Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Федералното државно обвинителство на Германија спроведува кривична истрага за можни саботажни дејствија поврзани со обидот за ликвидација на германската подружница „Газпром Германија ГмбХ“ во 2022 година. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Кремљ ги користел структурите на „Газпром“ за спроведување активности кои, според германските истражители, би можеле да бидат насочени кон дестабилизација на инфраструктурата за снабдување на Германија со природен гас. ...
Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова фотографија од банкнота од 100 долари со неговиот потпис. Ова доаѓа неколку месеци откако Министерството за финансии на САД објави дека, за прв пат во историјата, потписот на актуелен претседател ќе се појави на банкнота на американскиот долар. Министерот за финансии Скот Бесент претходно изјави дека администрацијата планира да го вклучи потписот на Трамп на американската валута ...
Европската централна банка е во „добра позиција“ по зголемувањето на каматните стапки минатиот месец, а податоците покажуваат дека инфлацијата се намалила со падот на цените на нафтата, изјави во саботата членот на Управниот совет, Емануел Мулен. „Не даваме насоки за иднината, па затоа нема да кажам што ќе правиме во јули“, рече тој на конференцијата „Реконтрес Економикс“ (Rencontres Economiques) во Екс-ан-Прованс. „Но, она што е вистина е ...
Откако загубија наголемо од глобалното рели на вештачката интелигенција, индиските акции го враќаат вниманието на инвеститорите кои сакаат да ги пребродат најновите турбуленции на пазарот. Со треската со вештачката интелигенција што ги тресат референтните мерачи од Азија до САД, индексот NSE Nifty 50 станува еден вид безбедно засолниште за глобалните инвеститори. Во првата половина од годината, тој се движеше за еден процент или повеќе во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во 2025 година пријавил приходи од околу 2,2 милијарди долари, што е повеќе од трипати во однос на претходната година, кога неговите приходи изнесувале 622 милиони долари. Ова го покажуваат податоците од неговата најнова финансиска и даночна документација доставена до надлежните американски институции. Документот, кој оваа година опфаќа 927 страници, значително е пообемен од ланскиот извештај и дава ...
Цените на нафтата на светските берзи веќе подолг период се во пад, а тоа се одразува и врз пониските цени на горивата во Македонија. Но, ако ги прашате граѓаните, во маркетите како да не слушнале дека енергенсите поевтинија. Производите што поскапеа кога горивата беа скапи, и понатаму остануваат со истите високи цени. Изгледа дека кај трговците правилото е едноставно – кога горивото поскапува, цените веднаш одат нагоре, а кога поевтинува, ...
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска на пладне ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“. Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектот изградба на новата картинг патека во месноста Моклиште во Општина Кавадарци. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Претседателот на Владата на Република Македонија ...
Најбогатиот Европеец и претседател на француската луксозна групација ЛВМХ Бернар Арно ќе мора да плати дополнителни 22,5 милиони евра данок во Франција, откако Управниот апелациски суд во Париз пресуди дека преку холдинг структури во Белгија ги намалил даночните обврски во периодот од 2010 до 2015 година. Спооред порталотр Л’Информе, случајот се однесува на сопственичката структура ЛВМХ, во која семејството Арно го држи својот удел во ...
Скопје, 3 јули 2026 (МИА) - Одржливоста на компаниите и на економијата не е дестинација, туку едно патување и трансформација. Компаниите што ќе успеат не мора да бидат најголемите, туку оние што најбрзо се приспособуваат, најмногу иновираат и градат отпорност преку начинот на кој работат, изјави меѓудруготото заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска на завршната сесија на конференцијата ...
Десетици илјади вработени во компанијата „Мерцедес-Бенц“ протестираа низ цела Германија против најавените мерки за штедење и евентуалното влошување на условите за работа, објави најголемиот германски индустриски синдикат IG Metal. Според податоците на синдикатот, повеќе од 33.000 работници во фабриките во Зинделфинген, Штутгарт, Раштат, Копенхајм, Бремен, Берлин, Хамбург и Гермерсхајм учествувале во протестите, додека компанијата наведува ...
Локалните и регионалните лидери изразија загриженост дека следниот повеќегодишен буџет на ЕУ ризикува да ги поткопа инвестициите во прифатливи станови потребни за ублажување на продлабочената криза со домувањето во Европа. Претседателката на Европскиот комитет на регионите (CoR), советодавното тело на ЕУ кое вклучува демократски избрани регионални и локални претставници од сите 27 земји-членки, Ката Туто, изјави дека предизвикот со домувањето ...
Политичките случувања во Обединетото Кралство проследени со оставка од премиерот Стармер и неколку министри, премиерот Мицкоски не очекува да го разбрануваат стратешкиот договор со кои Британија треба да биде гарант на неколку проекти. Меѓу нив е и брзата пруга чиј почеток досега беше најавуван со неколку рокови, а сега премиерот Мицкоски соопшти нов – се надева камен темелник да се урди до крајот на оваа или почетокот на следната година. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува гасоводниот интерконектор со Грција да биде завршен во првата половина од следната година. -Во првата половина од следната година очекувам да биде готов, еве и да бидам чекор пооптимист, во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасовод. Веќе е објавен од страна на Номагас интерконекторот со Србија, така што сето тоа ...
„Состојбата на јавниот долг во 2019 година беше 49%, во 2020 година 8% буџетски дефицит, а во исто време јавниот долг од 49% се зголемува на 59,7%, од 49% на 59,7%. Во таа година во која што постојано се повторува дека сме имале корона криза, но во истовреме Државниот завод за ревизија излезе со податоци за колкав е износот на средства коишто се дадени за поддршка на стопанството и колку другите средства биле насочени и дека не дале ефект на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по две години владата успева да го консолидира и секторот земјоделство во кој, рече, наследила катастрофална состојба во која земјоделците не можеле да си ги наводнуваат посевите и не ги добивале субвенциите. -Во секторот земјоделство наследивме буквално катастрофа од претходната влада. Акумулациите беа доведени под биолошки минимум, на 8 проценти, денеска се на 80 проценти, и тоа во јули кога е речиси ...
Американскиот претседател Доналд Трамп откри 327 претходно непријавени купувања на акции во својот годишен извештај за неговата имовина, составен на 8 април минатата година, еден ден пред неговата неочекувана одлука да ги замрзне таканаречените реципрочни царини за 90 дена, објави телевизијата NBC. Според американскиот закон, високите извршни функционери мора да ги пријават ваквите финансиски трансакции во рок од 45 дена, но Трамп не ги откри ...
Токму затоа, NERA CAFFÈ Almond Latte е избор за сите кои и во деновите на пости сакаат да останат верни на својот омилен кафе ритуал. Со нежен вкус на бадем и кремаста текстура, нуди поинакво, но подеднакво пријатно кафе искуство. Комбинацијата на кафе и бадем нуди поинаков пристап кон секојдневното кафе уживање, а воедно одговара на потребите на потрошувачите кои во овој период бараат производи што се вклопуваат во нивниот начин на исхрана. ...
На светските девизни пазари тргувањето помина со умерени поместувања на најважните валутни парови, при што еврото и британската фунта забележаа минимален раст во однос на американскиот долар. Еврото се тргуваше по 1,1437 долари, што претставува дневно зголемување од 0,04 проценти. Идентичен раст од 0,04 проценти оствари и британската фунта, која достигна курс од 1,3346 долари. Американскиот долар зајакна во однос на јапонскиот јен, при што ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека безбедноста на Ормускиот теснец е во рацете на крајбрежните држави и предупреди дека оние кои ќе предизвикаат криза ќе бидат одговорни „за последиците од нивниот авантуризам“. „Ова е сериозно предупредување“, рече Гарибабади, објави денес новинската агенција „Мехр“. Гарибабади напиша на својата лична страница на една од социјалните мрежи: „Ормускиот теснец не е ...
Пазарот на криптовалути ја продолжи позитивната динамика, при што најголемите дигитални средства забележаа раст на вредноста во текот на денешното тргување. Најголемата криптовалута, биткоинот (Bitcoin), поскапе за 1,72 проценти и достигна цена од 62.631,5 долари. Позитивен тренд бележи и етерот (Ethereum), кој порасна за 2,56 проценти, достигнувајќи 1.763,74 долари. Меѓу водечките криптовалути, значителен раст оствари и BNB, чија вредност ...
Во текот на саемот, инженерите на Фероинвест беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните инвеститори за технички информации и консултации околу современите BESS (Battery Energy Storage System) решенија. Меѓу новитетите беше и новата генерација батериски системи PC-G3, развиена за сигурно и флексибилно складирање и управување со електрична енергија. Системот поддржува работа со електроенергетската мрежа, ...
Првата акција најчесто не се купува со ладна глава. Се купува со возбуда, со малку страв и со многу прашања. Дали е вистински момент? Дали цената е висока? Што ако утре падне? А најважното прашање, она што многумина го прескокнуваат, е многу поедноставно: дали компанијата навистина вреди? Берзата не е обложувалница, иако дел од почетниците така ја разбираат. Гледаат графикони, слушаат муабети, читаат по форуми дека „ова ќе експлодира“ и ...
Добивај вести на Viber Европските акции пораснаа и го однесоа индексот Stoxx 600 на нов историски максимум, откако се смири притисокот врз компаниите поврзани со вештачката интелигенција. Растот го предводеа технолошките и комуналните компании, а европскиот индекс влезе во четврта недела на добивки. Позитивното расположение се пренесе и во Азија, каде што закрепнаа акциите на Samsung Electronics и SK Hynix, додека фјучерсите на Nasdaq 100 ...
Фудбалот останува во фокусот. Мундијалот во САД донесе неочекувани вести – Германија и Холандија покажаа дека фаворити има само на хартија, особено кога се изведуваат пенали. Си заминаа и „лилјаните“ од БиХ, а ВАР и уште некоја технологија скриена во топката ја пратија и Хрватска дома. И оттука се поставуваат прашањата што е потребно за да се освои Светското првенство и дали тоа досега е приказна за успех или разочарување. Во земјава ...
Замрзнатите дозволи за изградба на соларни и ветерни фарми (па дури и пуштање во употреба на веќе изградени објекти) во Соединетите Американски Држави се закануваат на инвестиции вредни 121 милијарда долари, пишува „Reuters“, повикувајќи се на извештај на консултантската компанија „Wood Mackenzie“. Според публикацијата, политиката на Белата куќа го забавува развојот на секторот за обновлива енергија и батериите, кои се неопходни за ...
Најновиот обид на Европската Унија да ги рестартира трговските и економските односи со Кина е неуспешен. Некои земји-членки и функционери се скептични во врска со подготвеноста на блокот да преземе решителни мерки доколку дипломатијата не успее, објави „Bloomberg“. И покрај обновениот притисок за построг став кон Пекинг, на ЕУ ѝ недостасува политичка волја да спроведе значајни промени или да се вклучи во конфликт со Кина, според луѓе ...
Распукани фасади, лифтови што работат денес, а утре не, влезови без светло, влажни подруми и покриви што прокапуваат по секој посилен дожд. Така изгледа секојдневието во голем број станбени згради низ земјава. Проблемот одамна не е само во тоа што зградите се стари. Проблемот е што нема пари за нивно одржување, а уште помалку согласност меѓу станарите за тоа кој, кога и колку треба да плати. Во многу влезови сметката е иста со години. Некои ...
Германската федерална влада се согласи за сеопфатна реформа на данокот на доход што треба да донесе значително даночно олеснување за милиони граѓани од 1 јануари 2027 година Лицата со пониски и средни приходи треба да имаат најголема корист од новите мерки, особено семејствата со деца, додека дел од трошоците за реформата ќе бидат покриени со промени во оданочувањето на највисоките приходи. Според германските медиуми, вкупната вредност на ...
Добивај вести на Viber Светските цени на храната се стабилизираат, a само месото и растителните масла се поскапи. Светските цени на храната во јуни останаа на нивото од доцна пролет, при што житарките, млекото и млечните производи се поевтини, а месото и растителните масла се поскапи, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Цените на житарките се зголемија за 3,5 проценти во јуни во споредба со мај, кога беше ...
Производството на сурова нафта на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) нагло порасна минатиот месец, откако земјите од Персискиот Залив го обновија извозот низ Ормускиот Теснец по мировниот договор меѓу САД и Иран, покажува анкетата на „Блумберг“. Производството на ОПЕК се зголеми за 2,34 милиони барели дневно, на 18,75 милиони барели дневно, при што растот беше предводен од Кувајт, Саудиска Арабија и Иран, покажува ...