Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Основана врз либерални вредности, Европската Унија има за цел да го надмине национализмот преку сè подлабока интеграција. Нема сомнеж дека Европа многу им должи на Соединетите Американски Држави. Никој никогаш не би требало да ја заборави повеќедецениската американска одбрана на слободата во Западна Европа и Западен Берлин, нејзиното успешно финансирање на обновата по Втората светска војна, победата во Студената војна и обединувањето на Европа ...
Да се разбереме, се презаситивме од овој аудио-загадувачки театар на апсурдот. Со децении сме заробени во една мачна „пајажина на ветувања“, слушајќи за борба против корупцијата како да е некоја митска, недостижна дисциплина, додека во позадина свири истиот транзициски блуз. Пардон, тарабуки лупаат. Ајде да ја демистифицираме суштината и да го погледнеме ѕверот во очи: нашите владетели овде, во нашата (сѐ уште) „заробена“ Северна Македонија, не ...
Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за градоначалници и советници ја водеше сам, во консултација со Муртино? Дали сите политики, изборот на тим и фирма за кампања го обликуваше сам, пишуваше резолуции без согласност на органите на СДСМ и без координација со пратеничката група, се нудеше за широка коалиција, што јавно, што скриено, постојано се туркаше во ...
Знаевте дека денот има 86.400 секунди? Некој знае, некој не. А кога тие 86.400 секунди ќе се поделат со 26.000 прекршоци, добиваме една бизарна равенка: на секои десет секунди, во просек, тројца во Скопје прекршуваат сообраќајно правило. Ако сакате симболика – ете ја, совршена дијагноза за нашата возачка култура. Но, наместо луѓето да кажат „ова е страшно, да видиме што не чини“, колективната енергија се истури во друга насока: камерите не биле ...
Билјана Ванковска Сите зборуваме за ефектите од пробниот и од јануари ефективниот проект Safe City. Но, не чув некој да го постави ова МНОГУ важно прашање: од кого е набавен софтверот и инфраструктурата на овој масовен проект? Ова е значајно од повеќе аспекти, меѓу кои и финансиските аспекти, трошоци и добивки, но и упадот во приватноста и личните податоци. Во многу држави постојат основани сомнежи за јавни-приватни партнерства, бизниси, кршење ...
Денко Малески Универзална, вонвременска, е дилемата на политичарот соочен со брутално тешки одлуки кои го засегаат неговиот личен интегритет. Таква е денешната дилемата на Зеленски, претседателот на Украина и на европските политичари соочени со планот на Трамп. Така, Зеленски може да потпише мировен договор во манир на државник со кој ќе ја спаси својата држава од тотално уништување, ризикувајќи да биде убиен или, продолжувајќи ја војната, да ...
Од синоќешното интервју на премиерот Христијан Мицкоски за емисијата „360 степени“ издвојуваме: 👉 Премиерот не знае дека фирма со двајца вработени, формирана минатата година и блиска на ДПМНЕ, од државата добила тендер од 9 милиони евра; 👉 Премиерот не слушнал дека на фирма “стара“ едвај 3 месеци чиј сопственик е функционер на ДПМНЕ од Кичево, МВР и’ доделил монопол од 5 години врз доходовен бизнис за полагање возачки испити; 👉 Премиерот не ...
Звучи неверојатно за македонски услови најавата на трговската компанија во доменот на градежна опрема и опрема за патна инфраструктура, Магнометал ДООЕЛ Скопје, дека од 1. јануари ќе воведе 4-дневна работна недела за сите вработени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Магнометал прва во Македонија воведува 4-дневна работна недела Како и бројни други компании низ светот и Магнометал очекува овој пилот проект кој ќе трае шест месеци, да донесе поголема продуктивност, ...
Кога би имало еден, барем еден морален лик меѓу оние кои глумеа раководство на сдсм (малите букви се…) во периодот 2017-2024 година, а сега, повторно за големи пари, седат во Парламентот, тој/таа, ако веќе не сите, би станал(а) и, прво, би се извинил за сѐ она што успеаjа да разнебитат во тие седум години, и второ, би признал дека сето ова што ѝ се случува на земјава е во голема – или најголема – мера резултат на нивното неуко, неспособно и во ...
На 3 Декември, светот го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост – ден кој нè потсетува дека секој човек, без разлика на своите способности, има право на достоинствен живот, еднакви можности и активно учество во општеството. Свесноста како прв чекор кон промена Свесноста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост е клучна за рушење на бариерите – физички, социјални и ментални. Таа не значи само сочувство, туку и ...
Светските медиуми објавуваат дека Австралија ќе биде првата земја што ќе го искорени ракот на грлото на матката со ХПВ вакцинација и редовен скрининг. Во Македонија, се запнале дека ХПВ вакцините се дел од теорија да им го сотрат семето. Заедно со авионите што прскаат и патлиџаните од Албанија. Не се секираат оти вакцината против рак од Русија што ја примил некојси Србин ќе ги спаси. Дезинформациите ни се сериозен проблем. Стравот од знаење уште ...
Откако почнаа луѓе да се жалат дека и за +1 км на час од дозволеното им стигаат казни еве анализа со Google Gemini на тоа како е праксата во Европа и што треба да се направи. А бе веќе не треба ни да се мисли, за се имаш готово решение 🙂 Системот „Safe City“ (Безбеден град) е технички напреден, но проблемот лежи во параметрите за казнување. Еве длабинска анализа за тоа како Европа го решава овој проблем, зошто постои толеранција таму и каде ...
Стариот континент Европа, распослан како продолжена рака на Азискиот континент и одделен од континентот Африка со Средоземното море од Северна Америка со Атлантскиот океан, важи како цивилизациска колевка на народите од денешниот западен свет. Цивилизациски колевки има на сите континенти, почнувајќи од големата Азија, Северна и Јужна Америка, Африка и од поново време Австралија. Културното наследство кое го носи Европа е неспоредливо со ...
Понекогаш, најопасните идеи се оние што се претставуваат како „безбедни“. Во нашиве улици, во овој пробен декемвриски период, проектот „Безбеден град“ ни ветува ред, дисциплина и цивилизираност, но засега ни носи само колективна нервоза и возачи што возат со очи вперени во километражата, наместо во патот пред себе. Секој ден стигнуваат истите шокови по СМС: „Го надминавте ограничувањето од 50 км/ч. Вие сте регистрирани со 52 км/чч“. Или 53. Или ...
Пред десетина и повеќе години, американскиот амбасадор, Филип Рикер, често апелираше – кажете што сакате, знаеме што не сакате! Одговор не добиваше, иако не беше спорно дека тоа го бара Вашингтон. Сè до предавството на нашите национални интереси во Нивици, од прашањето за името бегаа сите политичари, како ѓавол од оган. Знаеја дека на тоа можат само да загубат, и проблемот го држеа под маса. Тоа беше наша непростлива грешка. По историскиот пораз ...
Анегдоти од кај „Јоле“ (13) Првата средба меѓу гатачката Маседуан Ленорман и претседателот Киро Глигоров се случила летото 1991 година. Југославија се распаѓала, републиките распишувале референдуми за самостојност, се наѕирала војна. Еден од ретките умни, искусни и харизматични луѓе во заминувачкото комунистичко раководство кое некако се обидувало да се договори, бил Киро Глигоров. Бил мошне загрижен за непосредната иднина на регионот и на ...
Поскапе полагањето возачки испит. И парното. За некој ден и струјата. Економските „експерти“ од владата повеќе не ја ни споменуваат потрошувачката кошничка – цените на пазарите и во маркетите заминаа уџум. Доцни или воопшто нема поврат на ДДВ за граѓаните и за фирмите. Во државниот буџет за 2026 година, средствата за и онака мизерниот студентски стандард се кратат за 9 милиони евра. Од говорницата на највисокиот законодавен дом, премиерот ...
Динамиката на живеењето, новите урбани навики зачинети со глобализацијата како и новата реалност во нашите животи на повеќе полиња со завршувањето на пандемијата со ковид многу јасно ги трасира идните глобални туристички движења. Според Обединетите Нации пред една деценија во урбаните средини живеела 54% од вкупната светска популација а се предвидува дека до 2030 година овој процент ќе ја надмине бројката 60% што ќе создаде дополнителен притисок ...
Кога го напишав „отвореното писмо до Денко Малески“, во кое ги изразив своите аргументи, вчудоневиден и „згрозен“ од пишувањата на мојот поранешен професор во однос на руската воена и бестијална агресија врз Украина, на многумина мои пријатели, познаници, блиски им реков дека не очекувам „одговор“ од професорот Малески, но на еден му реков дека очекувам промптн „реакција од Кикифрики“. Така и бидна. Тоа беше евидендентен доказ, колку е само ...
Разговорот што прераснува во реалност Во последните години, темата за родова еднаквост во менаџментот премина од разговор во акција. Сè повеќе компании, организации и институции не само што ја препознаваат важноста на женското лидерство, туку и активно работат на неговата интеграција. Но и покрај напредокот, се отвора прашањето: како да преминеме од квоти кон квалитетна, суштинска и долгорочна промена? Пишува: Искра Ветаџокоска, генерален ...
Добивај вести на Viber Американскиот преговарач Стив Виткоф денес лета за Москва. Во вторник тој треба да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин. Виткоф на Путин ќе му ги пренесе резултатите од вчерашните преговори на САД со Украина во Мајами. На 4 и 5 декември Путин ќе биде во Њу Делхи во официјална посета на Индија. Со што ќе патува Виткоф во Москва? Судејќи по изјавите на американскиот претседател, Доналд Трамп, постои добра ...
Само Македонија може „дебело“ да плаќа неспособни и некомпентентни поединци на високи државни позиции. Очигледно имаме сериозна фалинка во системот на кривична правда кога дозволуваме оние што ги „мереа“ ходниците на Правниот факултет во Скопје со години (ние ги викавме вечните студенти) и со судни маки ги полагаа испитите да станат клучен фактор во државата, идентификуван како чувар на законитоста, руинираjќи ја довербата во правниот систем. ...
Потребни ни се нови идеи за да ги решиме трите најголеми економски предизвици на нашето време: климатските промени, исчезнувањето на средната класа и сиромаштијата. Првиот предизвик е егзистенцијална закана за нашата физичка средина; другите создаваат поларизација и ја загрозуваат демократијата; третиот е морална неволја за целиот свет. Но, со оглед на порастот на авторитаризмот и економскиот национализам, би се рекло дека има малку причини за ...
Зуфер Бајрами Поразително е кога слушаш како премиерот на твојата држава, “сериозен” аспирант за влез во ЕУ, повеќе од една недела секој ден зборува за судскиот буџет: како тој ќе дозволел да има вработувања и планови за унапредувања без да биде информиран, па потоа предупредува дека ако се зголеми уделот за судството, тогаш судството само ќе треба да набавува хигиенски средства и да реконструира објекти (со фуснота дека ќе мора да има ригорозна ...
Една од најзначајните лекции што треба да ги научиме е како да се однесуваме кон животните промени и неизвесности. Повеќето луѓе не ги сакаат промените или не се навикнати да ризикуваат, поради што посакуваат сè да остане исто, како во семејството така и на работното место. Тие се определуваат за предвидливи ситуации, фокусирајќи се кон лицата и кон околностите што ги чувствуваат како сигурни, со познат исход. Во суштина, луѓето не сакаат ...
Денко Малески Како станав реалист? Одговорот е едноставен: ме натера маката. Пред триесет и пет години, тоа беше сознанието дека, како одговорен за надворешната политика на една држава која, среде етничи војни, беше „фрлена“ на меѓународната сцена, морам да го премостам во себе длабокиот јаз помеѓу начелата на „новиот светски поредок“ прогласени на крајот од Студената војна и она што се случуваше во реалниот живот во мојата дотогашна држава ...
Пред десетина дена напишав дека „започнатото судење за трагедијата во Кочани мора да биде и старт на реформскиот процес во правосудството“. Но, не во платите на судиите (коишто ионака се превисоки), како што тие посакуваат, туку продолжување на споредбените анализи на главните насоки во македонското правосудство со земјите членки на унијата (малите букви се…), проследено со карактеристични показатели: број на судии „по глава“ на жител, број на ...
Едно ново лизгање на земјиштето на Водно, на улиците „Белградска“ и „Партеније Зографски непријатно ги изненади, но и ги загрижи надлежните институции. Погледнете ги сега шокираните претставници на Општина Центар, ЦУК, ДЗС, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, МВР, ИЗИИС, Град Скопје, Градежен факултет и Министерство за транспорт и врски. Центарот за управување со кризи експресно договорил средба со овие институции, соопштувајќи: ...
Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум имал предрасуди, ниту стереотипи кон ниту еден наш комшија. Едноставно ме води познатата: Комшијата е поблизок и од братот роден! Се разбира, секој сака да живее во мир и хармонија со своите комшии. Почитуван Кирил, носите име на словенски просветител, кој на светот му донесе писменос и просветлување на духот и умот. Сте дипломирале во Британска Колумбија во Ванкувер, магистер сте по бизнис администарција ...
Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ Во Стариот Завет за покајание е употребен хебрејскиот збор “шуб“, што значи “свртување назад“ (во спротивен правец). Во Новиот Завет за покајание е употребен старогрчкиот збор “метаное“, што значи “промена на умот“. Во Библијата, умот се однесува на центарот на твоите мисли, емоции, волја – твојата срж, срце, внатрешниот човек. Покајанието не претставува обична интелектуална промена на умот, или пак, обично жалење или ...