Повеќегодишното екстремно навивачко насилство кое трае во полскиот град Краков, викендов однесе уште една жртва. Убиен е навивач на фудбалскиот тим од третата лига Хутник од Краков, во округот Нова Хута. Според информациите што доаѓаат од Полска, тој бил убиен од навивачи на Висла. Според извештајот кој треба да добие официјална потврда, од тоа што се гледа на видео снимката, во несреќното момче била испукана светлечка ракета. Тој се обидел ...

Навивачите на Милан очекуваа дека новиот спортски менаџмент и тренерската смена ќе донесат и одредени промени во ростерот, но ретко кој можеше да претпостави дека „росонерите“ толку брзо ќе се откажат од Кристофер Нкунку. Французинот се најде надвор од проектот на Рубен Аморим и неговите агенти добија задача да му најдат нов клуб до крајот на преодниот рок, а решението е пронајдено во неговиот поранешен клуб РБ Лајпциг. „Биковите“ планираат ...

Ерлинг Халанд влезе во нова ера, барем кога станува збор за неговиот изглед. Напаѓачот на Манчестер Сити ги изненади фановите со нова фризура, откако се појави со значително пократка коса од онаа на која јавноста е навикната. Препознатливата долга руса коса остана зад него, а Халанд сега има пократка и модерна фризура, што веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. New season, new trim Full episode on YT! ...

Ова е можеби уште поголема промена од онаа кога Дејвид Бекам во 2000 година ја избричи главата за да му пркоси на својот тренер во „Манчестер јунајтед“, сер Алекс Фергусон. Но, норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд не му пркоси никому, едноставно одлучи дека е време да се збогува со својата препознатлива долга руса коса. Само неколку часа пред „Манчестер сити“ да ја започне новата сезона во Премиер лигата, фудбалерот на социјалните мрежи покажа ...

Френсис Тиафо обезбеди место во финалето на мастерсот во Синсинати, откако во американското полуфинале го совлада Брендон Накашима со 7-5 и 6-3. Мечот траеше еден час и 43 минути, а за Тиафо ова беше седма победа во осмиот меѓусебен дуел со Накашима. Во борбата за трофејот, Тијафо ќе се соочи со Французинот Артур Фис, кој претходно во полуфиналето беше подобар од Италијанецот Флавио Коболи со 6-3 и 6-4. Тиафо моментално е 23. тенисер на АТП ...

Дебитантот во Втората женска фудбалска лига, ЖФК Менада од Тетово се засили со Марија Колевска и Ивана Димовска. Колевска во редовите на тетовскиот второлигаш доаѓа од Слободен, таа може да покрие повеќе позиции во тимот и ќе биде важно засилување за Менада. Низ кариерата 23-годишната фудбалерка настапуваше уште и за матичниот Џи-Џи. Димовска доаѓа од Љуботен, тим со која ја освои и шампионската титула и ќе биде одлично засилување за Менада. ...

Манчестер Сити постигна целосен договор со Лил за трансферот на еден од најголемите млади таленти во светскиот фудбал, Ајуб Буади. Според најновите информации, пакетот може да достигне 100 милиони евра со вклучени бонуси, со што „граѓаните“ добиваат сериозно засилување за средниот ред. 18-годишниот марокански репрезентативец веќе ги договорил личните услови со англискиот клуб, а за почетокот на следната недела е закажан и лекарски преглед. ...

Во пресрет на првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, Манчестер Сити конечно ги комплетирал преговорите за еден од играчите за кои беше заинтересиран подолго време. Најугледните европски новинари предводени од Дејвид Орнстајн, попладнево потврдија дека Сити постигнал договор со Лил за трансферот на Ајуб Буади, кој ќе се пресели во Сити. Премиерлигашот ќе плати фиксни 95 милиони еври, а францускиот клуб ќе може да добие уште 5 ...

Победата на Фенербахче над Коњаспор со 4-2 остана во сенка на немилата сцена која се случи на почетокот од второто полувреме. Керем Актуркоглу по еден дуел со противнички фудбалер падна на тревникот и остана неподвижен, што веднаш предизвика голема загриженост кај неговите соиграчи, противниците и навивачите на трибините. На фудбалерот неколку минути му била укажувана медицинска помош на теренот, по што било одлучено веднаш да биде пренесен ...

Во модерниот фудбал се поретки се дуелите на кои нема да биде постигнат ниту еден погодок, но во Европа има еден тим кој во првите три кола што ги одигра, постојано игра без голови. Тимот на Арсенал од Тиват по првите три кола во првенството на Црна Гора, резултатот како да е резервиран да биде без голови. Во август, Арсенал Тиват одигра без голови на гости кај Дрчиќ, потоа и на теренот на Морнар за на крајот да одигра 0:0 и пред своите ...

Во пресрет на утрешното дерби од 4.коло меѓу Шкендија и Струга ТЛ, кое ќе се одигра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, свој коментар има офанзивецот и еден од клучните играчи на стружани, Арби Воша Тој вели дека атмосферата во тимот е добра, по таа претходна победа над Вардар, исто така се надева на нова победа и утре: “По дербито со Вардар, каде што успеавме да постигнеме минимална победа од 1:0, утре нè очекува уште еден дерби ...

И покрај понудите, веќе е јасно дека Хари Кејн нема намера, барем засега, да си оди од Баерн Минхен. Од таборот на “баварците“ велат дека наредните денови ќе започнат преговорите со својот голгетер за продолжување на договорот и дека нема место за никаква паника. Инаку договорот на Англичанецот со Баерн Минхен истекува во јуни 2027. Виктор Ѓокереш би можел да го напушти Арсенал во случај Осимен или Алварез да го засилат нападот на шампионот ...

Ако некој ви кажеше дека веста оти некој ја скратил косата ќе предизвика толку многу коментари, немаше да му поверувате. Или можеби се ќе ви станеше појасно ако кажевме дека тој некој е никој друг туку Ерлинг Халанд. Пред само еден месец, на социјалните мрежи кружеше видео од средбата меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ерлинг Халанд, во кое Златан објаснуваше како ја скратил косата за сета моќ да може да премине кај Норвежанецот. А сега, пред првиот ...

Ракометниот клуб Текстилец УГД влегува во завршната фаза од подготовките за новата сезона во Првата ракометна лига на Македонија. Штипскиот состав веќе е во полн тренажен процес, а до почетокот на првенството останува да се одиграат уште неколку пријателски натпревари. Во клубот се задоволни од досегашниот тек на подготовките, а тренерот Бобан Попов го истакнува добриот интензитет на тренинзите. Управата успеа во најголем дел да го задржи ...

Ливерпул минатата сезона не успеа да ја одбрани титулата во Премиер лигата, односно беше далеку и да помисли на трофејот, па во новата сезона влегува со нов тренер, но со исти амбиции. Андони Ираола ќе се обиде да врати шампионската слава на „Енфилд роуд“, но прв чекор е гостувањето кај Њукасл. „Црвените“ на денешниот противник му даваат барем по еден гол на последните 12 средби, односно од 2020 година па наваму, а на последните два ...

Прволигашот Вардар денес ја отвара новата сезона во Првата женска фудбалска лига во скопска пресметка против Истатов. Раководството на Вардар ги промовираше Мила Стојановска, Џенита Кицара, голманката Тина Туџарска и Зорица Бојкова, а ја продолжи соработката со Амире Азизи и Александра Јовановска. Стојановска доаѓа од второлигашот Слободен кој повеќе нема да се натпреварува, низ кариера 18-годишната фудбалерка настапуваше и за Истатов и ...

Никако не престануваат проблемите со повредите за стратегот на Шкендија, Артим Положани. Ако се знаеше дека за утрешниот дерби меч со Струга ТЛ тој нема да може да смета на голманот Гаје и напаѓачот Ѓорѓиевски, сега и официјално утре нема да биде во составот и Фреитас, еден од клучните играчи на Шкендија. Ова е соопштението на Шкендија во врска со овие тројца нејзини играчи: „Бабукар Гаје ја започна фазата на враќање на тренинг, додека ...

Ерлинг Халанд повторно ќе биде главен адут во нападот на Манчестер Сити, а големата норвешка ѕвезда реши да направи голема промена во однос на својот имиџ. Напаѓачот на премиерлигашот преку социјалните мрежи најави „нова фризура за нова сезона“, потврдувајќи дека се збогувал со долгата коса, која беше препознатлива за неговата досегашна кариера. View this post on Instagram A post shared by Erling Braut Haaland (@erling) Халанд беше најдобар ...

Новата премиерлигашка авантура започна, а Њукасл и Ливерпул во неа влегуваат како дел од прилично бројното друштво клубови кои меѓу двете сезони го променија тренерот. Значи, судирот на „страчките“ и „црвените“, закажан за недела во 17:30 часот, ќе претставува почеток на патот во непознатото. Кормилото од Арне Слот на „Енфилд роуд“ го презеде Андони Ираола, човек чиј Борнмут со неверојатен ритам и суров висок пресинг минатата сезона знаеше да ...

Охрид по истиот рецепт како минатото лето го отвори подготвителниот период – со два освоени трофеи, откако „гладијаторите“ најпрво триумфираа на Струшкиот турнир против Вардар, а потоа го освоија и турнирот ,,Крсте Андоновски”, повторно против македонскиот шампион. Новото засилување во редовите на Охрид, македонскиот долгогодишен репрезентативец- Филип Талески, беше дел од двете финални пресметки, а по успешниот старт, во разговор за Спортска ...

Српскиот ракометен клуб Партизан со големи амбиции ја започнува новата сезона во Регионалната лига. Еден од првите и најтешки предизвици за белградските „црно-бели“ ќе биде гостувањето во Битола кај македонскиот вицешампион Е. Пелистер. Тренерот на српскиот тим, Раул Гонзалез пред денешниот меч вели дека секогаш е тешко да се стигне до полн плен во Битола. „Екипата на Е. Пелистер има цврста одбрана и комбинира неколку различни тактики во ...

Организаторите на Отвореното првенство на САД се соочија со критики откако му одбија на поранешниот шампион Стен Вавринка покана за главната ждрепка на овогодинешниот турнир, иако 41-годишниот Швајцарец е во последната сезона од својата професионална кариера. Последната покана во машка конкуренција му беше доделена на Американецот Патрик Кипсон, додека друго место, испразнето откако Мартин Дам директно влезе во главната ждрепка, му припадна ...

Раководството на Рома конечно ја заврши потрагата по нов лев бек и изборот падна на Џејден Остерволде од редовите на Фенербахче. Холандскиот дефанзивец ќе пристигне во Рим на заем, а италијанскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор за околу 18 милиони евра. Опцијата може да стане задолжителен откуп доколку бидат исполнети одредени услови, меѓу кои најверојатно и одреден број настапи. Преговорите меѓу двата клуба се интензивирале ...

Македонските мечувалци Петар Дамјановски и Огнен Бундалевски обезбедија пласман во следната фаза од машките поединечни натпревари во дисциплината меч на Медитеранските игри во Таранто. Во групната фаза, одржана денеска, 23 август, двајцата забележаа по две победи и три порази. Дамјановски настапи во третата група. Ги совлада Даниеле Фонтана и Гади ел Чемали со идентични 5:3. Против Артемиос Цованис загуби минимално со 4:5, додека Махмуд ...

На вкупно пет натпревари има по две Бет билдер комбинации кои може да донесат многу радости. За пресметката меѓу Манчестер сити и Борнмут се нуди квота од 20, а да биде добитна потребно е: Семејно да има повеќе од 1,5 удари во рамки на гол, Алекс Скот да добие картон, да има повеќе од 3,5 голови и Сити да изведе над 5,5 корнери. Со 20 квота се пресметува и комбинацијата на Атлетико Мадрид – Вилјареал на која се вели дека потребно е: Атлетико ...

На 12/13 септември ќе започне новата сезона во Првата ракометна лига, познат е и распоредот за цела сезона. Првото коло носи дерби меч меѓу екипи кои ќе имаат отворени амбиции за влез во Супер лигата меѓу Драчево Јуниор и Вардар Неготино, ланскиот суперлигаш Радовиш сезоната ја отвара против Аеродром во гости, а пак Пролет кој се откажа од натпреварување во Супер лигата новата сезона во прволигашката конкуренција ја стартува на домашен терен ...

Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на вниманието и за него најмногу се зборува по првиот натпревар на Реал Мадрид во новата сезона на Ла Лига. Од Реал обвинуваат дека Бразилецот е жртва на булинг од противничките играчи и навивачи, од таборот на Еспањол сметаат дека се што се случувало било во рамките на нормален фудбалски натпревар, а самиот фудбалер реши да реагира поради еден потег на член на домашниот тим. Кала и Винисиус беа ...

Турскиот репрезентативец Керем Актуркоглу ги загрижи фудбалските фанови во саботата навечер кога се струполи откако доби удар во главата за време на натпреварот на неговиот тим Фенербахче против Коњаспор. Откако лежеше неподвижен на теренот, турскиот репрезентативец беше итно префрлен во болница, а неговиот клуб издаде соопштение во текот на ноќта. KEREM AKTÜRKOĞLU BAYILDI! GEÇMİŞ OLSUN KEREM! pic.twitter.com/2hpFsoiAaH — Gol Anında ...

Рано утрово бевме сведоци на исклучително возбудлив судир. Местото на настанот беше “Ти-Мобајл” арената во Лас Вегас а главната атракција беше борбата за титулата во “ВБА валтер” категорија помеѓу поранешниот шампион, Теофимо Лопез и актуелниот бранител на “појасот”, Роландо “Роли” Ромеро. Уште од самиот старт беше повеќе од јасно дека боксерските експерти успешно ја предвидоа оваа борба. Беше исклучително неизвезно иако на стартот ...

Партизан со големи амбиции ја очекува новата сезона во Регионалната лига, а еден од првите сериозни предизвици за српскиот тим ќе биде гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер. „Црно-белите“ ќе имаат исклучително тешка задача против македонскиот вицешампион, кој на домашен терен традиционално има голема поддршка од трибините. Во пресрет на дуелот, ракометарот на Партизан, Аљоша Дамјановиќ, истакна дека неговиот тим со нетрпение го очекува ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34