Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Навивачите на Арсенал не можеа да замислат подобар почеток на сезоната со натпреварот против Манчестер Сити. Во меч со кој се означува стартот на сезоната во Англија, од Комјунити Шилд, Арсенал поведе по само 23 секунди игра. Луис-Скели „измами“ феноменална топка за Калафиори, кој лесно го совлада голманот на Манчестер Сити. pic.twitter.com/e2muD8YQNh — japanandkingys (@japanandkingys) August 16, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Она што требаше да се случи во Париз, ќе се случи во Бирминген. Тимот на Астон Вила постигна договор за купување на голманот на Парма, и јапонски репрезентативец, Зајон Сузуки. Чуварот на мрежата пристигнува во Англија за сума од 35 милиони плус прт милиони како бонус. Сузуки првично требаше да потпише за ПСЖ, но дилот се изјалови во последен момент. Тоа го искористи Вила која што очигледно имаше намера летово да го промени чуварот на ...
Актуелниот англиски шампион, Арсенал, го отвори резултатот во Комјунити Шилд, и тоа уште во првата минута од натпреварот. Одбраната на Манчестер Сити уште не беше „целосно поставена“, кога Рикардо Калафиори доби супер топка од Мајлс Луис-Скели, а италијанскиот дефанзивец немаше проблеми да го совлада Донарума. Голот беше постигнат во 23. секунда од мечот. „Топчиите“ добија огромен мотив за остатокот од мечот, додека нивните навивачи ...
Пред Брегалница е тежок предизвик, најтешкиот во сезоната. Штипјани денеска гостуваат на тетовска Шкендија во 3. коло од ПМФЛ, во желбата да дојдат до изненадување против големиот фаворит. По триумфот над Арсими, самодовербата во екипата е на високо ниво, атмосферата исто така, во очекување на добар настап и добар резултат и од овој натпревар. „Очекувам тежок натпревар против екипа која има високи амбиции. Ќе дадеме максимум од првата до ...
Шпанија е актуелен светски шампион откако на неодамна завршениот Мундијал 2026 славеше по продолженијата со Аргентина. А, честа да го суди ова финале му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ кој одлично ја заврши работата. Од самиот почеток, „гаучосите“ влегоа во финалето доста жестоко и покажаа дека повеќе се фокусираа на физичката пресметка со Шпанците отколку на желбата да го загрозат голот на противникот. По завршувањето на ...
Италијанскиот суперталент Кими Антонели е на чекор да испише нова страница во историјата на Формула 1 и да стави крај на една суша која трае повеќе од седум децении. По 11 трки во сезоната 2026, 19-годишниот возач на Мерцедес е лидер во генералниот пласман со 219 бодови. Антонели зад себе има шест победи, едно второ место, две трети места и триумф во спринт-трката на Силверстоун, со што создаде предност од 50 бодови во однос на Луис Хамилтон ...
Карим Бензема е подготвен да влезе во војна со раководството на Ал Хилал откако францускиот ветеран се почувстувва изневерен од клупските челници кои пред половина година го доведоа од Ал Итихад, а сега бараат начин да го раскинат неговиот договор. Бензема е една од првите светски ѕвезди што заедно со Кристијано Роналдо го прифати предизвикот да дојде во Саудиска Арабија и да помогне во популаризацијата на фудбалот во оваа земја. Токму поради ...
Екипата на Вест Хем не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата и по долго време ќе настапува во Чемпионшип, а во овој преоден рок направи еден трансфер кој е достоен на сите елитни европски лиги. „Чеканите“ го потврдија трансферот на Арне Енгелс од редовите на Селтик, а за истиот ќе бидат исплатени 22 милиони фунти. Досегашниот рекорд го држеше Ипсвич со 17,5 милиони фунти, но Вест Хем отиде чекор подалеку за белгискиот интернационалец. ...
Севиља го совлада Рајо Ваљекано со 2:1, со гол од пенал во седмата минута од судиското продолжение. Интересно е што Андалузијците двата гола ги постигнаа од белата точка. Вториот пенал беше крајно дискутабилен. Станува збор за толку очигледна судиска грешка што речиси и нема простор за полемика. Фудбалерот на Рајо, Лејун, воопшто не го допре играчот на Севиља, Роби Уре, во акцијата која претходеше на досудувањето на пеналот. Доколку и имало ...
Црвена Звезда денеска и официјално го претстави Алберт Риера за нов шеф на стручниот штаб, откако управата на српскиот шампион го избра токму Шпанецот како идеален кандидат за нов тренер по оставката на Дејан Станковиќ. Риера бележеше одлични резултати со Цеље во словенечкиот шампионат, па иако пред неколку месец имаше кратка и неуспешна авантура во Бундес-лигата со Ајнтрахт, во таборот на Звезда се убедени дека овој стратег е идеален за ...
Џои Ферман е најновото засилување на Борусија Дортмунд откако германскиот гигант реши да ја активира клаузулата на договорот што овој 27-годишен фудбалер го има со својот клуб ПСВ Ајндховен. Холандскиот првак не сакаше да преговара за продажба на клучниот играч за врска, па Борусија беше принудена да ја плати целата клаузула од 21,5 милиони евра за да добие зелено светло да го доведе Ферман во своите редови. Џои Ферман ги мина последните три ...
Со четири натпревари вечерва продолжуваат возбудувањата на 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино. За разлика од претходните натпреварувачки денови, неделната програма започнува еден час порано, во 19:30 часот, со пресметката меѓу Требеништа и Охридски бисер Филеви. Потоа следува дуелот БЗ Груп – Том Гор, од 21:30 часот ќе играат ДОЕЛ Ноче и Злате Транс, а вечерната програма ќе ја затворат ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен заработуваат огромни суми и воопшто не штедат кога станува збор за автомобили. Паркингот пред тренинг-центарот на францускиот шампион често е преполн со луксузни модели кои чинат стотици илјади евра. Но, Фабијан Руиз е вистински исклучок. Шпанскиот репрезентативец на тренинзите пристигнува со мал Смарт, автомобил кој значително се разликува од моќните и престижни возила што ги избираат неговите соиграчи. PSG ...
Јувентус денеска ќе комплетира уште еден значаен рансфер, доведувајќи го во своите редови Јон Лукуми. Станува збор за колумбиски дефанзивец кој е добро запознаен со италијанската Калчо-лига ако се знае дека со успех ги бранеше боите на Болоња, од каде ќе се приклучи во таборот на „старата дама“. „Црно-белите“ бараа нов врвен дефанзивец и се насочија кон Лукуми, а долгите преговори конечно вродија со плод кога беше договорен „пакет“ од 20 ...
Мортен Хјулманд летово го напушти Спортинг Лисабон и стави потпис на долгогодишен договор со Атлетико Мадрид и се очекува да биде големо засилување за средниот ред на Диего Симеоне. Данецот дојде на „Метрополитано“ за да ги зголеми амбициите на мадридскиот клуб, а во интервјуто за „Марка“ зборувал на интересни теми, вклучувајќи ја и таа поврзана со Арсенал. Хјулманд растел како фан на „топчиите“, па не го криеше и фактот дека има тетоважа со ...
Интер го заврши трансферот на Џед Спенс од Тотенхем, па „нереоаѕурите“ сега целсоно се фокусирани на ангажман на ново засилување од Премиер-лигата, на „Џузепе Меаца“ да го доведат Куртис Џонс од Ливерпул. Поранешниот младински репрезентативец на Англија влезе во последната година од договорот на „Енфилд“, новиот тренер Ираола би сакал да го задржи, но бидејќи Џонс одбива нов договор управата е решена да го продаде за да го запре трендот на ...
Според последните информации на италијанските но и англиските медиуми, голманот на Астон Вила и на репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинез е на пат за Торино, каде што ќе стане член на екипата на Јувентус. „Старата дама“ веќе испратила официјална понуда го аргентинецот, која што вреди 10 милиона евра, а три од нив се бонуси. Сето ова се случува, откако пропадна трансферот на јапонецот Сузуки во ПСЖ. Тој требаше веднаш да биде ...
Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо, го изрази своето задоволство по победата од 3-1 над Реал Сосиедад во последниот пријателски натпревар на тимот пред сезоната. Шпанецот го сподели своето возбудување за своето деби на Стемфорд Бриџ и рече дека е подготвен за почетокот на сезоната во Премиер-лигата против Фулам. „Ова беше многу добар последен тест за нас. За некои играчи тоа беше и нивниот прв и последен натпревар пред сезоната. Видовме ...
Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, денеска настапи на маратонската трка во рамките на Европското првенство и истата ја заврши на 46. место. Ивановски настапи во Бирмингем како наш единствен претставник, а маратонската делница ја поминал за 2:22:39, што секако е далеку од неговото најдобро време. На маратонот настапиле вкупно 60 натпреварувачи, а дел од нив не успеале да истрчаат 42 километри низ улиците на Бирмингем. Златниот ...
Екипата на ТФТ комплетираше уште еден домашен трансфер откако потпиша договор со Матеј Митревски, млад кошаркар од таборот на „црвено-црните“ кој ќе има можност да се проба и во елитното друштво. Откако вчера го официјализираше трансферот на младинскиот репрезентативец Ѓорѓевиќ, ТФТ денеска го објави и потписот со 19-годишниот Митревски. „Со задоволство го претставуваме Матеј Митревски, кој во ТФТ пристигнува од редовите на КК Вардар. Станува ...
Карим Бензема е на списокот на играчи на кои тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета, тврдат медиумите од Саудиска Арабија. Искусниот француски фудбалер дојде во Ал Хилал од Ал Итихад пред само шест месеци, каде што пристигна пред неколку години како голема фудбалска ѕвезда. Ситуацијата очигледно се промени во меѓувреме, во Ал Хилал сакаат промени и во тие планови не го гледаат Бензема. Ал Хилал сака да го обнови тимот по сезоната во која не ...
Македонскиот голман Андреј Петковски летово ја смени средината и од Полска се пресели во Чешка. Првите вибрации во новиот клуб се позитивни и од двете страни. Петковски по одличната сезона во Азоти Пулави, продолжи со кариерата во чешкиот шампион Талент Плзен. Браќата Штохл, кои своевремено беа репрезентативци и долги години професионалци во Бундеслигата, го водат спортскиот сектор во клубот, Тие уште во јануари потпишаа преддоговор со ...
Париз Сен Жермен се изнаосвојува сите можни трофеи откако пред 15 години дојде во сопственост на катарските сопственици, но најмногу пехари во споменатиот период освои токму во Суперкупот на Франција. Од претходните тринаесет Суперкупа, на Парижаните им припаднаа дури дванаесет, а единствено успеа на листата да се вмеша Лил во 2021 година. Затоа е јасно дека ПСЖ овој пехар, иако најмалку вреден во сезоната, го напаѓа подеднакво силно како и ...
Рафаел Ходар направи голем пресврт во третиот сет на дуелот со Денис Шаповалов и обезбеди следна рунда на тенискиот Мастерс во Синсинати. Шпанскиот тенисер имаше негатива од 5:1 во третиот сет, но успеа да направи неверојатна серија, освојувајќи шест гејмови по ред, за конечни 7:5 и победа од 2:1 во сетови. Она што го привлече вниманието на фановите е фактот што Ходар два пати бараше пауза на мечот за да ги смени врвките, а вториот пат ...
Јован Манев е во листата на повредени фудбалетри кај Шкендија. Стоперот на „црвено-црните“ најверојатно нема да настапи на денешниот првенствен дуел против неговиот поранешен клуб Брегалница од Штип. Болките во рамото и проблемите со повредата се појавија во финишот од дуелот со Хиберниан на кој Манев имаше лош доскок и падна директно на рамото во самиот финиш од средбата од Конференциската лига. Слична повреда имаше и Бојан Димоски но тој ...
Жоао Феликс го одбележа натпреварот помеѓу Ал-Наср и Ал Фатех во Саудиска Арабија. Актуелниот шампион ја започна новата сезона со победа од 3:0, без Кристијано Роналдо во тимот. Роналдо кој се ожени минатата недела го гледаше натпреварот од свечената ложат, каде што беше сведок на генијалниот потег на сонародникот Жоао Феликс во 40-та минута. Феликс, како во мал фудбал, со слалом помина покрај одбранбените играчи на гостите и ја смести ...
На последниот ден од Европското првенство во Бирмингем, во утринската програма се одржаа маратонските трки во машка и женска конкуренција. Финската атлетичарка Алиса Ваинио го освои златниот медал на маратонот на Европското првенство во Бирмингем. Ваинио ја помина патеката од 42 километри и 195 метри за 2,22,26 часа, што е нов рекорд на континеталните шампионати. Сребрениот медал го освои Лили Ана Виндич-Тот од Унгарија со време од 2:27,21 ...
Два меча се играат вечерва во шпанското првенство, а токму тие се и дел од понудата на Бонус тип во Sport Life. Сантандер е домаќин на Вилјареал, а Еспањол на свој терен го пречекува Леванте, па за овие пресметки понудена е екстра бонус тип. Вкупно 15 коефициент се добива на специјалната шифра 8301 а потребно е на двата меча во првото полувреме да нема повеќе од еден погодок, додека во второто полувреме да бидат псотигнати меѓу два и три ...
Ислам Махачев ја доби борбата со Иан Гери на поени и постави УФЦ рекорд со 17 победи во серија, нешто што досега не му успеало на ниту еден друг борец во оваа ММА франшиза. Русинот имаше добри моменти во октагонот, но заработи и многу незгодни удари од Ирецот, кој се покажа како достоен предизвикувач, иако на крајот не успеа да ја прекине победничката серија на ривалот. Она што УФЦ фановите го направија вирално од борбата е „хедкик“ ударот на ...
Фудбалот вчера вечер во Бреда беше целосно во втор план. Илјадници навивачи на НАЦ останаа на трибините по натпреварот против Венло за да дадат поддршка на Матс Сеунтјенс и неговата партнерка Елба, кои само неколку дена претходно ја загубија новородената ќерка Селин. Во средата НАЦ ја соопшти трагичната вест дека починала Селин Инаја, новородената ќерка на 34-годишниот фудбалер и неговата партнерка Елба. Клубот тогаш порача дека „зборовите ...