
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Атина, 11 април 2025 (МИА) – Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и можеби ќе успееме и подобро да се позиционираме, зошто да не, доколку имаме услови да направиме договор за слободна трговија, да успееме повеќе да извезуваме во САД, понекогаш и во криза може да се искористат одредени ситуации, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина министерката ...
Брисел, 16 април 2025 (МИА) - Србија треба да се врати на европскиот колосек и ние како Европската комисија сме подготвени да направиме се што е потребно за да се случи тоа, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА. - Очекувам од новата влада на Србија да биде проевропска и прореформска, истакна Кос, најавувајќи дека кон крајот на месецов ќе го посети Белград. Таа ...
Брисел, 16 април 2025 (МИА) - Само Европската Унија е таа што може да решава за прием во членство на земјите кандидати и никој друг, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА. - Тоа е огромна одговорност, а се работи и за нашиот кредибилитет. Навистина, мораме да испорачаме и затоа не можеме да загубиме ниту една од земјите кандидати, рече Кос во одговор на прашање ...
Битола, 25 април 2025 (МИА) - Во минатото главни теми меѓу академскиот кадар беа егзистенцијалните проблеми. Сега тоа повеќе не е случај, а акцентот се става на тоа како академскиот кадар да и се оддолжи на државата која создаде поволни услови барем од аспект на примањата на вработените во високото образование. Горлив проблем на државата е да ја реши одржливоста на универзитетите преку системско обезбедување на научен подмладок, вели во интервју ...
Скопје, 28 април 2025 (МИА) – Инсталираниот капацитет од обновливи извори на енергија (ОИЕ) лани првпат е над 50 проценти, вклучувајќи ги и големите хидроелектрани. Од инсталираниот капацитет 55,72 процента отпаѓа на ОИЕ, термоелектраните учествуваат со 34,65 проценти, а когенеративните електрани со 9,63 проценти, истакнува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во интервју за МИА. Нагласува дека со новиот закон за енергетика уште повеќе се ...
Брисел, 30 април 2025 (МИА) - Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ) започна иницијатива насловена „Граѓаните можат да ги победат дезинформациите“, во чии рамки заедно со граѓанските организации, социјалните партнери и новинарите работи на зајакнување на општествата во земјите членки и во државите кандидатки за членство во ЕУ, кои се силно погодени од дезинформации, најави претседателот на ЕЕСЦ, Оливер Ропке во интервју за Европската ...
Македонскиот уролог д-р Виктор Станков на усовршување во Кина ја изучува роботската хирургија ХИРУРГОТ Е ДИРИГЕНТ НА ОПЕРАЦИЈАТА СО ПОМОШ НА ПРЕЦИЗНОСТА НА РОБОТОТ „ДА ВИНЧИ“ Д-р Виктор Станков е специјалист по урологија при Универзитетската клиника за урологија во Скопје и доктор на науки и научен соработник на хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје. Моментално е на тренинг за роботска хирургија во Гуанџоу - Кина, на едногодишна ...
Со речиси три децении искуство во системот на УЈП, Елена Петрова го презеде челното место во институцијата во момент кога дигитализацијата и транспарентноста се императив, а довербата на граѓаните во јавните институции – предизвик. Во првото ексклузивно интервју за Банкарство.мк, Петрова зборува за визијата за „нов лик” на УЈП, промените кои ќе следат и нејзиниот пристап во водењето на еден од најкритичните финансиски системи во земјата. ...
Искра Трпева: „Ќерката ми ја фаќаше устата на 2 години за да не пеам, а сега ме ‘притиска’ да се вратам на естрадата“ „Татко ми беше човек со многу големо срце и иако спортист, беше голем љубител на класичната музика. Него го знаеше цела Југославија, да не зборувам за Македонија. Па кога првпат му се обратив да ми помогне преку пријатели за спонзорство за спот или за нешто, ми рече не“, се сеќава Искра Трпева за CRNOBELO.com. Кога кон крајот ...
Таа е ликот со кој денот почнува ведро. Препознатлива по широката насмевка, Соња Рилковска веќе две децении е во новинарството и е дел од нашето секојдневие преку јавниот сервис – МРТ. Секоја вест од Охрид, раскажана низ нејзиниот објектив и глас, го носи пулсот на градот, а зад кадарот стои жена со длабока љубов кон новинарството, но и кон природата. Хуманитарка во душа. Иако родена во Битола, својот вистински дом го наоѓа на брегот на ...
Стефани Стерјоска е девојка со впечатлив моден стил - купува чанти од земјите кои ги посетува, обожава одела „Мојот стил би го опишала како елегантно дамски. Преферирам светли, нежни тонови - бела, беж, крем, кои внесуваат свежина и префинетост во секоја комбинација, но и црвено и црно“, вели Стефани Стерјоска (24) од Скопје за CRNOBELO.com. Стефани Стерјоска (24) од Скопје e магистер по мода и луксузни брендови, а работи како маркетинг ...
Стамена, тивка и одмерена. Некои би рекле судија од „стар ков.“ Речиси и да нема човек во правосудството што не би ја опишал како редок и угледен правен авторитет. Мирјана Лазарова-Трајковска е судијка со впечатлива биографија. Првата директна асоцијација за неа е тоа што беше судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Таа претходно беше уставна судијка, како и претседателка на Државната изборна комисија, помошник-министерка за ...
Нашиот фотограф BadStef се врати од Кан: „На забава на Roberto Cavalli jа сретнав Ева Лонгорија, фотографирав светски модели“ „Во престижниот хотел Eden Cap du Roc ja фотографирав Викторија Силвстед, најдобра пријателка и цимерка на Меланија Трамп од студентски денови. Таа е позната во високите општествени кругови како Lady of Monaco и е поранешна натпреварувачка на Miss World, но и Playboy зајачица“ - раскажа за CRNOBELO.com, нашиот познат ...
Групата „Ареа“ годинава одбележува три децении постоење – време исполнето со музика, искреност и автентичен звук. Повод за разговор со гитаристот Ивица Брчиоски е нивниот настап на 10. мај во „Јавна Соба“, но и подлабок поглед во нивната приказна. „На почетокот само сакавме да свириме, без големи планови. Но публиката ја препозна нашата енергија и сè почна да се движи напред. И по седум албуми, уште сме тука со истата страст“, вели Брчиоски. ...
Слаткар за новиот албум: „Пајак ми ја крена колата во Белград додека снимав спот - фрливме пари колку за еден ручек“ „Гледав документарец за Битлси кајшто кажаа дека Ленон и Макартни направиле албум за 2 недели. Па се „нафурав“ дека ако они двајца можат за 2 недели, јас сам можам за еден месец. Само, отпосле се сетив дека во тоа време Битлси не снимале спотови, туку само песни“, вели Слаткар за CRNOBELO.com, откако промовира 7 нови песни и ...
Кога започнавме со нашите „Бизнис приказни“, идејата беше да создадеме простор каде што пред сè ќе им дадеме глас и видливост на успешните жени од Македонија – оние што се на лидерски позиции или изградиле сопствен бизнис, за да можат да го споделат со нашите читатели своето искуство, визија и предизвици. Со нив разговараме за тоа како ја започнале својата професионална патека, кои биле клучните моменти на нивниот успех, како се справуваат со ...
Истражувањата на паразитеите кај охридскиот грунец укажаа на загадување на езерото - Трудот во Чачак беше за паразитолошката состојба на охридскиот грунец. Беа пронајдени паразити во очите, перките, цревата и во жабрите. Овие паразити не се штетни за луѓето и со термичка обработка се уништуваат, но се штетни за рибната популација. Препорака е да се обрне внимание на еколошката состојба на Охридското Езеро зашто зголемената загаденост придонесува ...
Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски, ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации. На крајот на секоја година наградите се доделуваат на свечена церемонија во гламурозна атмосфера во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје во присуство на голем број претставници на бизнис секторот, дипломатскиот кор и ...
Да се биде поет во денешно време е силна светлост која низ пламенот на зборовите ги упатува суптилните и нежни души кон совршенството на постоењето. Да се живвее во склад со совршенството, не е воопшто едноставно. Денес човекот многу лесно воден од материјалните побуди знае да потпадне под некои зли сили, иако длабоко во себе сепак знае дека единствената убавина и совршенство доаѓаат од складот со природата, па и со сопствената природа – ВЕЛИ ...
Во нашава ситуација, културата ни оддалеку не е на своето заслужено место и за тоа се одговорни многу фактори и чинители. Но тоа воопшто не значи дека таа реалност треба да се прифати како краен пораз, туку напротив како мотив повеќе за што понапорна работа – вели Игор Крајчев, писател, поет, есеист и актуелен директор на една од најуспешните библитеки, велешката. Првата книга поезија ја издава во 2005 година, а потоа следуваат прозни објави, ...
Вчера вечер (четврток, 19 декември 2019), во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, се отвори изложбата „Свадбен пат“ на младата авторка Кристина Пулејкова. Пулејкова е уметница, која по завршувањето на средното уметничко „Лазар Личеноски“, продолжува со своето образование вон Македонија, а изминатите неколку години, твори и функционира во Лондон, Велика Британија. По изложбата во 2016 година во Музејот на современата ...
Програмата за млади истражувачи е од важно значење на секој образовен систем во една држава. Тоа значи подмладување на постојниот кадар како и можност за градење на кариера на младите, амбициозните и успешните луѓе во рамките на границите на својата земја. Разговараме за студентски денови, како и за ангажманот во истражувачката дејност, со Теодора Ристевска – Теа млад истражувач, вработена од страна на Љубљанскиот универзитет, на Факултетот за ...
Да се познава теологијата, и посебно Светото писмо, е неопходно за да може да се чита и да се разбере европската книжевност… Преводот на „Улис“ ме научи како вистински да го читам и него и кој било друг писател по него. Со преводот на „Улис“, Џојс е единствениот писател што ме натерал одново да ја пречитувам Библијата. Во крајна линија, теологијата е тесно поврзана со книжевноста – вели Марија Гиревска -преведувач, теоретичар, есеистичар. Марија ...
„Чувствувам сега дека во Македонија нешто добро ќе се случи, можеби ќе дојде нова креација од младите сликари, од младите уметници“, вели сликарот Перица Георгиев – Пепси, чија што неформална камерна ретроспективна изложба со наслов „И во огнот штом ќе запролети“ е отворена во објектот „Чифте амам“, при Националната галерија на Македонија. На неа може да се видат седумдесеттина слики, меѓу нив и репродукции на мурали од групата „Зеро“ којашто ...
Разговор со историчарот на уметност Јане Теохаревски, поврзано со романскиот град Темишвар, град на европската култура 2023 и неговото учество на самата манифестација. Теохаревски долги години работи во сферата на средното образованието, а добар дел од својот работен век го продолжи и во Македонската радио телевизија. Сега своите пензионерски денови ги продолжува со активно творење, а учеството во Темишвар годинава е само дел од неговите актив ...
На 21 ноември 2024 година, во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола, со почеток во 18:00 часот, ќе биде отворена изложба на графики од аргентинскиот графичар Леонард Готлиб, добитник на Гран При на Меѓународното графичко триенале во Битола. Во ексклузивно интервју, Готлиб зборува за наградата, графиката како универзален јазик, современите еколошки теми во неговите дела и неговите совети за младите уметници. Леонард Готлиб е еден од ...
Татјана Дешко од Русија се пресели со семејството во Скопје: „Во Москва сè се завршува на еден шалтер и културата цвета - тоа ми недостига тука“ „Скопје има своја душа, и иако можеби не е толку богат со културна понуда како Москва, има топлина и непосредност која многу лесно ти влегува под кожа. Доста зелен, со многу скриени места што ги откриваш со време. А најубавото – луѓето. Има нешто многу човечко во Скопје – лесно е да се поврзеш, да ...
На неодмнешниот настан findYourbeuty во организација на dm огромно внимание привлече името на гостинката од Србија, Миља Јовиќ, сертифициран личен стилист и аналитичар за бои. Зошто сите девојки сакаат да ја искористат оваа бесплатна услуга? Анализата на бои е многу популарна во последно време и нашите дами ги следат трендовите тоа се потврди и со преголемите гужви на штандот кај Јовиќ. Успеавме да направиме кратко интервју со неа да ни објасни ...
Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета на никого — напротив, тие се дел од светското културно наследство и заслужуваат почит и грижа. Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик. Мојата ангажираност со македонскиот јазик и литература, сега е дел од мојот идентитет. Тоа е чин на солидарност и отпор кон заборавот, неправдата и ...
Браво, Македонија има талентирана младина! Марија (21) од Богданци беше дел од работилница на Pierre Cardin во Париз „Во Париз ни дадоа задача да нацртаме облека и модни додатоци инспирирани од модното творештво на Пјер Карден. Изработката се одвиваше рачно на хартија, под менторство на главните дизајнери. Откако завршив се сретнав со директорот на модната куќа, и со дизајнерите, кои беа задоволни од мојата работа“ - вели за CRNOBELO.com ...