Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во зависност од економските и општествените промени, како и за нејзиниот важен придонес, потенцирајќи дека во 1991 дојде до историска промена на централнобанкарското работење, односно до ...
Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со тоа целосно беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога го забележа најголемиот раст во последните три месеци. Индексот „S&P 500“ на „Волстрит“ падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од ...
Добивај вести на Viber Одлуката на Катар да потпише долгорочни договори за снабдување од САД сугерира дека вториот најголем извозник на течен природен гас (LNG) во светот е сè повеќе загрижен дека нестабилноста во Заливот би можела да ги загрози неговите амбициозни планови за експанзија. „Катар енерџи“ неодамна потпиша дваесетгодишен договор за купување на 3 милиони метрички тони течен природен гас годишно од објектот на „Вудсајд енерџи“ во ...
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во ...
Добивај вести на Viber Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, со цел обезбедување точни, транспарентни и разбирливи информации за јавноста, укажува на значењето, начинот на функционирање и механизмите за заштита на средствата во капитално финансираното пензиско осигурување, како важен дел од пензискиот систем на Република Северна Македонија. Капитално финансираното пензиско осигурување, односно ...
Северна Македонија со изградбата на гасниот интерконектор со Грција треба да добие дополнителен влез за природен гас и поголем избор на правци за снабдување. Европската инвестициска банка ја наведува токму диверзификацијата на изворите и пристапните рути како главна цел на проектот. Во извештајот за спроведување на обврските за 2025 година, Енергетската заедница забележува дека македонската гасна мрежа е поврзана само со бугарскиот систем. ...
Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на Алта банка АД Битола. Ние размислуваме и во алтернативи за оние екстремни сценарија. Премиерот објасни што во такво сценарио што никој од нас не го посакува, истакна денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Тој посочи дека бараат купувач за банката. Нормално има некои што сами се јавуваат, со кои се остваруваат контакти, а ...
text size На изборите во САД се решава кој ќе го контролира Конгресот во последните две години од мандатот на Доналд Трамп. До петокот, на предвременото гласање беа предадени рекордни 47,9 милиони гласачки ливчиња. Според повеќето прогнози, демократите имаат предност во трката за Претставничкиот дом, но исходот во Сенатот е неизвесен. Последните гласачки места ќе се затворат во 7 часот наутро по македонско време, а во сојузните држави со ...
Добивај вести на Viber Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива. Државата ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година. Ова е наведено во владината уредба објавена денеска, со цел да се обезбеди доволно количество за домашниот пазар. Владата го утврди лимитот за извоз на странските пазари на 18,8 милиони тони ѓубрива за наведениот период. Оваа бројка опфаќа 11,3 милиони тони ѓубрива ...
Тутунарите и 10-те откупувачи во земјава ги прават последните подготовки за стартот на откупот на тутунот од годинашнава реколта која се проценува на околу 26 000 тони квалитетен род. Се очекува од 17 ноември, со вонредниот откуп пунктовите да ги отворат дел од компаниите. На прагот сме на откупот на тутунот за годинашнава реколта. Во овие денови се врши нострификација на мострите, без што не може да почне откупот. Од 16 ноември е вонредниот ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,561%, кај дизелот за ...
Добивај вести на Viber Бројот на вработени во САД се зголеми за 165.000 во октомври, а невработеноста се намали на 4,1 проценти. Бројот на вработени во Соединетите Американски Држави надвор од земјоделскиот сектор се зголеми за 165.000 во октомври, што е далеку над очекувањата, додека стапката на невработеност неочекувано се намали на 4,1 процент, според податоците кои денеска ги објави Бирото за статистика на трудот (BLS). Резултатите ...
Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на ...
Официјалните девизни резерви на Република Северна Македонија бележат раст во октомври 2026 година, покажуваат најновите податоци објавени од Народната банка. На крајот на октомври, бруто девизните резерви достигнаа ниво од 5.201 милион евра, што претставува зголемување за 177,6 милиони евра во споредба со претходниот месец (септември 2026 година), кога тие изнесуваа над 5,02 милијарди евра. Според структурата на девизните резерви што ги ...
Цените на нафтата денеска пораснаа поради новите напади на јеменските бунтовници Хути врз Саудиска Арабија, која ја поддржува јеменската влада во граѓанската војна, и поради стравот дека војните на Блискиот Исток би можеле да се прошират и да ги загрозат испораките на нафта. Цената на нафтата „Брент“, која се користи како глобален стандард за цената на нафтата, порасна за 1,8 отсто, на 110,75 долари за барел, додека американската нафта ВТИ ...
Добивај вести на Viber Продажбата во малопродажниот сектор во Европската Унија бележи значително намалување, а најголем пад е регистриран во Германија, покажуваат најновите податоци што вчера ги објави европската статистичка служба Евростат. Во септември годинава, обемот на малопродажбата во еврозоната се намалил за 0,7 проценти во однос на август, додека на ниво на целата Европска Унија падот изнесувал 0,6 проценти. Ова претставува пресврт ...
text size Фокусот на инвеститорите вчера беше насочен кон резултатите од меѓуизборите во САД на кои демократите постигнаа огромна победа над републиканците. Тие оценуваа какво ќе биде влијанието врз пазарите поради построгата контрола врз политиките на претседателот Доналд Трамп и ограничувањата со кои би се соочиле пратениците при преобликувањето на неговата агенда. Азиските технолошки акции и доларот првично беа под притисок, додека ...
Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што е зголемување за 7,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Растот на просечната нето-плата на годишно ниво, пред сè, се должи на зголемувањето на платите во секторите Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, ...
Добивај вести на Viber Шпанија, најголемиот производител на маслиново масло во светот, донесе необична одлука со која производителите задолжително ќе мора да повлечат дел од своето производство од пазарот. Целта е да се спречи понатамошен пад на цените поради очекуваното рекордно високо производство. Според одлуката на шпанското Министерство за земјоделство, објавена во петокот, производителите ќе мора да складираат 12 проценти од ...
Економскиот раст на Западен Балкан се очекува да забрза во 2026 година и дополнително да зајакне во 2027 година, поттикнат од потрошувачката и инвестициите. Регионалната економија покажа отпорност на шокови и продолжува да се приближува до Европската унија. За да се поддржи создавањето подобри работни места, бизнисите имаат потреба од поефикасни регулативи поврзани со трговијата кои ќе им помогнат да се натпреваруваат на меѓународните пазари, ...
text size На 556 пензионери кои имаат платежни сметки во банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „Алта банка“ АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати, соопшти НБРМ попладнево. Според соопштението на централната банка, исплатата на средствата се одвивала во најдобар ред. За денеска преку СМС-пораки биле повикани околу 400 граѓани, но на шалтерите ...
Интеграцијата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) веќе носи практични придобивки за граѓаните и за деловните субјекти, а истовремено нуди и дополнителен потенцијал за зајакнување на економијата преку иновации, дигитална трансформација, поголема конкурентност и подобрена финансиска вклученост, вели вицегувернерот во Народната банка Игор Величковски, во публикација за Европскиот совет за плаќања, по повод една година од ...
Добивај вести на Viber Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ постепено се повлекува од договорот со „Оракл“ за изнајмување компјутерски капацитети за вештачка интелигенција, што претставува значајна промена во соработката меѓу двете компании. Одлуката доаѓа во период кога технолошкиот сектор вложува стотици милијарди долари во инфраструктура, а инвеститорите сè повнимателно ја следат исплатливоста на овие инвестиции. Според ...
Индустриското производство во септември 2026 година бележи зголемување од 2,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот се должи пред сè на зголеменото производство во преработувачката индустрија, каде што е регистриран пораст од 4,2 проценти. Наспроти тоа, во секторот Рударство и вадење камен е забележано намалување на производството од 7,7 проценти, а во секторот ...
Добивај вести на Viber Американската компанија „ОпенАИ“, која стои зад популарниот ЧетГПТ, обезбеди нови 11 милијарди долари од инвеститорите, но по значително пониска проценета вредност од првично очекуваната. Ова е уште еден показател дека инвеститорите стануваат повнимателни кон огромните вложувања во вештачката интелигенција. Според Ројтерс, кој се повикува на извори запознаени со трансакцијата, компанијата во петокот ја затворила првата ...
Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на околу 3.500 пензионери коишто примаат пензија преку АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички. Се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да им се олесни пристапот до нивните средства. Истовремено, се бараат решенија и за компаниите коишто имаат средства во Банката, а треба да ги исплатат платите и да ги подмират обврските ...
БанкоМетар ги спореди актуелните потрошувачки кредити на НЛБ Банка и Халкбанк. Наместо да гледаме само рекламирани камати, пресметавме што значат тие во пари за кредит од 1.000.000 денари на 95 месеци. Кога земаме кредит, најчесто прво ја гледаме каматата. Халкбанк нуди 5,4%, НЛБ 5,6% преку мКлик, односно 5,7% преку експозитура. Логичниот заклучок би бил: Халкбанк е поевтина. Но дали навистина е така? Да почнеме од најважното – колкава ќе ...
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат во петок, 28 август 2026 година, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Од Банката информираат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да користат дел од банкарските услуги. За уплата и подигнување готовина достапни се банкоматите на Банката, додека за останатите финансиски трансакции клиентите можат да ги користат Интернет банка ...
Едно кафе, една достава, една претплата или кратко возење со автомобил изгледаат како ситница. Но кога ќе ги помножите со деновите во годината, „само уште ова“ може да стане сума од која ќе ве заболи глава Каде отидоа парите? Ова е веројатно едно од најчестите прашања што си го поставуваме на крајот од месецот. Платата стигнала. Сметките се платени. Не сме купиле нов телефон, телевизор или мебел. А сепак, на сметката останало многу помалку ...