Во денешното свое гостување во емисија „Неделен Брифинг“ на Инфомакс поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека власта потфрлила во начинот постапките и третманот во справувањето со корона пандемијата и набавката на вакцини. „Ги почитувам мерките кои што се препорачуваат меѓутоа ме загрижува тоа што власта многу малку или скоро ништо не прави во заштита на населението во многу сектори од аспект на заштитата ...

Вандали уништиле неколку канделабри, на две локации во Штип. Градоначалникот Сашко Николов на социјалните мрежи објави фотографии од пешачката патека на реката Брегалница, којашто штипјани ја користат за рекреација. На фотографиите се гледа дека електричните столбови се искршени или навалени. Згрозен сум од сликите кои ги затекнав попладнево по пешачката патека. Кому и зошто му пречеа канделабрите за да се откорнуваат и кршат. Заедно со ...

Планинарскиот спортски клуб „Голак” од Делчево реализираше нова планинарска маршрута за промоција на малку познати места во Пијанечкиот регион. Придржувајќи се на мерките за Ковид-19, делчевските планинари, како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, реализираа планинарска маршрута на потегот од село Стар Истевник до село Панчарево, искачувајки ги малку познатите врвови „Сараево“ и „Мехмедов Бор“. -Маршрутата предвидуваше ...

Соопштенијата на СДСМ нема да ја сменат вистината дека доаѓа македонска пролет каде што граѓаните се борат против хибридниот режим на Заев. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го покрие фактот дека граѓаните се против попис каков што сака власта. Над 45.000 граѓани за два дена му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис. Граѓаните викендов испратија моќна порака до Заев за поништување на законот за попис. Доколку Зоран Заев има барем малку ...

Израел започна да ги укинува главните ограничувања наметнати како дел од третиот национален карантин кој беше воспоставен кон крајот на декември, со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, овозможувајќи продолжување на комерцијалните активности и отворање на училиштата. Од денеска во Израел се отворени продавниците, трговските центри, музеите и библиотеките. Сепак, само оние кои се вакцинирале или оздравиле од коронавирусот ќе можат да одат во ...

Бугарите одат против сите закони на природата, каде се има свој почеток и свој континуитет, само кај македонскиот народ нема континуитет и според Бугарите тој настанал од ништо. Ова во интервјуто кое ќе биде објавено во вечертшната емисија Во Центар, која се емитува во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov, го објаснува професорот Љубомир Цуцуловски. Бугариоте одат против самите себеси, вели Цуцуловски, бидејќи ако се прифати нивната теза, ...

. Пишува – Ана Зафирова Пред една година, екипа од шестмина момци, Бобан Стојчевски, Дамјан Михаилов, Томи Џуровски, Марио Ампов, Иво Нешковиќ и Наум Михајловски од навидум наивна средба за ручек, дојдоа до идеја да создадат свое гејминг студио именувано според стикерот на телефонот на едeн од нив, Furious Avocado. И ниту еден од нив, ни во најлудите соништа не се надеваше дека за една година ќе се вбројат како студио кое ја има најдобра ...

Болни, живот во неизвесност, револтирани, обележани, соочени со дополнително оптoварување по психичкото здравје… Вака во кратки црти може да се опише она што го преживуваат повеќемина граѓани чии имиња беа јавно објавени на социјалните мрежи и споделувани на вибер откако заболеа, беа или се во изолација поради Ковид-19. Од почетокот на пандемијата во земјата се забележани неколку случаи на повреда на приватноста на граѓани болни или во ...

Вкупно 32,9 проценти од одбраните на дипломски работи, магистерски трудови и докторски дисертации, изминатата година, на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје се одржале онлајн. Според податоците до кои дојде МИА, преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на УКИМ, изминатата година дипломирале 1.518 студенти, од кои, 448 одбраната на дипломскиот труд ја спровеле онлајн. Магистри за изминатата година имало 360, ...

Премиерот Зоран Заев не е загрижен што нема вакцини. Загрижен е како што вели „на крајот да не сме се доведеле во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација“! Заев и Филипче кои не успеаја да обезбедат ниту една вакцина, сега се секираат да не набавеле премногу?! Тоа се истите тие кои правеа спектакл за добиената донација од Србија. Работа на Заев и Филипче беше, а за жал, се уште и е да набават вакцини. Си ја ...

Лурдес Леон, ќерката на поп-пејачката Мадона, е новото заштитно лице на пролетната колекција на дизајнерот Марк Џејкобс за оваа 2021 година. Американскот бренд ја потврди соработката, објавувајќи фотографии од колекцијата, на коишто Леон е облечена во светли бои и цветни комбинации. Колекцијата на Џејкобс е моделирана според претходните линии, типични за 1990-тите. Според краткото соопштение за брендот, снимањето и фотосесијата се ...

Владата и ЗЕЛС разговараат на тема како да се обезбедат трајни одржливи поголеми извори на приходи, но премиерот Зоран Заев вели дека за тоа не се носат одлуки за време на криза, бидејќи ќе значат повисоки давачки за граѓаните, без разлика дали ќе се однесува на сите или за дел. -Една од актуелните отворени теми на релација ЗЕЛС и Влада е токму таа, да се обезбедат трајни одржливи поголеми извори на приходи, а да не бидат тоа приходите од ...

Секаде каде што има содржини кои навредуваат, повредуваат или не се соодветни, треба да ги отстраниме и ќе ги отстрануваме, рече премиерот Зоран Заев во врска со учебникот Географија за втора година средно образование кој ќе биде повлечен по реакциите дека има содржини навредливи за Албанците. -Добив информација од Министерството за образование и наука за промена на учебниците што се подготвува за следната учебна година, ќе биде променет и ...

Германската Влада ќе именува специјален претставник за производството на вакцини против коронавирусот, пишува весникот „Шпигл“. Оваа функција ќе ја преземе Кристоф Круп, досегашен шеф на Сојузната служба за недвижности и близок соработник на министерот за финансии Олаф Шолц. Весникот наведува дека Владата со тоа планира да го забрза снабдувањето на Германија со вакцини. Претставникот ќе биде партнер во разговорите со производителите на ...

Нина Славковска, или во јавноста позната како Нина Ред, постојано успева да ѝ го привлече вниманието на публиката, дури и кога не е на малите екрани. Нина е новинарка, а од неодамна е и водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, може да се каже дека е и Инфлуенсерка, со оглед дека е доста активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде што има повеќе од 8.000 следбеници. Славковска е препознатлива по позитивната енергија која ја шири каде и ...

Премиерот Зоран Заев го поведе судскиот спор за наводна клевета поради стравот и паниката од обелоденивањето на еден од најголемите коруптивни скандали од постоењето на Македонија, случајот „Рекет“, во кој сепак подоцна се покажа дека е директно инволвиран, смета потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во разговорот за НетПрес посочува дека во актуелнаа состојба во македонскиот правосуден систем остануваат ...

Поради порастот на новозаразени од Ковид-19 што во просек дневно е по триесетина пациенти, активиран е ковид-одделот на ушното одделение во прилепската болница. Во моментов се хоспитализирани 34 пациенти, дел се на Инфективното, дел во ковид-одделот. Околу 70 отсто од хоспитализираните се на кислородна поддршка, а најтешка е ситуацијата кај постарите лица со коморбидитети. Според Драган Богојески, в.д. директор на општата болница со ...

Без традиционалниот огномет и без присуство на гости, малубројната група кинески работници преостанати на автопатот Кичево-Охрид, ја одбележаа кинеската Нова година, Година на биволот. Работниците од Кина не ја пропуштија можноста со специјалитети својствени за сопствената кујна и пред телевизиските екрани, каде што се емитуваа програми од националната телевизија, барем делумно да ја нарушат носталгијата, поради одалеченоста од своите ...

Европскиот суд за човекови права го прифати барањето на Алексеј Навални за привремена мерка и ја повика руската Влада да го ослободи, јави дописникот на МИА. Алексеј Навални поднесе барање до судот на 20 јануари 2021 година, за примена на членот 34 од Европската конвенција за човекови права. Истиот ден, жалителот доставил до судот апликација според правилото 39 од деловникот на судот во врска со неговото затворање, со барање за ослободување. ...

Има денови кога навистина е динамично и кога сите се чуствуваме изморено, но речиси секогаш во тие моменти пристигнува некоја убава вест – за нов студент кој нашол работа во одлична компанија, за студенти кои отвориле компанија и го потпишале првиот клиент, за инструктор кој остварил некој голем успех со својата компанија. И тогаш целата позитивна енергија доаѓа кај нас, тогаш се погледнуваме меѓу себе со оној препознатлив задоволен поглед ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа се осврна на актуелната политичка ситуација во земјава. Според него конкретно премиерот Зоран Заев е изолиран и нема средби со високи европски, светски претставници, и укажа дека истото се должи на водењето лоши политики од владата и високиот степен на корупција. „Од отворање на аферата „Рекет“ има ситуација ...

Кратката најава за видео интервјуто на Опсервер со експертот за сајбер безбедност, Сенад Аруч, привлече огромно внимание на јавноста. Сега го објавуваме целосното интервју кое што веруваме дека ќе одекне уште погласно меѓу корисниците на социјалните мрежи, но ќе допре и до многу надлежни органи и институции за подобрување на работата во полето на малтретирањето и заканите во интернет просторот кон различни индивидуи. Факт е дека сè повеќе ...

Негативниот рејтинг на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на анкетите е поголем од 70 отсто. Сите што се разбираат во анкети и во политика знаат дека со таков рејтинг не е можно да се поведи на избори. Ова за вечерашната емисија Во Центар која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov го изјави членот на иницијативниот одбор за Вонреден Конгрес на партијата, Ивица Коневски. Според Коневски, Мицкоски ќе биде сменет на следниот вонреден ...

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на банката КфВ за Северна Македонија и Косово, Рене Ешеман потпишаа договор за грант наменет за енергетска транзиција од јаглен во користење на обновливи извори на енергија. Потпишувањето на договорот значи користење на неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, кои ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра како евтини кредити за изградба на ...

Со предавање на полскиот професор и филозоф, Михаил Козловски од Факултетот за филозофија и социологија во Варшава, Полска, денеска започна третата по ред Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која се одржи онлајн преку платформата Зум. Овогодинешната тема на настанот е „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки“, на која свое предавање и дискусија ќе имаат ...

Еколошките организации се против изградба на мали хидроцентрали за кои сметаат дека ги уништуваат реките и живиот свет кој зависи од нив. Екологистите не се согласуваат со ставот на претседателот на Групацијата на мали хидроцентрали во Стопанската комора на Македонија, Тодор Анѓушев, кој тврди дека тие носат само бенефит на државата. Инвестициите во обновливи извори на енергија, според нив, мора да растат, а државата да најде механизми да ги ...

Секој човек заслужува да добие шанса за подобар живот, секој пациент има право на точна навремена и бесплатна дијагноза. Само со заедничка работа и добра комуникација може да се обезбеди подобар квалитет на живот на лицата кои живеат со ретки болести – Гордана Лолеска Опсервер го имаше задоволството да разговара со Гордана Лолеска, активист на Здружението „Живот со предизвици“ кое што се бори за олеснување на животот на лицата со ретки ...

Скандалозните и небулозни именувања на директори во институциите на културата никако да престанат. Владата на СДСМ продолжува да ги деградира професионалците во културата, овојпат во филмската дејност. По долгоочекуваниот избор по Конкурс, за директор на Агенцијата за филм е именуван Бојан Лазаревски, личност која доаѓа од банкарскиот сектор! И, тоа не е сè! Именувањето на Бојан Лазаревски сигурно не се должи на најдобро понудена програма, ...

На почетокот на тековната 2021 година, се обративме до банките во Република С. Македонија со цел објавување на нивните очекувања од аспект на предизвиците за банките во периодот што следи. Изминатиов период на Банкарство.мк беа објавени бројни интервјуа и беа пренесени нивните ставови и очекувања за случувањата во банкарскиот сектор оваа година. За крај, ексклузивно ви ги пренесуваме ставовите на Народната банка, преку интервју со ...

Во издание на Здружението „Свет на Различни а Еднакви“ – Скопје е објавена инклузивна сликовница за лица со оштетен вид „Новогодишна сказна“ од Гордана Симоновска Момироска, поетеса за деца и млади и истакнат хуманист. Сликовницата е објавена на македонски и албански јазик. Препевот на стиховите од македонски на албански јазик е на поетесата Пунторие Муча Зиба, а Брајовото писмо на Тони Пајдаков, секретар на Здружението за слепи лица во ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
74%
1027
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
83%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1021
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
73%
1026
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.22
97%
1025
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
3.6
95%
1023
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
63%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -5ᴼ
0.45
83%
1025
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.57
91%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
76%
1025
Currency

61.545

Currency

52.851

Currency

70.942

Currency

35.4033

Currency

38.0477

Currency

65.9491

Currency

7.57395

Currency

0.67113

Currency

0.33186

Currency

0.52432

Currency

1.22539

Currency

0.58607

Злато

147673.55

Кобалт

59.52

Паладиум

57839.19

Цинк

3.15

Родиум

318292.39

Иридиум

174307.10

Сребро

2756.60

Платина

74245.83

Бакар

12.02

Рутениум

44946.74

Калај

48.40

Алуминиум

3.17