Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Екипата на Олимпија Милано официјално потврди дека Американецот Мозес Рајт ќе ѝ се приклучи на кошаркарската репрезентација на Македонија за претстојниот августовски ФИБА прозорец. Уште во јуни беше објавено дека американскиот центар е во напредни преговори за добивање македонско државјанство и настап за националниот тим, а сега неговото приклучување е и официјално потврдено. Македонија кон крајот на август ќе ги започне настапите во втората ...
Македонија ќе има моќен состав на стартот од новиот претквалификациски циклус со Австрија откако Олимпија Милано и официјално потврди дека Мозес Рајт на крајот од овој месец ќе дебитира за нашиот национален тим на мечот во Виена. Рајт доби пасош пред неколку месеци, но не настапи на последните дуели со Луксембург и со Ирска од претходниот преткваликациски циклус. Како што ЕКИПА веќе најави, Рајт дал ветување дека во август ќе биде достапен за ...
По завршувањето на европската авантура, фудбалерите на Шкендија целосно се фокусираат на домашните обврски. По двете победи на првите два меча и импресивна гол-разлика од 5:0, единствена цел на тимот е враќање на шампионската круна. Бразилскиот играч од средниот ред, Рафаел Фреитас, верува дека Шкендија мора да го задржи високото ниво на игра од европските сцени и во домашниот шампионат. „Без никакво сомневање, имаме квалитет да го одржиме ...
Фановите на Њукасл се загрижени поради сериозните промени во клубот по крајот на претходната сезона, по кои екипата има нов менаџер, а во ростерот недостасуваат неколку големи ѕвезди кои не добија соодветни замени. Ова ќе биде голем предизвик за клубот кој изминатите години стигнуваше и до Лигата на шампионите, а целата ситуација како да влијаеше и на организацијата на вчерашниот пријателски натпревар со Баер Леверкузен. Њукасл беше приморан ...
Новак Ѓоковиќ мина фуриозно во првиот сет од дуелот со Тиаго Тиранте кој значеше прв меч за него по полуфиналето на Вимблдон, но долгата пауза која ја направи Србинот од третиот грен слем во годината, очигледно направи да остане без здив во вториот сет. Откако го доби првиот сет со 6:2, Новак имаше проблеми со дишењето и почна да се мачи поради големата влажност во Синсинати, па во еден момент се доведе во ситуација да повраќа и да паѓа на ...
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја оствари својата прва историска победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), победувајќи го Тиквеш среде Кавадарци со резултат 0-1. Марко Симоновски постигна гол со глава во 27. минута од натпреварот и донесе три бода. Тренерот на победничката екипа, Берат Имери, не го криеше одушевувањето од трите бода. „Знаевме колку е Тиквеш квалитетен и колку значи оваа победа. Во првите дваесет минути имавме ...
Актуелниот шампион Вардар доживеа голем удар минатиот викенд, откако го загуби дербито против Шкендија на Арената „Тодор Проески“. Овој пораз, зачинет и со претходните порази на европските натпревари на домашен терен, го чинеше отказ шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани. Аргентинскиот стратег си замина, а тимот на натпреварот со Струга Трим Лум ќе го предводи Матија Мирков, кој беше негов прв асистент, а исто така беше соработник и на ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во третото коло на Мастерсот во Синсинати. Германецот го победи Британецот Камерон Нори во второто коло по камбекот со резултат 2:1 (3:6, 6:3, 6:3). Натпреварот траеше два часа и 30 минути. Зверев е трет рангиран тенисер во светот, додека Нори е 35-ти на АТП листата. Британскиот тенисер го доби првиот сет по еден брејк, а потоа Зверев беше подобар во следните два сета и на тој начин излезе ...
Стартуваше Втората фудбалска лига на Македонија каде од Југоистокот ќе партиципираат четири екипи. На стартот од новата сезона во оваа второлигашко друштво кое брои 12 екипи, Брера Струмица, Беласица и Детонит Плачковица од Радовиш забележаа победи. Брера славеше со 2:0 против Еуромилк Горно Лисиче. Стрелци на головите беа Ристов и Жоглев. Струмичките синобели пак на „Благој Истатов“ со голот на Рон Мемеди славеа против Осогово од Кочани . ...
Манчестер Сити одамна ги започна преговорите за Ајуб Буади и англискиот клуб се надева дека до крајот на преодниот рок ќе го обезбеди потписот на мароканскиот репрезентативец. Играчот за врска го потврди својот голем потенцијал и на светското првенство, а со своите 18 години ветува неверојатна кариера, која барем во моментов е поврзана со екипата на Лил. Тренерот Давиде Анчелоти вчера потврдил дека клубот преговара за евентуален трансфер на ...
Ханси Флик ќе добие уште едно значајно засилување во Барселона откако Жоао Кансело направи значаен чекор до враќање назад на „Камп Ноу“. Португалецот одлично се снајде во тактичките замисли на Флик во вториот дел од ланската сезона во кој беше позајмен од Ал Хилал, но клубот од Саудиска Арабија бараше 30 милиони евра за откуп, сума што Барса одбиваше да ја плати. Ал Хилал во меѓувреме се соочи со друг проблем, преголем број на странски ...
Со два меча кои се денеска на распоредот, денеска треба да се комплетира третото коло од Прва фудбалска лига на Македонија. Дербито ќе се игра во Струга каде домашниот тим, од 16:30 часот ќе го пречека актуелниот шампион Вардар. Вториот меч ќе се игра на фудбалскиот комплекс „Петар Милошевски“ порај ФФМ, а Шкендија без присуство на публика е домаќин на Бреганица од Штип. Овој меч ќе започне во 19 часот. Вардар уште на стартот од новото ...
Ал Хилал е задоволен од работата на тренерот Симоне Инѕаги и има голема доверба во италијанскиот стручњак, а тоа подразбира и поддршка за неговите одлуки, пред се они поврзани со скапите странски засилувања. Поранешниот тренер на Интер и летово го прецрта Жоао Кансело и Португалецот добил јасна порака дека повторно треба да си најде нов клуб, а според медиумите во Саудиска Арабија, сега на ред е уште поголема ѕвезда на екипата. Најавите се ...
Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-та од овогодинешното Мото ГП првенство. Шпанецот со оовј триумф стави крај на доминацијата на Дукати во спринтот во Силверстоун. Мартин го забележа својот трет триумф во саботните трки оваа сезона. Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до него, задоцни две секунди. На третото скалило на подиумот ...
Неверојатниот борец од Дагестан Ислам Махачев ја одбрани својата титула во UFC откако го победи Иан Гари со едногласна одлука. UFC 330, кој се одржа во Филаделфија, донесе многу интересни борби, но секако сите со нетрпение го очекуваа судирот меѓу Ислам и Гари за појасот за светски шампион, а неверојатниот Дагестанец повторно победи. Ислам успеа да победи против Гари по борба што траеше пет рунди, а на крајот судиите едногласно одлучија дека ...
3145 Горица – Хајдук (21 ч.) Хајдук лошо ја започна сезоната, откако тимот беше елиминиран од европските купови, а во домашното првенство освои само еден бод во првите две кола. Горица сега е како посакуван ривал затоа што оваа екипа претрпе два порази и даде само еден гол. И традицијата е на страна на Хајдук, затоа што во последните 10 меча со овој ривал има седум победи, еднаш било нерешено, а Горица два пати се радувала. Најчесто има два ...
Манчестер Јунајтед не успеа со победа да ја заврши претсезоната, откако во Вроцлав загуби со 4-2 од италијанскиот Милан. „Црвените ѓаволи“ двапати имаа предност, но во второто полувреме целосно го загубија ритамот и примија три гола. По натпреварот, менаџерот Мајкл Керик истакна дека тимот мора да ги анализира грешките пред почетокот на сезоната. „Разочарани сме од резултатот. Имавме добри моменти и двапати бевме во водство, но начинот на кој ...
Струга ТЛ попладнево ќе го пречека Вардар во дербито на третото коло на ПМФЛ, меч на кој поранешниот првак ќе се обиде да ја продлабочи кризата на актуелниот шампион. Стружани имаат четири бода по првите две рунди (победа над Шкендија Арачиново, реми со Скопје), но нема сомнеж дека дербито со најтрофејниот клуб во Македонија е мотив плус за сите во таборот на Струга ТЛ. „Се надевам дека ќе биде квалитетен, интересен меч, вистинско дерби полно ...
Филип Димоски на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Голгетерот се запиша во листата на стрелци на гостувањето кај Шкупи и со погодок придонесе за триумфот на Детонит Плачковица од 0:2 на Чаир во рамките на воведното коло. За Димоски ова беше посебен погодок и поради моментот во кој дојде. 27-годишниот напаѓач пред само два дена го прослави својот роденден, па самиот себеси си подари најубав ...
Барселона ќе ја стартува сезоната како актуелен шпански шампион и императив да ја одбрани титулата, а Ханси Флик го подготвува својот тим за сериозниот предизвик, кој треба да биде надополнет и со амбициите конечно да се дојде и до европскиот трофеј. Германскиот стручњак ќе работи со променет состав, за кого постои простор да биде и надополнет со квалитетни имиња до крајот на преодниот рок, но самиот решил да направи една дефанзивна измена ...
Партизан утрово оицијализираше уште еден трансфер откако „црно-белите“ од Белград потпишаа договор со порториканскиот репрезентативец Итан Томпсон. Поранешниот првак на АБА-лигата ги имаше договорено условите со овој одличен шутер, но се чекаше тој да добие раскин на договорот со Индијана пејсерс, тим чиј дрес со успех го носеше во вториот дел од ланската сезона. Штом и тој услов беше исполнет, Томпсон го стави својот потпис на договорот со ...
Во сабота почна новата натпреварувачка сезона во најсилното шпанско фудбалско првенство, Ла Лига, со првите натпревари кои беа одиграни во Виторија и Севиља. Во првиот меч пред своите навивачи екипата на Алавес со конечен резултат 3:0 го совлада составот на Хетафе. Немаше погодоци по првото полувреме, но имаше црвен картон кој го доби Кико Фемениа поради груб прекршок поради што задачата на гостите стана потешка. А ваквата предност на ...
Хрватска е победник на Европското првенство од дивизијата Б за кошаркари до 16 години, откако во големото финале во Гевгелија славеше против Исланд со 69-67. Во извонредно неизвесен и драматичен финален натпревар, хрватските кадети успеаја да ја задржат предноста во самиот финиш и да стигнат до шампионскиот пехар. На свечената церемонија во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија беа доделени медалите и признанијата за најдобрите на ...
Фудбалските пресметки, плус возбудувањата на тенискиот Мастерс во Синсинати се дел од понудата во Супер тип, каде може да се најдат многу зголемени коефициенти. Возбудувањата започнуваат уште во пладмевниот термин од 13:30 часот кога има зголемена квота за победа на Андерлехт на гости кај Беверен, додека Арменија Билефелд да победи на свој терен против Енерџи Котбус е со квота од 1.74. Ајакс да слави во Амстердам против Херенвен има зголемен ...
Францускиот кошаркар Оливие Сар е нов играч на Реал Мадрид, откако потпиша двегодишен договор со шпанскиот клуб. Сар минатата сезона настапуваше за Кливленд Кавалирс во НБА лигата, каде што просечно постигнуваше 3,5 поени и 2,8 скока. Во Развојната лига имаше просек од 13,7 поени и 7,3 скока. Así juega @Sarr_Olivier! pic.twitter.com/S3mhjJzov4 — Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) August 15, 2026 Кариерата ја започна на Универзитетот Вејк ...
Пет интересни дуели се дел од понудата во Квоти на ден, а интересно е дека на сите пет понудени комбинации, коефицинетот е 2.10. Тоа значи дека ако сите пет натпревари ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 40.84. Во борба за Комјунити шилд трофејот ќе играат Арсенал и Манестер сити, а тука потребно е да има меѓу еден и три погодоци во двете полувремиња. Вилјареал да не загуби на гости кај Сантандер во меч на кој ...
Единствениот македонски претставник на Европското првенство во атлетика Дарио Ивановски денеска ќе го има својот настап. Ивановски ќе биде заедно со 60 натпреварувачи кои ќе стартуваат во 8:10 часот по локално време односно 9:10 по македонско време Македонскиот атлетичар воедно и олимпиец за првпат настапува на маратонска трка на Европско првенство, додека пред две години во Рим беше учесник на полумаратонската трка. Ивановски е македонски ...
Вчера во Кавадарци во меч од 3.коло во Кавадарци, сензационално Тиквеш беше поразен од Шкендија Арачиново со голот на Марко Симоновски во 27.минута. Интересно од овој меч, што секако треба да се издвои, е тоа што тренерот Оливер Богатинов овој натпревар го започна со девет странци. Неверојатно! Дали ова е рекорд во историјата на ПМФЛ? Не паметиме некој наш клуб во ПМФЛ да го почнал мечот со толку странски фудбалери како стартери. Сепак со ...
Кадетската репрезентација на Хрватска се закити со златниот медал на Европското првенство – Б дивизија што се одржуваше во Македонија. Хрватите покажаа најмногу на шампионатот, сите натпревари до финалето ги добија со над 20 поени разлика, но во мечот за златото неочекувано налетаа на силен отпор од Исланд, ривалот што го победија убедливо во групната фаза во Гевгелија. Финалето сепак беше сосема поинаква приказна, Исланѓание изненадија со ...
Интер Мајами беше поразен од Нешвил со 4-1 во МЛС. Првата ѕвезда на тимот од Флорида, Лео Меси, беше стартер за прв пат по смртта на неговиот татко и не направи ништо – промаши пенал со Нешвил што водеше со 1-0. Тоа беше момент што многу влијаеше на конечниот исход на натпреварот. Во 23-тата минута, Аргентинецот се најде лице в лице со голманот на домашниот тим, шутираше во долниот десен агол, но голманот на противникот скокна токму таму. ...