
Скопје
39ᴼ /
39ᴼ



Брајан Вилсон, легендарниот фронтмен и еден од основачите на групата „Бич бојс“, почина на 82 години, објави неговото семејство. Роден во 1942 во Калифорнија, Вилсон во 1961 ја формирал групата заедно со браќата Карл и Денис, братучедот Мајк Лав и пријателот Ал Џардин, која стана една од најголемите во рок музиката. Иако глув на десното уво, тој на 19 години открил дека има музички талент што ќе му го дефинира животот. Првиот национален хит ...
Што стои зад феноменот Dance Arena? Во документарецот откриваат Carl Cox, Nina Kraviz, Maceo Plex и многу други ѕвезди Режијата ја потпишува Иван Ѓуровиќ, а филмот ја носи приказната за една од најсаканите глобални фестивалски бини – Егзитовата Денс Арена, сместена во монументалните ровови на Петроварадинската тврдина. Преку архивски снимки, забележителни сетови и изјави на некои од најпознатите изведувачи, филмот открива што стои зад магијата ...
Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци на 23 јуни премиерно ќе ја изведе монодрамата „Кротка“ која е копродукција на Театарот при Домот на културата и Комисијата за еднакви можности при Локална самоуправа Кавадарци. Првата реприза е во вторник, на 24 јуни 2025. Монодрамата „Кротка“ е драмска адаптација на истоимената новела од Фјодор Михајлович Достоевски, која се базира на длабока психолошка анализа на еден човек што ...
Денеска, на 11 јуни, во 19 часот во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во скопска Кисела Вода ќе биде промовирана книгата „Методика на македонските народни ора“ од м-р Благица Илиќ, професорка по народни ора во средното државно музичко балетски училишен центар (ДМБУЦ) „Илија Николовски- Луј“ во Скопје. Промотор на кингата е пофесорката Илија Јакимовска, а реценценти се доц. д-р Стојанче Костов и проф. д-р Мирјана Мирчевски. Графичкиот ...
„Три Марии“, романот-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, е годинашниот добитник на наградата Рациново признание, што ја доделува општината Велес во рамките на манифестацијата „Рацинови средби“. Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на 12 јуни на отворањето на 62. издание на Рациновите средби во Велес. Романот содржи три самостојни приказни за три различни жени кои носат исто име – Марија и кои сакаат да ги напуштат моментните ...
Во каква состојба се оставени националните институции во кои се чува македонското културно наследство говори и фактот дека грижата за нив многу пати е „лет во место“. Со години наназад Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, храмот на пишаниот збор, културно светилиште со 80 години јубилеј и архитектонско ремек дело на Петар Муличковски при секој пороен дожд го отвараше клучното прашање дали постои државна стратегија за ...
Со трансформативниот перформанс SKIN на австралиско-германско дуо, вечерва официјално започнува 4. Инфјужн – Фестивал на инлузија. (11.06.2025, Скопје) Од денес, па се до 15 јуни, Скопје ќе живее низ 50 различни доживувања на 5 различни локации. „Ќе бидеме дел од нешто поголемо од се досега видено. Нешто што се чувствува со сите сетила.“ – велат од тимот на Икуалити. Паркот Македонија под убави сенки, Музејот на современата уметност, Театар ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска информира дека еден дел од процедурата за формирање на Инспекторатот за македонски јазик е веќе завршен. Тој на денешната прес-конференција по посетата на универзитетска библиотека „Св. Климент Охриски“ Скопје рече дека она што важи за сите инспекторати, ќе важи и за овој. – Едниот дел од процедурата е завршен, а тоа беше усогласување со Законот, веќе го усогласивме. Она што важи за сите ...
Во кафе-книжарницата Буква во Скопје, на 12 јуни, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи дебата и промоција на публикацијата „Ткаење солидарност – од раце до срце: осмислување на заедништвото преку женското кооперативно здружување“. Настанот е дел од програмата на фестивалот за феминистичка акција и култура Прво па женско #13, кој оваа година тематски се фокусира на заедничкото дејствување, алтернативните економии и феминистичките одговори на ...
Седмото издание на изложбата – „Фемина 8/7 – Истокот и Западот“, проект на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во соработка со кураторките Јана Манева-Чупоска и Ирена Паскали, ќе биде отворена на 12 јуни од 20 часот. На изложбата учествуваат: Лудевиг Хајке, Хилер Анет, Хаген Ута, Тинтелнот Соња, Маер Катарина, Иса Андреа, Халм Анет Ц, Лукас Симоне, Ирена Паскали, Јана Манева-Чупоска, Инкен Боје, Марија Мицова Гацова, Петра Јовановска, ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска информира дека еден дел од процедурата за формирање на Инспекторатот за македонски јазик е веќе завршен. Тој на денешната прес-конференција по посетата на универзитетска библиотека „Св. Климент Охриски“-Скопје рече дека она што важи за сите инспекторати, ќе важи и за овој. -Едниот дел од процедурата е завршен, а тоа беше усогласување со Законот, веќе го усогласивме. Она што важи за сите ...
Драгана Заревска алијас „Телемама“ го објави своето ново ЕП наречено „Прага“ (Praga), кое е правено со Бранко Аврамовски (музика, инструменти, аранжман). „Прага“ се состои од четири песни, а во втората учестуваат и Мехди Маснауи-Роти и Каи Гранаас. За миксот и мастерот беше задолжен Дени Крстев во студиото „1060“. Иницијалниот план на „Телемама“ беше да свири интимни акустични концерти за своите пријатели, но низ годините можевме да ја видиме и ...
После 16 години откако беше пуштена стаклената доградба до Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје, дел од објектот би бил ставен во функција во септември, рече денеска директорот Јовица Никчевски. „Новиот дел е пуштен во употреба во 2009 и за жал е оставен без нормално греење и ладење. Системот за греење и ладење повеќе од 10 години не е во функција. Од самото пуштање на Библиотеката, за жал бил запоставен, ...
Зградата, која е ремек-дело на познатиот архитект Петар Муличковски, конечно ќе добие соодветни услови, а вработените и граѓаните современ, безбеден и функционален простор. Во Националната и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” ќе биде решен проблемот кој со децении ја нарушуваше работата и го загрозуваше книжевното богатство. Со гордост заедно со директорот Јовица Никчевски најавивме дека денеска започнуваме со втората етапа – ...
Промоција на поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на издавачката куќа „Фуснота“. Книгата ќе биде промовирана во понеделник (16 јуни) во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 19:00 часот. Промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска. Главен уредник е Маја Којчева Величкова. Лектурата е на Елизабета Коневска. Дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски, а извадоци од поетската книга ќе чита ...
Од 18 до 22 јуни, паркингот пред „Театар Комедија“ повторно ќе се претвори во највкусната локација во градот – епицентар на улична храна и забава. Не очекува ново, вкусно и возбудливо издание на Skopje Street Food Festival на кое ќе има 13 различни изложувачи на секаков вид на храна. Очекувајте пет дена полни со храна, музика, забава, работилници, дружење и уште многу изненадувања. Музичката агенда е следна: СРЕДА – 18.06. Д.Н.О. Dj Flooder ...
Со силното мото „Смееј се и осмели се“, годинешниот фестивал „Војдан Чернодрински“ донесе емоционална искреност, слободен актерски израз и храброст да се зборува за темите што не се лесни, но се нужни. Уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, и актерот Ѓорѓи Јолевски, преку претставата „12“ на Македонскиот народен театар, го отворија прашањето – што значи денес да се биде храбар уметник? „Кога зборуваме за храброст, не мислам на ...
Класичното дело на Шекспир „Ричард трети“ е негово прерпочитување, осовременување за да биде поблиско до денешната публика, нагласи модераторот Звонко Димоски при денешните разговори за претставата „Ричарт трети“ на Албанскиот театар која е во официјалната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп. -Претставата беше долга, комплексна, всушност, како што е и текстот на Шекспир. Се разбира, не беше едноставно да се следи ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во петок продолжуваат настаните посветени на најмладите во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ . Од 18:00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена детска театарска претстава „Пинокио“ на Балада продукција. Следниот петок, 20-ти јуни на истата сцена и од истиот термин ќе биде изведена детска театарска претстава „Во царството на другарството“ на театар Хит Комедија. ...
Во рамките на Недела на италијански филм во Кинотека, денеска (среда, 11 јуни) ќе биде прикажана романтичната комедија „Избезумени“ на Паоло Џеновезе. Откако се запознале во еден бар, Пјеро и Лара закажале прв состанок во нејзината куќа. И двајцата сакаат да се вратат во играта: Лара е триесет и петгодишна реставраторка на мебел, која штотуку завршила врска со оженет маж и често се предава на љубовни врски без иднина; Пјеро е педесетгодишен ...
Диригент на концертот е Тимоти Редмонд од Велика Британија, а како солисти ќе настапат сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас баритонот Иван Наумовски. Музичката изведба ќе биде надополнета и со видеофрагменти од филмовите и со специјално осветлување. Најавувајќи го концертот на прес-конференција, директорот на Филхармонија Мустафа Имери рече дека е наменет за широк круг публика затоа што „музиката од овие филмови е ...
Во четврток (12 јуни), во Македонската Академија на Науки и Уметности, ќе биде отворена изложбата „Три приказни“ на австрискиот уметник Бернхард Холеман (1935-2020) – голем пријател на Македонија и автор со длабока поетска и философска ликовна мисла. Претставени се дела создадени во Македонија, распоредени во три тематски циклуси: Богомолки Во слава на виното Свети Наум како ликовен сон Оваа изложба претставува ретка можност да се согледа ...
На 14 јуни од 20 часот, во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија, ќе се одржи настанот „Вивалдијада“, на кој ќе се претстават млади македонски инструменталисти. Различни опуси од творештвото на Антонио Вивалди ќе изведат солистите: Војдан Алексовски – фагот, Ема Апостоловска – флејта, Илија Богоев – виолина, Сиена Ангеловска Витли – виолина, Веда Насковиќ – виолина, Елена Чочоска – флејта, Илина Ристова – флејта, Александар ...
Во срцето на неговата страст се две филмски ремек-дела кои ги смета за најважни за секој режисер. Првиот е „Ѕиркачот“ – (Пипинг Том) на Мајкл Пауел од 1960 година, кој беше неправедно критикуван поради контроверзната тема во времето на објавувањето. Вториот е „8½“ на Федерико Фелини, еден од најпознатите филмови со елементи на мечтаење и карневалска атмосфера. „Отсекогаш сум чувствувал дека „ Ѕиркачот“ и „8½“ кажуваат сè што може да се каже за ...
Нешто ново од современата македонска уметност и прва македонска изложба од ваков вид од синоќа може да погледне и српската публика во галерискиот простор на нашиот КИЦ во Белград. Со изложбата “Живи артефакти” од Filip Joveski покажавме како можат складно да комуницираат минатото и традицијата (македонската, се разбира), со новото и дигиталното што ни ги подоткрива иднината. Доволни добри поводи за задоволна публика и преслатка културна вечер, ...
Националната и најстара манифестација од областа на фотографијата, ДМФ 2025 ќе се одржи по 63-ти пат во Културно информативниот центар – Скопје, во организација на Фото Сојуз на Македонија. На 17.06.2025, со почеток во 19:30 часот ќе се отвори настанот со изложба на наградените и примените фотографии и доделување на наградите во трите категории. Ќе бидат изложени 85 фотографии од 36 автори во двата салони што претставува своевиден пресек на ...
На неодамна одржаното 38-мо издание на престижниот Фолк Фест Валандово, сцената повторно стана дом на македонската песна, емоција и традиција. Меѓу учесниците кои го привлекоа вниманието на публиката се истакна и Методија Столески – млад, но веќе докажан музички уметник со посебна харизма и искрен израз. Методија настапи со песната „Тага за Ристана“, композиција која се издвојуваше по длабочината на емоцијата и искреноста во изразот. Музиката на ...
Танцов перформанс „БЛОТ“ (Body line of thought) на „Тангај колектив“ (Tangaj collective) во рамки на „Перформанс платформа фестивал #ППФ2025“ - јунска едиција ќе се реализира вечер со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат организаторите на настанот. Во соопштението се истакнува дека слободен е влезот за перформансот наменет за лица над 16 години, а фотографирањето за време на настанот е забрането. - Во текот на ...
Романот „Пиреj” од Петре М. Андреевски излезе од печат во Москва на инициjатива на Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија. Таа го преведе уште во 2008 година, го обjави издавачката куќа “Феникс”, Скопjе. Како што обjаснува Панкина, романот на руски веднаш предизвика интерес каj публиката, но сепак книгата не можеше да допре до широк круг рускоjазични читатели. Сметаjќи го романот на основоположникот на ...
На Интернационалниот фестивал на франкофонијата „Soleil“, во Созопол, Македонија не само што имаше свој ден, таа го имаше својот блесок. Во фестивалската вечер, Македонија не беше само претставена, туку длабоко почувствувана. Како директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, ја отворив концертната вечер од името на Македонскиот КИЦ и Македонската амбасада во Софија, со концертот „Долго патување“ на гудачкиот квартет предводен ...