Се чини дека тимот на ГРК Охрид доби ривал по мерка. Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп во 3.коло од ова натпреварување ќе ги одмери силите со тимот на Слога Добој од БиХ. Првиот меч се игра во Охрид, а реваншот во Добој. Така сакаше денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена. “Гладијаторите“ можеа да добијат и полесен, но секако и потежок ривал, вака против Слога Добој може да се надеваат на добар настап во двомечот и секако ...

Охрид го продолжи својот пат во Европа со двете победи кои ги оствари над азербејџански Баки, па тоа му овозможи на македонскиот суперлигаш да биде дел од ждрепката за третото коло во ЕХФ Европскиот Куп. „Гладијаторите“ добија репутација на носители и тоа беше поволна околност уште пред да стартување извлекувањето, а мора да се признае дека Охрид доби ривал по мерка во третата рунда. Амбициозниот суперлигаш ќе одигра двомеч против босанскиот ...