Саша Илиќ одлучи да поднесе оставка од клупата на Партизан по дебаклот против Младост во Лучани, но раководството на Партизан се обидува да го задржи барем до реваншот против Гетафе. Партизан е во една од најголемите резултатски кризи во својата понова историја, а катастрофалниот почеток на сезоната би можел да доведе до експресна промена на клупата. Саша Илиќ им соопшти на клупските челници дека сака да ја напушти позицијата шеф на стручниот ...

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, го критикуваше својот напаѓач Рандал Коло Муани за неговата неефикасност по тешката победа на „Старата дама“ на гостински терен против повратникот Фрозиноне. Тој истакна дека францускиот напаѓач мора да го подигне своето ниво на игра. „Отидовме и го доведовме Коло, се грижевме за него и знаеме каква е неговата вредност. Но, тој мора да разбере дека не играл две години и дека мора да има причина за тоа. ...

Рафиња беше избран за МВП на мечот на воведниот натпревар кој го одигра Барселона во шпанската Ла Лига оваа сезона, гостување на кое каталонците го прикажаа сиот свој напаѓачки потенцијал и покрај тоа што не играа со најсилен тим. Бразилецот беше стрелец на два гола и запиша и една асистенција во победата од 0:5, но привлече посебно внимание со прославата која ја изведе по еден од погодоците. Рафиња имаше „пајак прослава“ и тоа многумина го ...

Фудбалерот на Трабзонспор, Мохамед Салах, го постигна својот деби гол за турскиот клуб. Триесет и четиригодишниот Египќанец постигна гол во првото полувреме од денешниот натпревар против Башакшехир во второто коло од турската Супер лига. Ова беше трет натпревар на Салах за тимот. Напаѓачот потпиша двегодишен договор со Трабзонспор пред почетокот на сезоната 2026/27. Фудбалерот на Трабзонспор, Мохамед Салах, го постигна својот деби гол за ...

Денеска се играат два меча од Првата фудбалска лига на Македонија со кои ќе се комплетира четвртото коло. Интересно е дека се работи за дерби-пресметки. Шкендија е домаќин на Струга ТЛ (19 ч.), а Вардар на „Градски“ ќе го пречека Силекс (17 ч.). Тоа се четирите најдобри екипи од ланската сезона. Делува чудно, но наместо в недела, која традиционално е резервирана за дуелите од домашното првенство, овие две средби се играат во работен ден. ...

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ја објави реакцијата на поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ на неговата драстична промена на имиџот. Норвежанецот целосно ја скрати својата долга коса. – Што направи? Што по ѓаволите направи? О, Боже мој, што по ѓаволите е ова. Дали изгуби облог со некого? Блокирај ме и избриши го мојот број. Жена ми вели дека си луд. Дали сега ќе бидеш побрз или не? – рече Ибрахимовиќ во видеото, ...

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, не го криеше своето незадоволство откако Оли Воткинс не настапи во тешкиот пораз од 4:0 против Брајтон во неделата и сугерираше дека напаѓачот одбил да игра. Вила имаше проблеми со напаѓачите поради повредите на Брајан Маџ и Тами Абрахам, но Воткинс сепак беше изоставен од составот додека разгледуваше понуда од Саудиски Ал-Хилал. Поради недостаток на напаѓачи, Емери беше принуден да го стави офанзивниот ...

Црвена Звезда договори сензационален трансфер. 18-годишниот јужнокорејски напаѓач Је-Геон Ким од Чонбук пристигнува во Белград. Според информациите од Кореја, Ким ќе го потпише договорот до јуни 2031 година, а надоместокот е околу 430 илјади евра, плус и со 25% од идниот трансфер. Изворите наведуваат дека Барселона и Манчестер Сити покажале интерес за Ким, но му понудиле место во развојните тимови. Младиот играч наводно ја избрал Звезда ...

Синсинати – Францускиот тенисер Артур Филс го победи Американецот Франсис Тијафо во финалниот натпревар на турнирот во Синсинати со 6:3, 1:6 и 6:0. Мечот траеше 1 час и 28 минути. Дваесет и двегодишниот Филс (рангиран 21. во светот) сервираше 11 аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од осум брејк топки. Дваесет и осумгодишен Американец (23. на АТП ранг-листата) сервираше четири аса, направи четири двојни грешки и реализираше ...

Коко Гоф триумфираше во Синсинати по убедливата победа над третопласираната во светот Џесика Пегула. Мечот траеше еден час и 14 минути. Четвртата тенисерка на ВТА-листата одигра одличен меч и реализираше пет од шесте брејк-топки. Пегула, пак, искористи две од две можности за одземање на сервисот. За Гоф ова е прв трофеј во 2026 година, 12. во кариерата и четврти од категоријата ВТА 1000. Таа вторпат го освои турнирот во Синсинати, по триумфот ...

Македонската полиција некогаш и сега Фотографијата одлично покажува колку се промениле времињата. Во првите години од независноста на Македонија, „Застава 101“ беше дел од препознатливиот возен парк на полицијата, додека денес специјалните полициски единици располагаат со далеку посовремена опрема и оклопни возила. ЕБР, чиј амблем се гледа на фотографијата, е формирана во 2001 година и низ годините прерасна во една од специјализираните ...

МЛС лигата стана доста популарна за пошироката спортска јавност откако голем број ѕвезди се приклучија во фудбалскиот проект кој се гради во САД, па додека фановите се фокусираат на следење на ѕвезди како Лео Меси, Роберт Левандовски, Антоан Гризман, Томас Милер и ред други, јавноста во изминатите 24 часа посебно внимание посвети на една слатка сцена од „Пеј Пал“ паркот. Сан Хосе на домашен терен претрпе тежок пораз од Минесота со 1:5, но ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен, а на стартот ја очекува дуел со јапонската тенисерка Маи Хонтама. Хонтама во моментов е подобро рангирана од Ѓорческа и се наоѓа на 171. место на ВТА-листата. Македонката, сепак, има големо искуство во квалификациите на Грен слем турнирите и ќе се обиде да направи нов исчекор и во Њујорк. Терминот за натпреварот сè ...

Екипата на Интер со победа ја започна новата сезона во Серија А, откако на „Сан Сиро“ славеше со убедливи 4-1 против Монца. Иако резултатот изгледа убедливо, натпреварот не беше лесен за актуелниот шампион, особено во првото полувреме, кое заврши со резултат 1-1. Тренерот Кристијан Киву по натпреварот призна дека неговиот тим имал проблеми со притисокот на противникот и со реализацијата на замисленото во првите 45 минути. „Имавме проблеми во ...

Дресот, кој Мајкл Џордан го носел против Јута Џез, ќе стане најскапиот во спортската историја. Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4:2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а MВП на финалната серија беше Мајкл Џордан. „Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победија со разлика од 42 поени (96:54), и ова сè уште е најубедливата победа во еден натпревар од ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека неуспешниот обид на Џани Инфантино да продаде акции на Светското првенство е „дури и полош од Суперлигата“. Чеферин му порача на Инфантино дека ќе има противник ако одлучи да се кандидира за нов претседателски мандат на ФИФА следниот март. Во разговор за подкастот „Остатокот е политика: Водење“, Чеферин го осуди проектот на Инфантино. „Мислам дека овој план е уште полош од Суперлигата. Во ...

Викендов стартуваше шампионатот и во женска конкуренција од првенството на Фудбалската федерација на Македонија. Шампионот Скопје на стартот го совлада Кочани со 4-0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2-0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4-0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута. Најубедливата победа на стартот ...

Барселона на спектакуларен начин ја започна одбраната на титулата во шпанското првенство, откако со 5:0 победи на гости кај Елче. Серијата погодоци ја отвори капитенот Рафиња кој даде гол од пенал во 14 минута. Веднаш по постигнувањето на погодокот, Рафиња застана пред камерата и прослави во стилот како да е Спајдермен и да „пушта мрежа“. Токму по тој начин на прослава на погодок, најпознат е Хулијан Алварез. Ѕвездата на Атлетико Мадрид ...

Македонскиот интернационалец, Андреј Тодороски и во оваа сезона е дел од тимот на ТСЦ Бачка Топола со кого ќе се обиде да избори експресен кам-бек во најсилната фудбалска конкуренција во Србија. ТСЦ како гостин во петтото коло славеше над Напредак со 2-1, а еден од головите беше дело на нашиот Тодороски. Македонскиот интернационалец, Андреј Тодороски и во оваа сезона е дел од тимот на ТСЦ Бачка Топола со кого ќе се обиде да избори експресен ...

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, коментираше за трансферот на играчот од средниот ред Родри од Манчестер сити во Барселона. Реал Мадрид исто така беше заинтересиран за 30-годишниот фудбалер, но Родри избра да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб, со кого потпиша договор до летото 2030 година. -Секој играч избира каде сака да биде. Тоа што тој избр адруг клуб е негова загуба, рече Куртоа во интервју за DAZN. Родри играше за ...

Астон Вила попладнево претрпе убедлив пораз од 4:0 на гостувањето кај Брајтон во првото коло од Премиер лигата. Домаќините го отворија резултатот во 8. минута благодарение на автоголот на Виктор Линделоф. Десет минути подоцна, Максим Де Кајпер го дуплираше водството на Брајтон. Во 30. минута, Џек Хиншелвуд зголеми на 3:0, една минута подоцна истиот фудбалер ги постави конечните 4:0. На вториот од денешните три премиерлигашки средби, Манчестер ...

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, ги искажа своите впечатоци по триумфот од 2:0 над Џенова на гости во првото коло од италијанското фудбалско првенство. – Првиот натпревар секогаш буди љубопитност, бидејќи го познавам тимот само шест недели и не знам кои играчи можат најдобро да се покажат во такви ситуации кога влегуваат како резерва. Имаше малку двоумење со замените, но тие се справија добро. Џенова одигра многу добри први 25-30 ...

Тренерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, коментираше за заминувањето на играчот од средниот ред Родри. – Како ќе го решиме овој проблем? Ќе се обидеме да најдеме нов Родри. Пред Родри да дојде тука, тој ја немаше Златната топка, ја немаше Лигата на шампионите, го немаше Светското клупско првенство. Тој се приклучи на тимот, а потоа постигна многу важни работи. Кога водечките играчи си заминуваат, треба да можете да го пронајдете следниот. ...

Напаѓачот на Росарио Централ, Анхел Ди Марија, по поразот од 1:0 од Коринтијанс во реваншот од осминафиналето на Копа Либертадорес, изјави дека може да се пензионира. – Ова е тежок момент. Мојот сон беше поинаков, мојата желба да продолжам беше поинаква. Тоа е фудбалот. Сега треба да размислам и да сфатам што сакам да правам следно, истакна Ди Марија во интервјуто за „UOL“. Триесет и осумгодишниот Аргентинец неодамна за уште една година го ...

По речиси пет години на функцијата спортски директор на клубот, Адријан Цуцили си заминува од Шкендија. Клубот од Тетово како што дознава СпортСпорт му врачил отказ на човекот кој е задолжен за спортската „политика“ во екипата. Оваа вест одекна како „гром од ведро небo“ во фудбалските кулоари во земјава. Адријан Цуцули важеше за добар познавач на приликите но и за човек кој добро ја менаџираше екипата. Сепак по една сезона во која е загубена ...

Младиот француски тенисер Артур Фис го оствари најголемиот успех во својата досегашна кариера, освојувајќи го престижниот Мастерс турнир во Синсинати. Во драматично финале исполнето со пресврти, 22-годишниот Фис славеше над домашниот миленик Френсис Тијафо со 2-1 во сетови (6-3, 1-6, 6-0), со што стави крај на 12-годишното чекање на Франција за трофеј од серијата Мастерс 1000. Фуриозен старт, неочекуван пад и разговор пред огледало Фис влезе ...

Напаѓачот Жан Филип Матета влезе во сериозен правен спор со Кристал Палас околу важноста на неговиот договор со англискиот клуб. Францускиот фудбалер смета дека неговата соработка со Палас требала да заврши ова лето и дека требало да стане слободен агент. Од друга страна, клубот уште во 2024 година активирал опција за продолжување на договорот за уште една сезона. Случајот првично бил разгледуван од независно тело формирано според правилата ...

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на промоцијата и развојот на женскиот фудбал, кој испрати јасна порака дека фудбалот е спорт за сите девојки кои сакаат да тренираат, да се дружат и да започнат ново спортско поглавје. На фудбалскиот терен во Ораовица, под рефлектори, настапија околу 40 млади фудбалерки, кои имаа можност да одиграат неколку меѓусебни пријателски натпревари. Се играше секој со ...

Килави 1:1 дома со доскорешниот третолигаш Камјани со спас од пенал и среќа за 1:2 во 95 минута за гостите и вчерашните 0:0 со Брера, во меч со играч повеќе речиси цело второ полувреме. Две домашни задачи кои не ги положија избраниците на новиот шеф на струката во Битола – Борче Христов! Можеби Пелистер е во Втора лига и не личи на голем клуб, но притисокот и барањата на јавноста се секогаш големи а тие се во контекст на големината на ...

Белградска Црвена Звезда денеска славеше со убедливи 4:0 на мечот со Чукарички во 6. коло од првенството на Србија, а по натпреварот новиот тренер на „црвено-белите“, Алберт Риера имаше многу пофалби за настапот на нашиот млад репрезентативец, Матеј Гаштаров. Според Риера, Гаштаров бил играч на натпреварот, споредувајќи го со Раде Круниќ. „За мене, Гаштаров денеска одржа вистински мастер-клас! Веројатно внимателно ја гледал играта на Круниќ ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75