
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Во рамките на манифестацијата „Рацинови средби“ беше промвиран романот „Цреша“ од Александар Сашко Кукулев. Танцувајќи по нотите од едно старо проклетсво, авторот создал моќна животна приказна, со полнокрвни ликови, кои се борат за секој свој здив. Во романот се испреплетуваат двете вечни приказни, за љубовта и смртта, секој влече на своја страна и ги растргува ликовите во романот. Тие посакуваат да сакаат, бидат сакани и среќни. За возврат го ...
Голема вест! „Планината не оди никаде“ во режија на Петра Селишкар ја освои награда за најдобар социо-еколошки филм на престижниот FICG – Интернационален фестивал на филм во Гвадалахара, Мексико!, соопштија од Агенција за филм. FICG е еден од најзначајните филмски фестивали во Латинска Америка, кој слави силни гласови и инспиративни приказни од целиот свет – и ни претставува голема чест што сме дел од тоа друштво. Честитки до Петра и целата ...
На 21 јуни од 18 часот, на Школка во Градски парк во Скопје ќе се одржи концерт посветен на Фредерик Шопен, што Амбасадата на Полска го организира во чест на свеченото завршување на полското претседателство со Европска Унија. На настанот насловен „Концерт на Шопен“ ќе настапи македонскиот пијанист Иван Трајковски, со изведба на некои од најпознатите композиции на Шопен. Срдечно Ве покануваме сите на концертот во изведба на пијанистот Иван ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ на 17 јуни (вторник), од 20 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“ од Милена Сиљаноска. Промотор ќе биде познавачот на поетиката на младата генерација поети и мислители, Андреј Медиќ Лазаревски. „По година и пол од промовирањето на првиот роман ‘Ронлива’ од авторката, повторно ќе седнат еден спроти друг за да навлезат во стиховите и значењата. Ако обележје на ‘Ронлива’ беше ‘Девојка ...
Утревечер во Македонскиот Народен Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во режија на Егон Савин. Сценограф: Весна Поповиќ Костимограф: Роза Трајческа Ристовска Извршни продуценти: Виктор Рубен и Симона Угриновска Превод: Загорка Поп-Антоска Андовска Дијалектна адаптација на текст: Томислав Османли Асистент на режисерот: Шенај Мандак Избор на музика: Егон Савин ...
Поетот и романсиер Драго Гламузина го водел овој дневник во текот на зимата и пролетта 2022 година. Деновите биле исполнети со настани што ги опишувал ноќе, пред спиење, па затоа и насловот „Ноќниот портир“ органски се споил со книгата. Дневникот на таков начин се претворил во „ноќник“. А што е опишано тука? Ситни домашни проблеми, средби со пријатели, моменти поминати со блиските и со жената „со која спие од неодамна“. Станува збор за живи ...
Лесни љубовни романи, совршени за опуштање на плажа Викенд на плажа? Секако! Уште ако покрај себе имате добра книга - уживањето ќе е потполно. Почна сезоната на викенди на море и рани летни одмори, па освен што ќе ви треба млеко за сончање, костим за капење и пешкир - потребна ви е и добра книга. А за на плажа, се знае, најдобро е нешто лесно, што се чита брзо и во еден здив. Затоа ви препорачуваме 3 лесни љубовни книги, со кои ќе се ...
Кирил Џајковски ќе одбележи 25 години правење филмска музика на утрешниот (15 јуни) концерт во Националната опера и балет, на кој ќе се изведе музиката што ја напиша за бројни домашни и странски филмови. Тој ќе настапи во придружба на оркестар, со кој ќе диригира Џијан Емин и музичарите Владимир Крстев, Ратко Даутовски, Антоние Весковски, Андреј Трајковски и Игор Иванов. На репертоарот ќе бидат композиции од филмовите „Големата вода“, кој доби ...
Студентски дом „Никола Карев“- Охрид / Фотогалерија 15.06.2025 • Фотографија Објект: Студентски дом „Никола Карев“ во Охрид Автор: / Изградба: 1964 Намена: 1964-1998 депанданс на Хотел „Палас“, 1998 – сега студентски дом Локација: Партизанска бб, Охрид (Google Maps) Автор на фотографии: Љубен Трајаноски /2025/ Извори: TVM.mk Сместен на само 70 метри од брегот на Охридското Езеро, студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид претставува редок ...
Програмата на 62. издание на Рацинови средби продолжува денес со промоција на тритомното издание „Рацин“ од Венко Андоновски (за поезијата на Рацин), проф. д-р Искра Тасевска-Бошкова (за прозата и публицистиката на Рацин) и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска (за живописот на Рацин). Изданието ќе го промовира академик Катица Ќулавкова, која е и главен стручен редактор. На свеченото отворање на 62 Рацинови средби, беседа за Кочо Рацин одржа ...
Преполна сала, многу емоции и искрени сеќавања – така изгледаше промоцијата на монографијата Епископијата на Брегалница и Моробисдон VII -XIV век од Кирил Трајковски, а во уредништво на Ана Јорданова -Дубровска. Атмосферата сведочеше за длабоката трага што Трајковски ја остави, не само како археолог, туку и како личност, соопштија од Археолошкиот музеј. Монографијата ја промовираа проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс и Паско Кузман. Во негова чест, ...
Емоционалната реалност, во којашто се потопува актерот преку личното паметење и внатрешните мотиви, нѐ тера да веруваме дека театарот е преживеана вистина за пред очите на публиката. Театарот е место каде што невидливото станува видливо, според Питер Брук, стои во образложението на жирито на МТФ „Војдан Чернодрински“ со кое се наградува претставата „12 на МНТ. Јас верувам дека секоја претстава е едно патување и истражување истовремено кон ...
“Фантазија“ е насловот на концертот на Филхармонија кој синоќа се одржа во Градскиот парк на кој беа изведени песни од 20-ина познати анимирани филмови од продукцијата на „Дизни“, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура и туризам Зоран Љутков по синоќешниот концерт. Заедно со моето семејство уживавме во магичната атмосфера на концертот организиран од Македонската филхармонија. Просторот беше исполнет со безвременската музика и ...
Чест за најдобрите, слава за театарската уметност. Во Прилеп е спуштена завесата на најпрестижниот фестивал кој го следи мигот на театарската уметност кај нас. Најдобра е „12“ на МНТ. Наградите се потврда за работата на сцената и создавањето на театарската уметност Фестивалот донесе девет претстави во конкуренција, пет во независна продукција, настани и полни сали. Во чест на наградените, Театар комедија ја изведе претставата „Вистината“ ...
„Мала шега“ ја отвори 18-тата „полнолетна“ година на Фестивалот на медитерански филм во Сплит, информираат продуцентите. Од 104 селектирани филмови од 37 земји, токму овој краткометражен филм беше избран за свеченото отворање на фестивалот, како најсилен одраз на годинешната тема: полнолетство, личен раст, љубов, пријателство и прашањата што доаѓаат со зачекорувањето во светот на возрасните. Публиката во Сплит реагираше со искрен аплауз уште при ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 285, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (14-15.06.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со театрологот, писател и научник Иван Додовски: Треба да ја негуваме современата драма – интервју со Кирил Џајковски пред неговиот концерт со филмска музика: Целиот концерт го подготвувам како за своја душа – осврт кон ...
На „Инфлужн“ (Infusion) – фестивалот на инклузија, денеска (сабота, 14 август) ќе има целодневна програма со забава, гејминг, танци и вечерни журки. Се’ ќе се случува во Парк „Македонија“ во Кисела Вода. Програмата почна утрово од 10 часот со едночасовни утрински вибрации – латино танци за будење. Воедно во сенките од 10 до 16 часот има пиење кафе, слушање музика и читање книги, но и „Инфјужн базар“ – активизам и култура. Потоа отвора 2-дневен ...
Единствениот македонски метал фестивал „Metal Discharge“ годинава ја распосла програмата низ три вечери, а денеска (сабота, 14 јуни) музика ќе има од 17:30 часот, па се’ до пред полноќ. Локацијата е легендарното ракоментно игралиште, или како што го нарекуваат организаторите од Битола – „бетонскиот олтар“, каде вратите за посетителите ќе бидат отворени од 17 часот. Програмата е следна: „Karma Scale“ 17:30 – 18:00 „Triggered“ 18:15 – 18:50 „Mass ...
Во Старата скопска чаршија од 17-ти до 19-ти јуни по втор пат ќе се одржи манифестација „Ритамот на чаршијата“, во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје. Старата скопска чаршија е најголемата чаршија на Балканот која претставува заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на „Ритамот на чаршијата“ е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот. - ...
Сега со седиште во Абердин, Шкотска, делото на Зеќо користи стратегии од перформанс и звучна уметност за да се справи со современите ургентности за местото, идентитетот, миграцијата, деколонијалните и балканските футуризми. Таа изложувала меѓународно во Абердин, Единбург, Загреб, Сараево и Мелбурн, Австралија. КСП Центар – Јадро, 20:00 часот. Таа ќе го изведе своето дело „Распаѓање“ на отворањето, на 14 јуни, и неодамнешното дело „Одбрани и ...
Јубилејните активности на Црвен крст Охрид продолжуваат и денес со одбележување на уште еден јубилеј 10 години „Вдиши театар“-Меѓународeн аматерски младински театарски фестивал. Десеттото издание на фестивалот ќе биде отворено денес, 14 јуни, во предворјето на црквата „Св.Софија“ во Охрид, со почеток во 20:30 часот, со изведба на интернационална театарска претстава „Балканград“, која во копродукција на организациите на Црвен крст од Охрид, ...
Вечерва во Ла Кања, со почеток во 22:00 часот, кочанскиот рок состав „Корка“ со концерт ќе го промовираат својот истоимен албум. Корка е нојз рок бенд од Кочани кој во својот звук комбинира суровост, енергија и тематска апатија што ја отсликува реалноста на младите денес. Со изразена DIY естетика, мрачна атмосфера и текстови што се движат од апсурд до социјален коментар, Корка остава впечаток како еден од најсвежите гласови на македонската ...
Легендарната пејачка на „Кокто твинс“ Елизабет Фрејзер ќе гостува на концертот на „Масив атак“ во Скопје, што ќе се одржи на 28 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк. Концертот го организира „Авалон“. Фрејзер соработуваше со „Масив атак“ на нивниот најуспешен албум „Mezzanine“ од 1998 и на европската турнеја на бендот пее неколку песни од овој албум, вклучувајќи ја трип-хоп химната „Teardrop“. Елизабет Фрејзер е шкотска пејачка која се ...
Вечерва, со почеток во 19:00 часот и во понеделник, на 16 јуни со почеток во 20:00 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, по барање на театарската публика репризно, по шести и седми пат, ќе ја изведе претставата “Жена ми се вика Борис“ работена според текст на Рафи Шарт, а во адаптација и режија на Диме Боцев. Во урнебесната комедија играат: Видан Станоев, Диме Боцев, Благица Боцева, Анастасија Данаилова, Саше ...
Приштина/Струга, 14. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Флутурије Бајрами и Ера Зиба, ученички во ООМУ Струга, освоија први награди во своите категории на 20-тиот по ред Меѓународен натпревар за млади музичари „Ars Kosova“ кој од 13-ти до 15-ти јуни 2025 година се одржува во Приштина, Косово. – На првиот натпреварувачки ден, во дисциплина флејта зедоа учество младите флејтистички надежи од ООМУ Струга и ДСМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Тетово, паралелка ...
По настапите низ целиот свет, „Кафе де Анатолија“ првпат ќе организира настан од новата серија „Experience“ во Македонија, што ќе се одржи на 19 јули во Виница, од каде што потекнуваат основачите на оваа продукциска куќа, Зоран Илиев (Били Естебан) и неговите деца Моника Илиева и Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth). Настанот ќе обедини музика, уметност, гастрономија и вино, а ќе настапат домашни и интернационални диџеи, придружено од ...
Вечерва во Чифте Амам со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи четврто издание на „Вивалдијада“. Внимателно составената програма го истакнува неповторливото мајсторство на Вивалди во создавањето експресивна и динамична музика. Секоја изведба на младите солисти од ова четврто издание на ВИВАЛДИЈАДА ветува фасцинантно патување, исполнето со богати текстури и брилијантни мелодии по кои Вивалди е толку познат. Солисти: Војдан Алексовски – фагот Ема ...
Со врачувањето на наградите во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа заврши 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Аплаузи, воздишки, силни пораки за изградба на нов театар и реновирање на зградата на постоечкиот што е затворен, но и за одличната организација на фестивалот чиј квалитет кој од година в година расте. Прилеп е град театар, Прилеп е местото на фестивалот, Прилеп е фестивалот. Прилеп треба да има ...
Во Народниот театар во Битола вечерва со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Ноќта кога ја убив месечината“. Мост. Точно на полноќ. Месечина и двајца самоубијци. Случајна или намерна средба? Овие два лика застанати на работ на нивното постоење, ги овораат суштествените прашања за смислата на постоењето. Овој свет патува од психолошка реалност до апсурдна баналност, тој распон е огромен простор, дупка во која пропаѓате и ...
Боре Ангеловски е роден во Велес на 25 февруари 1944 година. Тој беше истакнат и најдоследен театарски деец во Македонија, глумец, режисер, преведувач, сценограф, костимограф, театарски педагог, театарски теоретичар, бекетолог, основач и уметнички раководител на Младинско Драмско Студио – Велес, основач и уметнички раководител на Театар Чекори – Скопје, икона на драмскиот аматеризам и театарската алтернатива во Република Македонија и поранешна ...