Серена Вилијамс нема да се обиде да освои нова титула во сингл на Отвореното првенство на САД, иако оваа сезона се врати во професионалниот тенис. Американката со 23 гренд слем титули играше сингл на Вимблдон, но одлучи остатокот од сезоната да го посвети на поинаков распоред. Иако организаторите имаа слободна вајлд-карта, таа на крајот ѝ припадна на Софија Кенин, со што практично беше потврдено дека Серена нема да настапи во сингл. Сепак, ...

Потпишувањето на Жоао Палиња за Бенфика е многу блиску до официјализирање. Португалскиот репрезентативен одбранбен играч од средниот ред пристигна во Португалија во саботата, на приватно патување за време на неговиот одмор, и доби дозвола од Баерн Минхен да остане во земјата. Играчот веќе ги поминал потребните медицински прегледи пред да потпише договор со Орлите. Сега чека да се завршат сите детали поврзани со неговото раскинување на ...

Екипата на Вардар како што посакуваше го отвори дербито со Силекс на арената „Тодор Проески“, а нов гол постигна Димитар Данев. Се играше третата минута кога Спахиу одлично проби по левата страна, увиде дека Данев е во чиста позиција и го проигра, а младиот репрезентативец фудбалски, шутираше од прва и ја смести топката во гостинската мрежа. Целата ситуација се прегледуваше во ВАР-собата поради местоположбата на Азер Омерагиќ, кој беше во ...

Во редовите на Јувентус има сериозна загриженост, Кенан Јилдиз се врати повреден од гостувањето кај Фрозиноне. Турскиот играч имаше проблем со левото стапало, а резултатите од тестовите предизвикаа тревога во клубот. Проценките се во тек, а операцијата не е исклучена. Ако мора да биде опериран, Јилдиз нема да може да игра минимум два месеци што ќе биде голем хендикеп за тимот. Веста ги шокираше тренерот Спалети и раководството, кои мислеа ...

Интересно, секако и недозволиво на дербито меѓу Вардар и Силекс кое штотуку започна. Имено голманот на Вардар, Давор Талески, како што се гледа од фотографијата, има иста боја на дресот како и судиите на чело со Игор Стојчевски. Секако дека ова е недозволиво и веројатно требаше да реагира Стојчевски. Инаку натпреварот го следат едвај 500 гледачи а домашниот состав на Вардар, со голот на Данев во 3.минута има водство од 1:0. Интересно, ...

Хулијан Алварез доживе This is just unprofessional from Julian Alvarez, not going to lie. A couple of years ago, he wanted to leave City because he was a substitute, behind Haaland in the pecking order. Atletico Madrid gave him the spotlight, paid a fortune to him and for him, built their entire team… — CitySide (@CitehSide) August 23, 2026 а жесток пречек од навивачите на Атлетико откако изрази желба да го напушти клубот и да и се приклучи ...

Пабло Гави го запали црвениот аларм во Барселона поради тоа што се пожали на повреда на коленото кое двапати го оперираше во последните две години, но тоа што предизвика голем страв кај самиот фудбалер и меѓу дел од фановите на каталонскиот великан, испадна дека било само лажна тревога. Играчот за врска доста патеше после двете операции кои го оддалечија од терените и кои направија да има значителен пад во формата, па поради тоа и самиот ...

По поразот од Турција на отворањето на Медитеранските игри во Таранто, македонската женска сениорска репрезентација попладнево загуби и од Косово со 1:3 (28:30, 17:25, 25:19, 16:25) во второто коло од групната фаза. Ова е трет пораз за нашите одбојкарки летово од косовска селекција, откако претходно загубија исто така со по 3:1 на пријателските натпревари. Во македонската репрезентација Андротеа Милевска со 20 поени беше најдобра, Љиља ...

Фудбалските натпревари понекогаш знаат да бидат прекинати поради најнеочекувани причини, а една таква сцена беше забележана на дуелот меѓу Минесота јунајтед и Сан Хозе. Минесота славеше убедливо со 5:1, но резултатот во еден момент падна во втор план поради необичен „гостин“ на теренот. Сцената се случи во првата минута од судиското надополнување. Судијата мораше накратко да ја прекине играта, по што бебето беше земено од теренот и вратено ...

Јувентус доби катастрофални вести по првото коло во Серија А и победата над Фросиноне, откако денеска пристигна информацијата за повредата на Кенан Јилдиз. Најдобриот фудбалер на „старата дама“ се жалеше на болка во стапалото, а деталните прегледи донесоа лоша вест за „црно-белите“, Турчинот ќе мора да замине на операција. Вообичаената пауза при ваков вид на повреди изнесува два до три месеци, што секако е огромен удар за Јувентус во ...

Екипата на Соколи 2010 од Штип е новиот суперлигаш на Македонија откако раководството на МКФ одлучи токму штипјани да го добијат испразнетото место во елитното друштво по дисквалификацијата на Чаир. По распишаниот оглас од федерцијата три клуба испратија апликации да го заземат местото на Чаир, но МКФ реши да ги одбие Феникс и Шкупи, официјализирајќи го суперлигашкиот статус на клубот од Штип. Соопштението на МКФ потпишано од Комесарот за ...

Новата ракометна сезона во женска конкуренција ќе стартува без ЖРК Куманово, откако поранешниот шампион и куп-освојувач не успеа да најде излез од големата финансиска криза. Од „куќата на ракометот“ се бараше начин да се помогне за да биде избегнато најцрното сценарио, кое за жал денеска стана реалност со одлуката на РФМ овој тим да биде исклучен од натпреварувањето, а на негово место во Супер-лигата да се вклучи екипата на Деспина. ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Аталанта, а неговиот трансфер во Бергамо донесе и една интересна фудбалска приказна. Со доаѓањето на Елмас, во соблекувалната на италијанскиот клуб повторно се најдоа фудбалери од сите краишта на поранешна Југославија. Елмас е последниот што го комплетираше мозаикот, бидејќи во Аталанта веќе настапуваат Сеад Колашинац од Босна и Херцеговина, Марио Пашалиќ од Хрватска, Никола Крстовиќ од ...

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, призна дека се чувствува навистина почитуван и сакан во клубот од Минхен. Англискиот напаѓач изјави дека клубот прави сè што е можно за да му помогне да стане најдобар играч во светот. „Ја чувствувам љубовта од клубот, знам колку ме ценат. Не само поради моите голови – мислам дека ја ценат мојата целокупна игра, како и мене како личност во соблекувалната, целиот мој придонес. Се чувствувам навистина ...

Борусија Дортмунд низ годините се етаблираше како клуб кој им дава вистинска шанса на голем број млади фудбалери од различни страни ширум светот, па дури и кога се чини дека „милионерите“ ги губат најважните фудбалери, секогаш никнува ново име кое брзо привлекува внимание. Клубот од Дортмунд пред десетина дена заврши важна операција за левата крилна позиција и го доби најдобриот фудбалер на ПАОК за сума од 26 милиони евра, а уште на првиот ...

Милан успеа да се ослободи од еден од фудбалерите на кои Рубен Аморим не смета за новата сезона, откако „росонерите“ постигнаа договор со Лајпциг за едногодишна позајмица на Кристоф Нкунку. Францускиот напаѓач најдобриот фудбал во кариерата го играше токму во Лајпциг, по што преку Челси заврши во Милан, но не се прослави премногу во таборот на „росонерите“. Нкунку имаше на маса уште неколку интересни понуди, но ја прифати онаа на Лајпциг, по ...

И официјално стартуваше новата сезона Фудбалското првенство на Македонија во женска конкуренција. Шампионот Скопје на стартот го совлада Кочани со 4:0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2:0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4:0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута. Најубедливата победа на стартот ја забележа ...

Барселона доминантно стигна до триумф над Елче за импресивен старт на сезоната, на кој дамка остави единствено повредата на Гави. Шпанскиот плејмејкер кој има бројни малери со повреди во последните сезони настрада по еден дуел, па жалејќи се на болка во коленото со солзи во очите го напушти теренот. Утрово врз него беа извршени детални прегледи кои донесоа одлична вест – воопшто не станува збор за оштетување на лигаментите или на менискусот, ...

Поранешниот НБА кошаркар Енес Кантер беше исфрлен од натпревар во ВНБА-лигата откако вербално се судри со Наташа Клауд, кошаркарка на Чикаго. Кантер вели дека конфликтот започнал откако тој прославил тројка на кошаркарката на Индијана, Софи Канингем. „Канингем погоди тројка, а јас ги кренав рацете за да прославам. Неколку напади подоцна, Наташа се врати и почна да вреска и да вика, а потоа ми рече: ‘Нема да спие со тебе’“, раскажува Кантер и ...

Вечерва од 19 часот на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, Шкендија како домаќин ќе ги одмери силите против Струга Трим Лум во натпревар од 4.коло во ПМФЛ. Важен меч и за двете екипи, важни бодови. Ване Крстевски, напаѓачот на Шкендија верува во уште еден добар настап на неговата екипа и верува дека може да се дојде до нова победа, за “четири од четири“. „Во тимот владее одлична атмосфера. Подготвени сме за Струга ТЛ, знаеме дека нè очекува ...

Јувентус го доведе Викарио од Тотенхем како стартен чувар на мрежата, па „црно-белите“ ќе направат целосна рокада на голманската позиција откако дадоа зелено светло за заминување на двајцата голмани кои лани се бореа за првотимски статус. Искусниот Матија Перин заминува во Палермо, тој самиот инсистираше на трансфер во клуб каде стандардно би бранел, а „старата дама“ се согласи на негово заминување во Серија А. Во знак на благодарност за ...

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе добие сосема нов погонски агрегат на Големата награда на Италија, што значи дека ќе стартува последен, без оглед на резултатот што ќе го постигне во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман веќе го искористи дозволениот број мотори за оваа сезона, па Мерцедес одлучи да ја отслужи казната во Монца. Возачите имаат на располагање четири погонски агрегати во текот на сезоната, но поради проблеми со ...

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Кожув. 24-годишниот тренер ќе ја продолжи својата работа како помошен тренер на првиот тим, откако во изминатиот период беше дел и од стручниот штаб на македонската репрезентација до 16 години. Покрај ангажманот со сениорскиот тим, Старделов од оваа сезона ќе има задача и да ја предводи М16 екипата на Кожув во младинската лига. Млад, амбициозен и посветен на кошарката, ...

Ливерпул се договори за личните услови со крилниот напаѓач на Брајтон, Јанкуб Минтех. Крилниот офанзивец е високо на листата со желби на Ираола, а управата на Ливерпул се договори за петгодишна соработка со него, но сега преостанува потешкиот дел од задачата – да се најде заеднички јазик со Брајтон. Како што објави Фабрицио Романо, 22-годишникот сака да се пресели на „Енфилд“, но Брајтон веќе одбил две понуди, вредни околу 58 и 69 милиони ...

Играчите на Мајкл Карик им го загорчеа животот на своите навивачи уште на стартот на сезоната во Премиер лигата, а причина за тоа е ужасното издание во кое се прикажа тимот на гостувањето кај новајлијата во елитата. Хал Сити физички го надигра далеку поскапиот тим од „Олд Трафорд“ и со два гола од прекин стигна до посакуваната цел, па во моменти кога менаџерот на Јунајтед бараше и принудни решенија, на полувреме мораше да носи една тешка ...

Луис Хамилтон не ја криеше својата фрустрација за време на Големата награда на Холандија, а пораките што ги испрати до својот тим преку радио најдобро ја одразуваа фрустрацијата на седумкратниот светски шампион. Британецот ја заврши трката на четвртото место, но во поголемиот дел од трката сметаше дека можеше да постигне подобар резултат. Во 43. круг Хамилтон беше веднаш зад клупскиот колега Шарл Леклер, уверен дека има подобро темпо. Сепак, ...

На прагот на својот 20-ти јубилеен настап на УС Опен, 39-годишниот тениски великан Новак Ѓоковиќ ги отвори сите карти пред јавноста со премиерата на неговиот најнов документарен филм „The Wolf in Winter“ (Волкот во зима) на платформата „Prime Video“. Во режија на Џејсон Хехир, авторот на култниот документарец за Мајкл Џордан „The Last Dance“, филмот нуди ретко искрен и длабок поглед во психата, мотивите и животната приказна на рекордерот по ...

Тројца македонски претставници во пливање денеска имаа свои настапи на Медитеранските игри во Таранто, и тоа на трките на 100 метри слободен стил во машка и женска конкуренција. Програмата почна со трката во женска конкуренција од која дел беше Сара Јанковиќ, а македонската пливачка заврши на седмото место во својата група со време од 1 минута и 97 стотинки. Тоа не беше доволно за да обезбеди пласман во следната фаза, а истото важи и за ...

Хулијан Алварес е несреќен во Атлетико Мадрид, капак беа случувањата вчера кога беше гласно исвиркан од фановите на Јорганџиите и сам замина во соблекувална после мечот со Вилјареал, а сега има рок од една недела (преодниот рок е до 1-ви септември во 23.59 часот) да излезе од ќорсокакот во кој се најде. Аргентинецот веќе не сака да игра за клубот со кој има договор до 2030 година. Атлетико би го продал Хулијан за 150 милиони евра, но само на ...

Бразилскиот репрезентативец, поранешен играч на Монако и Ливерпул, Фабињо, сезонава ќе го носи дресот на Трабзон. Фабињо во Трабзон дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Ал Итихад. Бразилецот ќе ја обнови соработката со Мохамед Салах, кој две недели претходно потпиша две годишен договор со Трабзон. Фабињо и Салах беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата една година подоцна. Foto/ ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42