Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Навивачите на Атлетико Мадрид се бесни на Хулијан Алварез и тешко ќе му простат за изјавата која ја даде за време на мундијалот, но додека фановите сакаат што побрзо да биде продаден и да си замине од тимот, клубот има други намери. Атлетико прави се што е во негова моќ да го задржи Аргентинецот и одбива да преговара со Барселона, па додека челниците на клубот тераат свој правец, навивачите денеска добија вистинска шанса да покажат што мислат ...
Македонскиот борач Фати Вејсели се пласира во финалето на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Тој обезбеди најмалку сребро откако попладнево во слободен стил категоријата до 74 килограми го победи Јасин Јесил од Турција со 5:3 во полуфиналната борба. Во финалето Вејсели ќе се соочи со Ислам Дудаев од Албанија. Борбата за златото е закажана за утре во 18:40 часот. Македонскиот борач Фати Вејсели се пласира во финалето на Медитеранските ...
Ракометниот клуб Младост од Богданци има нешто што секој клуб би го посакал – огромна поддршка од трибините, а меѓу најверните навивачи се издвојува Томица Тасев, човекот кој не пропушта натпревар на својот омилен клуб. Тасев денес е во Прилеп, каде што Младост настапи на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Богданчани во натпреварот за петтото место загубија од Бутел со 32:30, но резултатот не беше причина Тасев да изостане од трибините. ...
Барселона има нова мета за засилување на одбраната, а изборот паднал на капитенот на Спортинг Лисабон, Гонсало Инасио. 24-годишниот португалски репрезентативец не беше во стартниот состав на Спортинг во победата од 3-1 против Алверка, што веднаш ги засили шпекулациите дека е оставен на клупата поради можен трансфер. Инасио ги одигра сите 90 минути на првите два натпревари од сезоната. Најчесто како негова можна дестинација се споменува Милан, ...
Мехди Тареми кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати, откако иранскиот напаѓач го напушти Олимпијакос и потпиша за Ал-Васл од Дубаи. 34-годишниот Тареми со новиот клуб се договорил за соработка до јуни 2027 година. Капитенот на иранската репрезентација зад себе има богата европска кариера, во која настапуваше за Порто, Интер и Олимпијакос. Со преселбата во Дубаи, искусниот напаѓач ќе донесе големо европско и репрезентативно ...
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, предвреме ја заврши трката во Формула 1 попладнево во Зандворт за Големата награда на Холандија. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец ја изгуби контролата врз својот автомобил во вториот круг и удри во заштитната ограда. По инцидентот трката е привремено прекината за да се расчисти патеката. Самиот Ферстапен веднаш по несреќата преку тимското радио го информираше својот тим дека не е повреден. Гран при на ...
Патеката во Зандворт за последен пат е дел од Ф1 календарот оваа сезона, а токму поради тоа, Макс Ферстапен ќе има повеќе причини да жали поради инцидентот кој му се случи на крајот на вториот круг. Влажната патека на стартот на трката предизвика да видиме едно страшно извртување на домашниот миленик кој заврши во заштитната ограда, а позитивна околност беше тоа што ниту еден друг ривал не налета на него со оглед на тоа што несреќата се случи ...
Артур Фис ја продолжи својата одлична серија на Мастерсот во Синсинати и со победата над Џовани Коболи стигна до финалето на овој турнир. Французинот го доби мечот со италијанскиот ривал во два сета (6:3/6:4), а од неговата победа индиректно ќе профитира и Новак Ѓоковиќ. Грен-слем рекордерот веќе се подготвува за настап на Ју-Ес Опен, а на турнирот ќе пристигне како четврти носител, пред се поради фактот што поразот на Коболи значи дека ќе се ...
Хари Кејн и Џулија Гвин од Баерн Минхен се прогласени за најдобри фудбалери во Германија за 2026 година во изборот на престижниот магазин „Кикер“. Кејн убедливо ја освои наградата со 272 гласа, пред соиграчот Мајкл Олисе со вкупно 203. Англичанецот имаше одлична сезона зад себе, постигнувајќи 61 гол во сите натпреварувања и му помогна на Баерн да ги освои Бундеслигата и Купот на Германија. Во финалето на Купот беше особено расположен, ...
Манчестер Јунајтед го победи Борнмут со 2-1 по пресврт во второто полувреме. Победничкиот гол дојде во 90+1 минута, го постигна Јошко Гвардиола, по интервенција на ВАР. Така, „граѓаните“ избегнаа израмнување во последен момент, но беа и многу блиску до пораз, бидејќи губеа до 84-тата минута. Се чинеше речиси до самиот крај дека ова ќе биде разочарувачки исход за „граѓаните“ на почетокот на сезоната, по поразот од Арсенал за трофејот ...
Поранешниот француски шампион Бордо доживеа нов тежок удар и беше исфрлен во шестиот ранг на францускиот фудбал поради финансиските проблеми кои со години го потресуваат клубот. И покрај понудениот спас со финансиски пакет од 10,6 милиони евра, надлежните институции не проценија дека „жирондинците“ можат да ја стабилизираат ситуацијата. Сега постои опасност клубот да биде целосно ликвидиран. Драматичните сцени продолжија и на пријателскиот ...
Манчестер сити со победа од 2-1 над Борнмут ја отвори новата премиерлигашка сезона. Сепак, во Манчестер имаше вистинска драма, бидејќи гостите имаа водство од 26-тата минута со голот на Таверние, а „граѓаните“ долго се обидуваа да се вратат резултатски во игра. Тоа им успеа во 84-тата минута со голот на Марк Гехи, кој скокна највисоко по корнерот на Шерки. Кога сите мислеа дека Манчестер сити нема да успее да победи на првиот ме од Премиер ...
Лионел Меси, Антоан Гризман и останатите големи ѕвезди на МЛС можеби добиваат најмногу внимание од медиумите на глобално ниво, но и другите фудбалери кои се докажуваат на американскиот континент имаат простор за блесок. Тоа се случи на дуелот меѓу Сан Хозе и Минесота, на кој првиот гол го постигна добро познатиот Тимо Вернер од пенал, но гостите до крајот направија пресврт и стигнаа до убедлива победа со резултат 1:5. Најдобриот потег беше ...
Манчестер Сити направи пресврт во завршницата на драматичниот дуел со Борнмут (2:1), додека Астон Вила доживеа тежок пораз (4:0) на гостувањето кај Брајтон. Екипата која неодамна се бореше за европскиот Суперкуп денеска настрада на гостувањето кај Брајтон, примајќи дури четири голови во првото полувреме Линделоф со автогол ја отвори серијата уште на стартот, а Де Кујпер со еден Хиншелвуд со два гола го дотолчија тимот на Унај Емери, кој пред ...
Фудбалерите на Манчестер Сити успеаја во самиот финиш да направат голем пресврт и го совладаа Борнмут со 2-1 (0-1) во натпреварот од првото коло на англиската Премиер лига. „Граѓаните“ беа во негатива по 26 минути игра, откако гол за гостите постигна Маркус Таверние, а потоа долго се мачеа за да дојдат до сериозна прилика за израмнување. Навивачите проследија како нивните миленици одат на пауза со негатива од 1-0, но домаќините успеаја да го ...
Фудбалерите на Манчестер сити славеа со 2-1 на домашен терен против Бормут во премиерниот натпревар за двата тима во новата сезона во англиската Премиерлига. Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со погодокот на Таверние во 26. минута. Тие имаа предност се до последните шест минути. Прво „граѓаните“ израмнија на 1-1 преку Гуеи со неговиот погодок во 84. минута, додека конечните 2-1 ги постави Јошко Гвардиол во 91. минута. Manchester ...
Дејан Геогиевски во борба во три рунди загуби од турскиот репрезентативец Хусеин Демирџиоглу со 1-2. Така, останавме без медал во таеквондо на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Дејан беше на чекор да обезбеди најмалку бронза. -80 кг Филип Блажевски – Неџат Хусиќ (Босна и Херцеговина) 0-2 +87 кг Дејан Гоегоргиевски – Мотаж Ифауи (Тунис) 2-1 Четвртфинале Дејан Гоегоргиевски – Хусеин Демирџиоглу (Турција) 1-2 Дејан Геогиевски во борба ...
Баерн Минхен ја најави новата сезона со победа на Суперкуп пресметката со Борусија Дортмунд, а она што го приметија медиумите е фактот што Саша Бои воопшто не беше во составот на Баварците. Бои е еден од играчите кои се прогласени за прекубројни и одамна им било посочено да си најдат нов клуб, но тој засега останува во статус кво позиција и очигледно не се решил за нова дестинација во кариерата. Тренерот Венсан Компани вчера не го ни повика ...
Бадел 1862 продолжи со градењето на тимот за следната сезона. Линдзи Клири, која минатата сезона беше едно од клучните засилувања под обрачите ја продолжи соработката. За нејзиниот придонес најдобро говорат бројките – Клири имаше дабл-дабл просек од 10,5 поени и 14,5 скока по натпревар. Пред повторно да пристигне во Скопје, Линдзи ги сподели своите очекувања за новата сезона. „Возбудена сум што повторно ќе му се приклучам на Бадел и оваа ...
Италијанската фудбалска екипа на Рома сè уште не се откажала од надежта да го доведе Рафа Леао. Договорот е далеку од загарантиран. За Леао да им се приклучи на жолто-црвените, неколку работи треба да се случат. Првично, Милан не треба да добие понатамошни понуди за нивниот број 10. Барањата од Саудиска Арабија и Турција, и покрај високите понуди за плати, никогаш не го привлечоа Рафа, кој сонува за трансфер во Премиер лигата како следен ...
Трент Александер-Арнолд признал дека очекувал да биде дел од англиската репрезентација на последното светско првенство и бил шокиран откако селекторот му го соопштил спротивното. Фудбалерот на Реал Мадрид реализирал интервју за „Мирор“, а во него покрај за другите теми, зборувал и за пропуштениот миндијал. Трент открил дека не правел никакви планови за одмор или било што друго во текот на летото, очекувајќи дека ќе има обврски кон ...
Крајот на преодниот рок може да донесе неколку изненадувања, а една од најголемите загрижености е иднината на младиот дефанзивец Раул Асенсио. Иако Асенсио долго време се сметаше за еден од играчите кои речиси сигурно ќе го напуштат Сантијаго Бернабеу, шпанските медиуми сега тврдат дека Мурињо сериозно се предомислил по она што го видел за време на подготовките. Според новинарот Хозе Феликс Дијаз, токму Асенсио оставил најдобар впечаток кај ...
Трансферот на Родри во Барселона и неговото одбивање на Реал Мадрид повторно се најде во центарот на вниманието на шпанските медиуми. Шпанскиот репрезентативец долго време се поврзуваше со Реал, но на крајот ја избра Барселона. Според пишувањата, Родри не почувствувал дека во Мадрид имаат доволно силна желба да го доведат, додека тренерот на Барса, Ханси Флик, во неколку наврати разговарал со него. Темата повторно беше актуелна по натпреварот ...
Кога се оценува работата на еден систем, најважно е да се гледа што е променето во начинот на неговото функционирање, какви услови се создадени и какви резултати произведува. Особено во фудбалот, каде една одлука или еден натпревар не можат да бидат единствена мерка за квалитетот на целиот систем. Во последните неполни две години, Фудбалската федерација на Македонија направи значајни промени во сегментот на службените лица, со јасна цел, ...
Ливерпул доби нова причина за оптимизам во обидот да го доведе фудбалерот на ПСЖ, Бредли Баркола. Францускиот репрезентативец повторно не е во составот на ПСЖ, а покрај него и 18-годишниот Ибрахим Мбаје не доби место во тимот за дуелот против Рен. Двајцата претходно го пропуштија и францускиот Суперкуп. Отсуството веднаш ги засили шпекулациите за нивната иднина во Париз, особено по изјавата на тренерот Луис Енрике. „Важно е да имаме играчи ...
Трката за Големата награда на Холандија во Формула 1 е прекината во третиот круг, откако Макс Верстапен од Ред Бул загуби контрола врз болидот и се заби во заштитната ограда, по што беше кренато црвено знаме. Четирикратниот светски шампион доживеа голем пех и ја заврши трката, а вистинско чудо е како не се случи уште поголем инцидент, со оглед на тоа што ударот се случи во еден од свиоците на патеката. Нико Хуленберг беше особено среќен во ...
Тотенхем доживеа убедлив пораз на стартот на новата сезона, а натпреварот против Брентфорд ги потсети фановите на фрустрациите од претходната сезона. Лондонскиот клуб потроши голема сума за инвестиции во нови играчи, но вчера загуби со 3:0 од градскиот ривал, а менаџерот Роберто Де Ѕерби се обидел да ги детектира причините за ваквото издание. – Мислам дека се уште не сме тим и тоа од различни причини, не сме доволно подготвени ни на физички ...
Македонското борење има двајца полуфиналисти на Медитеранските игри „Таранто 2026“. Фати Вејсели обезбеди место меѓу најдобрите четворица во категоријата до 74 килограми, а Реџеп Хајдари ќе се бори за финале до 97 килограми. Магомедгаџи Нуров го заврши настапот до 125 килограми со една победа и два пораза. Вејсели во осминафиналето го совлада Тунижанецот Хаиредин Бен Тлили со 6-3 на поени. Во четвртфиналето беше подобар и од египетскиот борач ...
Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започнува официјалните подготовки за вториот круг од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година (Евробаскет 2029). Подготовките стартуваат во Скопје, во салата позната како „Т Арената“ или ребрендираната „Телеком Арена“ (во рамките на СЦ Борис Трајковски), со почеток од 17:30 часот. Селекторот Жозеп Марија Берокал и неговиот стручен штаб повикаа 15 кошаркари ...
Нотингем Форест со пораз ја започна новата сезона. Вчера со 0:1 загуби дома од Лидс. На „Шумарите“ им е јасно дека им треба напаѓач. Пари имаат, ќе го трошат заработеното од трансферот на Елиот Андерсон во Манчестер Сити. Нотингем Форест испрати понуда од околу 82 милиони евра за напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго. Бразилскиот напаѓач е под договор до 2031 година, но растечкиот интерес за него би можел да доведе до трансфер кон крајот на ...