Европската централна банка (ЕЦБ) го подготвува првиот целосен редизајн на евро банкнотите, но во исто време испраќа јасна порака дека готовината нема да исчезне и покрај зголемената употреба на безготовински плаќања и плановите за дигитално евро. Целта е да се создадат банкноти кои ќе бидат поблиску до граѓаните и кои ќе имаат напредни безбедносни карактеристики, објавува „Еуроњуз“. Прв целосен редизајн на еврото ЕЦБ презентираше предлози за ...

За да го намали буџетскиот дефицит, Пекинг воведува построг надзор над странските трастови што кинеските милионери и милијардери со години ги користат за заштита на имотот и за избегнување данок. Од 24 јули на сила се правила со кои за првпат сериозно се оданочуваат странските трастови под контрола на кинески државјани, што на некои милијардери би можело да им донесе даночни сметки вредни десетици милијарди јуани. Од нашата мрежа Лагард: Не ...

Добивај вести на Viber Московските градски власти воведуваат квоти за продажба на гориво на бензинските пумпи. Неколку синџири на бензински пумпи во Москва почнаа да ја рационализираат дистрибуцијата на гориво, објавија денеска неколку руски медиуми, и покрај напорите на Кремљ итно да ги пренасочи залихите од внатрешноста кон главниот град. Групацијата „Газпром Нефт“ потврди за весникот РБЦ дека вовела привремени ограничувања од 40 литри ...

Норвешкото архитектонско студио „Хелен и Хард“ ја заврши дрвената „Кабина Санде“ на карпестиот атлантски брег во Рандаберг, Норвешка. Објектот од 112 квадратни метри е изграден на местото на викендичка од 1970-тите, а поради строгите правила за заштита на пределот морал да ги задржи нејзините димензии и висина. Највпечатлив дел од кабината се 18 столбови направени од цели смреки, ископани заедно со корењата. Потоа биле дигитално скенирани и ...

Лозарите и оваа година се соочуваат со сериозни проблеми при откупот на грозјето, а најголем дел од нивните забелешки се однесуваат на условите под кои се врши исплатата. Како што велат производителите, доколку им бидат исплатени средствата за предаденото грозје веднаш, откупувачите им задржуваат 8 отсто од вкупната вредност. Дополнително, се плаќа и 2 отсто данок, што значи дека уште на самиот почеток лозарите остануваат без 10 отсто од ...

Бројот на случаи на банкрот во Европската Унија во вториот квартал од 2026 година се зголемил за 5,7 отсто во споредба со првите три месеци од годината, додека бројот на новорегистрирани компании се намалил за 0,5 отсто, покажуваат најновите податоци на „Евростат“. Пад на регистрацијата на нови компании е забележан во пет од осумте анализирани сектори. Најголемо намалување има во индустријата, од 3,6 отсто, по што следуваат сместувањето и ...

На земјоделците годинава не им цветаат рози. Трошоците за производство (горивото, машините, храната, ѓубривото и ветеринарните услуги) одат нагоре, а кога ќе дојде време да се продаде родот, цените наместо да фатат нагоре, паѓаат. Токму ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во јули годинава, трошоците за земјоделското производство биле 4,4 % повисоки во споредба со тој месец лани. Од друга страна, цените на ...

Повеќе од 17 илјади македонски возачи може да удрат во ѕид со правилото 90 дена во 180 дена, иако секојдневно во Европа одат по работа. Системот ги брои деновите како за обични патници, па кога ќе го потрошат лимитот, им се затвора вратата и за нова тура, но и за приватно патување. Од „Макам-транс“ велат дека ваквата ситуација веќе им прави сериозни проблеми на превозниците, додека Владата најавува дека со билатерални договори со европските ...

Сушата повторно ја отвори дебатата за државната помош за земјоделството во Австрија. Штетите годинава се огромни, па повторно се бараат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците. Но, системот и без новите интервенции располага со милијарди евра јавни средства, даночни поволности и посебни правила. Во исто време, просечниот земјоделец не живее раскошно, што ја прави дилемата посложена: како да се заштитат малите фарми, без државните пари ...

Една од препораките на Институтот за јавно здравје за заштита од западнонилската треска која ја пренесуваат комарците е: „применувајте заштитни средства (репеленти) во облик на лосион, стик, аеросол-спреј или крем за кожата и за облеката, кои ги одбиваат комарците“. „Слободен печат“ направи обиколка низ продавниците во градот за да ги види цените на овие производи. Најевтиниот што го пронајдовме чини 305 денари и на рафтот имаше само еден ...

Халкбанк АД Скопје нуди посебен пакет наменет за жени претприемачки, со поволности кои треба да им овозможат полесно започнување и развој на сопствен бизнис. Во рамки на пакетот е предвидена можност за бизнис кредит до 500.000 евра, како и платежна сметка без трошоци за нејзино водење. Корисничките на пакетот добиваат и електронско банкарство без надомест, како и дополнителни поволности наменети за поддршка на развојот на нивниот бизнис. Од ...

Ни повеќе, ни помалку Македониоја според висината на државниот долг е некаде на средина на листата на држави од Европа. Институтот за економски анализи Finance Think спроведе истражување во кое ги опфати државите од Западен Балкан, членките на Европската унија и останати држави од стариот континент. Тоа што може да се забележи е дека најголем долг има Италија, а според висината на долгот најдобро котира Лихтејнштајн. Податоците од ...

Добивај вести на Viber На 15 август, на старото пристаниште во Охрид, се одржа третото и најголемо издание на Red Bull Педалинка досега, каде24 креативни и борбени тимови ја тестираа својата брзина, вештина, стратегија и тимски дух во една уникатна трка со педалинки на Охридското езеро. Форматот на оваа уникатна трка ги предизвикува учесниците што побрзо да стигнат до целта, каде двајцаод тимотнапред вртат напедали, а другите двајца ...

„Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, струмичките ...

Повеќето граѓани на Македонија не се подготвени да работат повеќе од сегашниот праг кој е 62 години за жени, односно 64 години за мажи, како што веќе станува пракса во повеќе европски земји. Резултатите од анкетите откриваат дека само 13,5% од испрашаните сметаат дека можат да работат до 67 години, додека 86,5% сметаат дека тоа е премногу. Еден од оние кои не сакаат да работат подолго е и 62-годишниот скопјанец Југослав Манасиевски, вработен ...

Приносот на триесетгодишните американски државни обврзници оваа недела го достигна највисокото ниво од 2007 година, додека приносите на долгорочните обврзници на Франција и Германија достигнаа повеќегодишни максимуми, пренесува „Блумберг“. Инвеститорите најмногу ги грижи инфлацијата и сè поголемите долгови поради вложувањата во вештачка интелигенција, а сметките ги плаќаат владите ширум светот. Од нашата мрежа Промена во Икеа: Стигнува ...

Мета на суд ги отфрли обвинувањата на американските сојузни држави дека намерно поттикнувала зависничко однесување кај децата за да ги задржи што подолго на Фејсбук и Инстаграм и да оствари профит. На самиот почеток од судењето, кое е покренато врз основа на заедничка тужба на 29 американски сојузни држави, четири сојузни држави (Калифорнија, Колорадо, Кентаки и Њу Џерси) ги повторија обвинувањата во кои ја сметаат Мета за одговорна за ...

Криптовалутите утрово бележат претежно позитивно движење, со раст кај најголем дел од најтргуваните дигитални средства. Биткоинот се тргува по цена од 64.368,6 долари, што претставува раст од 175,9 долари или 0,27 отсто. Во последното тргување забележан е обем од околу 37,52 илјади единици. Посилен раст има кај Ethereum, чија вредност достигна 1.918,67 долари. Втората најголема криптовалута според пазарната капитализација порасна за 20,63 ...

Добивај вести на Viber Секој септември доаѓа со истата рутина: нови учебници, нова облека, нова опрема и буџет што одеднаш се чувствува потесен отколку што требаше. Списокот никогаш не е пократок, само сметката на крајот на месецот станува подолга. А паниката во последната недела од август? Таа не е задолжителна. Што ако целата подготовка - книги, облека, техника, дури и она „уште нешто“ што секогаш се најде на дното на списокот - се случува ...

„Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата“, вели Ангелинка Петкова, ...

Инфлацијата во Европската унија благо забрза до 3 отсто во јули, враќајќи се на патеката на раст по кратката пауза во јуни кога изнесуваше 2,9 отсто, покажаа податоците на Европскиот завод за статистика. Годишната стапка на инфлација во Европската унија, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во јули изнесува 3,0 отсто, пресметаа статистичарите врз основа на најновите податоци што ги опфаќаат сите членки на ЕУ. Во ...

Пензиското штедење и неговото потенцијално влијание врз развојот на пазарот на капитал ќе бидат една од темите на 25. Годишна конференција на Македонска берза, која ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во „Metropol Lake Resort“. Во рамки на конференцијата, Марко Бомбач ќе одржи специјална презентација на тема „Посебните индивидуални инвестициски пензиски сметки и нивното влијание врз пазарот на капитал“. Бомбач е претседател на ...

Добивај вести на Viber Понекогаш е доволна една мала промена во секојдневната рутина за добро познатиот вкус да го откриеме на сосема нов начин. Токму затоа Грекос ја збогатува својата понуда со нови овошни вкусови и формати, создадени за различни моменти во денот, од појадок и ужина, до вкусна и практична пауза кога ни треба нешто што лесно се вклопува во нашиот ритам. За љубителите на овошните вкусови пристигнува Грекос Вишна 150г, ...

Добивај вести на Viber Втората недела од август повторно ни донесе позитивни движења на акциските пазари. Новите податоци за инфлацијата беа поповолни од очекувањата, што придонесе стравувањата од нови зголемувања на каматните стапки во голема мера да се намалат. Во меѓувреме, јужнокорејскиот индекс KOSPI повторно бележи раст, закрепнувајќи по историскиот пад во јули. Индекс Принос за една недела* (07.08.2026 – 07.08.2026) Принос за оваа ...

Германската економија се соочува со сериозен предизвик на меѓународните пазари, при што значителен дел од компаниите стравуваат дека ја губат конкурентската предност во однос на фирмите од други земји. Според најновото истражување на германскиот Институт за економски истражувања Ifo, 25,4 отсто од анкетираните компании сметаат дека нивната конкурентност на пазарите надвор од Европската Унија е загрозена. Проблемите не се ограничени само на ...

Добивај вести на Viber Акциите на кинескиот производител на хуманоидни роботи „Јунитри Роботикс“ (Unitree Robotics) забележаа спектакуларен пораст на своето деби на Шангајската берза - во еден момент регистриран беше „скок“ за речиси 630 проценти. Вкупната пазарна капитализација на компанијата со седиште во Хангжу во еден момент достигна 444,9 милијарди јуани (56,9 милијарди евра), објави „Глобал тајмс“. „Унитри“, компанија позната по ...

Цените на храната во светот би можеле значително да се зголемат оваа година. Според „Еуроњуз“, најголемо зголемување се очекува кај пченицата, што би можело да доведе и до повисоки цени на лебот и тестенините. Британската фирма за економски анализи „Оксфорд економикс“ проценува дека глобалните цени на храната ќе се зголемат за 11,8 проценти во 2026 година и за уште 4,8 проценти во 2027 година. Се очекува најмногу да се зголемат цените на ...

text size Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, предупреди дека регионот не смее да заостанува додека вештачката интелигенција ја трансформира глобалната економија. Говорејќи во седиштето на Светскиот економски форум во Женева, Лагард рече дека постојат охрабрувачки знаци дека европските компании инвестираат во технологијата, наведувајќи податоци од анкета кои покажуваат дека компаниите во еврозоната годинава ќе ...

Министерката за труд на Србија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, изјави дека од 1 јануари 2027 година, според предлогот на Владата на Србија, минималната плата во Србија ќе се зголеми на 600 евра, и наведе дека реалното зголемување на минималната плата е во однос на инфлацијата и потрошувачката кошничка. Ѓурѓевиќ Стаменковски рече дека номиналната минимална плата ќе се зголеми за 9,2 проценти, а дека реалниот раст е 4,8 проценти во споредба со ...

Цените на дел од најважните метали на светските берзи бележат пад во утринското тргување, при што најголемо намалување меѓу следените благородни метали имаат среброто и златото. Фјучерсите на златото за декември 2026 година се тргуваат по цена од 4.412,50 долари, што претставува намалување од 8,10 долари, односно 0,18 отсто. Во текот на тргувањето златото достигна дневен максимум од 4.416,92 долари, додека најниската забележана цена изнесува ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
86%
1027
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
82%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / -1ᴼ
0.51
54%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.86
91%
1032
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
4.47
59%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
65%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
0.89
77%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
1031
Currency

61.634

Currency

54.969

Currency

73.845

Currency

38.103

Currency

39.246

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Сребро

1670.34