
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Патувајки скоро 1 час од Адана, возејки се покрај огромни плантажи за портокали,конечно пристигнавме во кампот. Не знаев што да очекувам, немав никаква претстава за тоа како изгледа и каде воопшто пристигнувам. Местово и луѓево се заборавени од Господ, само да знаеш, беа зборовите со кои ми беше накратко опишано какво е тоа место и во кои услови живеат тие луѓе. Станува збор за бегалски камп во Турција блиску градот Адана, кој се наоѓа во ...
Таџ Махал е споменик на големата љубов на царот Шах Јахан кон персиската принцеза Арџуманд Бана Бегум. Мавзолејот е сместен во Агра, Индија во градината на брегот на реката Јамуна. Овој објект е еден од седумте чуда на Новиот Свет. Царот Шах Јахан имал уште две жени, но Арџуманд Бана Бегум, останала негова единствена љубов до крајот на живот. Тој ја нарекол Мумтаз Махал „драгоцен камен во палатата“. Омилената жена на Шах Џахан, починала при ...
Барак Обама, поранешниот претседател на САД и првиот претседател на оваа држава со афроамериканско потекло е роден на денешен ден во 1961 во Хонолулу, Хаваи. Тој е 44-тиот претседател на Соединетите Американски Држави. На чело со САД беше два мандати, од 2009 до 2017 година. Претходно беше сенатор на Илиноис. Во 2009 година ја доби Нобеловата награда за мир. Во автобиографската книга „Ветената земја“ преведена на македонски јазик и во издание на ...
Раните години и образование Милка Ефтимова е родена на 26 февруари 1936 година во Радовиш. Нејзината љубов кон музиката и уметноста се појавила уште од рана возраст, а нејзиниот талент брзо се истакнал. Завршила средно музичко училиште во Штип и потоа се запишала на музичка академија во Љубљана. Нејзиното образование не застанало тука, бидејќи подоцна завршила и специјализација во Италија, во Санта Чичилија во Рим и на Академијата Киџијана во ...
Премиерата на втората сезона на хит-серијата на „Нетфликс“, „Игра на лигни“ (Squid Game), е закажана на 26 декември. Стриминг гигантот ја најави премиерата на долгоочекуваната нова сезона на јужнокорејската акциона драма преку краток трејлер, а во објавата се додава и дека третата и последна сезона ќе излезе во 2025. Во 2022 „Игра на лигни“ испиша историја откако стана прва азиска серија која освоила Еми награди. Глобалната сензација на ...
Симон Бајлс (Simone Biles) е американска гимнастичарка и една од најуспешните спортистки во историјата на спортската гимнастика. Родена на 14 март 1997 година, таа е позната по своите извонредни физички способности, иновативни акробатски елементи и голем број освоени медали на национални и меѓународни натпреварувања. Симон Бајлс освои седум олимписки медали, од кои четири се златни, еден е сребрен и два се бронзени. Таа дебитираше на ...
Бранка Станковска, доајен на македонското спикерство и синоним за правилен македонски јазик, го помина својот целиот работен век (1948-1987) во Македонската радио-телевизија. Родена во Скопје на 30 април 1931 година, таа остави длабока трага во медиумскиот свет преку својата препознатлива дикција и милозвучен глас. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година го означи почетокот на програмата на ТВ Скопје, а ...
Мајкл Си Хол потврди дека ќе се врати во улогата на Декстер Морган откако беше најавено снимањето на нова серија за омилениот сериски убиец. Како што беше објавено на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, „Декстер: Воскреснување“ ќе биде продолжение на „Декстер: Нова крв“, на чиј крај главниот лик умира, поради што се веруваше дека тоа е дефинитивен крај. Креаторот на серијата Клајд Филипс не откри многу детали од дејството, освен дека Декстер ...
Реката Вардар во центарот на Скопје ја премостува Камениот мост, еден од најважните урбанистички мотиви на Скопје, кој со својата убавина и импозантност стана и еден од симболите на овој град. Камениот Мост, кој гордо се извишува над реката Вардар, е една од најпознатите и најзначајни историски градби во Скопје. Овој монументален мост не само што го поврзува центарот на градот со старата чаршија, туку е и сведок на вековите кои минале, носејќи ...
На 26 јули 1963 година, силен земјотрес го погоди Скопје, предизвикувајќи огромни штети кои засекогаш го изменија изгледот на градот и судбината на неговите жители. Уништитени беа 15.800 станови и оштетени повеќе од 28.000. Околу од 200.000 луѓе останаа без покрив над глава. Под урнатините животот го загубија 1.070 граѓани, а повеќе од 4.000 беа повредени. Штетата беше проценета на 15% од БДП-то на тогашната Југославија, што во денешни вредности ...
Солт Лејк Сити ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2034 година официјално објави денес Меѓународниот олимписки комитет во Париз. Зимските игри во пак 2026 година ќе се одржуваат во Италија, во близина на Милано, од 6 до 22 февруари 2026 година во три различни региони и многу локации, со италијанските градови Милано и Кортина д’Ампецо како главни центри на игрите. Ова ќе бидат четврти Олимписки игри чии домаќини се Италија, која ...
Македонскиот произведувач на сладолед „Нехо“, стана пример за успешна европска приказна. Компанија која го искоритист потенцијалот на Европската банка за реконструкција и развој ЕБОР преку ЕУ и сопствената визија, стане доверлив снабдувач на премиум производи за сладолед во големите малопродажни синџири, како во Северна Македонија, така и ширум светот, преку посветеност на обезбедување висок квалитет што ги надминува индустриските стандарди. „За ...
Познатиот раскажувач, новинар, спортист и боем, добитник на Нобеловата и на Пулицеровата награда за литература е роден пред 125 години, на 21 јули 1899 година. Со објавувањето на „Сонцето повторно изгрева“ во 1926 година, Хемингвеј станува не само гласот на „изгубената генерација“ туку и најистакнатиот писател на своето време. Најпопуларното дело на Хемингвеј, „Старецот и морето“, е наградено со Пулицерова награда во 1953 година, а во 1954 ...
Џенаро ја презема целосната контрола врз целата трговија со дрога во Неапол. Тој сее страв и станува почитуван меѓу подземјето. Чиро ја губи волјата да продолжи и откако го уби Маламмор за да ја одмазди својата ќерка, се сели во Софија за да работи кај Валентин. Подоцна дознава дека Младен (синот на Валентин) се обидел да го намести и ја наредува смртта на Чиро. Сепак Чиро ги убива Валентин и неговиот син, и се враќа во Неапол, додека Џузепе е ...
Во јануари ќе почне снимањето на третата сезона на популарната ТВ-серија на „Ејч-Би-О“, „Еуфрија“. „Среќна сум што сме подготвени да започнеме со продукција на ‘Еуфорија’ во јануари. Имаме одличен тим и неверојатна актерска екипа“, рече Франческа Орси, извршна потпретседателка на „Ејч-Би-О“. Продуцентите минатата година изјавија дека новите епизоди нема да бидат готови до 2025. Серијата им донесе светска слава на неколку актери, вклучувајќи ги ...
Поразот на Англија во финалето на Еврпското првенство во фудбал од Шпанија на Би-Би-Си го гледале 19,3 милиони луѓе, со просечна публика од 17,9 милиони. Натпреварот, кој исто така беше прикажан на ИТВ, донесе ТВ публика од 17,8 милиони на Би-Би-Си 1, со ТВ публика од 63 проценти. Микел Ојарзабал постигна гол во Берлин за да обезбеди победа од 2-1 за Шпанија, која стана европски шампион по рекорден четврти пат. Натпреварот на Англија исто така ...
Буквално снимаме осум филма, изјави актерата Маја Хок за снимањето на петтата и последна сезона на ТВ-серијата „Чудни нешта“. Проблеми имаше и со четвртата сезона, која беше паузирана во март 2020 поради ковид пандемијата. Снимањето на петтата сезона почна во јануари 2024, откако беше одложено поради штрајкот на холивудските сценаристи и актери во 2023. „Оваа серија малку како да е проколната“, се пошегува Хок во еден подкаст и додаде: „Имаме ...
На 53 години, почина холивудската актерка Шенен Доерти, после повеќегодишна борба со ракот. Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс 90210“ која ја играше улогата на Бренда Волш починала во саботата (13 јули), изјави за „Пипл“ нејзината портпаролка. Доерти е родена на 12 април во 1971 во Мемфис, Тенеси. Нејзиниот татко Том работел во банка, a нејзината мајка Роуз имала свој салон за убавина. Како актерка дебитирала на 10 години, во серијата „Татк ...
Современиот англиски многу други јазици, позајмуваат многу зборови од старогрчкиот. Еден особено интересен збор е „лезбејка“, кој денес се користи за опишување на хомосексуална жена која ја привлекуваат други жени, но коренот на зборот е врзан за грчкиот остров Лезбос. „Лезбејка“ е демоним за жителите на Лезбос, напишан и како Лезбос, и прашањето е зошто денес овој збор се користи за да ја опише женската хомосексуалност? Одговорот е поврзан со ...
Густав Климт е австриски сликар од симболизмот и еден од најпроминентните членови на движењето на Венецијанска сесија, познат по своите слики, мурали, скици и други уметнички дела. Основниот објект на Климт е женското тело, а во неговите дела се забележува директен еротицизам. Роден на 14 јули 1862 годинаво Баумгартен, во близината на Виена во Австроунгарија, како второ од седум деца, три машки и четири девојчиња. Неговиот татко, Ернст Климт ...
Пред самиот почеток на Летните Олимписки Игри 2024, да се потсетиме на десетте жени, олимпијки кои, секоја на свој начин, ја обликуваа олимписката историја и го променија светот за себе и за жените воопшто. Борејќи се со стереотипите, предзивиците и зацртаните општествени и спортски норми, овие одлучни, упорни, талентирани и храбри жени во многу нешта ја сменија историјата на спортот. Секоја од нив доаѓа од различни светови и епохи, секоја со ...
Никола Тесла бил еден од најголемите изумители, визионер кој е најпознат по неговите придонеси во дизајнирањето на современите системи за напојување со наизменична струја и по Теслиниот калем. За време на својот живот има преку 300 патенти во целиот свет за своите пронајдоци. Бил почесен доктор на петнаесет универзитети во Европа и во Америка. Никола Тесла е роден како етнички Србин во селото Смиљан, во рамките на Воената граница, во Австриската ...
Браната во Франција се одржа- францускиот гард кон продорот на крајната десница издржа. Откако заврши на првото место во воведниот круг на парламентарните избори во Франција на 7 јули, екстремно десничарскиот Национален собир на Мари Ле Пен не само што не успеа да обезбеди целосно мнозинство во вториот круг, туку заврши на третото место, спротивно на предвидувањата дека токму екстремно десничарската партија по резултатите од првиот круг ќе ја ...
Фрида Кало е родена на 6 јули 1907 година во Мексико Сити. Таа се смета за една од најголемите уметници во Мексико на сите времиња. Нејзините дела вклучуваат познати автопортрети како „Автопортрет со трн ѓердан и колибри“ во 1940 година и „Две Фрида“ во 1939 година. Родена е во Мексико и нејзиниот татко, Гилермо Кало, бил Германец, додека нејзината мајка, Матилде Калдерон и Гонзалес, била Мексиканка. Како дете Фрида се заразила со детска ...
Кардини се соочуваше со предизвикот да ги нахрани Калифорнијците кои ја преминаа границата за да ја избегнат забраната, периодот помеѓу 1920 и 1933 година кога производството и продажбата на алкохол беа забранети во Соединетите држави. Во средината на трпезаријата, Кардини фрлаше цели листови од Ромеин со состојки што ги имаше при рака, вклучувајќи масло со вкус на лук, сос од Вустершир, лимони, јајца и сирење пармезан. Тихуана планира да ја ...
Во документарната серија „Планета на ајкулите“ ќе нурнеме во зачудувачкиот воден свет на ајкулите и ќе проучуваме што ги прави толку успешни грабливци. Ајкулите се едни од најстарите и најуспешните ловци што некогаш живееле. Со повеќе од 500 видови , тие доминираат во секој агол на океаните. За прв пат, научниците почнуваат да ги отклучуваат нивните тајни. Во последните десет години, новата технологија за следење и снимање овозможуваат тие да им ...
„Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на најголемиот пазар за ТВ-серии во Европа, Конекта во Толедо, Шпанија, објави продукцијата „Охо“. Наградата вклучува 50.000 евра за развојот на ТВ-серијата, чии автори се Андреј Волкашин и Петар Вулчев од Бугарија. Проектот е во продукција на „Охо“ од Македонија и „Иквал тим“ од Бугарија, со поддршка на МРТВ, Глеј ТВ и Ејч-Би-О. Веста ја објави и престижниот „Вараети“, каде стои ...
Џастин Лориер, врвена специјалистка за воени експлозиви, се враќа дома од мисија во Авганистан и дознава дека нејзиниот татко загинал во сомнителен несреќен случај. Нејзиниот татко ѝ ги оставил во наследство мнозинскиот пакет акции на неговата приватна паравоена компанија Блу Мун (СИНА МЕСЕЧИНА). Џастин избира да не биде пасивен партнер, туку да ги преземе уздите, предизвикувајќи жестока реакција од преостанатото раководство на овој таинствен ...
Со Марта Димитриевиќ разговараше Хусамедин Гина 13 годишната Марта Димитриевиќ е активен член на коњички клуб „Илинден“. Нејзиното прво запознавање со коњот започнува уште на нејзина 5 годишна возраст во ранчот во селото Галичник, во Општина Маврово и Ростуше, каде што го поминува летниот одмор. Од тој ден, започнува нејзината љубов кон коњите, поточно кон животните. Во 2023 во дисциплината прескокнување пречки освојува вкупно 12 медали, од кои ...
Ѕвездите на „Куќата на змејот“ беа пречекани со големи овации од обожавателите на црвениот килим во Лондон, за премиерата на втората сезона на една од најпопуларните серии на Ејч-Би-О. Оливија Кук, Ема Д’Арси, Мет Смит и Фабиен Франкел беа дел од големата екипа која присуствуваше на премиерната проекција на новата сезона. На Ејч-Би-О ќе се прикажува од 16 јуни и ќе има осум епизоди. Втората сезона ќе го означи почетокот на Танцот на змејовите, ...