Детроит и Оклахома, со квоти од по 1.17 во дуелите против Бруклин, односно Голден стејт. Дел од богатата НБА понуда во ...
Кошаркарите на ТФТ Скопје без никакви проблеми ја оправдаа фаворитската улога и славеа убедлив триумф на гостувањето кај Ангели (66-95) во натпреварот од 17. коло на македонската Суперлига. Избраниците на Боро Смилковски одиграа идентични три четвртини (постигнаа по 25 поени), не дозоволувајќи му на домаќинот да се понадева на било какво изненадување. На паузата резултатот гласеше 40-50, а потоа ТФТ само ја зголемуваше разликата и заслужено ...
Лидерот во Премиер лигата, Арсенал потешко од очекувањата го совлада третолигашот Мансфилд Таун во осминафиналето на ФА Купот. Иако Артета ги измеша картите и им даде шанса на реервистите, но и на некои таленти од школата сепак се очекуваше далеку посигурен настап од „топчиите“ кои на крајот триумфираа тесно со 2-1. Мадуеке во финишот на првиот дел го отвори резултатот, но домаќините одговорија и во 50 преку Еванс дојдоа до 1-1. Потоа ...
Кралската шпанска фудбалска федерација и Шпанската професионална фудбалска лига објавија дека специјални микро камери ќе бидат тестирани на два натпревара од шпанското првенство. Тие ќе бидат инсталирани на судиите што ги водат натпреварите Валенсија – Алавес и Еспањол – Овиедо на 8 и 9 март. Видео и аудиоснимките направени од овие камери засега нема да се користат за време на телевизиските преноси. Фудбалските власти во моментов само ја ...
Фудбалерите на Арсенал многу потешко од очекуваното дојдоа до пласман во четвртфиналето од англискиот ФА куп, откако со минимални 1-2 славеа на гостувањето кај третолигашот Менсфилд. Нони Мадуеке во 41-вата минута ги донесе „топчиите“ во водство од 0-1, но домашните преку Иванс во 50-тата минута стигнаа до изненадувачко израмнување. Победничкиот гол за триумф на Арсенал беше дело на Еберечи Езе во 66-тата минута. Освен Арсенал, пласман во ...
Екипата на Арсенал со многу мака обезбеди пласман во следната фаза од ФА Купот, откако на гостувањето кај Мансфилд Таун славеше со 1-2 на „Ван Кол Стадиум“. Лондонскиот гигант ја оправда фаворитската улога, но домаќинот од Лига 1 одигра храбро и долго време беше рамноправен противник. Арсенал прв стигна до предност во 41. минута, кога Нони Мадуеке со прецизен удар ја затресе мрежата на домаќинот и донесе водство од 0-1. Сепак, по паузата ...
Струга Трим Љум конечно ја забележа првата победа во пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига и тоа против последно пласираниот Шкупи кој беше разбиен со 5-0. Стружани освоија само три од вкупно петнаесет бода на петте натпревари во продолжението од сезоната, па беше повеќе од јасно дека Шкупи мора да биде совладан по секоја цена. Тоа и се случи, Малески и Шабани стрелаа во првото полувреме, Мазулуксис и Компаоре (2) ...
Струга Трим Лум без никакви проблеми со 5:0 славеше над Шкупи во меч од 22 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа Струга само се зацврсти на третото место на табелата, а Шкупи останува закован на дното со само еден бод. Домаќинот уште во седмата минута дојде во водство со голот на Малески, а во последните моменти од првиот дел погоди и Шабани за 2:0. Во второто полувреме домаќините придолжија да напаѓаат, постигнаа уште ...
Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола веќе една деценија е дел од Манчестер Сити и медиумите се повеќе, погласно зборуваат за опцијата дека ова можеби е неговата последна сезона на „Итихад“. Самиот Пеп пак во повеќе наврати јасно порачуваше дека има намера да го испочитува договорот (му завршува во 2027 година) освен ако клубот одлучи порано да ја заврши соработката. Меѓутоа и покрај овие зборови, медиумите некако инситираа на веризјата дека оваа ...
Поранешниот играч од средниот ред на Милан и италијанската репрезентација, Деметрио Албертини, коментираше за кризата во италијанскиот фудбал, нагласувајќи дека клубовите од Серија А заостануваат зад европските трендови во однос на стилот на игра и пристапот. Албертини верува дека италијанскиот фудбал станал бавен, предвидлив и недоволно храбар, а како клучни проблеми ги наведе лошата имитација на прославениот стил на игра и систематскиот ...
Барселона има девет победи и две нерешени во последните 11 дуели против Атлетик Билбао и јасно е дека каталонскиот гигант е фаворит на гостувањето во Баскија. На последните четири средби на овие два тима Барселона победува убедливо, а Атлетик Билбао има постигнато само еден гол на последните шест меча против Барселона. Тоа значи дека повеќе од очекувано е првиот гол вечерва да го даде играч на гостите, а главни фаворити за тоа се Левандовски, ...
Сè погласни се шпекулациите дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ би можел да остане без еден од своите најважни спонзори, јапонскиот производител на спортска опрема „Асикс“. Соработката меѓу Ѓоковиќ и познатиот бренд започна во 2018 година и во изминатите години прерасна во едно од препознатливите партнерства во светот на тенисот. Во тој период „Асикс“ претстави неколку модели патики создадени специјално за српскиот шампион, дизајнирани ...