Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Во последниве неколку дена, македонската јавност е сведок на интензивен судско-политички судир. Основата на овој судир лежи во, на прв поглед, едноставно прашање поврзано со зголемувањето на пензиите. Концептот на владата предвидува линеарно зголемување на пензиите, додека реакциите кои што доаѓаат од страна на Уставниот суд иницираат преиспитување на ваквиот концепт. До тука работите изгледаат едноставно. Тие наликуваат на конфронтација која ...
Младиот новинар Ѕвездан Георгиевски од „Нова Македонија“ добил задача да направи кратко и атрактивно интервју со доајенот на македонската книжевност, пргавиот и незгодниот Петре Андреевски. „Стави перниче на стомак и не му се приближувај премногу со главата, за да не те нокаутира со неговата“ ‒ Ѕвездан добил инструкции од главниот уредник Ерол Ризаов. („Стави панцир и шлем!“, довикнал и уредникот Бранко Тричковски.) ‒ Ќе почнам со едно ...
„Мирот е време кога синовите ги погребуваат своите татковци, а војната е време кога татковците ги погребуваат своите синови“ вели Херодот. Во една многу гледана емисија на руската телевизија, авторот Владимир Соловјов вели „Да, точно е дека не победивме, но сите се виновни освен Путин. Нашата економија се урива, а сите се виновни освен „царот“! Веќе имаме план од 28 точки за завршување на војната во Украина. Специјалниот пратеник на Трамп, Стив ...
Со внимание го следев интервјуто на екс премиерот на Бугарија Кирил Петков, објавено на порталот ,,Журнал” на 23.11. 2025 година. Единствени теми беа државните односи помеѓу Бугарија и Македонија, како и местото на ЕУ во нашите меѓусебни односи. Кирил Петков е високо образован политичар кој завршил на Универзитетот Британска Колумбија во Ванкувер -Канада и магистрирал на Харвард меѓу десетте најсилни од неговата генерација магистри. Вокабуларот ...
Добивај вести на Viber Украина е сардисана. Од Русија на фронтот,, од САД со планот за преговори, а од Европа за продолжување на отпорот против Русија. Но не помалку, таа е пред „револуција“ и од внатре. Корупционата афера „Миндич“ го потресе украинскиот врв. Претседателот Владимир Зеленски, мораше минативе денови да ја свика својата парламентарна група, која има мнозинство во Радата, и да и каже дека нема оставки ниту од потенцијалните ...
Мината недела ги гледав 53-те средношколски тимови како ја чекаат одлуката кои од нив ќе влезат во ТОП 20 во натпреварот „Средношколец милионер“, а кои ќе застанат тука, барем формално. Во нивните очи го гледав истото прашање што јас го имав кога бев на нивни години: што точно треба да направам за да успеам? И секогаш кога ќе ме прашаат како да се стигне до милион, сакам да им одговорам искрено и брутално: ако не сакаш да станеш милионер – играј ...
Прокси-војната меѓу Западот и Русија се приближува кон својот неизбежен крај. Планот на Трамп од 28 точки, кој веројатно ќе претрпи извесни модификации во текот на преговорите во Женева и подоцна, покажува дека Украина е таа што ќе го плати најголемиот цех на војната со Русија. Не е преголема мудрост да се каже дека не беше тешко да се предвиди ваков исход на конфликтот што почна со планот на Бајденовите јастреби и на амбициозните европски ...
Полиглот, или личност со огромен спектар на вокабулар, е еквивалентно на шах-мат ситуација во една игра. Зошто? Пишува: Ива Трпески Животот, за жал или за среќа, не води до најразлични предизвици. Пречки за кои потребни ни се таканаречените „меки вештини“, за да ги прескокнеме. Овие вештини се дел од нас, меѓутоа разликата е кој и колку ги има развиено и збогатено. „Што е интелектуалец?“ е прашање кое сите го имаме слушнато барем еднаш. Постојат ...
Голем број од луѓето одлучуваат да го забележуваат неубавото и да се окупираат со тоа што им недостига наместо да се насочат кон позитивното и да го пронајдат доброто во себе и кај другите луѓе. Сепак, колку и да сакаме да прозвучиме позитивно и да влееме оптимизам, мора да признаеме дека негативните вибрации се доминантно присутни, така што е неопходна голема мудрост за да го избегнеме нивното влијание. Тоа е така бидејќи живееме во општество ...
Откако сите други лаѓи им потонаа (пред се надежта дека ДУИ ќе има добар резултат на локалните избори и шверцерски ќе влезе во владата), шарената опозиција во Македонија се префрла на други извори на надеж. Пред се – дека Црна Гора и (уф) Албанија ја претркале Македонија на патот кон ЕУ и може наскоро да станат членки. Има повеќе проблеми со планот на СДСМ и другите опозициски партии и кружоци да ја базираат својата политичка страгетија врз овој ...
Денко Малески Какво време е ова, време на војни или време на реформи? Алиби прашање за нашата децениска неспособност да стасаме до зацртаната цел –членство во ЕУ. Но, вистина, какво е ова време? Можеби зборовите на Чарлс Дикенс се добра илустрација и за нашево време: “Беа а тоа најдобри времиња, беа тоа најлоши времиња, беше тоа време на мудрост, беше тоа време на глупост, …беше тоа пролет на надеж, беше тоа зима на очај… имавме се пред себе, ...
м-р. Глигор Стоименов Во годините зад нас, во целиот овој период од независноста на нашата држава сме виделе во политиката се и сешто, но овој пат страв да те фати! Овој начин на водење на нашата официјална политика може слободно да се нарече “политичка патологија“, за која треба сериозно да се подзамислиме сите заедно! Да се подзамисиме убаво за нашата иднина и за иднината на нашите деца!! Каде не води оваа политика?? Кога ќе видиш на што све ...
Безмалку сите јавни обраќања на „видните“ претставници на македонската „пајтон интелигенција“ започнуваат со прашањето „зошто“. Зошто ова, зошто она, зошто вака а не онака…, небаре досега тие биле хибернирани во некој сдсм ладилник и сега одеднаш се будат – или ги будат! – и гледаат стагнација, замрзнат кадар од филм, токсични односи, некакви психопатологии и неиспорачување на ветеното… Или, ако сакате, кога „лидеро“ Филипче и неговата подопашна ...
Огромниот корупциски скандал што се одвива во Украина длабоко го оштети имиџот на земјата. Исто така, сериозно ја еродираше довербата во претседателот Володимир Зеленски, претворајќи го во млитав лидер дома. Вклучувајќи заговор за изнудување на околу 100 милиони долари од енергетскиот сектор на Украина, скандалот досега ги зафати министерот за правда на Зеленски, Герман Галушченко, министерката за енергетика Свитлана Гринчук, како и службеници ...
„Одговорноста е моја“, изјави данската премиерка Мете Фредериксен откако стана јасно дека нејзината социјалдемократска партија претрпе пораз во речиси цела Данска на локалните избори што се одржаа деновиве. Посебно тежок е поразот во Копенхаген, бидејќи за првпат од 1903 година, социјалдемократите ја изгубија власта во данската метропола. Исходот на данските избори доаѓа како уште една потврда дека социјалдемократијата продолжува да ја губи ...
Пишува: Проф. д-р Ана Чупеска Зошто се будиме во стагнација? Зошто политиката овде е веќе подолго време еден мачен, замрзнат кадар од филм кој никако да заврши? Ако мислите дека одговорот е во „неспособноста“ на актерите, се лажете. Тоа е површно, дури и наивно читање на реалноста. Вистинскиот одговор лежи во еден многу ПООПАСЕН, НАУЧНО ДОКАЖАН ФЕНОМЕН што во политичката наука го нарекуваме КАРТЕЛИЗАЦИЈА. Притоа, не станува збор за теорија на ...
„Не ми е жал што волците ми ги изедоа овците, жал ми е што КУЧИЊАТА што требаше да ги чуваат им се придружија на волците.“ Дефинитивно, оваа стара поговорка кристално јасно ја отсликува повеќегодишната состојба, поточно криза во редовите на СДСМ и затоа јас се прашувам: Каде сте СДСМОВЧИНА, кај отидовте, ОД вас плачат МАКЕДОНЦИТЕ, ОД вас плаче МАКЕДОНИЈА? Постхумно, изразувам длабоко извинување на покојниот Александар Сарев и неговата ...
Се сеќавам како тинејџер, кога ќе го чуев фамозниот концепт за надворешна политика на мојата земја или славната „еквидистанца од соседите“, бев исклучително со многу прашалници околу ова и секогаш доаѓав до заклучок дека е погрешно. Ама си викав тогаш: „Ок е, дете, има нешто кое не го знаеш, сепак луѓево кои ја водат оваа држава имаат зад себе историја.“ Политиката на „еквидистанца“ ја промовираше првиот претседател Киро Глигоров. Од денешна ...
Деновиве, во етерот одекна информација дека нашиот сосед Албанија за само 12 месеци ќе стане членка во Европската Унија! Албанија е земја која за 12 месеци ги реши сите 36 поглавја. Најнапред, честитки за нивниот лидер господинот Еди Рама и граѓаните на Албанија. Треба да честитаме, но и да се запрашаме, која е иднината на Република Македонија? Уште во далечната 1991 година, по распадот на СФРЈ, Република Македонија и Република Словенија беа ...
Завршија изборите, завршија сите кампањи кои го преокупираа вниманието на граѓаните. Завршија активностите кои ги ставија редовните процеси во мирување, оние кои обично се наше секојдневие и преокупација. Полека се интензивираат внатрешните, но и надворешните политички активности кои настапуваат како логичен след на настаните. Се врши позиционирање и репозиционирање внатре во политичките партии, во рамки на коалициите, но и во рамки на веќе ...
Како дете бев фасциниран од стрип и филм јунакот Супермен, кој ми беше персонификација на сè што е добро во овој свет. И секако, како последица на тоа, и до ден денешен паметам фрази и реченици кои ми оставиле силен впечаток тогаш. Меѓу речениците стои и следната „Чудно, немав видено ѓубре да јаде ѓубре“, со која Супермен, како Кларк Кент, неговата човечка маска и критика на светот, му се обрати на некој силеџија и насилник. Оваа реченица ми се ...
Секојпат кога одам некаде, откривам дека пред мене таму бил поет. Поетите и филозофите пред мене го откриле несвесното; она што јас го открив е научната метода со која несвесното може да се проучува. -Фројд, на својот 70ти роденден (1926) Несвесното не значи загуба на меморијата, туку неможност да се присетиш на нешто што всушност го знаеш. – Лакан (1968) Поделбата на психичката сфера на она што е свесно и она што е несвесно е основната ...
Денко Малески Единственото нешто што е полошо од тајна дипломатија е јавна дипломатија, велат Англичаните. Оттаму, дипломатските разговори меѓу претставници на две држави се затворени. Но, затоа постојат прес-конференциите како мост кон јавноста. Таму, вообичаено, се манифестира блискоста во односите меѓу двете држави. Ситуацијата од прес конференцијата на Зеленски и Трамп, на која беше навредуван украинскиот претседател од страна на неговиот ...
Дежурните кревачи на паника секогаш се јавуваат во погодни моменти да алармираат дека ако сега не го искористиме „прозорецот на можности“ (т.e. уставните измени), тогаш и Албанија ќе нѐ претрка за во ЕУ. Оваа логика упорно избегнува да признае дека бугарската позиција не е тактичка или моментална, туку е формално кодифицирана во нивната Национална рамковна позиција и Парламентарната декларација што ја обврзува секоја идна влада да поставува ...
Првин, честито за изборот на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје и честито за о-рук акцијата за отпадот! Кој како сака нека коментира, ама ѓубрето се исчисти и се фаќа некаков ред во комуналните работи. Првиот човек засега покажува ентузијазам и енергичност, а очигледно е и градоначалничкото искуство од Кисела Вода. Со среќа да ни е на сите Скопјани, и гласачи и негласачи! За да се оствари горниов редослед, треба да се донесат и ...
Мерсел Биљали Светот не е во опасност од луѓето што прават зло, туку од оние што го дозволуваат тоа – вели А. Ајнштајн Теоријата на хаосот, „ефектот на пеперутка“, има симболика дека мала промена во една точка од светот може да создаде глобален хаос. Познато е дека чумата од 14 век ја уништи најсилната империја во историјата на човештвото и уби стотици милиони луѓе во Евроазија. Монголската империја, со површина од 33.000.000 км², се распадна ...
Владата и вечерва ќе ја спушти „завесата“ за да сокрие од нас што се случува зад сцената. Во важен момент во земјата доаѓа шефот на германската дипломатија, а средбите се затворени и за нив ќе има само соопштенија во кои повторно од власта ќе ни ја сервираат својата реторика за евроинтеграцијата на Македонија. Целта е никаков различен став, никаква друга логика, никаков друг аргумент, не дај боже критика, да се слушне на домашен терен бидејќи ќе ...
Како што „нашите“ самопрогласени државотворци во името на недофатливата демократија по онаа историска 1992 година извитоперија сѐ што допреа само и единствено заради обезбедување сопствено влијание врз системот и неограничено лично богатење, така ја искривија и основната премиса на таа посакувана демократија: поделбата на власта. За нив тоа попрво значеше „фузија на власта“ (Валтер Баџет), поточно, во балканска варијанта: приграбување на сите ...
Почитувани читатели, секое мое писмено обраќање до вас е мое јавно споделување на личните емоции, затоа што сум емотивно поврзан со сите вас кои што ме читате, разбирате и сочувствувате со мене. Ги почитувам сите луѓе, се дистанцирам од нелуѓе. Животот е само еден, барем овој земен. Нема репризи, нема второ полувреме и секоја вечност е кратка. Вечни се само добрите дела зад нас. Изминаа 5,5 години од стечајот на Еуростандард банка. Сѐ уште ...
Во контекст на локалните избори, одлуките што ги донесоа градоначалниците на Град Скопје и на Општина Центар треба да бидат пример за целата држава. Таквите одлуки, иако на почеток создаваат непријатности кај граѓаните, во блиска иднина ќе донесат благосостојба која сите ја посакуваме, но ретко ја признаваме. Ним им се поклонувам за храброста. За жал, паралелно со овие позитивни примери, во општеството расте бројот на оние кои сакаат да ја ...