Македонската кадетска репрезентација го освои 14-то место на Европското првенство од Б дивизијата која се одржа во нашата земја, турнир кој вчера беше завршен со тежок пораз од Бугарија. Во регионалното дерби, младите бугарски кошаркари до 16 години запишаа преубедлив триумф со резултат 102:62, а во натпреварот во кој нашите кадети беа во подредена улога, доста внимание привлече и еден неверојатен кош. Бугарски кошаркар успеа да погоди со ...

Пелистер важи за еден од најсериозните кандидати за пласман во прволигашката конкуренција, но битолчани настапот во Втората лига го започнаа со неочекуван кикс на домашен терен против дебитантот Камењане. Гостите од тетовско долго имаа водство, откако Љупчо Трпески погоди во 31-вата минута, а конечните 1-1 беа поставени во 86-тата минута од пенал, а сигурен реализатор беше Мартин Мирчевски. Пелистер доминираше во текот на целиот меч, а за ...

Баерн Минхен беше еден од првите клубови кои изградија еден од најмодерните стадиони во светот, а како фудбалска величина која секогаш се стреми да биде во чекор со модерното време и технологијата, германскиот првак сега презентираше уште една иновација. Баварскиот великан секогаш се грижи своите фудбалери да имаат најдобри услови и перфектна дренажа на теренот со цел топката да има брз проток, па водејќи се по оваа филозофија, во иднина ќе ...

Фудбалерите на Арсенал го освоија трофејот Комјунити Шилд, откако го победија Манчестер Сити со убедливи 3-0 во Кардиф. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека уживал во играта на својот тим додавајќи дека не очекувал така лесна победа. „Им кажав на играчите дека уживав гледајќи ги. Покажаа голема желба и вистинска енергија и искрено – не очекував ваков резултат од објективни причини, бидејќи сè уште сме во фаза на подготовка, со многу ...

Се чини дека чекањето се исплатеше. Барселона и Ал-Хилал официјално постигнаа договор за иднината на Жоао Кансело и тој во новата сезона повторно ќе настапува во дресот на „каталонците“. Иако клубот од Саудиска Арабија првично посакуваше да добие обесштетување, сепак, на крајот Португалецот се враќа во Барселона како слободен фудбалер. 32-годишниот десен бек пролетниот дел од минатата сезона го мина како позајмен во Барселона, забележа 23 ...

По два неуспешни обиди и две одбиени понуди, третата се покажа како дефинитивна и одлучувачка во преговорите меѓу Барселона и Манчестер Сити, па така оваа вечер сите угледни медиуми од Шпанија, Каталонија и Англија потврдија дека двата клуба конечно пронашле заеднички јазик. Барселона почна со 50 милиони евра, продолжи со втора понуда од 60 милиони евра, но откако јасно дозна дека „граѓаните“ не мислат да попуштат, мораа да ги исполнат ...

Пелистер не успеа да ја оправда фаворитската улога на стартот од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, само ремизирајќи (1-1) пред своите навивачи со дебитантот во второлигашката конкуренција, екипата на Камјани. Битолчани се спасија и од пораз со гол од пенал во последните минути од натпреварот. Стрелец на голот за гостите од Камењане за водство од 0-1 беше Трпески во 31. минута од средбата. И се до крајот на дуелот, ...

Играчот од средниот ред Родри е новото засилување на Барселона, објавува Фабрицио Романо во својот препознатлив манир „Here we go“. Потврди и “Марка“! Спектакуларен трансфер на Каталонците кои ја добија „Златната топка“ пред две години. Тој беше мачен од повреди во текот на целата минатата и предминатата сезона, се веруваше дека нема да може да биде старецот, а потоа го негираше тоа на последното Светско првенство. Тој беше витален дел од ...

Прволигашот Вардар за новата сезона во Првата женска фудбалска лига се засили со Лина Луканова, 18-годишна фудбалерка која доаѓа од редовите на струшки Ас Јунајтед. Станува збор за млада и талентирана фудбалерка која својата кариера ја започна во Билјанини Извори. За младата фудбалерка од Охрид ова ќе биде нов предизвик и можност за напредок. Како што објави Спортска Мрежа, Вардар претходно се засили со Викторија Недева, Андреа Алексоска, ...

Екипата на Шкендија Тетово е нов лидер на табелата на Првата фудбалска лига со максимален ефект по трите одиграни кола. Во последниот дуел од третата рунда тетовчани во вториот дел успеаја да „го скршат“ отпорот на Брегалница Штип. Шкендија поведе со голот на Александер Трумчи во 61. минута, а пет минути подоцна преку Ендрит Красниќи зголеми на 2:0. Мартин Стојанов во 86. минута намали на 2:1, но во судиското надополнување на вториот дел ...

Шкендија се издвојува како претендент за титулата во Првата македонската фудбалска лига уште на самиот старт на новата сезона, користејќи го и падот во формата на Вардар кој има неочекувано лош почеток како бранител на титулата. Вардар загуби две дерби пресметки во период од една седмица, додека Шкендија по триумфот кој го оствари во Скопје, денеска славеше и на меч на кој пристапи после мало европско разочарување. Тетовските „црвено-црни“ ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, предизвика внимание на денешниот пријателски натпревар против Шалке, откако на клупата се појави со видлива модринка околу окото. „Кралевите“ денеска во Гелзеркирхен го одиграа последниот натпревар од подготовките на кој славеа победа од 3:0, но внимание привлече и изгледот на португалскиот стратег. Мурињо ги изненади присутните на „Фелтинс Арена“ кога се појави со помодрено око, поради што веднаш се ...

Тетовска Шкендија останува единствената максимална екипа по три првенствени кола, откако во последниот меч од третата рунда ја совладаа Брегалница од Штип со 3-1. Иако резултатот е убедлив, сепак, штипјани долго имаа активен резултат, а прволигашкиот лидер го скрши отпорот во 61-вата минута со голот на Александер Трумчи. Само пет минути подоцна веќе беше 2-0 за Шкендија со голот на Ендрит Красниќи. Неизвесност во мечот внесе Мартин Стојанов ...

Новиот третолигаш Огражден од Ново Село продолжува да испраќа сериозни сигнали пред стартот на новата сезона. Тимот денеска забележа убедлива победа од 2:5 на гостувањето кај Победа Валандово, во натпревар кој покажа дека составот од Ново Село има квалитет и амбиција за висок пласман. „Калинкарите“ од Валандово, кои минатата сезона беа шампиони во Трета лига – Исток, но не успеаја да го минат баражот за влез во Втората лига, претрпеа тежок ...

Шкендија – Брегалница 0:0 по првото полувреме на последниот меч од 3.коло кој вечерва се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Иако ослабена со неиграњето на 3-4 стандардни играчи, сепак Шкендија одигра напаѓачки, агресивно, креираше 4-5 добри шанси, но Тамба двапати, Криезиу, Красниќи, Ибраими… никако не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на штипските “сини“. Брегалница крајно дефанзивно ориентирана, а во 42.минута Калпалчки ...

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска го заврши својот настап на Европското првенство во водени спортови кое се одржува во Париз, откако нашиот претставник ја финишираше и втората трка за која беше пријавен. Три дена по историското издание и новиот државен рекорд кој го постави на 200 метри слободен стил, Ѓуретановиќ денеска беше дел и од квалификациите за 400 метри слободно. Никола беше дел од втората квалификациска група и во ...

Холандското првенство уште еднаш покажа и докажа зошто важи за едно од најефикасните во Европа. Сите натпревари од второто коло завршија во ист знак – „гол-гол и 3+“, а на деветте меча беа постигнати вкупно 38 гола или во просек по преку четири на секој од натпреварите. Второто коло се покажа како вистински погодок за обложувачите кои се љубители на ефикасниот фудбал и игрите на голови. Холандското првенство уште еднаш покажа и докажа ...

Барселона оствари убедлива победа од 5-2 во пријателскиот натпревар против Базел, кој се одигра на „Сент Јакоб Парк“. Младите напаѓачи на Каталонците, Хамза Абделкарим и Џеси Бисиву, постигнаа вкупно три гола во пријателскиот натпревар и се соочија со сериозен предизвик за стартниот состав во новата сезона. Хоан Гарсија и Ерик Гарсија започнаа како стартери за Барселона, додека Дани Олмо, Жил Кунде, Пау Кубарси и Ламине Јамал влегоа во игра ...

Кристијано Роналдо сериозно размислува за крај на својата кариера. Во интервју за „Вог“ изјави дека сериозно размислува за крај на својата кариера. Ова ќе биде веројатно мојата последна сезона во фудбалот, изјави популарниот CR7. Роналдо има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе има 42 години. Португалецот е на чекор до неверојатен рекорд односно му фалат 30 голови за да стигне до бројката од 1.000 голови. Лигата во Саудиска Арабија ...

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија го оцени како висококвалитетно судењето на дерби натпреварот од третото коло во Првата МФЛ, меѓу екипите на Струга Трим Лум и Вардар. Дуелот заврши со победа на Струга ТЛ од 1-0, благодарение на голот на Малески во 61.минута од средбата, а Вардар пропушти можност да го избегне поразот во 96.минута кога Давид Бабунски не погоди од оправдано досуден пенал за гостите. „Во една од ...

Килијан Мбапе се врати во Реал Мадрид и веднаш постигна гол во победата од 3-0 над Шалке 04 на гостински терен во пријателски натпревар на „Велтинс Арена“ во Гелзенкирхен. Ибрахим Конате го имаше своето неофицијално деби за „Кралевите“, почнувајќи како стартер. Марк Кукуреља и Јан Диоманде исто така дебитираа во второто полувреме. Исто и Тибо Куртоа и Џуд Белингам се вратија во составот на Реал Мадрид. Реал Мадрид поведе во 6-тата минута ...

Рубен Аморим режираше мала слатка одмазда за Манчестер Јунајтед, откако неговиот Милан вчера победи на тест натпреварот кој се одигра во Вроцлав. Гонсало Рамош беше нерешлива енигма за „ѓаволите“ и Португалецот со две асистенции и еден гол одигра клучна улога во победата од 4:2, па сосема очекувано, по мечот расположен за давање изјави беше и Аморим. Новиот тренер на Милан во обраќањето за италијанските новинари јасно му порача на Рафа Леао ...

Поранешниот ракометар на Вардар и еден од најдобрите дефанзивци во Европа во својата генерација, Илија Абутовиќ, за новата сезона се врати во Партизан и стана првото засилување на белградскиот клуб. По 16 години минати во странство, искусниот српски ракометар повторно ќе го носи црно-белиот дрес. Во интервју за „Моцарт Спорт“ по враќањето во Партизан, Абутовиќ посебно се осврна на периодот минат во Македонија. „Морам да кажам дека во ...

Арсенал го освои Комјунити Шилд откако го победи Манчестер Сити со 3:0 на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф. Головите ги постигнаа Рикардо Калафиори, Каи Хаверц и Мартин Едегор. Грчкиот крилен напаѓач Христос Цолис исто така имаше одлично деби за Арсенал, забележа две асистенции. Kai Havertz vs Manchester City Kai Havertz had a big impact in Arsenal’s 3–0 Community Shield win over Manchester City today. Goal: Havertz scored Arsenal’s ...

Познати се составите на Пелистер и Камјани за вечерашниот меч од првото коло на Втората лига, со кој меч се затвара 1. коло кое беше отворено вчера. Пелистер на голот ќе го има Илоски, а во првиот состав се и Ристевски, Грозданоски, Крстевски, Славков, Спировски кој е капитен, Спиркоски, Наумоски, Мирчевски, Капсаров и Христов. Голот на Камјани ќе го чува Рамадани, во дефанзивната линија ќе бидат Трпески и Љамалари, Реџепи и Шакири, потоа ...

Шкендија и Брегалница играат без голови во првото полувреме од последниот натпревар од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига. На дуелот кој се игра на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, Шкендија има далеку повеќе можности за погодок но не успева да реализира. Одличен на голот на штипјани е Амир Јашар, кој ги спречи обидите на Криезиу, Тамба, Красниќи… Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето ...

Се чини дека кризата во редовите на актуелниот шампион на Македонија, Вардар, како да нема крај, барем онаа резултатската. По двојната експресна елиминација од фудбалска Европа, „црвено-црните“ се загреваа со победа (2-0) над Брегалница на стартот од новата сезона во Првата лига, но потоа буквално потонаа. Вардар има само три бода по три првенствени кола, два порази по ред, но и 180 минути без постигнат гол. Шампионот на Македонија вакво ...

Карим Адејеми го отвори контото како играч на Барселона, па четвртиот натпревар во овој пресезонски период потврди дека Германецот полека фаќа ритам во тимот на Ханси Флик. Адејеми доби јасна забелешка дека ќе мора да се поправи во сфаќање на идеите од самиот германски стручњак, но пред самиот старт на сезоната во Ла Лига, изгледа дека Карим го фаќа потребниот залет. Крилниот фудбалер денеска запиша гол и асистенција во убедливата победа од ...

Дуелот од третото ПМФЛ коло кој што се игра во Струга каде што домашниот Трим Лум го пречекува шампионот Вардар, на полувреме е означен со резултатот 0:0. По топлото време во терминот од 16:30 часот, и двата тима одиграа релативно добро со неколку обиди за погодок. Вардар прв се закани но на два пати одлично интервенирапе Папе Фал во дефанзивна улога. Радески на другата страна погоди но голот беше поништен поради офсајд, за да истиот играч ...

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постојано се поврзува со заминување од Манчестер Сити. Реал Мадрид и Барселона најчесто се спомнуваа како негови можни дестинации, но сега постои можност тој да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен. Ерата на Хари Кејн во Баерн завршува. Договорот на англиската ѕвезда истекува на крајот од оваа сезона, иако постои можност соработката да продолжи барем уште една сезона. Сепак, во баварскиот тим веќе ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87