Изминативе денови, трагедијата во Кочани е разглобена од сите страни. Се’ живо и диво, што знае да пишува, напиша по нешто. Тие понеписмените кажаа по некој збор, а некои и цели реченици. Ни срам, ни перде! Хипокризија на најголемо! Корупцијата била крива. Институциите не си ја вршеле својата работа. Синки корупцијата ја увезовме од некаде, а институциите некој ни ги блокирал. Трагедијата во Кочани е наше наследство што им го оставаме на младите ...

Балканот минатиот викенд го потресоа два настана во кои главни протагонисти беа младите и студентите, а едниот од нив, за жал, беше трагичен. Во протестите во Белград, студентите беа иницијатори на настанот, а во пожарот во ноќниот клуб во Северна Македонија, во кој загинаа 59 лица, жртви беа млади луѓе. И оние што протестираа и оние што загинаа, беа жртви на корумпирана држава, бидејќи студентите во Србија беа инспирирани на протестни маршеви ...

Не’ скршивте, не’ преполовивте, не’ сотревте, најмилото ни го зедовте, остаревме во надеж дека ќе промениме барем нешто со револуции и пленуми. Од што ли сте направени та 35 години без престан на смена едни те исти да ни ја јадете иднината. Како можеше сите од иста сорта да сте, крвожедни, алчни трговци со човечко месо. Нема повеќе зборови за утеха. Остана само тагата и болката на родителите и блиските на починатите деца, сите заедно да ја ...

Четврт ден од неделата и немилиот настан во Кочани, и јас се уште не знам како се прибрав и ја прифатив поканата на Канал 5 да гостувам во отвореното студио и да изнесам став. Тешко е кога човек си ги контролира емоциите, а му доаѓа наплив и на тага, и на бес, на лутина, на омраза, на депресија. Илјадници чувства ви се менуваат, и за крај чувството на беспомошност. Изминатите неколку години се случија еден куп инциденти, каде голем број невини ...

… И големото брилијантно име на македонската книжевна сцена, писателот Венко Андоновски, го искажа своето мислење за трагедијата во Кочани. Најтешко е кога пишуваш за тага, непребол, болка… Најтешко е кога гледаш дека си собрал лајкови на таа ,,црна хроника” и имаш дури грижа на совест оти тоа си го напишал. А те болело. Душата ти се распрачувала… Најтешко е кога сфаќаш дека имаш најмалку читаност на оние текстови со кои си сакал да го разбудиш ...

Македонската јавност за кусо време беше соочена со уште една мачна лекција како неказнивоста убива. Не познавам човек што не е згрозен од деталите од сведочењето за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска за кое му се суди на Љупчо Палевски-Палчо. Да му покажела државата сила на Палчо уште во 1990-тите години кога ја изгради првата дивоградба во скопско Дебар Маало, сигурно тинејџерката Вања од Скопје и колатералната жртва Панче ...

Премиерот Мицковски на вчерашниот прес искористи несреќен збор кој се разбра погрешно од дел од јавноста. Имено тој рече – ЌЕ ЗАКОПАМЕ СЕКАДЕ! – веројатно мислејќи дека ќе влезат институциите секаде да копаат за неправилности, но дел од јавноста оваа фраза ја искористи како закана дека некој ќе биде погребан што донекаде е разбирливо со оглед што синоќа сите беа потресени од големата трагедија, но сепак треба да бидеме фер кон премиерот и да не ...

Пишува: Сотир Габелоски После Фросина, не очекував дека повторно и толку скоро ќе пишувам за црнила… а, црнила насекаде. Болката немерлива, шокот трае. Како да сме во кошмар и сакаме некој да не’ штипне, па да се разбудиме и да се издишиме од олеснување. Но, не! Оваа не е кошмар, ова е реалност во која ниту сега, ниту било кога ќе можеме да поверуваме, а долго ќе се прашуваме како успеавме да стигнеме дотука. Ама, ќе мораме. Реалноста е таа, ...

Ова не е моето Кочани. Таму сега е многу мачно, напрегнато, како затишје под црни облаци, само што не експлодирал голем кијамет. Мајки во црни шамии редат, мажи плачат. Страшно Ерол Ризаов Секогаш кога одам во мојот роден град нешто ми затреперува во срцето. Ме обзема некоја топлина, некое необјасниво чувство на возбуда, цела галерија на слики од најраното детство. Во Кочани ги паметам сите ридови и долови, камењата и ѓоловите во реката, која ...

Кочани и изгубените животи во шупата ќе бидат долго запаметени во историјата на Македонија. Но, многу е веројатно дека ќе бидат одредница за нејзин нов почеток на државноста. Не ја спомнавме тагата оти за неа е се уште рано. Ние уште не го знаеме вкупниот број и идентитет на сите жртви. Тек ќе го дознаеме и тек долго ќе тагуваме оти ова е голема загуба и повеќеслојна. Затоа не очекувајте тие кои не ја разбрале големината и повеќеслојната загуба ...

Траорниот настан од минатата сабота во Кочани, кога од овој наш земен свет си заминаа многу деца да светат како sвезди на небо, болката е сѐ поголема… Децата, младите луѓе се нашите фиданки, најсветото нешто за една земја, причина за радост, љубов и верба во иднина. Трогнат сум и од хуманитарните пориви, човечката големина на нашите соседи, меѓу кои и држави на ЕU, како и Турција, поради нивната желба и подготвеност да помогнат на тешко ...

1. Причина за нашата сегашна катастрофа е вториот протокол со Бугарија, потпишан од Бујар Осамни во Софија, на 17 јули 2022 година. Тоа се случи на состанок на Заедничката меѓувладините комисија, со што е целосно блокиран патот на Македонија кон Брисел. Протоколот е криминална злоупотреба на договорот за (не)пријателство и претставува тешко предавство на фундаменталните интереси на македонскиот народ. Меѓувладината комисија, формирана според ...

Ова на фотографијата не е шталата на смртта наречена „дискотека“. На фотографијата е Македонија. Точно онака изгледа нашата имитација од држава: полураспадната, пеплосана, уништена, празна и злокобна. Вчеравечер во Кочани оние млади луѓе не загинаа во несреќен случај. Не! Нив ги уби државата! Тие се жртви на корумпираните политичари и ситните души алчни за пари, самонаречени „бизнисмени“. Цели три децении корупцијата систематски го разјадува ...

Најголемата трагедија во поновата македонска историја однесе 59 млади животи, засекогаш променувајќи го животот на стотици нивни роднини, пријатели и познаници. Верувам дека никој во Македонија нема да остане рамнодушен и дека сите ние, во себе, ќе си ги поставуваме многубројните прашања кои нѐ мачат. Препорачано Дали оваа трагедија можеше да се избегне? Кој е виновен и дали виновниците ќе одговараат? Како било можно објект што не исполнувал ...

Денко Малески Станувам порано за да одговорам на поканата и да се вклучам во утринската емисија на „Евроњуз- Бугарија“. Повод: трагедијата во Кочани. Во Бугарија денес е ден на жалост за загинатите во нашата земја. Водителката ми вели дека ова е прв пат државата да прогласи ден на жалост за трагичен настан во друга земја. Знамињата се на половина копје а редици бугарски граѓани чекаат да дадат крв за повредените од дискотека префрлени во ...

Знам дека не е време за било какви писанија, знам дека сите имаме гнев, тага, лутина, очај. Знам дека сите на момент чувствуваме самовина за се ова што се случува изминативе 35 години. Македонија не е млада демократија, Македонија не е нова држава. Мааните и нефункционалноста се таложееа 35 години, без ничија одговорност. Пред да кажам што мислам, сакам да изразам најдлабоко и најискрено сочувство до семејствата и до блиските на сите загинати, ...

Да не прозвучам грубо и бесчувствително (зашто воопшто немам таква намера) поради толку (повеќето) млади залудно загубени животи, но: можеше ли ова да се очекува? А со прашањето не мислам само на онаа кочина во Кочани претворена во „кабаре“ и помпезно викана Pulse, туку и на сѐ ова што потоа се случува. И на двете прашања има само еден одговор, за некого можеби неочекуван или непосакуван, но – да: сето ова можеше да се очекува. Зашто, во ваква ...

Македонија е мала земја, ама со големо срце. Народот во оваа земја е добар, емпатичен, кроток. Има еден збор кој ги опишува овие особини заедно – убав. Да, ние сме убав народ. Сите го велат тоа. Но, кога е потребно – а во овие години на мачна и сè уште незавршена транзиција од претполитичко во демократско општество, навистина тоа често беше потребно – тој ист убав народ знае да го крене гласот, да се бунтува и громко да бара промени. Сведок сум ...

Не можеле ништо да кажат оти експертите работеле на случајот. Не можеле да дадат повеќе информации оти се работело на “тоа”. Ама на што работат и што работат? Како да се покријат легално токму поради тоа што сите не си ја сработиле работата што им е доделена. Неспособноста ни ја јади сегашноста, а иднина одамна нема! Одамна веќе ова не е држава. Нема иднина… Гнили се корените, изгниена е и почвата и воздухот и водите. Сѐ е гнило. Смрди-корни од ...

По добиената документација од страна на група пензионери-оштетени од Здружението на пензионери Ѓорче Петров-Скопје (ЗП-ЃП), а во врска незаконското работење и не’ примена на Статутот на ова Здружение од Претседателот на Извршниот одбор, Митко Стојаноски, каде што оштетените истакнуваат дека „во општината Ѓорче Петров делуваат над 8.400 пензионери, распоредени во седум ограноци“. Зошто оштетените пензионери поднеле Кривичната пријава до ОЈО? ...

Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп најави големи новости и телефонски разговор денес со рускиот претседател Владимир Путин. Веројатно тоа ќе биде нешто како местење на часовниците на исто време. За да започне временското одбројување кон некој конечен резултат, но тоа да биде прецизно и точно, за да нема избрзување или доцнење на ниту една од страните. Настаните од минатата недела во Џеда и во Москва очигледно ...

Денеска бев, една од масата на луѓе кои се собраа на платото пред УКИМ. За жал, настанот успеа да предизвика болка и гнев, кај мене и кај дел од луѓето околу мене. Еве што се случи: за време на говорот на министерката за образование се појавија извикувања и исвиркувања. Од страна на организаторите, претпоставувам студентското собрание на УКИМ, исвиркувачите беа заќутени, демек покажувале непочит, и беше потенцирано дека овој настан не е протест, ...

Имате ли грам совест?! Од вчера до денес гледам лицемерие на ниво на трагикомедија! Градоначалник кој плаче обвинувајќо го системот, а е дел и го унапредува истиот! Директор на средно кој не се удостои да изрази сочувство, ама вечерта реши дека децата треба „организирано“ да тагуваат. Поранешен министер, опкружен со сопствените нерешени афери и изгорени луѓе, ни држи прес и повикува на одговорност. Имавме студентски собир, а на него, наместо ...

Игнорирањето убива! 17.03.2025 • Став Во вакво време на трагедија, кога се соочуваме со целата болка на загубата, со вистината дека се разделуваме од блиските, кога нацијата тагува, навистина е тешко да напишете било што без горчина и гнев. Говориме веќе деценија за метастазите на ова општество и негодуваме на неразбирливата летаргија на професионалците и јавноста за многу прашања. Годините ни минуваат, ентузијазмот ни се намалува, исцрпени од ...

На огромниот број млади собрани пред платото на УКИМ на микрофон им беше кажано - дури прекорно подвикнато - да молчат, бидејќи не дошле тука да протестираат?! Какво срамотно потценување и манипулирање со неподносливата болка што колективно ја чувствуваме! „Студентите“ организирале собир и ја поканиле (или самата си дошла, а овие ѝ дозволиле!?) Министерката за образование неумесно да го цитира Ацо Шопов, а самите едвај зеле збор. Ова е очигледно ...

Деновиве Македонија плаче. Пожарот во дискотеката во Кочани однесе околу 60 млади животи – деца што едвај почнале да го вкусат светот. Нема зборови што можат да ја опишат болката на нивните семејства, ниту празнината што ја оставија зад себе. Како граѓанин, како човек, стојам пред оваа трагедија со тешко срце и со прашања што не ме оставаат на мир. Но, меѓу тагата и гневот, чувствувам и нешто друго – вина. И сакам да зборувам за тоа, не за да се ...

Пожарот во Кочани! Веста која го обиколи целиот свет! Уште една трагична вест која Македонија ја стави на врвот на светските медиуми. Најлошиот можен начин за видливост на државата во поширок контекст. Што може паметно да се каже во вакви моменти? Што може да се каже во моменти на огромна загуба на млади животи, во моменти на болка и тага кај нивните деца, родители и семејства? Веројатно ништо! Ништо кое што ќе им ја ублажи болката или врати ...

Денко Малески Веднаш по вселувањето во 1984 година, некој ги украл цревата од противпожарните метални сандачиња на секој од петте спрата на мојата зграда на „Орце Николов“. Низ годините, еве веќе 40 , сите обиди да се поправи состојбата беа неуспешни – ги бојкотираа самите станари. Тоа се случуваше и кога во минатото беше потребна согласност од сите за се што би се направило во влезот и сега кога е потребна согласност од мнозинството. Пред ...

Упадот во правосудниот систем со јавна демонстрација на неограничена моќ, од законодавниот дом направи партиски преки суд за противуставно инсталирање на правна нееднаквост. Секој ден ги гледаме лошите и трагични последици од лажните ветувања на лажните патриоти. Илузијата на власта од „новото нормално“ стана неподносливо ненормално иако сѐ уште прилично немо и исплашено јавноста молчи за институционалниот хаос во државата. Ветија повисоки ...

Почитувани читатели, гостував на ТВ Канал5 , како гостин на главниот уредник Иван Мирчевски во неговиот сериозно посветен поткаст, насловен „На кавга со Иван”. Дебатата беше динамична и во мене предизвика силни емоции за прашањето поврзано со стечајот на Еуростандард банка. Фактите кои што ги пишувам изминатите пет години, укажуваат на недвосмисленост кога правдата е во прашање. Факт е дека институциите на системот поврзани со Еуростандард ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
41%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
60%
1010
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1008
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.21
47%
1011
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
67%
1010
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
67%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1010
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.34
53%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
61%
1011
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1105

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14900.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.32

Сребро

1227.82

Злато

107715.09

Бакар

11.22

Паладиум

39770.47

Платина

46441.62

Родиум

186474.33

Цинк

2.78