Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврзат, а целиот момент ќе се претвори во вистинско семејно уживање. Кога деца се главни ликови во книгите, во страниците исполнети со убави приказни и топлина, подеднакво може да уживаат и возрасните и децата. Затоа, овој викенд ви препорачуваме три книги, кои спаѓаат во оваа категорија - одлични ...
Фановите на научно-фантастичниот универзум на Џејмс Камерон ќе дочекаат ново поглавје: третиот дел од франшизата „Аватар“, насловен Avatar 3: Fire and Ash, пристигнува во кината на 19 декември 2025 година. Филмот веќе го привлече вниманието поради фактот дека ќе биде најдолгото издание во серијалот, со времетраење од 195 минути, односно три часа и 15 минути. Со ова, новиот „Аватар“ го надминува претходниот дел The Way of Water, кој траеше три ...
Македонскиот народен театар (МНТ), после неколкумесечни одложувања, ќе ја прослави 80-годишнината од основањето со премиера на 29 декември, со претставата „Сонцето, колку е блиску сонцето Made in MNT“ во режија на Дејан Пројковски. Премиерата првично беше закажана на 3 април, кога е роденденот на МНТ, па презакажана за 13 ноември поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март во кој загинаа 63 луѓе, а беа повредени над 200. Наместо ...
Највисоката награда на Општина Демир Хисар, „Грбот на Демир Хисар“ му е доделена на академик Божин Павловски. Како што истакна градоначалникот, Никола Најдовски, наградата му се доделува на Павловски за посебен придонес во афирмацијата на Демир Хисар во областа на книжевноста во светски рамки. Благодарение на неговите романи и раскази, родниот крај на Павловски – демирхисарскиот, со неговите природни убавини и историски големини е топос на ...
Мето Јовановски е роден на 17 јануари 1946 година во с. Панчарево, Пехчевско. Тој беше еден од најголемите и најзначајните македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Основно училиште и гимназија завршил во Делчево. По завршувањето на средното образование работи во Народниот театар во Штип. Двапати испратил барање до театарската академија во Белград за да се пријави за упис, но не добил одговор. Дипломирал на Театарската академија во ...
„Изворни минијатури“ е насловен концертот на Ансамблот „Танец“ што ќе се одржи на 22 ноември (19.30 часот) во Националната опера и балет. Пред публиката ќе бидат изведени автентични ора и песни во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот. – Публиката ќе види и раскош на дијалекти со што ќе се потсетиме на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор. Машките, женски и мешаните ора ќе бидат изведени од врвни ...
Во рамки на прославата на 81. годишнина од основањето на Народниот театар или како битолчани едноставно го викаат Битолски театар, беше положено цвеќе на спомен плочата каде беше стариот театар, местото каде што вработените заедно ги живеат најубавите театарски приказни. Цвеќе заедно со директорот на НТБ Васко Мавровски положија првенците на театарот Валентина Грамосли и Петар Горко. -Во чест на 81 година на НУ Народен театар Битола – првиот ...
Кавадарци, 15 ноември 2025 (МИА) - Изложба на триесетина дела од ликовната уметница Јулијана Гешоска, беше отворена синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци. Директорот Јаким Зимоски, изрази задоволство што љубителите на уметноста можат да видат дел од творештвото на реномираната авторка. Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност во Музејот, рече дека оваа изложба претставува средба со бојата, движењето и играта помеѓу нив. -Ова е ...
Првиот концерт на првата европска турнеја на Националниот џез-оркестар се одржа на 12 ноември во Будимпешта, а во составот на турнејата се и концертите во Прага и во Виена со програма која е инспирирана од длабоките корени на македонскиот фолклор. Препорачано Суптилна возбуда се забележуваше на лицата на музичарите од Националниот џез-оркестар пред нивниот прв настап на европската турнеја, која започна на 12 ноември во Будимпешта. Новиот ...
Поради огромен интерес, Ана и Игор Дурловски најавуваат втор новогодишен концерт што ќе се одржи на 16 декември во Македонската опера и балет. Познатата оперска двојка на македонската сцена ќе изведе избор љубовни песни од македонската музичка традиција, во нови аранжмани кои за оваа пригода ги направи композиторот Сони Петровски. Настапот на Дурловски ќе биде со симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригентство на Ана Спасовска. Со двата концерта ...
Вчера во Скопје во 72 година од животот почина Ѓоко Дончев, беше активен на сцената близу 30 години и со своите интерпретации ја одбележа златната ера во македонската фолк музика. Дпнчев, соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори имаше безброј фестивалски настапи и награди и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Зад себе ги остави безвременските хитови: „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“, „Лино“ …. Во ...
„Скопје – Берлин: Две сестрински радија, еден етер“. Вака звучи најавата за утрешната (16.11) спојка меѓу „Канал 103“ од Скопје и „Cashmere Radio“ од Берлин, кои го спојуваат етерот во здружена целовечерна програма. „Два града, две сцени, една љубов кон храбрата музика и слободното радио“, се вели во најавата. 17:00 – 20:00 | Cashmere Radio: FLINTA+ Live Sunday со Nafsika Gkotzamani, Eleni Poulou & Margarita Ermidou „Отворена радио дружба ...
Настанот ќе се одржи на 17 ноември (понеделник) во 19:00 часот во Art’Caffe & Bar, поранешно Аквариус. Промотор на книгата ќе биде писателот Јордан Коцевски, кој ќе говори за поетскиот израз на Попов, за тематските нишки што ја водат збирката, како и за интимната, носталгична и често болна чувствителност преку која авторот ги гради своите стихови. Промоцијата во Охрид претставува можност читателите да се запознаат подетално со авторот и ...
15 НОЕМВРИ (САБОТА) 11:00 ч. ДЕНОВИ НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ ПИНГВИНСКИ АВТОПАТ (Penguin Highway / Pengin haiwei) Игран филм, Јапонија 2008, 117 мин. Колор, Блу Реј Режија: Хиројасу Ишида (Hiroyasu Ishida) Сценарио: Макото Уеда (Makoto Ueda) „Пингвински автопат“ е јапонски анимиран филм од 2018 година. Тоа е долгометражно деби нa Хиројасу Ишида, базиранo на истоимениот научнофантастичен роман од Томихико Морими (2010). Филмот нè вовлекува во сончевото ...
Во организација на НУ „Охридско лето“ на 29 ноември, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација. Концертот насловен како „Timeless“ ќе донесе безвременско музичко патување исполнето со емоции и магија, ...
Во периодот од 6 до 8 ноември 2025 година, во киносалата во Арена Синеплекс во Нови Сад се одржа третото издание на меѓународната филмска манифестација „Балканофилмофилија Париз – Берлин – Вашингтон – Нови Сад 2025“, во организација на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE Film Festival Paris-Berlin-Washington) и Интернационланиот универзитет Еуропа Прима – Скопје, во соработка со Културниот центар на Војводина „Милош ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 307, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (15-16.11.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со писателот Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова“: Книжевноста за деца доживува ренесанса – разговор со актерката Кети Дончевска-Илиќ за улогата во филмот „Утре наутро“: Пречките не се нешто пред ...
Културно информативен центар (КИЦ)-Битола вечер во Офицерски дом организира свечено отворање на изложба „Точка на спојување“ чии автори се младите ликовни уметници Јоана Арсовска и Јана Николовска. Од КИЦ-Битола информираат дека на изложбата ќе бидат претставени нови дела од творештво на Арсовска и Николовска, дипломирани сликари во класата на професорот Антони Мазневски. Освен во Битола, ликовните уметници учествувале во групни изложби, како во ...
Пред охридската публика беше промовиран новиот роман на Јордан Коцевски, „Договорот“, во издание на издавачката куќа „Антолог“, а финансиски поддржан од општина Охрид. Книгата е вознемирувачка приказна за љубовта, предавството и стигмата околу самоубиството, што го соочува читателот пред најтешките прашања за душата и моралот. Промотор на книгата беше Мерсиха Исмајлоска која за „Договорот“ рече: „…Читајќи, особено првиот дел, како да читав еден ...
Македонскиот кандидат за Оскар за најдобар странски филм, документарецот „Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, доби две значајни номинации за наградата Филмско око (Cinema Eye Honors), една од најреномираните светски признанија за документарни филмови. „Силјан“ е меѓу 12-те филмови кои добија номинација за Наградата на публиката (Audience Choice Prize). За оваа категорија номинациите се добиваат по гласање на 60.000 гледачи низ целиот свет. ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска бележи исклучителен меѓународен успех со освојување на две значајни номинации на престижните Cinema Eye Honors, едни од најреномираните глобални признанија за документарна продукција. Филмот ја освои номинацијата за Audience Choice Prize, признание со особена тежина во документарниот свет. Од Cinema Eye Honors истакнуваат дека „Audience Choice Prize е често клучен претходник ...
На 13 ноември 2025, Netflix го лансираше своето најново телевизиско издание, мини-серијата The Beast in Me, која веднаш привлече внимание со својот силен кастинг и интригантна приказна. Главните улоги ги толкуваат Клер Дејнс како Аги Вигс и Метју Рајс како Најл Џарвис, додека меѓу продуцентите се истакнуваат имиња како Џоди Фостер и Конан О’Брајен. Приказната го следи животот на Аги Вигс, призната авторка која се повлекла од јавноста по ...
Крива Паланка, 14 ноември 2025 (МИА) - Поетската збирка "Како денес, така секогаш" од бугарската поетеса Светла Радкова од Ќустендил, Бугарија, вечерва беше промовирана во библиотеката "Кочо Рацин" при национална установа Центар за култура Крива Паланка. Поезијата на Радкова е објавувана и надградувана на бројни меѓународни поетски конкурси и фестивали, преведена на италијански, српски и македонски јазик. -Изградена од естетски украсни ...
„Иднината како проект: Доксијадис во Скопје“ гостуваше на Аристотеловиот универзитет во Солун 15.11.2025 • Изложби Датум и час: вторник, 11 ноември, 19 часот Локација: Школа за архитектура, Аристотелов универзитет во Солун, Грција На 11.11.2025 година, во 19 часот по грчко време, пред бројна публика во Галеријата на Школата за архитектура при Аристотеловиот универзитет во Солун, беше отворена архитектонската изложба „Иднината како проект: ...
Македонската музичка сцена доби свежо и модерно издание – „Reina”, најновата песна и видеоспот на Andrej Miske и Marinella, објавена на 13 ноември 2025 година. Проектот веќе го привлекува вниманието на публиката со својот уникатен звук, впечатлив визуелен стил и динамична енергија. Во создавањето на „Reina” учествува проверен тим: Лирика: Andrej Miske, Big Pappa & Marinella Аранжман: Andrej Miske & Type Микс и мастеринг: Type ...
На денешен ден во 1990 година, германскиот продуцент Франк Фариан одржа прес-конференција на која призна дека Фаб Морван и Роб Пилатус од групата Milli Vanilli всушност не ја снимале вокалната линија на нивните песни. Дуетот бил еден од најголемите поп атракции на крајот од 80-тите и почетокот на 90-тите, дури освојувајќи и Греми награда за „Најдобар нов артист“ на почетокот на годината. Вокалните способности на Морван и Пилатус првпат беа ...
Оливер Белопета е роден во Скопје на 15 ноември 1952 година. Тој е македонски музички работник, поранешен радио водител и директор на Скопскиот џез фестивал. Во Македонија важи за човек кој најмногу го афирмирал џезот. Од 2008 година, тој станал член на одборот на Европскиот форум на фестивали на музика на светот (EFWMF). Дипломирал на Електро-техничкиот факултет во Скопје – насока телекомуникации, а во август 1978 година се вработил во МРТ, во ...
Калиопи го одржа својот најдобар концерт досега, вчера (14 ноември) во Филхармонијата. Ова беше нејзин прв солистички концерт во оваа сала, и по долго време акустичен, со 12 музичари на сцената. Бендот и придружните вокали Маја Саздановска и Јулија Карамитрова-Огненоска, таа ги засили со гудачки квинтет и двајца дувачи, кои пееја заедно со неа и со публиката. Уникатноста кај Калиопи е што од една страна публиката останува зачудена по секоја ...
Во едицијата „И ете приказна“ на издавачката куќа Или-Или објавен е романот „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети. Ова е втор роман од планираната трилогија за авантурите на Илина. Првиот роман „Илина и шумските тролови“ остави одличен впечаток кај помладите читатели кои со нетрпение го очекуваа неговото продолжение. Во книгата повторно навлегуваме во двојниот живот на Илина: оној обичниот, дома и на училиште, и оној волшебниот, каде ...
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје вечерва го организира последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“. Концертот насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи на 14.11.2025г. (петок) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). Ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Миреиа Пинто (родена во Манреса , Барселона – Шпанија) е добитничка на највисоки ...