
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Ретки се оние години кога во Македонија не се случуваат некакви избори. Години во кои власта непречено се посветува на спроведување на програмските политики, а опозицијата се фокусира на сопствената консолидација. Години во кои граѓаните ќе имаат доволно време и простор да се посветат на самите себе, но и од соодветна дистанца да ги набљудуваат и учествуваат во општествените и политичките процеси. Веќе влеговме во петтиот месец од 2025-та од ...
Новите геополитички случувања генерално се разгледуват како односи и намери меѓу земјите САД, Кина и Русија. Често се зема во предвид и нивната прокси активност. На пример во актуелниот судир Индија-Пакистан или во конфликтот помеѓу Иран и Израел се разгледува позадина на некој од предложениве политички центри. Нашиот регион има посебна улога која како и во историјата и сега останува во сенката на поголеми чинители во светската политика. ...
Македонија денес има широко развиен индустриски сектор, обновен по економскиот колапс во 1990-ите години, благодарение на отворањето на земјата за странските инвеститори и активното нудење на подготвени локации и даночни олеснувања. Десетици компании, главно од автомобилскиот сектор, вработуваат десетици илјади работници кои или немаше каде да работат или беа повлечени од земјоделството, текстилниот сектор и други пониско платени гранки. Кога ...
На 30 април се навршија стоте дена од инагурацијата на Доналд Трамп, како претседател на САД. Човек кој во историјата ќе биде запаметен како 45 и 47 претседател на најмоќната светска држава. Правејќи споредба помеѓу своите два мандата тој ќе каже: „… Првиот пат се справував со две работи – да ја водам државата и да преживеам… Вториов пат јас ја водам државата и светот… Многу ми е забавно…“. За Трамп може многу работи да се кажат, но една е ...
Две големи „божества“ го спасуваа вчера градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, првото преку локалниот свештеник кој ја повика разјарената толпа која го бараше дома да излезе и да се соочи со нив и второто преку партискиот лидер премиерот Христијан Мицкоски кој од почетокот на трагедијата убедува дека нема вина кај Папазов фокусирајќи ја одговорноста пред се во министерството за економија, заради нелегалната лиценца за работа. Во меѓувреме ...
Ова се најтажните денови во македонската современа историја. Мозокот, рациото, човечката логика едноставно не може да го обработат и да го сфатат сево ова што ни се случува, не може да го прифатат како реалност во која живееме и постоиме. Народот на Република Македонија денес тагува и жали, а институциите, политичките партии, функционерите политиканти и самата држава се на столбот на срамот. Денес, во Република Македонија е скапо живеењето, а ...
Пролетта дојде, времето полека се стоплува и грејната сезона е веќе прикрај. Како последица на тоа, загаденоста на воздухот во градовите се намалува, речиси ја снемува, па јавните медиуми не ја ни споменуваат повеќе. Не се зборува веќе ниту за некои активности во врска со намалувањето на загаденоста на воздухот. Како и во минатите години, темата ќе мирува во летниот период, а кога ќе почне новата грејна сезона, повторно ќе се наметнат дискусиите ...
Кога се зборува за „мултикултуралност“ во Македонија, ретко се споменува ромското прашање. Додека дебатите за националниот идентитет и етничките квоти доминираат во јавниот дискурс, Ромите остануваат невидливи – присутни во статистиките на сиромаштија и криминал, но отсутни во политичките решенија. 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, не е само симболичен датум. Тоа е денот кога државата треба да се соочи со својата недоследност: колку и да се ...
Американецот рече: „Тоа е исто како Бруклин“. Не знаев што сакаше да каже со тоа, затоа што не сум бил во Бруклин и луѓето што живеат овде дефинитивно не се од Њујорк. Да, овде отсекогаш било многу фреквентно – има некоја посебна магија на таа улица што е заштитена со некои од најстарите дрвореди на Американски сикамор на Балканот, богата со историја и уште побогат со живописен уличен живот. Мали продавнички за храна, еднадодруга, – како огромен ...
Стресот сѐ повеќе го разјадува современиот човек предизвикувајќи му анксиозност, психофизичка напнатост, страв и депресија. Стравот се појавува кога чувствуваме лична загрозеност и егзистенцијална несигурност. Сите овие нешта предизвикуваат отуѓеност меѓу луѓето, недоверба во себе, во другите и во државниот апарат. Мнозинството граѓани ја загубија надежта, бидејќи сфатија дека наместо да оди кон прогрес и да создаде предуслови за подобра ...
Вчера ме изненади еден странски амбасадор акредитиран во Скопје кој телефонски ми го честита Денот на македонската дипломатија. Се насмеавме зашто јас и не знаев ништо за таков ден – кога е прогласен, од кого и зошто токму 29 април. Потоа прочитав дека на тој ден, во 1969 година, било формирано Биро за односи со странство во Социјалистичка Република Македонија, дел од СФРЈ. Но, тогаш не постоеше македонска дипломатија туку само југословенска ...
„…Како некој може да го купи или продаде небото, топлината на земјата? Таа идеја нам ни е туѓа. Ние не ја поседуваме чистотата на воздухот ниту отсјајот на водата. Како тоа можете да ја купите од нас? Целата оваа земја е света за народот. Секоја блескава борова игличка, секое зрно песок на брегот на реката, секоја магла во темните шуми, секоја светлост и секоја бубачка, се свети во традицијата и свеста на мојот народ…“ (Од писмото на ...
Јованка КЕПЕСКА Се чини дека во целата историја на нашата самостојност договорите за одделни општествени прашања станаа основа за дејствувањето на политиката, но и на профилот на државата. Одново во политичката реторика се внесува поимот „ќе се договориме“. Нешто што се брани дека притоа станува за почитување на укажаните „аргументи“ во разговорите за да дојде до договор. Станува збор за политичките договори кои, доколку се постигнат, го ...
Неолиберализмот не беше ниту нов, ниту особено либерален кога преовлада пред 50 години. Неговата голема предност беше неговото остро отстапување од класичниот либерализам. Иако им оддаваше почит на либералните мислители, неолиберализмот не го делеше ниту нивниот метод ниту нивниот концепт за пазарот. Денес, ние сме на прагот на уште една, подеднакво длабока, идеолошка иновација. За разлика од Адам Смит или Џон Стјуарт Мил, неолибералите не ...
Чуден сој сме. Како едвај да чекаме некој да не земе и владее. Покажуваме некаква пркос, ама не гордост и знаење. Претпоставувам дека тоа е поради негативната селекција. Се додека за лопов велиме дека се снашол, нема напред. Фарсично е да се зборува за европскиот сон на Македонија. Да, кон таа идеја и мисла бевме 35 години насочени и фокусирани, и се уште како нација сме, ама факт е не оди! Зошто не оди? Затоа што во годините кога бевме насочени ...
Овој настан има за цел да го дозаокружи прегледот на случувањата во „Бучниот алтернативен музички“ бран [„БАМ бран“] (в.постови 16 и 18) укажувајќи и на другите чинители, освен бендовите, кои се составен дел од него. Тука, пред сѐ, се мисли на: музичките радија, фестивалите и промоторите. Една од предностите на Интернетот е можноста за т.н. онлајн радија. Радиото „Канал 103“ иако веќе неколку години нема радио фреквенција, успеа да „преживее“ ...
Кога имам обуки за медиумска писменост на кои ја воведувам помладата публика на оваа тема, честопати ги почнувам со едноставно прашање: „Кога ќе забележите нешто што не е како што треба во вашето непосредно опкружување, што би можеле да направите?“ Препорачано Речиси секогаш прв одговор е: „Организирате јавен протест“. Точно е дека јавните протести се легитимни форми на изразување незадоволство, но јас сепак им поставувам предизвик да ги земат ...
Поминаа месец и пол по средбата на европските лидери во Лондон. Набрзина свиканиот самит беше европски (и НАТО) одговор на драматичната прес конференција во Вашингтон во која Трамп и Џеј Ди Венс му се нафрлија на украинскиот претседател Зеленски за одбивањето да го прифати нивниот предлог за прекин на војната. Лондон требаше да биде инаугурален самит на „коалицијата на волните“ – израз кој првпат го слушнавме во 2003 година кога претседателот ...
Став на Михаил Тодоров член на ЦК, модератор и советник на Левица во Богданци. Според насловот на овој мој текст можете да ја разберете големината на масовното убиство од страна на корупцијата која е создавана изминативе 34 години како во Кочани така и во Македонија. Ние сме мала држава, нам срцата ни се растргнаа овие денови соочувајки се со најголемата колективна болка која сме ја доживеале како народ. Од тука, имајки во предвид дека оваа ...
Седам на сончевата тераса на кафулето Мулири, со нивниот убав топол мафин и одличното еспресо, и гледам една група туристи на малиот плоштад кај Ибни Пајко од левата страна на Вардар. Водичот покажува кон она што треба да биде фонтана, со фигурите на тоа што треба да ја претставува мајка му на детето Александар Македонски во разни пози – го дои, гушка итн. Фонтаната е пресушена, а фигурите се позеленети и изгледаат уште полошо отколку кога беа ...
Во Северна Македонија, еколошката криза не е несреќен сплет на околности, туку предвидлива последица на модел на економски раст кој упорно ги занемарува принципите на одржливост. Индустриски капацитети оперираат надвор од строгите стандарди, додека регулаторните механизми остануваат немоќни пред интересите на големите економски субјекти. Цената за ова системско потфрлање ја плаќаат најранливите: оние кои живеат крај индустриски постројки, во ...
Владата пресече: од конференцијата за печат на македонскиот министер за надворешни работи Муцунски разбираме дека „францускиот предлог“ е мртов. Во отсуство на бараните гаранции од ЕУ, дека запишувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање, министерот ја кажува нашата „јасна позиција“. Со „…јасна позиција треба да ставиме конечно крај на процесот на билатерализација…“, „…крајно е време…да престанеме да преговараме за националните и ...
Почитувани читатели, ја почнувам денешната колумна посветена на Еуростандард банка, со реторското прашање ,,до кога” ,во надеж дека нема да остане само реторика. Мислам дека речиси сите си го поставуваме ова прашање ,,до кога”. Во текстов се осврнувам на нашето системско минирање на правдата и законот со неказнивоста за сторените дела против граѓаните или на нивна штета, коешто станува наше секојдневие. Старата македонска мудрост вели: ...
Ова лето Македонија ќе биде домаќин на најголемиот спортски настан во својата историја – Европскиот младински олимписки фестивал. Во јули, еден од најжешките месеци, се очекува да пристигнат повеќе од 4.000 млади спортисти и нивните тимови од цела Европа, кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. За нашата земја, овој настан претставува не само престиж туку и огромна можност и предизвик од организациски, спортски и општествен ...
Последниот избор на членови на Државната комисија за спречување на корупција, претставуваше театарска претстава на која ние, граѓаните на оваа држава бевме гости. Уште на самиот почеток на устоличување на новите членови повеќе од јасно беше дека се избираат „артисти“ кои ќе не забавуваат бескрајно! Но, бевме свесни дека прескапа ќе биде цената за таа драмолетка во однос на демократијата, борбата со корупцијата и резултати, конкретни и јасни. Да ...
Веќе е потврдено дека истакнат доктор ќе биде новиот амбасадор во Париз. Ова е прв посериозен знак дека и новата власт забегува со злоупотреба на надлежностите, и на сметка на клучните интереси на државата. До сега, власта можеше да се пофали дека, по повеќе години на капитулација и предавства на фундаменталните интереси на македонскиот народ, започна жестоко да се бори за тоа што е клучно за оваа наша држава. Факт е дека се обидуваат да ги ...
Од септември 2025 година, на иницијатива на претседателот Доналд Трамп, САД го прават првиот чекор кон укинување на чекот како инструмент за плаќање. Трезорот на САД ја укинува можноста за плаќање со чекови во полза на државната каса. Според консултантската куќа McKinsey, Американците се глобални лидери во издавање на чекови – 10 пати повеќе од Велика Британија, Австралија, Германија и Франција заедно. Иако од година во година се намалува ...
Ако Европската унија има јасна стратегија за искористување на своите минерални ресурси, зошто ние би останале заробени во лажни еколошки наративи кои ни го кочат развојот? Наместо да ги слушаме активистите со скриени агенди, време е да се водиме од научни факти, економска логика и стратешки интереси на Македонија. Македонија располага со големи природни ресурси, особено минерални суровини како бакар, кои може и треба да ги искористи за доброто ...
Културната војна на Трамп против Харвард не е само судир на моќ помеѓу администрацијата и најстариот универзитет во Америка, туку и обид да се наметне државно знаење, преку бирање на подобни идеи, поставувајќи ограничувања и шини на знаењето и образованието, на тој начин инсталирајќи конформизам кон доминантното мислење преку државни догми и канони кои би требало да произведат една нова културна легитимација. По „најглупавата“ војна на царини, ...
Ангела Петкова „Ало, здраво, служба за студентски прашања на Правен?“ „Здраво, да“. „Кои документи требаат за уверение за завршени испити?“ „Уплатете 6.200 денари на сметката на факултетот, потврда дека не должите книги во библиотека, индексот и ќе ви дадеме тука да потпишете изјава“. Понеделник е, некоја минута по пладне. Ги носам документите накај факултет, свиткани под мантил. Врне – истура. Со секој чекор на булеварот „Гоце Делчев“ влегувам ...