
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Професор Томшиќ, Вие сте професор и поранешен декан на Факултетот за медиуми во Љубљана. Што добива студентот како иден новинар од Вашиот факултет? Клучните предности на Факултетот за медиуми се неговата интердисциплинарна ориентација и изразената практична ориентација на студиите. Факултетот обучува креатори на медиуми кои се стекнуваат со знаења и компетенции поврзани со целиот процес на производство на и во медиумите. Во пракса, ова значи ...
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски го помина периодот на домашна изолација која дојде како последица на потенцијална опасност заради контактите со лица кај кои е констатирана инфекција со корона вирус но, и во изолација животот тече а со него и проблемите кои во политиката, во ова кризно време, се поизразени отколку било кога порано: здравствениот систем покажува мала ефикасност, се закануваат масовни губења на работни места а ...
Маја и Душица се она што се, подеднакво едноставни и забавни – дома, во кујна, на планина, во бавча, со луѓе, со самите себе. Летни деца, и двете родени во месец јули. Образовани во областа на туризмот и економија, љубители на природа, планина, животни, капење во Охридско Езеро во март и октомври… До пред половина година биле активни пешаци на планина, скоро секој втор ден биле во селото Горно Коњско кое буквално им „влегло под кожа“ после ...
„По посетата на Светорача се вратив дома обновена, нахранета со селски воздух, исполнета со енергијата на моите предци и секако со гајба највкусни домашни домати, вреќи компири, тегли планински мед, диви капини кои си ги беревме во планината“, раскажува 27-годишната Викторија. Викторија Кочишка Димитријева, 27 години, мајка и сопруга, по професија е инженер по индустриски дизајн, вљубеник во готвењето, но и патувањата. Таа со нас ги сподели ...
Поднесовме три барања за вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски но бевме одбиени со образложение дека тие го извештачиле за потребите на обвинителниот акт и дека во тоа сме имале увид. Вистината е дека тој фамозен телефон никогаш не е вештачен, а особено не о вешто лице, вели во интервју за „Република“ , адвокатот Сашо Дукоски. Тој објаснува дека и истражителот кој се самонарекува форензичар признал дека е без лиценца и оти не извршил ...
На овие избори се случи масовен поткуп на ромските гласачи од страна на власта. Се нудеше пари но и храна со изминат рок. Со доаѓањето на оваа власт Ромите се ставени на маргините на општество вели во интервју за „Република“ Шабан Салиу, претседател на Демократските сили на Ромите. Тој вели дека Ромите се случуваат со многу проблеми а најголем е невработеноста.Голем број фамилии немаат ниту еден вработен.Салуи смета дека многу повеќе се ...
Граѓаните чувствуваат бројни неправди на своја кожа и затоа протестите стануваат се помасовни. Оваа влада работи единствено за интересите на семејството Заеви и затоа народот се крена, вели во интервју за „Република“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пред денешниот голем протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Протестите ќе продолжат и во следниот период. Заев може да очекува жешка есен.Народот се мобилизира. Не може веќе да ги трпи ...
За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Господине Мицкоски, каков е вашиот став за бугарскиот Меморандум? Каков е вашиот став ако дојде до тоа, тоа да е услов за напредокот на Македонија кон ЕУ? ...
На насловната страница на неделникот „Република“ беше објавена фотографијата на која сте и вие, со весникот в џеб. Наумов: На тогашниот плоштад, кој се викаше „Маршал Тито“, денес „Македонија“, ја прогласивме Македонија за самостојна, суверена и независна држава. Во историјата засекогаш ќе остане запаметено дека на прогласувањето на овој значаен датум од државотворната историја на македонскиот народ на сцената немаше ниту еден претставник (нели ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека телевизијата Телма го откажала веќе договореното интервју со него што требаше да се одржи утре. Како што објави Мицкоски, добил известување дека редништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими. Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на ...
Кавадарчанецот Борче Стаменов е најхуманиот човек за 2020-та година. Имено, тој досега донираше речиси 500 половни комјутери на социјално загрозени лица, и не планира да запре тука. „Донирај компјутер“ е најпопуларната иницијатива во моментов, за која треба да слушне цела Македонија. Прочитајте го целото интервју со Борче, човекот со огромно срце и прекрасна мисија. Идејата дојде како одговор на самата социјална состојба на поголем број на наши ...
Дина Јашари е млада, амбициозна пејачка, која храбро чекори по музичката патека. Јашари со себе носи тешка животна приказна, која ја преточува во ноти на кои никој не може да остане рамнодушен. Таа нуди поинаков звук, музика која отвора нови хоризонти во музичкиот свет на нашата скромна сцена. Уживајте во искрениот разговор со Дина - пејачка за која допрва ќе слушаме. Отсекогаш сум сакала да слушам музика, во основно сфатив дека ми е интересно и ...
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, неодамна со граѓаните ја сподели веста дека официјално се повлекува од функцијата министер, а воедно и од политичката сцена. Манчевски во искрениот разговор нѝ ги откри причините за оваа радикална промена, како семејството го прифатило тоа, колку политиката влијае на неговата понатамошна кариера... Целото интервју протичитајте го во продолжение. Одлуката воопшто ...
Антониа Гиговска веќе долго време е во врска со 10-години постариот Иван Јованов, пејачот на групата „Либеро бенд“. Гиговска за Точка раскажа колку турбулентен бил почетокот на нивната љубовна романса, колку е позитивно тоа што се занимаваат со иста професија, за изненадувањето на скопскиот аеродром... Во продолжение прочитајте го целото интервју. Ние се знаеме одамна, само по колегијална линија. Тој знаел која е Антониа, јас сум знаела кој е ...
Во изминатиот период забележавме големи промени во начинот на работа кај многу од локалните бизниси. Како едни од најпогодените од пандемијата, бизнисите од модната индустрија исто така мораа брзо да се адаптираат на новите услови. Тешките одлуки беа неизбежни, и дигиталната трансформација задолжителен чекор кон опстанокот. Денес ќе разговараме со Драгана Нешовска, маркетинг менаџер на македонската модна групација Магнетик, за тоа како тие се ...
Во духот на празнувањето на музичкото наследство на музичкиот гениј Лудвиг Ван Бетовен а по повод 250 години од неговото раѓање, руската пијанистка Наталија Трул посвети дел од својот концерт на музиката на Бетовен. Концертот, во склоп на Охридско лето се одржа во црквата Св. Софија на 8 август. Виртуозната изведба на Трул на Л. В. Бетовен: Соната оп. 31 бр. 2 d-moll „Бура“ нè потсети дека музиката е универзален јазик кој ги поврзува луѓето. ...
Стефан Николиќ е Извршен Директор на Cammeo Група Македонија, кој доаѓа на оваа позиција од висока менаџерска функција од Банкарскиот Сектор, при што, со амбициозен план и дефинирана стратегија, како и know how и поддршка од Cammeo Групацијата која работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, верува во целосен успех на Cammeo на Македонскиот пазар. Имајќи ја предвид неговата посветеност за остварување на поставените цели, како и неговите ...
Минатата година, на Макфест 2019, имавме чест да ја запознаеме тогаш 15-годишната Лара Иванова, која освен што нѝ го привлече вниманието поради тоа што беше најмала учесничка, таа целосно нè освои после својот неверојатен настап. Лара има 16 години и од неодамна е дел од семејството на „Промостејџ“. Оваа талентирана тинејџерка има премногу квалитети во себе и постојано ги изненадува почитувачите на нејзиниот животен правец. Инаку, Иванова ...
Светлана Јовановска - Светле е една од најквалитетните вокали на домашната сцена. После цели 16 години опстојување на нашата естрада, Светле ќе биде дебитант на овогодишниот Макфест, кој ќе се одржи на 19-ти, месецов. Пејачката ќе се претстави со песна од Ристо Самарџиев, кој инаку е познат по тоа што многу години наназад ги компонира токму победничките песни. Во продолжение ви носиме кратко 'увертира' интервју со Јовановска, два дена пред да се ...
Во саботата, на 19-ти септември се одржа 35-то издание на „Макфест“, а ние и оваа година бевме дел од него. Веројатно овој Макфест долго ќе се памети, со оглед дека беше по малку необичен поради здравствените протоколи кои навистина максимално се испочитуваа. Откако водителка Марјана Станојковска ги прогласи Нокаут за победници, направивме кратко интервју со Пере, кој, пак, едвај успеа некако да си ги сумира впечатоците пред било што да каже ...
За љубовта кон правото разговараме со д-р Александра Груевска-Дракулевски, редовен професор и продекан за настава на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како се јави кај вас љубовта кон правото? Далечната 1996 година се запишав на Правниот факултет во Скопје. Оттогаш, со секоја прочитана книга, со секој положен испит бев сѐ посигурна дека сум го направила вистинскиот избор. Знаете зошто? Затоа ...
За љубовта кон правото разговараме со адвокатот Кристијан Поленак. Како се јави кај вас љубовта кон правото? Веројатно секој од нас носи во себе дел од семејните вредности, кои свесно или несвесно го определуваат патот на секоја индивидуа. Растејќи во семејство во кое правната професија е повеќегенерациска определба, за мене правото беше „природна средина“ во која растев и се развивав. Особено влијание на мене имаше непосредното посведочување ...
За љубовта кон правото разговараме со Иван Дургутов, магистер по право, вработен во Народната банка на РСМ. Зошто го сакате правото? Правото го сакам затоа што е алатка која ми понуди да работам на тоа да бидам промената која сакам да ја видам во светот. Вљубеник сум во животниот стил што го нуди професијата правник затоа што сметам дека за мене лично не постои подобра и посоодветна професија, односно кога би се вратил повторно во деновите кога ...
За љубовта кон правото разговараме со Маја Ристова, адвокат. Како се јави кај вас љубовта кон правото? Уште од најрана возраст реагирав на неправда, се бунтував за правда. Никако не можев да прифатам неправедни состојби, па сакав да ги променам. Некогаш тоа го правев за себе, а некогаш за друг/и. И низ детска игра, кога ќе настанеше кавга помеѓу некои деца, си дозволував да се вмешам и да кажам како сметам дека е праведно и кој е во право, а ...
Како што објави вчера Академик, Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на граѓаните на кои им беше наметнато да плаќаат за парно греење, иако не го користат. Граѓаните како сопственици на станови се жалеа дека противправно им е наметната обврската да плаќаат за парното греење во колективните објекти за домување, односно во зградите во кои живеат, со што им се нарушиле загарантираните права за мирно уживање на сопственоста, на ...
Што прават правниците во време на полициски час воведен заради превенција од коронавирусот Карантинот, со ограничување на слободата на движење и неработењето на судовите, како човек и како адвокат, исклучително тешко го преживувам. Пред се јас сум екстовертна личност со огромен број социјални интеракции и живеам со и заради луѓе. Тоа е нештото што ме дефинира како човек бидејќи ќе го парафразирам Хемингвеј никој од нас не е остров сам за себе. ...
Повод за разговорот со универзитетските професори Дејан Мицковиќ и Милица Шутова е нивната нова книга „Разводот на брак во европските земји“. Големиот пораст на бројот на разведените бракови, како и сериозните економски, правни и психолошки последици кои разводот на брак ги предизвикува за децата, семејствата и современите општества се основниот мотив за оваа книга, нагласуваат авторите Мицковиќ и Шутова. Во таа насока, авторите сметаат дека е ...
Доверителите правни лица кои имаат побарување по основ на депозит немаат обврска да го пријават во стечајната постапка кај стечајниот управник. Овие побарувања стечајниот управник е должен самиот да ги внесе во шемата за утврдени и оспорени побарувања, врз основа на преземената документација од банката. Останатите побарувањата правните лица ги пријавуваат кај стечајниот управник, вели во интервјуто за Академик, Дејан Костовски, експерт за ...
Надица Ѓеоргиева е вработена како ветеринар во Ветеринарна Клиника „Здравје“ во село Облешево, Кочани и истовреме е студент на Long Distance Learning програма (PG Cert) при Универзитетот Единбург, Шкотска, во областа на Анестезија и Аналгезија. Со неа разговаравме за работата и предизвикот кој го има секојдневно да патува надвор од градот и дека работно време во нејзината област не постои, како и љубовта кон животните која ја натерало да ...
Во Македонија неодамна успешно беше изведена првата трансплантација на срце, а дел од клучниот тим што ја изведе операцијата беше и кардиохирургот д-р Жан Митрев. Во интервјуто, тој меѓу другото раскажува како во 1988 година случајно бил во Загреб кога била изведена првата трансплантација на срце, што му било поттик за усовршување во кардиохирургијата. Д-р Митрев неколку години подоцна во 1997 година и самиот ја изведува неговата прва ...