Излегува дека во време кога човек може да се самоидентификува како мачка, куче или бамбус, и прифаќањето на тоа да се третира како демократска вредност, единственото што изгледа спорно, анахроно, и целосно неприфатливо – е кога некој ќе се самоидентификува како Македонец. Политика следам дваесеттина години. И во тие дваесеттина години разни луѓе меѓу кои можеби има искрени, но главно ги гледам како шарлатани и дилетанти, ни повторуваат една иста ...

Македонија и Велика Британија, го потпишаа Договорот за стратегиско партнерство, со кој се овозможува инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и во други области. Покрај тоа Република Македонија се приклучува кон заедничката миграциска работна група, иницијатива што има цел да ја зајакне регионалната соработка во спречување на нерегуларната миграција низ Балканот и да ...

“Скандинавски” политички правила: изневеруваш гласачи, напушташ партија, стануваш директор или амбасадор. Кај нас, тазе директорите, министри и амабасадори, очигледно не ги интересираат ниту ветувањата за ЕУ, ниту реалноста. Реалност – каде резултатите од конкурсите за работа се сведени на бинарен систем: или е 1, или 0. А во меѓувреме, изгледа се чека да се изеде последната папаја, па да се исполнат ветувањата. Најверојатно, според некој ...

Во Прилеп има еден поим “кроткоебец”… Се однесува на личност која никогаш нема цврсто или било какво мислење за било што. Никогаш не изнесува мислење, никогаш со никого не влегува во дискусија за било што. Кога ќе отвори уста, најчесто тоа го прави за да се сложи со вас или со мнозинството. Неговото мислење зависи од мислењето на луѓе кои можат да му помогнат за да оствари некои свои цели, а такви (машала) секогаш ги има. Неговиот мисловен ...

Белград е регионален културен центар. Свесни сме дека и Србија културно е светлосни години пред нас. Континуитетот од Југославија ги одржува врските силни и продолжува да ги дефинира културните кодови во земјата. Од настани, програма, културни центри, имиња кој настапуваат, уметници кој изложуваат, продукција на филмови, издаваштво и книжари, буџети за културата, едуцирана, заинтересирана и културно воздигната публика. Веднаш по вестите од ...

Да немаш е мака, ама да имаш многу – маката е уште поголема. Тоа го знае нашиот човек, научен да биде задоволен со еден скромен живот, иако секој заслужува таков живот, никој, освен некои, не бара преку леб погача, сите би биле задоволни со еден пристоен стан со можеби една мала куќичка во родниот крај, со еден одмор од неколку денови на некое блиско море, да му се здрави и живи децата и внучињата и толку. Препорачано Кога на обичен човек ќе му ...

Од авторите што имаат осет за комуникација на човекот со богатоприсутниот стожерен дел од Универзумот – со дрвјето, е секако, Атанас Бојаровски. Во стихозбирката „Планината моја патува“ (НИК – Наша книга, Скопје, 1971.), со првата глава „Глас од планината“ објавува 10 песни, со кои ја открива својата поврзаност со сеприсутната природа, имајќи предвид дека Атанас растел впивајќи ги родните „Смоларски природни убавини“ за да заклучи во песната ...

Ако во 2023 и 2024 година, отворено говорев и пишувавза слабостите на матурскиот испит и тоа, дека: „Институциите и несоодветниот кадар се виновни за лошо спроведениот матурски испит“. Фактите се следни. Еве зошто! Што констатирам Македонскиот образовен систем се уништува самиот себе си. Кој во последните матурски полагања гледам образовен криминал. За пропустите при спроведувањето на испитите не се виновни учениците, туку институциите кои ...

Со години ја користев секоја можност да ја повикам Европската унија и нејзините земји-членки да инвестираат повеќе во одбраната. Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија на Украина, постојано прашував (како член на Европскиот парламент) каков дополнителен доказ ни е потребен за да ги препознаеме заканите со кои се соочува цела Европа. Што би направиле ние – како Европејци – ако нашата безбедност биде загрозена ...

Молкот со кој кочанчани стоички го искажуваат гневот на маршевите по трагедијата во која загинаа 62 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ е единственото средство кое го одбраа за политички да се дистанцираат. Не прифаќаат да бидат премачкани со политички бои, затоа што пожарот ги снајде сите. Не бираше по никаква основа. Ги сплоти во смртта, ги обедини во маката на пациентите со изгореници или оштетувања од вдишување отровни гасови. Убиство од ...

Кога ќе пуштите онакви – акцентот секако е на онакви! – доктори како Филипче и Таравари на во политичкиот ринг, добивате реална претстава за македонската политиката – поточно политикантство – со што пак, во вистинската светлина, ви се прикажуваат и објективните состојби во македонското здравство. Зашто, да не заборавиме: двајцата беа и министри (или „министри“) во тој ресор, за да после нив здравството уште повеќе се доближува до „височините“ на ...

Во многу земји во светот владите се обидуваат да се преобликуваат според примерот на бизнисот. Во таа смисла, значајна е крстоносната војна што ја започна министерството на Елон Маск (DOGE) во САД, како и моторната пила што ја користеше претседателот на Аргентина, Хавиер Милај. Слична реторика може да се слушне и во Британија, каде што министерот задолжен за работа на Владата, Пет Мекфаден, сака да развие култура на управување заснована на ...

Почитувани читатели, денот кога ја пишувам оваа колумна е многу убав датум, 19.05.2025. Токму на овој ден ракометниот клуб Кометал-Ѓорче Петров пред 23 години ја освои титулата Европски шампион. Ова беше првата титула која емотивно допре до сите, ја разнежи севкупната популација на Република Македонија, бидејќи беше освоена по завршување на војната во 2001 година. Убеден сум дека тогаш не постоеше еден човек кој не го доживеа моментот на ...

Наследството на скромните и трезвените луѓе треба да се одржува не заради минатото, туку заради иднината. „Јас сум сепак земјоделец во душата“; „Му дадов смисла на мојот живот, ќе умрам среќен“; „Авангардноста е мојата судбина“ – Хозе Алберто Мухика Кордано, за повеќето познат како Пепе Мухика, беше филозоф, активист, герилец, левичар и политичар, но пред сѐ скромен човек, кој ни остави томови афоризми, но уште повеќе, една мисла, кохерентност и ...

Ако го земеме примерот на Шведска, нешто повеќе од половина од возачите на автобуси и трамваи во земјата се родени во странство, а и една третина од медицинските сестри се имигранти. Статистиката покажува слична мигрантска „преплавеност“ и во низа други професии. Шведска едноставно не може да функционира без имиграција. Германија, како што во неколку наврати најави канцеларот Мерц, ги заостри граничните контроли за да го намали бројот на ...

Падна митот дека сите албански политичари во Македонија се за ЕУ. Сите албански политичари, како и сите македонски политичари, се за власт. Во телевизиско интервју, еден од водачите на Вреди, Биљал Касами, објаснувајќи ја партиската позиција околу преговорите со ЕУ, ги повтори истите зборови на премиерот Мицковски. Така разбираме дека и Вреди бара гаранции дека внесувањето на Бугарите во уставот е последното барање. Бидејќи такви гаранции нема ...

Нема докази дека Груби е во Албанија и дека албанскиот премиер Еди Рама го крие, иако објавата сака да го прикаже токму тоа, објавувајќи сечена и стара фотографија од нив двајца, нагласувајќи дека е тазе. Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница како осомничен во случајот „Државна лотарија“, нема албанско државјанство, изјави за БИРН, Арта Сакја, советникот за медиуми на албанскиот претседател, пренесе ...

Редовните ЕУ-скептици и новите „ЕУ-моралисти поради ускратени грантови“ побрзаа да нотираат уште една „неправда“ кон нас, по најавата на Калас за план „Б“ доколку ЕУ-пристапувањето на Украина биде запрено со вето на Будимпешта. Она што тие и медуимите на македонски го премолчаа е една паралелна вест: минатата недела за прв пат Безбедносната служба на Украина откри шпионска мрежа на Унгарското воено разузнавање, чии агенти биле насочени кон ...

Но и поддршката на СДСМ како “македонска парламентарна опозиција” за “креативните решенија” на власта, вклучително директни преговори со Софија за кои не е заинтересиран никој. Ниту ни одат во прилог, оти да не заборавиме дека отстапувањето од прашањата утврдени со Преговарачката рамка по барање на Скопје значи можност за нов сет прашања по барање на секоја од европските метрополи, вклучително Софија. Затоа Кошта беше логичен, практичен и ...

Пишува Саше Ивановски Политико Веќе подолго време, речици над една деценија трае црната пропаганда и хајка наречена ПРАТЕНИЧКИ ПАТНИ ТРОШОЦИ, и морам да признаам и јас сум учествувал во оваа хајка. Сега од денешна перспектива сметам дека ова е само една од многуте грешки кои сум ги правел во мојата новинарска и медиска кариера. Зошто мислам така? Сега кога имав семејство па се разведов, ми личи небулозна тезата дека пратениците треба да живеат ...

Пишува: Валентина ВУРМО Судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски се приближува кон крајот. Меѓу останатите докази, од самиот старт, не се наоѓа пиштолот, со калибар од 9 мм, а со кој егзекуторот, како професионален убиец, без да му затрепери раката, ги усмртил двете жртви. Најголема врева за оружјето во судница креваше обвинетиот ликвидатор, Љупчо Палевски-Палчо, обвинувајќи го обвинителството дека не ...

Појавата на ликот на Хитлер во журналот кој преходеше на филмската претстава, секогаш беше проследен со громогласен аплауз на арапската публика во кината на Плас Детоал во центарот на Бејрут, на почетокот од шеесеттите години. Син на амбасадор на Југославија, држава победник во антифашистичката војна токму против Хитлер и неговите сојузници, на некаде единаесетгодишна возраст, немав објаснување за овој феномен. Дури потоа, низ годините, ги ...

Би била голема грешка на премиерот Мицкоски, доколку, толку успешната гувернерка на НБМ, Анита Ангеловска Бежоска, ја замени со Зоран Ставрески, кој е познат како десна рака на Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, потоа негов заменик. Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот “Скопје 2014″ се потрошија една милјарда евра, пари на народот и ” кога немавме леб купувавме чоколади”. Ставрески од Индија во ...

Вчера прочитав дека премиерот Мицкоски изјавил дека „Македонија е земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. Инфлацијата во март – 2,7% на годишно ниво, на месечно ниво 1,3%, значи дефлација. Дури и потрошувачката кошничка којашто ја пресметува синдикатот има намалување на цените во споредба со претходната година. Април 2,6%, а на месечно ниво 0,6%. Препорачано Платите пак растат од 9 до 10% на годишно ниво. За ...

Секоја пролет во Скопје се случува чудо. Смогот се повлекува, воздухот е посвеж, а графиконите за мерење на загадувањето повеќе не светат во црвено. Социјалните мрежи молчат. Проблемот е „решен“, или барем така изгледа. Препорачано Но, оваа илузија на чист воздух не е победа. Тоа е само сезонска пауза, не и системска промена. Штетните честички што ни ги полнат белите дробови во зима не исчезналe, само не ги гледаме. А кога ќе почнат да паѓаат ...

Кога Крис Павловски на Самитот на „Македонија 2025“ кажа дека Македонија може да стане „Швајцарија на Балканот“ и „европска оаза за криптовалути“, тој не само што ја потврди мојата борба од изминатите години, туку ми даде сојузник со глобален глас. Неговиот повик за фокус на енергија, вештачка интелигенција и криптовалути, е план за економски бум што може да ја катапултира Македонија, во 21 век, кон нови успеси. Уште од 2021 година, предвидов ...

Автомобилите не се само превозни средства. Тие се наш идентитет, одраз на нашиот стремеж, симбол на слобода и статус. Изборот на автомобил никогаш не е резултат само на рационални економски одлуки, туку е исто толку поврзан со емоционалните и сетилни реакции на возењето на истиот. Пишува: Д -р Златко Муцунски - МБА дипл. инг., Генерален директор на „Порше Македонија“ Од моментот кога ќе го врземе појасот, за нас автомобилот не е само машина со ...

Во нашето општество, со децении, жените немале ниту пристап ниту право на простор каде што можеле да го искажат својот глас. Ниту да го изразат своето мислење, ниту да го оформат наративот во заедницата каде што живеат. Гласот е моќ, но долго време ние, жените, не сме имале можност да ја користиме таа моќ. Нас нè учеле да го чуваме мислењето за себе – од страв дека ќе бидеме осудени. Нè учеле да молчиме – дома, на работа, на улица. Јавниот ...

Велеа дека 200.000 мигранти чекаат на македонските граници и дека е прашање на моментот кога ќе влезат во државата. Почетокот на изградбата на ИКТ Центарот кај прилепската касарна го претставија како градење камп за мигранти. Со вакви и слични грозоморни лажни вести ги плашеа граѓаните и добиваа избори. И сега кога нивниот лидер ја задолжува државата со нови 6 милијарди евра и кога изградбата на мигрантски кампови станува реалност – неразбирлив ...

Македонија храбро зачекори во новиот свет на глобалната правда, станувајќи дел од иницијативата за формирање суд за воени злосторства за Украина. Со голема помпа најавениот нов меѓународен суд за одговорноста за воените злосторства во Украина набрзо ќе се судри со сериозни проблеми во реализацијата на оваа идеја, што се поголеми од оние што државите на европскиот континент може да ги замислат во моментов на еуфорија. „Се надевав дека фрламе дива ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
38%
1013
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
53%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.67
48%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
79%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.24
71%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
44%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
48%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
79%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
64%
1011
Currency

61.56

Currency

53.137

Currency

71.1977

Currency

34.4638

Currency

38.6394

Currency

66.0487

Currency

7.39493

Currency

0.6806

Currency

0.35748

Currency

0.52596

Currency

1.32003

Currency

0.61738

Алуминиум

2.58

Иридиум

145833.18

Кобалт

42.99

Никел

14782.50

Рутениум

25656.30

Калај

32.88

Сребро

1226.22

Злато

107303.29

Бакар

11.06

Паладиум

41699.52

Платина

47300.54

Родиум

185670.56

Цинк

2.73