
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Мексиканската теленовела АКО НÈ ОСТАВАТ ни го претстаавува животот на Алисија, која за себе верува дека во среќен брак со нејзиниот сопруг – познат новинар, со кого има три деца. Во име на семејниот живот се откажува од својот сон за успешна кариера. Но, нејзината силa ќе биде ставена во искушение кога ќе дознае дека нејзинот сопруг се гледа со младата Хулиета. Тој неочекуван животен пораз, ќе ѝ ја даде потребната сила повторно да биде силна ...
БЕСА – ВТОРА СЕЗОНА Втората сезона започнува три години подоцна во Естонија, каде Урош Периќ и неговото семејство се во програмата за заштита на сведоци откако сведочеа против „наркобосот“ Дардан Бериша. Сведочењеѕо на Урош го однело Дардан во затвор, а Петрит Кочи станал висок функционер на Интерпол. Дардан е во затвор, а основачот на кланот Скендер Бериша е мртов. Синот на Дардан, Дритон се враќа на Балканот со намера да го преземе семејниот ...
Според изјавите на неколку лидери на политички партии, главна тема на денешната лидерска средба во Собранието на РСМ беа измените на Уставот без кои земјава нема да може да ги отвора поглавјата во преговорите со ЕУ. Со измените, во Уставот треба да се вметнат Бугарите (заедно со Хрватите и Црногорците) покрај другите заедници во земјава. ВМРО-ДПМНЕ, партија без која го нема потребното двотретинско мнозинство, е против Дел од партиите на ...
Навидум, обичен ден во Копенхаген. Отворање на нов ресторант, сè мора да биде совршено, врвулица од гости, убава храна и добро расположение. Одненадеж се случува ужас. Маскирани убијци кои пукаат на гостите. Терористички напад кој нераскинливо ја поврзува судбината на присутните. Девет дена пред трагичниот напад овие луѓе ги живеат своите животи, несвесни за опасноста што им претстои. Мортен и Камила слават годишнина од бракот, Николај готвач, ...
БЕСА е драма телевизиска серија од 12 епизоди. Во основа се занимава со односот помеѓу двајца херои, двајца луѓе од сосема различни светови. Урош Периќ е сопственик на мала белградска компанија за транспорт на лекови што го покрива регионот на поранешна Југославија. Има сопруга и две деца. Една ноќ, кога еден од неговите возачи не може да патува до црногорското крајбрежје, Урош мора сам да ја вози испораката. На море, кај Улцињ, возејќи покрај ...
Војната го вади најлошото од нас! Во Берлин летото 1941 година, пет пријатели се простуваат меѓу себе и секој оди по својот пат со желба да се сретнат повторно за Божик. На источниот фронт одат двајцата браќа, Вилхем кој е убеден во победата, а Фридхелм е уметникот. Шарлот, горда дека ќе ѝ служи на татковината, доаѓа со нив како медицинска сестра во воената болница, Грета која ја планира својата кариера како поп ѕвезда и нејзиниот пријател ...
Мексиканската теленовела АКО НÈ ОСТАВАТ ни го претстаавува животот на Алисија, која за себе верува дека во среќен брак со нејзиниот сопруг – познат новинар, со кого има три деца. Во име на семејниот живот се откажува од својот сон за успешна кариера. Но, нејзината силa ќе биде ставена во искушение кога ќе дознае дека нејзинот сопруг се гледа со младата Хулиета. Тој неочекуван животен пораз, ќе ѝ ја даде потребната сила повторно да биде силна ...
Ова е приказна за две семејства кои доаѓаат во контакт преку шестгодишниот Нико, дете кое со месеци се бори со тешката леукемија. За Елена и Ернест, единствениото решение е да ги пронајдат биолошките родители на Нико, за да го спасат животот на своето посвоено дете. Од тој момент, дотогаш среќното семејство е ставено пред голем предизвик. Мајката не успеваат да ја пронајдат, но ќе го пронајдат Педро, татко му на Нико, кој е шокиран од веста дека ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска, пред да влезе во политиката беше новинар. И денес за себе вели дека е новинар, иако работата како портпарол е поголем предизвик. На прашањето како е да се биде жена во политиката вели: „Потешко од тоа да си маж. Кога мажот е строг и ќе пресече нешто со збор, тој е професионалец. А жените кога ќе викнат, за жал, или се кучки или се хистерични или емотивно не исполнети“. Не ретко била мета на говор на ...
Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 23 септември 2022 г. на ТВ Алсат Со вицепремиерката задолжена за политика за добро владеење, Славица Грковска, и со естонскиот експерт за дигитален идентитет Раул Каидро разговараме – колку блиску или далеку е земјава од воведување електронска лична карта. Тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој, кој и помага на владата во областите на дигитализација и ...
Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 19 септември 2022 г. на ТВ Алсат Во ова издание: – Како изгледа на терен обидот на Бугарија да ги придобие Македонците во Албанија – репортажа од Пустец, Врбник и Корча; – Зошто и по четири тендери Собранието не успеа да изгради „глува соба“ – опремата купена од меѓународни пријатели се амортизира неотпакувана; – Владата се обврзала и во меѓународни и во домашни ...
Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 26 септември 2022 г. на ТВ Алсат Во ова издание на емисијата: – Ги тестиравме услугите на Управата за водење матични книги – како да се обезбеди извод на родени во најкус рок, без пречки и без грешки; -„Не правиме мајмунлаци“ – вели претставник на потенцијалните инвеститори во холивудски студија во Скопје; Чекаат Владата да им одобри статус на стратешка инвестиција; ...
Формално, групата инвеститори се обединети во субјектот „СТП Капитал Партнерс“.Тие велат дека нивниот примарен проект на Качанички пат е наречен „Скопје технолоџи парк“. Според нивниот бизнис предлог, 44% од просторот ќе биде изграден со деловни објекти, 29% со хотели, а 27% со станбени згради. Нема место за филмските студија што ги промовираа Малкович и Дилон. Тие се спореден проект, кој би се градел во слободната економска зона „ТИРЗ 3“, на ...
Тестиравме неколку услуги и тоа во различни подрачни одделенија за да добиеме реален впечаток од терен – каков е квалитетот на услугите кои на граѓаните им ги дава институцијата. Најдобро помина барањето за извод по е-пошта, најлошо обидот да добиеме извод на класичен начин – на шалтер Матичарите кои ќе прават грешки повеќе од дозволеното, изводите ќе ги плаќаат од свој џеб, најавува директорот на Управата за водење матични книги, Блерим Абази ...
Според податоците од последниот попис, само еден од три станови во државата се квалификуваат за „енергетски ефикасни“. Највисок процент на енергетски ефикасни домови има во општина Желино (68,9%), а најнизок во општина Могила (5,5%) Колку жители на земјава се Македонци, колку се Албанци, или Бугари или Турци или Роми или Срби… и пред и по пописот, прашањето за етничката припадност беше централно за политиката и за јавноста. Но, пописот не беше ...
КЛАН – СЕЗОНА 2 Продолжението на серијата носи возбудливи приказни кои ќе го следат понатамошниот подем на мафијашкиот клан на чело со Шок и Паша. Тие напредуваат во криминалната хиерархија и воспоставуваат нов бизнис модел – киднапирање на богати луѓе, што претставува нов извор на приход за кланот, но и за нивните претпоставени од редовите на командосите од државнатата безбедност, како и за Бубон. Мотивирани од пари и престиж, Шок и Паша ...
Џез-музичарот Владимир Четкар следниот месец ќе оди на турнеја низ Америка. Ова е негова трета турнеја во САД од почетокот на пандемијата. Иако неодамна имаше неколку настапи низ Македонија, вели дека со душа ги чека концертите, оти во годиниве со короната најмногу му фали контактот со публиката и настапите во живо. „Скоро имав супер концерт на Љубаниште, се погоди времето после неколку дождливи дена, па дојдоа и луѓе со кајчиња и беше магично ...
СРЦЕ (Cuori 2021 Italia) Кога срцето не е само мускул Приказната се расплетува на крајот на 1960-тите, на почетокот на медицинските техники поврзани со трансплантација на срце и создавање на вештачко срце во одделите за кардиохирургија на болницата Ле Молинет во Торино. Чезаре Корвара, шефот на одделението, формира тим кој ќе може да ја направи првата трансплантација на срце во светот. Конкуренцијата е многу голема, и тоа од многу поголеми ...
Пулексенија Јовановска е најдобрата македонска каратистка. Единствената што ја претставувала Македонија на Олимпијадата во Токио. Не донесе медал, ама се пласира во десетте најдобри. Пулексенија има специфично име, па едвај две-три да се викаат така во Македонија. „По прабаба ми Пула сум крстена, па мајка ми сакала Ксенија, и ајде за мир дома, направен е компромис од двете имиња. И никој не ме вика по правото име“, раскажува македонската ...
Подемот и падот на контроверзниот медиумски тајкун на Фокс Њуз, Роџер Ејлс, е суштината на хит серијата „Најсилниот глас“. Серијата „Најсилниот глас“ го прикажува Роџер Ејлс, извршниот директор на Фокс Њуз и Фокс ТВ, како човек без скрупули, човек кој во неговата телевизиска станица може да го менува мислењето без оглед на фактите. Најава за трета епизода: Промена во Белата Куќа доаѓа Обама, прв Афро-Американец Претседател на САД- во „Најсилниот ...
„Новиот папа“ е продолжение на хит серијата „Младиот папа“. „Новиот папа“ е драмска телевизиска серија создадена и режирана од Паоло Сорентино. Продолжение е на серијата од 2016 година „Младиот папа“, првично најавена како нејзина втора сезона. Во серијата од девет епизоди глуми Џaд Ло, повторувајќи ја неговата улога како папата Пиј XIII и Џон Малкович како папата Јован Павле III, титуларниот нов папа. Серијата претставува провокативна приказна ...
Необичната судбина на Ана Колар! Што ќе направите ако некој што најмногу го сакате исчезне? „Единствен излез“ (2021) е нова серија и претставува една психолошка приказна која може секому од нас да му случи. Ана, во еден пожар, ќе го загуби својот сопруг, но и сеќавањето на таа пресудна ноќ. Таа, после некое време поминато во кома, со својот син Лука, продолжува да живее во постојано талкање од реалниот живот – во напади на паника и големиот ...
Марко Пејчиновски (16) на празникот Голема Богородица преплива 64 километри во Охридско Езеро и стана првиот што поминал толкава делница. Откако преплива скоро 22 часа во вода и стигна на целта на пристаништето во Охрид го пречекаа неколку стотина луѓе. Марко излезе со кренати раце и насмевка, оти успеа да ја оствари целта што си ја постави- во десет викенди да преплива 250 километри во езерото. „Мислев дека ќе е дојдена само фамилијата да ме ...
Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во теквондо ѝ ја донесе најголемата радост на Македонија лани од Токио. По освојувањето на олимпиското сребро, во Скопје го пречекаа како херој. Од аеродромот до триумфалната порта вели дека се моменти низ кои минувал како во сон. И цела сала на „Златна бубамара“ му ракоплескаше на нозе, за што вели дека и денес го лазат морници. А, сребрениот медал кој тежи 560 грама е само најава за следната ...
Преку новите 11 епизоди, кои стилски и визуелно се базирани на првата сезона, на публиката ќе и бидат раскажани различни приказни во кои инспекторот Никола Крсмановиќ истражува низа свирепи убиства, но во исто време ја открива тајната на сопственото потекло. Инспекторот Никола добива достоен наследник, младиот инспектор Атила Варга. Дејството на приказната во новата сезона на „Мочвара“ се сели од Белград во Сента, навидум идилично место во ...
Во зовриениот град Белград, манијак убива три жени на крајно суров, ритуален начин. Жртвите ги обединува слободоумниот начин на живот и фактот дека се мајки на синови кои немаат татковци. Деца кои не зборуваат. Напнатата полициска потрага по манијакалниот сериски убиец ќе трае 10 епизоди и ќе открие мрачни тајни од минатото и ќе ги вовлече хероите во спирали на измами, лаги и трагични животни искушенија. Серијата го следи инспекторот Никола ...
Самото име „12 зборови“ значи код или шифра за потврда за паричник што содржи криптовалути, а серијата ги прати животите на луѓето вклучени во брутални криминални дејствија, фокусирајќи се на внатрешните борби на ликовите и нивните односи. Младиот адвокат со проблематично минато, Милош Ивановиќ, се вработил во канцеларијата на познат белградски адвокат. Тој станува бранител во судски процес против мафијашкиот бос, чија империја е потресена. За ...
Македонската актерка Симона Живковска (28) пред три години глумеше во „Црната вдовица“ со Скарлет Јохансон и во филмот зборува на мајчиниот македонски јазик. Тогаш преку ноќ, медиумите почнаа да пишуваат за девојката со македонско-карипско потекло, која е родена во Скопје, а повеќе од дваесет години живее во Лондон. „Последен пат бев тука и лани за премиерата на ‘Црната вдовица’ ама фатив ковид и останав во карантин две недели. За Македонија ме ...
Снеже Велков, некогаш водителка на популарното „Ред хот“ шоу, денес е автор на емисијата „Нешто конкретно“. Една од ретките кои секое утро стануваат во 6 и пол за да ја извози дневната рута со велосипедот на кеј на Вардар. Таа долго време е инструктор по пилатес, а на Инстаграм преку своите видеа ги мотивира сите оние на кои им треба ветер во грб за да почнат да се грижат за сопственото тело. „Јас сум од оние не како да се натерам да вежбам, ...
Пејачката Маја Саздановска повеќе од десет години нема нова песна, но сè уште важи за еден од најмоќните вокали во Македонија. Од првата песна „Глушец ушец“ до денес поминаа 35 години. Во меѓувреме таа ја испеа приспивната песна „Во светот на бајките“, со која пораснаа многу генерации, но и поп-хитови кои и сега се паметат. „Пеењето како предизвик сè уште ми стои. Јас се појавив во најубавото време кога песните оставиле некаков траг. И потоа се ...