Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Физиката и уметноста. Невообичаен микс од животен поттик и инспирација во кои се пронаоѓа себеси младата Дафина Шекутковска (30), магистер на Факултетот за електротехника и информатички технологии, ФЕИТ, насока, обновливи извори на енергија. Таа моментално работи како професорка по физика во скопската гимназија „Георги Димитров“, и за Мета.мк раскажува за своите досегашни резултати во науката како и за идните амбиции во научно истражувачката ...
Реалноста во Македонија се атомизира под разорното влијание на ритамот на социјалните мрежи, засилен или едноставно испровоциран од партиски или од други центри на моќ. Неснаоѓајќи се во хаосот, медиумите безглаво се тркаат со конкуренцијата од Фејсбук и од Твитер, па така сите заедно во секоја следна наносекунда ни сервираат по микрофрагмент од големата слика. Резултатот од оваа информациска ентропија е сеопшта хистерија. И доколку некој ...
„Најстарото шише е од 20-тите или 30-тите години, на минатиот век, тоа е шише од парфем од една од моите прабаби, Бојка Тозија“ - вели Бојан Георгиевски, кој е колекционер на празни шишенца од парфеми распослани на специјално изработена витрина. Бојан Георгиевски од Скопје има необично хоби – тој е колекционер на празни шишенца од парфеми. Естет, перфекционист, вљубеник во уметноста и убавината во секоја форма, една од неговите страсти е ...
Компанијата Дака холдниг постои 30 години, а од минатата година излезе со свој производ во Европа - микропроцесори за сите типови лифтови со бесконтактни системи на управување што придонесува да се избегне бучавата. За таа цел беше формирана и посебна компанија Microdel GMBH со седиште во Берлин, Германија. Во интервју за Фактор, Димче Поповски, сопственикот на Дака холдинг вели дека преку германската компанија на светот му нудат уште една ...
По повод големиот празник Христовото раѓање-Божик, на задоволство на верниците подготвен е видео запис за новата божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската обител, со благослов на нашиот Старец, епископот Антаниски Партениј, а во соработка со здружението „Бадникови поворки“, се подготвуваше уште еден видео запис за ...
Ако Европската Унија е примерот и стандардите кон кои ние се стремиме, зошто до сега не се инсистираше на бугарско-грчки или бугарско -романски договори за заедничка историја, како што Македонија е условена, прашува јавно историчарката и универзитетски професор Наташа Котлар Трајкова. - Можеме да се пазариме за компири и за боранија, ама за историски ликови, за историска наука, за историски дејности, апсолутно не, вели во интервју за Алфа ...
Анита Николовски, доктор по професија e сопруга и мајка на две деца, Владо 4 години и Таиса, 2 години. На Инстаграм може да ја сретнете како Dr.FitMama и споделува корисни совети за вежбање за трудници и мајки. Уште од најмали години била љубител на спортот, па со нејзината улога на мајка и вработен доктор, можноста за посета на теретани и сали за вежбање се намалува и таа наоѓа начин како да го продолжи вежбањето во домашни услови. Со неа ...
Вселенскиот Патријарх го отвори своето срце и говореше за автокефалијата на Црквата во Украина, за пандемијата и за нејзините негатори — Изјавува дека ќе се вакцинира, бидејќи над сѐ тоа е еден акт на одговорност спрема ближните луѓе и ги поттикнува младите да бидат солидарни. Интервјуто го водеше Марија Антонијаду – То Вима Пандемијата, младите, внатрешната состојба на Православните цркви, украинскиот „трн“, врските со Московската ...
Генерации средношколци го помнат само како Душко, професорот што предава македонски јазик и литература во скопската гимназија „Орце Николов“. Пошироката јавност го запозна во 2015 година. Душко Стојановски беше еден од ретките професори што ги придружуваше своите ученици што протестираа пред Министерството за образование против проблематичното екстерно тестирање. Тогаш БИРН направи интервју со него. Зборувавме за сите насобрани проблеми во ...
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, од кои 78 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 5 ...
Поразговаравме со Марија Јаневска, писателка и дел од медицинската фела, на многумина позната по нејзините книги „Белешките на Лајла Грејс“ и „Карма“. Неодамна Марија Јаневска замина од Македонија и се пресели во Белгија, а таа за CRNOBELO.com открива интересни работи за животот таму, за она што ѝ недостига, за ставот околу вакцината против коронавирус... Првата замисла беше да бидам таму 3 месеци на проект и потоа да се вратам назад. Не ...
Во Србија, епидемијата на коронавирус ќе мора да заврши до крајот на јануари 2021 година. Биолошки и природно, во нашата земја не треба да има повеќе врвови или бранови. Пандемијата ќе помине кога сите ќе се заразиме и верувам дека веќе имаме повеќе од 50 проценти од колективниот имунитет. Не верувам дека ќе биде објавена задолжителна имунизација и верувам дека веќе нема смисла да се затвора и ограничува нешто. Вака во новогодишното интервју ...
Не постојат субвенции за граѓаните за набавка на електрични или хибридни возила во државниот буџет за 2021 година, средствата за субвенционирање за вградувањето на уреди за плин во старите возила се проектирани на само 210.000 евра за наредните 12 месеци, еколошките налепници за возилата не профункционираа ниту оваа зимска сезона, а не постои ниту рок кога би се вовеле построги законски рестрикции за увоз на половни возила во земјава, со кои ...
Тегобност како онаа во романот на Сартр, дистопија како во научно-фантастичниот филм „Еквилибриум“. На крајот од 2020 година, професорката и литературна критичарка Елизабета Шелева, во интервју за БИРН, го сподели нејзиното видување за 2020, како година на стравот и неизвесноста, а поврзана, пред сѐ, со глобалната епидемија на корона вирусот. За „новата нормалност“ на шега вели дека е зашеќерен и манипулативен еуфемизам, а вистински би ...
Зоран Дерновшек е изумител по потекло од Словенија, кој живее во Италија, а неговата сопруга, пак, е по потекло од Охрид, кој има неколку вредни изуми, а еден од нив кој според него е најважен за човештвото е суплементот РЕНС (RENS – Rappid Effect Natural Supplement). Помина одредено време откога бевте актуелни во македонските медиуми. Како сега гледате на состојбата од оваа временска дистанца? Пандемијата не стивнува, барем не во Европа и ...
Со почит и свежо цвеќе пред неговиот споменик, прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков” ја одбележа 100-годишнината од смртта на својот патрон и на најголемиот и истакнат собирач на македонски народни умотворби- Марко Цепенков. Почит му оддадоа делегации на Центарот и од локалната самоуправа предводени од диоректорот на институцијата Рубинчо Белчески и од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Центарот за култура 41 година го носи ...
„Првите месеци живеев на крајбрежје, во Олон и си мислев дека ете конечно го живеам мојот сон, но брзо сфатив дека јас не можам да живеам без мојата професија, па се вработив во академија за танц во главниот град, Кито, од каде секој викенд патував во Олон, 10 часа за да ја видам ќерка ми и да поминам еден ден со неа“, раскажува Гордана Деан Поп Христова, која 6 години живее во Еквадор. Гордана Деан Поп Христова е кореограф, балетски ...
Универзитетските професори, Кирил Барбареев и Виолета Петроска-Бешка, кои се дел од работата група за реформи во образованието, во заедничко интервју за Прес24 велат дека во јавноста има комплетно погрешна перцепција за тоа што е целта на реформите, посочувајќи дека политичките случувања на релација со Бугарија, се сосема случајни и воопшто не се поврзани со идејата за реформа. Во интервјуто зборуваат за детали околу идејата за реформа, ...
„Париз е град на уметноста, прибежиште и гнездо за секој специфичен уметнички дух, но она што ме изненади е ѓубрето по улиците и тоа што многу се краде очигледно, затоа што сопствениците откако ќе ги заклучат своите велосипеди превентивно го вадат седиштето или предното тркало и го носат со себе“, вели Ленин Јовановски. Ленин Јовановски, моторџија и директор на Слобода Превоз, сопруг и татко на 4 деца, роден на 07.07.1967 во 7 часот ...
Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар организира масовна петдневна забава во Бразил. Дваесет и осумгодишниот Бразилец покани 500 луѓе на приватната журка до Нова година, и покрај пандемијата на коронавирусот, обелодени „О Глобо“. Настанот почна на 26 декември во општината Мангаратиба, Рио де Жанеиро, во домот на фудбалер. Нејмар направи звучна изолација во куќата за да не ги вознемирува соседите. Забавата ќе се одржи во подземна дискотека, ...
„Фотографијата за мене претставува уметност креирана од колаборација помеѓу двајца уметници, фотографот и фотографираниот. Замрзнување момент полн со емоции кој ќе се памети со децении“, се зборови на Стефан Катранџиски, дваесетгодишен уличен и портрет фотограф од Штип, кој студира графички дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет (IBU) во Скопје и е голем обожавател на автомобилизмот. Неговиот Инстаграм профил @stefzn_ ќе ви овозможи ...
Во очекување на новото издание на Академик – книгата „Катастар на инфраструктурни објекти“, објавуваме интервју со авторката на трудот, д-р Соња Димова, реномиран експерт од областа на катастарското право, законодавство и практика. Катастарот на инфраструктурни објекти, нагласува д-р Димова, е комплексна област која во себе го вклучува учеството на јавните претпријатија, приватните компании и физичките лица. Инфраструктурните објекти, ...
Ретко кој политичар успеал во период од нецела година да ги искуси сите спротивставени крајности на судот на граѓаните. Периодите во кои министерот за здравство, Венко Филипче беше доживуван како единствена успешна приказна во здравствениот колапс, наизменично се менуваа со нови, во кои улогите набрзина се менуваа, а главниот негативен лик беше резервиран за него. Во месеците кога утрата почнуваа со исчитување на бројот на новозаразени и ...
Остануваме на констатацијата дека и понатаму јавниот сектор ќе го спасува приватниот, за после тоа приватниот сектор да може да го спаси јавниот сектор. Исто така договорено е да суетите се остават на страна, да може транспарентно да се зборува за се, што е поврзано со бизнисот и да се поддржи извозот, индустријата, кои ќе останат на нозе. Ние сами не можеме. Нека помогне државата, па ќе враќаме. Можеби е познат став, но ова тврдење на ...
За околу една година има шанси Скопје да биде домаќин на еден голем светски настан. Престижниот Форбс размислува во земјава да го организира следниот Самит „30 под 30“, мега ивент кој ќе биде посветен на младите успешни и иновативни луѓе, лидери, кои го менуваат светот и чии идеи, деловен дух и креативност се и тоа како значајни за светскиот економски развој. А дека и Македонија има такви млади креативци со помалку од 30 години од својот ...
Охрид годинава беше главно прибежиште на македонските туристи. Во услови на пандемија со КОВИД-19, првиот човек на Бисерот на Балканот, смета дека општината ги презела сите неппходни мерки за безбедно одвивање на туристичката сезона. Во однос на инцидетните „кластер забави“ на Градиште, Георгиевски вели дека биле изречени казни и поднесени соодветни пријави. Општина Охрид со координирани инспекциски акции се обиде да воведе ред, таму каде ...
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1 . Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти ...
Бучава, енергија, романтизим и поезија, волја и ентузијам. Како само почетоците на македонската држава паралелно може да се гледаат низ изразот на рокенролот од македонската рок и пост-панк ера од 90-тите. Дисторзија на звуци, навирање на спомени од еден убав почеток на македонската приказна, проследени низ хаосот на првите години од последната декада на 20-от век. Сите овие елементи може да ги погледнете во музичкиот документарен филм The ...
Актуелна тема во последниов период е почнувањето на пристапните разговори на земјава со Европската унија, а услов за тоа се многу реформи, директиви, зелени сценарија и регулативи кои треба да се исполнат. Компаниите веќе ги насочуваат своите активности кон таа цел и се повеќе се стремат кон исполнување на европските стандарди. Пречистителната станица за третман на отпадни води - Скопје е еден од најголемите капитални проекти кои се ...
Земјоделството како една од најзастапените гранки во македонската економија се соочи со сопствени предизвици со корона кризата. Од една страна се зголеми побарувачката за храна, особено за таа од домашно производство за време на карантинските месеци, а од друга постоеше неизвесност околу транспортот, набавката на суровини и репро материјали за преработувачките капацитети, како и за начинот на организирање на сезонската работа. Овој период ...