
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Како гром од ведро небо, во фокусот на македонската политичка сцена повторно се појавија разговори околу уставните измени, овој пат со комично-драматичен ултиматум од страна на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Неговата изјава дека е подготвен да ја заврши својата политичка кариера доколку тоа е цената за промена на Уставот, во време во кое СДСМ нема ни моќ ни политички рејтинг за таква дискусија, отвора низа прашања за мотивите, стратегијата и ...
Секој автор внесува нов терк во своето дело, а Филип Георгиевски по издадените шест поетски стихозбирки, се јавува со нов роман, со мошне интересен приод и претставување на личностите. Авторот приоѓа директно, без обиколки, за да го прикаже животот на тројца фамилијарни членови. Семејството е тричлено: мајката Вера, таткото Љубен и синот Атанас. Сите тројца се несреќни и потоа се прикажани Вера како Невера, Љубен како Нељубен, а младиот Атанас е ...
Во маркетингот, најгласно се слават успесите – кампањите што добиле награди, производите што рушат рекорди, акциите што го надминале планираниот ROI. Но ако сум искрена, токму проектите што не донесоа очекувани резултати ме научија најмногу. Пишува: Полексена Јанкуловска, регионална маркетинг-менаџерка во „Бимилк“ Во текот на годините, зад себе имам многу идеи кои звучеа одлично на хартија, но не се реализираа според планот – било да се работи ...
Долго време, македонскиот образовен систем и бизнис-секторот функционираа како два паралелни света. Едниот произведуваше кадри, другиот бараше кадри – но ретко кога овие две потреби се среќаваа. Резултатот? Млади кои дипломираат без практични вештини. Компании кои тешко наоѓаат квалификувана работна сила. И економија која тапка во место. Комората во 2017 година ја презеде иницијативата за воведување на дуално образование. Започнавме како ...
Потрошувачката кошница ќе ја пресметувале не врз основа на трошоците на четиричлено семејство, ами на тричлено. Многу ум покажаа како за IQ<82? А бе лажни патриотчиња и среброљупци… Вие кои 10 месеци ни го мрачите денот, црното ни го правите бело. Вие на кои 78-те проценти додаток на плата не ви значи многу, оти не живеете од плата. Вие кои секое утро на „бацирака“ пречекувате газди и бизнисмени кои вашите економските политики ги кројат по ...
Добивај вести на Viber Вчера се навршија 11 години од почетокот на воените дејства во Украина. На 13 април 2014 година украинските сили официјално ги започнаа борбите на Донбас, против проруските сили. Неколку месеци претходно „зелените човечиња“ помогнаа да се присоедини Крим кон Русија. Осум години подоцна со руската инвазија почна сегашната војна. Во меѓувреме беа пропуштени шансите за мирно решевање на кризата во Украина. Минските договори, ...
Во последниот период се случуваат повеќе промени во регулативата и поставеноста на медиумскиот систем, кои можеби поминуваат под радарот на поголемите случувања во Македонија, во регионот, но и пошироко. Сепак, овие промени ќе влијаат врз медиумската сцена и на околните, би рекол придружни, дејности, на начини што допрва целосно ќе ги осознаваме, иако уште сега се појавуваат некои контури на тоа како би изгледала медиумската сцена по овие ...
Ниту еден голем говор или документ за надворешна политика никогаш не занемарил да ја спомене егзистенцијалната важност на мултилатерализмот и поредокот заснован на правила. Но, во пракса, светот прави малку за да го спречи тивкото умирање на глобалното владеење. Мултилатерализмот ретко изгледаше вака мизерно и дисфункционално како денеска, и никогаш во повоената историја немало толку мал интерес за лошата состојба на меѓународната соработка. ...
Од денот на трагедијата во Кочани власта на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го води јавниот дискурс околу прашањето „Кој ја издал лиценцата на дискотеката“ – за да го одвлече вниманието од централното прашање: „Кој и за чиј интерес во МВР го толерира ’Пулс’ 13 години“. Затоа, да се потсетиме на прашањата што веќе трета недела во (медиумското) следење на истрагата се запоставуваат. На пример, за улогата на Агенцијата за обезбедување која го контролира бројот ...
По изборот на претседателот Доналд Трамп, се оформи сеизмичка промена во американската надворешна политика – од нејзиниот став за војната во Украина, односите со Русија и пристапот кон Европа и Европската унија. Резултатот е драматично забрзување на глобалните геополитички промени, кои се одвиваат со експресно темпо. Во вакви времиња, не може, а да не се потсетиме на добро познат цитат на Ленин: „Има децении кога ништо не се случува, а има и ...
Мерсел Биљали Султанот Сулејман му напишал писмо на својот полубрат, шејх Јахја, во кое го прашал: “Брате мој, си стекнал многу знаење и открил многу тајни, па сакам да ми кажеш – зошто пропаѓаат државите?! И што ќе биде со државата на синовите на Осман? Дали и таа ќе пропадне еден ден?” Шејхот Јахја кратко одговорил: „Султане мој, тоа не ме интересира“! Султанот, зачуден од одговорот на својот полубрат, станал со својата придружба и се упатил ...
Тој трепна. Но, навистина не знаеме зошто. Без разлика дали се работи за берзата што паѓа надолу, инвеститорите кои бегаат од државните обврзници на САД, републиканските донатори кои ги прегреваат телефоните во Белата куќа, па дури и стравовите за сопственото портфолио, претседателот Доналд Трамп одлучи да ги укине, привремено, поголемиот дел од неговите произволни царини. Ова беше негова лична одлука. Неговиот „инстинкт“, како што рече. ...
Се разбира дека има причина за овој и ваков наслов, како и за овој текст. Зашто ние, едноставно, не умееме да се откачиме од минатото. И тоа она лошото, непријатното, некогаш и криминалното, додека она доброто, успешното, хуманото, веднаш го забораваме. Не знам каква е таа навика, или можеби болест, никој не се ни обидува да ја проучи. Уште помалку да ја лечи. Иако не е само наша. Балканска е. Директна причина може да биде едно возило силеџиски ...
Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%! Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот портал „Вино и Фино“ дали воопшто постои тој Ѓоко од Мрзенци, за да го искараат зошто ...
Кога премиерот Христијан Мицкоски јавно изјави дека „ќе ги влече за уши“ сите што треба да одговараат пред правдата, многумина тоа го примија како уште една политичка флоскула. Но, деновиве видовме дека овие зборови имаат тежина. Телохранителот на премиерот – човек од неговата најтесна безбедносна структура – заврши зад решетки, под сериозно обвинение за давање државни тајни. Препорачано Ова не е мал настан. Ова е доказ дека линијата на ...
Денко Малески Позната е антипатијата на Трамп кон ЕУ и неговиот став дека Унијата е создадена „да ги зафркне Соединетите држави“. Зошто тогаш не би ја зафркал тој Унијата пред таа да го зафркне него? Всушност, тоа и го прави. На политички план неговиот пратеник,потпретседателот Венс, неодамна, на Минхенската конференција, им даде поддршка на десните партии во Европа кои се за олабавување на европскиот сојуз ако не и за негово напуштање. ...
Три-четири, понекогаш и пет пати месечно, денот го поминувам во кревет, со мигрена, несвесна за светот околу себе. Речиси секој ден од секој месец, помеѓу овие напади, чувствувам ненадејна иритација и наплив на крв во мозочните артерии, што ми кажува дека мигрената доаѓа, а потоа земам некој лек за да ја забавам нејзината појава. Да не земав лекови, ќе можев да функционирам нормално можеби секој четврти ден. Физиолошката грешка наречена мигрена ...
Последниов месец најгласно се зборува како системот не чини. Се потенцира тезата дека системот не чини точно 35 години. Системот се едначи со неговата корумпираност. За жал, сето она што го живееме овие децении и горчината на нашата неодамнешна трагедија се појавија како мотив Македонија да биде потенцијален дел од т.н. Балканска пролет. Раздвижувања и протести во сите поважни центри на Балканот. Кога се трага по корените на проблемот правилно е ...
Вандализирана новоизградена детска градинка во Бутел. Во септември требало да ги прими првите дечиња. Каков одговор треба да очекуваме од надлежните? Под итно, откривање на сторителите. Во изминатите неколку месеци во САД, заради нивни домашни причини, се рашири појава на вандализирање автомобили „Тесла“ од производителот чиј сопственик е Илон Маск. На седницата на Кабинетот на претседателот Трамп што се одржа вчера, 10 април, ваквата појава ...
Параг Кxана, врвен експерт по светска економија и геополитика, автор на многубројни бестселери меѓу кои и книгата „The Future is Asia” (Иднината е aзиска), вели дека сме сведоци на многу големи тектонски промени на светско глобално ниво. Првин, светот го погодија две нови „светски војни“ – Ковид и Украина. А потоа и Блискиот Исток. Препорачано Интересно што по секоја голема пандемија во светот се имаат случено големи катастрофи. Познато е дека ...
Убива таа рамнодушност! / Реакција на Павловска- Циги за вандалскиот чин над споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија 11.04.2025 • Став Спомен – белег на егзодус Во рамките на Првата светска средба на децата бегалци што се одржа од 30 јуни до 3 јули 1988 година, во центарот на Скопје, во паркот “Жена борец”, беше откриен спомен-белегот според архитектонско решение на архитектот Даница Павловска – Циги. Спомен-белегот е композиција на ...
СОВРЕМЕНО АРХИТЕКТОНСКО НАСЛЕДСТВО (ВО ОПАСНОСТ) / Став на Охрид SOS 10.04.2025 • Став Соопштението го пренесуваме верно и во целост: “Иако се наоѓа во центарот на градот, во непосредна близина на објектот на Општина Охрид, малкумина во Охрид (а и пошироко) знаат кои се авторите на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Изградена во 1971 година, градинката е доказ за одмерен, внимателен архитектонски дизајн, прилагоден кон ...
Добивај вести на Viber Во ера на строги санкции насочени кон изолирање на рускиот капитал во Европа, се чини невозможно е олигарх близок до Кремљ да ја врати контролата врз стратешкото претпријатие во земја-членка на НАТО и ЕУ. Но, токму ова е сценариото што се одвива денес околу полската хемиска компанија Grupa Azoti, клучен играч во земјоделската безбедност на Европската унија. И во центарот на ова сценарио е унгарскиот премиер Виктор Орбан, ...
Американската класа која го креира јавното мислење со ужас еден месец гледа како Илон Маск и неговите потчинети упаѓаат во машината на федералната администрација. Младите мажи со исмејувачки насмевки на нивните профилни фотографии и скандалозно слаби биографии дејствуваат како јуришни единици на таканареченото Министерство за ефикасност на државната администрација (ДОГЕ). Шетаат по ходниците на владата, испраќаат кружни пораки до вработените во ...
Пред точно дваесет години, во 2005 година, Горан Бреговиќ ги собра преживеаните членови на „Бијело дугме“ и ги однесе на повратничка постјугословенска турнеја од Сараево преку Загреб до Белград. Последниот концерт, оној на белградско Ушќе, искуснаиот велетрговец лукаво го закажа на 28 јуни, на Видовден, што беше црвен датум во календарот и во поранешна Југославија и во сегашна Србија, како ден на кој започна митската Косовска битка во 1389 ...
Додека убиство казна 2 години, Куче краде саати низ затвор, 1000 кила канабис исчезнува 62 жртви у нелегален клуб… Фино е да се види шо понуди попусти има за Велигден и за мај продолжен викенд? Значи апла на никој ништо не му смета… Твит на „Љубинка Сине“ Додека убиство казна 2 години, Куче краде саати низ затвор, 1000 кила канабис исчезнува 62 жртви у нелегален клуб… Фино е да се види шо понуди попусти има за Велигден и за мај продолжен викенд? ...
Став на Игор Ѓуровски, заменик координатор на ПС Политичка економија на Левица. Кога капитализмот ќе се соочи со крајот на својата последна фаза – империјализмот, состојба во која не постојат повеќе пазари, потрошувачи и ресурси што можат да се освојат и експлоатираат, тој ќе се сврти и ќе почне да ги глода институциите кои се основа на она што тој го слави како негови темелни вредности. Одненадеж сите замислени слободи: слободниот пазар, ...
А бе, вампиришта едни, пу…пу…пу… НАТЕ МА ВЕ, уште ли не се наситивте цицајќи ја крвта на својот народ. Кој е тој порив што ве прави толку агресивни, та своите зли очници по темни ноќи да ги забивате во вратовите и се насладувате со животворната течност на своите комшии, другари, пријатели, познати, непознати, млади, стари, учени, важни, помалку важни… сите со заеднички именител од вас само прогласени непријатели само затоа што не се со вас, ...
Крајот на кусиот 20 век, кој траеше од 1914 до 1991 година, беше проследен со незамислива експлозија на културно-историската супернова, што најдрастично експлодираше во главите на жителите на постсоцијалистичките земји, но направи вистински русвај и во мозоците на луѓето од целиот „развиен“ свет и пошироко. Препорачано Оваа когнитивна експлозија ослободи невидени пропагандни и дезинформациски енергии што ги кренаа високо во стратосфера буквално ...
1 Една банална видеоснимка за погрешно паркирано „порше“ во срцето на Дебар Маало во Скопје, ми дава надеж дека граѓаните, особено младите, се будат од летаргијата. Секојдневно сме сведоци на такви ситуации, не само во центарот на Скопје. И не само во одреден период на денот. Само што, овојпат некој се одважил и во немоќта пред државата што ги штити насилниците, решил да го искористи единственото оружје што го има – да го објави видеото на ...