Кога се движите од плоштадот Македонија низ ГТЦ, а особено во правец кон Транспортниот центар или популарно наречената „Нова железничка“, вие се движите по нововоспоставената оска исток-запад, замислена и проектирана од Кензо Танге. Доколку дојдете на крајот од ГТЦ, на вториот кат, ќе наидете на конзолни испусти што гледаат кон објектот на Народна банка. Вие се наоѓате на пешачките платформи замислени како дел од новите мегаструктури поставени ...
Дарко Арсовски од „На точак“ и од „Биди зелен“ информира дека минатата година АМСМ направил мапирање на сите 143 километри велосипедска инфраструктура во Скопскиот Плански Регион, во кое сликовито и процентуално се покажани добрите и лошите работи. – Меѓу најчестите пречки се посочени високите рабници. Тоа покажува дека Скопје, иако има велосипедска инфраструктура, има ситни пречки на неа, кои многу им значат на луѓето што сакаат да се ...