Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе добие сосема нов погонски агрегат на Големата награда на Италија, што значи дека ќе стартува последен, без оглед на резултатот што ќе го постигне во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман веќе го искористи дозволениот број мотори за оваа сезона, па Мерцедес одлучи да ја отслужи казната во Монца. Возачите имаат на располагање четири погонски агрегати во текот на сезоната, но поради проблеми со ...
Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Кожув. 24-годишниот тренер ќе ја продолжи својата работа како помошен тренер на првиот тим, откако во изминатиот период беше дел и од стручниот штаб на македонската репрезентација до 16 години. Покрај ангажманот со сениорскиот тим, Старделов од оваа сезона ќе има задача и да ја предводи М16 екипата на Кожув во младинската лига. Млад, амбициозен и посветен на кошарката, ...
Ливерпул се договори за личните услови со крилниот напаѓач на Брајтон, Јанкуб Минтех. Крилниот офанзивец е високо на листата со желби на Ираола, а управата на Ливерпул се договори за петгодишна соработка со него, но сега преостанува потешкиот дел од задачата – да се најде заеднички јазик со Брајтон. Како што објави Фабрицио Романо, 22-годишникот сака да се пресели на „Енфилд“, но Брајтон веќе одбил две понуди, вредни околу 58 и 69 милиони ...
Играчите на Мајкл Карик им го загорчеа животот на своите навивачи уште на стартот на сезоната во Премиер лигата, а причина за тоа е ужасното издание во кое се прикажа тимот на гостувањето кај новајлијата во елитата. Хал Сити физички го надигра далеку поскапиот тим од „Олд Трафорд“ и со два гола од прекин стигна до посакуваната цел, па во моменти кога менаџерот на Јунајтед бараше и принудни решенија, на полувреме мораше да носи една тешка ...
Луис Хамилтон не ја криеше својата фрустрација за време на Големата награда на Холандија, а пораките што ги испрати до својот тим преку радио најдобро ја одразуваа фрустрацијата на седумкратниот светски шампион. Британецот ја заврши трката на четвртото место, но во поголемиот дел од трката сметаше дека можеше да постигне подобар резултат. Во 43. круг Хамилтон беше веднаш зад клупскиот колега Шарл Леклер, уверен дека има подобро темпо. Сепак, ...
На прагот на својот 20-ти јубилеен настап на УС Опен, 39-годишниот тениски великан Новак Ѓоковиќ ги отвори сите карти пред јавноста со премиерата на неговиот најнов документарен филм „The Wolf in Winter“ (Волкот во зима) на платформата „Prime Video“. Во режија на Џејсон Хехир, авторот на култниот документарец за Мајкл Џордан „The Last Dance“, филмот нуди ретко искрен и длабок поглед во психата, мотивите и животната приказна на рекордерот по ...
Тројца македонски претставници во пливање денеска имаа свои настапи на Медитеранските игри во Таранто, и тоа на трките на 100 метри слободен стил во машка и женска конкуренција. Програмата почна со трката во женска конкуренција од која дел беше Сара Јанковиќ, а македонската пливачка заврши на седмото место во својата група со време од 1 минута и 97 стотинки. Тоа не беше доволно за да обезбеди пласман во следната фаза, а истото важи и за ...
Хулијан Алварес е несреќен во Атлетико Мадрид, капак беа случувањата вчера кога беше гласно исвиркан од фановите на Јорганџиите и сам замина во соблекувална после мечот со Вилјареал, а сега има рок од една недела (преодниот рок е до 1-ви септември во 23.59 часот) да излезе од ќорсокакот во кој се најде. Аргентинецот веќе не сака да игра за клубот со кој има договор до 2030 година. Атлетико би го продал Хулијан за 150 милиони евра, но само на ...
Бразилскиот репрезентативец, поранешен играч на Монако и Ливерпул, Фабињо, сезонава ќе го носи дресот на Трабзон. Фабињо во Трабзон дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Ал Итихад. Бразилецот ќе ја обнови соработката со Мохамед Салах, кој две недели претходно потпиша две годишен договор со Трабзон. Фабињо и Салах беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата една година подоцна. Foto/ ...
Настаните во рамки на Ohrid Water Festival продолжија и во изминатите седум дена, исполнувајќи го Охрид со спорт, забава и активности на вода. Централно место во програмата имаше 39. Охридски пливачки маратон, на кој победничките титули ги освоија италијанскиот пливач Алесио Окипинти и аргентинската пливачка Мајте Ајлен Пука. Покрај маратонот, во рамки на фестивалската програма се одржаа и два настани посветени на промоцијата на ...
Кошаркарскиот клуб Ангели денеска и официјално потврди дека ќе има промена на тренерското место за следната сезона. Клубот кој испадна од Суперлигата во новата прволигашка сезона ќе биде предводен од Златко Мокров, кој ја имаше улогата на асистент на досегашниот тренер Игор Гацов. Мокров е искусен стручњак кој во минатото има работено и во Работнички, Вардар и Академијата на ФМП. Во екипата на Ангели, Мокров имаше свој ангажман во неколку ...
Продажбата на сезонските билети на Лацио за сезоната 2026/2027 заврши со историски лош резултат. Кампањата заврши во четвртокот, 20 август, со околу 4.000 продадени претплати, најлошиот резултат откако Клаудио Лотито го презеде клубот. Претходниот негативен рекорд беше забележан во сезоната 2016/2017, кога Лацио продаде околу 6.000 сезонски билети. Годишната бројка се издвојува особено во споредба со последните сезони. Во сезоната 2023/2024 ...
Манчестер Сити, во финишот на преодниот рок, одлучи да направи решителен чекор кон реализација на трансферот на Енцо Фернандес. Доколку информациите од Англија се точни, тоа значи дека „граѓаните“ се подготвен да ги исполни барањата на Челзи. Неофицијално, станува збор за сума од 140 милиони евра. Ако се реализира, ова би бил вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата, веднаш зад трансферот на Александар Исак од Њукасл во ...
Турскиот тим Трабзонспор официјално го објави потпишувањето на договорот со поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Фабињо. Бразилецот му се приклучи на турскиот клуб како слободен агент откако го напушти Ал-Итихад. Така, тој повторно како и во Ливерпул стана соиграч на Мохамед Салах. Фабињо играше за Ал-Итихад од Саудиска Арабија од 2023 година досега, по претходно пет години поминати во Ливерпул. Турскиот тим Трабзонспор ...
Македонската репрезентација до 15 години забележа победа над Естонија со 1-0 во вториот натпревар од развојниот турнир на УЕФА, кој се одржува во Струмица и Турново. Избраниците на Горан Георгиевски одиграа одличен натпревар и создадоа повеќе шанси, но само еднаш ја затресоа мрежата. Македонија двапати ја погоди и пречката, а единствениот гол го постигна Леис Факиќ во 40. минута. Во последниот натпревар од турнирот, Македонија в среда ќе се ...
Македонската универзитетска карате репрезентација ги одбројува последните денови до својот нов голем спортски предизвик – Европското универзитетско карате првенство кое од 7 до 12 септември ќе се одржи во Тирана. По извонредните настапи на светската сцена, нашите студенти-каратисти се максимално мотивирани да продолжат со жетвата на медали и на стариот континент. Состав доминиран од каратистите на „Макпетрол“ Во пресрет на континенталниот ...
Јонг-Ву Сеол ја напушта Црвена звезда, репрезентативецот на Јужна Кореа договорил трансфер во Бундеслигата. Црвена звезда потврди дека Саол ќе се пресели во Аугсбург, а обештетувањето ќе биде 4.000.000 евра. Преку бонуси, Звезда може да добие уште 1.500.000 евра, а тука се и десет проценти од следниот трансфер. Сеол пристигна во Звезда пред две години за 1.500.000. Ќе биде запаметен како еден од подобрите странски фудбалери што го носеле ...
Моментално најдобриот стрелец во швајцарската репрезентација, Брил Емболо, изненадувачки реши кариерата да ја продолжи во САД, и тоа во тимот на Атланта јунајтед. Иако има само 29 години и игра во одлична форма, Емболо реши да го прифати предизвикот да си замине од Европа и да оди „преку барата“. Од Атланта го потврдија трансферот. „Задоволни сме што во Атланта јунајтед ќе донесеме играч со комбинацијата на талент и искуство каков што е Брил, ...
Рајан Шерки е голем фудбалски виртуоз и профил на играч кој полека изумира во модерниот фудбал, па токму поради тоа, вистинско уживање е да се гледа францускиот репрезентативец. Иако понекогаш добива и критики поради тоа што претерува со своите филигрански потези, никој не може да го побие фактот дека Шерки е еден о најнадарените фудбалери кога е техниката во прашање во овој момент, а тоа на дело го почувствуваа и играчите на Борнмут. Гостите ...
Шкендија ја брка четвртата победа во низа на стартот од сезоната, со која би останала единствениот тим со максимален учинок. Тетовци по два меча без публика конечно ќе имаат поддршка од трибините, а во дербито против Струга Трим Лум очекуваат нов успех. Ване Крстевски е оптимист пред дуелот и вели дека тимот добро го анализирал противникот. „Се подготвуваме чекор по чекор за Струга, знаеме дека нè очекува силен дуел и добро го анализиравме ...
Фудбалската Федерација на Македонија ја продолжи помошта за клубовите откако во шесте региони беа распределени вкуппно 1740 топки од компанијата ПУМА, како помош за третолигашките екипи. „Нова сезона, ама ритамот не го менуваме 😉 Затоа денес, конкретно… …во шесте региони: Тетово, Битола, Прилеп, Струмица, Куманово и Скопје, распределивме 1.740 ПУМА топки за клубовите од Третите лиги. Ова е само една од серијата донации за клубовите од ...
Ромео Лавија конечно успеа да заврши еден натпревар за Челзи, што за белгискиот играч од средниот ред беше многу повеќе од само редовен настап. По серијата повреди, тој ги одигра сите 90 минути на теренот и направи важен чекор кон враќање во натпреварувачки ритам. Менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, зборуваше за таа ситуација по натпреварот. Тренерот на Челзи призна дека Лавија има одредена ментална блокада кога станува збор за играње ...
АТП ја објави најновата ранг-листа, на која најголемиот скок го направи Флавио Коболи, кој напредуваше четири позиции и сега е шести, што воедно е негов најдобар пласман во кариерата. На врвот и понатаму е Јаник Синер со 12.800 поени, иако Италијанецот го откажа настапот на УС Опен. На второто место сега е Александар Зверев со 7.790 поени, додека Карлос Алкараз падна на третата позиција со 7.160 бодови. Четврти е Феликс Оже-Алиасим, следува ...
Фестим Адеми и Еркан Селими ќе ја имаат функцијата спортски директори во ФК Шкендија. СпортСпорт вчера ексклузивно ја најави смената на Адријан Цуцули со што се отвори простор за рокади во менаџирањето на клубот и смирување на “тензиите” кои се појавија во клубот по загубената титула од Вардар. Но, промените не носат ништо ново… Фестим Адеми со години е дел од менаџментот на Шкендија, а Селими исто така има работено со тренерскиот ешалон. ...
За три денешни натпревари има посебна Бет билдер понуда во која квотите достигнуваат и до 25. За мечот меѓу Фулам и Челзи се нуди интересна комбинација со коефициент 13, а ќе биде добитна ако двата тима дадат гол, Жоао Педро има над 1,5 удари во рамките на голот, Гонзало Гарсија има над 1,5 удари во рамките на голот и има над 2,5 погодоци. Дури 25 квота се нуди на една од двете опции за пресметката меѓу Болоња и Лацио, а за да биде добитна, ...
Шесткратниот ол-стар кошаркар Демар Дерозан договори соработка со Денвер нагетс и ќе потпише едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари. Со тоа Никола Јокиќ добива искусно засилување за следната сезона. Денвер прво го испрати Пејтон Вотсон во Кливленд, а за возврат доби два пика на драфтот, за 2031 и 2032 година. Дерозан со недели се поврзуваше со Денвер . Тој стана слободен играч откако Сакраменто ја откупи последната година од неговиот ...
АТП овој понеделник ја објави најновата ранкинг-листаа. Има некои промени на врвот, но Новак Ѓоковиќ, и покрај раниот пораз во Синсинати, остана петти. Новак заработи 10 поени и сега е на коефициент од 3.770, што е за 60 повеќе од Флави Коболи. Италијанецот го направи најголемиот скок, од четири позиции, сега е шести, што е негов најдобар пласман во кариерата. Јаник Синер, кој се откажа од Отвореното првенство на САД, сè уште е на врвот со ...
Етиопјанецот Јомиф Кејелча го собори светскиот рекорд во полумаратон, откако вчера победи во Буенос Аирес со време од 56 минути и 51 секунда. 29-годишниот атлетичар претходно го држеше светскиот рекорд со време од 57:30, поставено во Валенсија во октомври 2024 година, но во март годинава рекордот му го презеде Џејкоб Киплимо од Уганда. Киплимо истрча 57:20 во Лисабон претходно годинава, но Кејелча сега го подобри тоа време за дури 29 секунди ...
Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова ...
Милан на посакуван начин ја отвори ерата Рубен Аморим во италијанската Серија А, односно оствари победа на незгодното гостување во Торино кај истоимениот тим. „Росонерите“ имаат сосема поинаков лик од пред три месеци и други играчи се лидери на новиот проект кој го води португалскиот стручњак, кој уште во раната фаза од летото јасно му стави до знаење на Рафа Леао дека не е дел од неговиот проект. Директна замена за Леао во стартната постава ...