Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). На 20 октомври, во рамките на официјалното затворање на БИМАС XXII – Биенале на македонската современа архитектура, што се одржа во Музејот на современата уметност – Скопје, „Платформа“ ја доби престижната награда во категоријата реализација од областа ентериер и дизајн за ...

Скопје, синоќа, во фоајето на НОБ, пред уважени гости, амбасадори и претседателката Гордана Силјановска-Давкова (со дузина телохранители) ја слушна светската премиера на концертот во три става „Дон Кихот во Скопје“, за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар, напишан годинава од двајцата врвни автори и брачна двојка- маестрата Дијана Илкоска-Имери и пијанистот Дино Имери. Вечерта беше специјална – се славеше националниот ден на Шпанија. ...

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција. Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓанските и невладини организаци од над 20 земји. Публиката ќе може да ги следи ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вчера беше промовирана научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – Фотографи“ посветена на претходно целосно непознатото, но исклучително вредно фотографско творештво на семејството Арсовски. Изложбата и публикацијата отвораат ново поглавје во историјата на македонската и хрватската фотографија со кое што се надополнува значаен сегмент во ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во објава на Фејсбук сподели дека со воведувањето на „делегираниот буџет“, овозможиле поголема флексибилност и одговорно управување со ресурсите, во интерес на публиката. „Ова е израз на доверба кон раководителите на установите да ги истакнат своите менаџерски способности. Тие најдобро ги познаваат потребите на својата институција, без разлика дали станува збор за театар, музеј или галерија, ...

Во дворот на „Комбо“ во скопска Железара се одржа шестиот „Маалски бувљак“. Посетители дојдоа, слушаа музика, ама и избираа облека и предмети од втора рака, за да им дадат нова шанса и втор живот. Притоа, како што велат од „Комбо“, се прослави нивниот прв роденден, се испија многу кафиња, дознаа многу судбини, родија нови познанства, подновија нечиви плакари, а заедницата си заедничареше. „Една година полна со кафе муабети кои прераснале во ...

По летото исполнето со настапи низ регионот и концертот пред Massive Attack, Дина Јашари се враќа дома – со нова концертна приказна во Public Room, закажана за 20 ноември 2025 година. Настанот е посветен на нејзиниот најнов албум „Растенија без корен“, кој ќе биде изведен во живо, искрено и топло, во препознатливата атмосфера на поткровјето на Public Room. „Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли,“ пишува Дина во ...

Виница, 21 октомври 2025 (МИА) - Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“ и под покровителство на Општина Гевгелија, се закити со две награди на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија - ДФНФ 2025, што изминатиот викенд се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Првата е авторска награда за камера на Васко Трајков, а втората е главната или Гранд при наградата за ...

Мултимедијалниот уметник Иван Ивановски во моментот е актуелен со изложбата „Човек во размер“ што ја реализира со архитектот Максим Наумовски во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Наскоро заминува во Кина каде ќе има самостојна изложба Преку редефинирање на поединецот во функција на колективот, на човекот во функција на градот или обратно, неговиот слоевит уметнички интерес постојано се вртка околу личноста, поточно околу колективниот на кој таа ...

Денеска започнува дванаесетчасовниот мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна. Организаторите на „Хаус оф ...

Во сабота (25 октомври 2025), точно напладне, љубителите на современата уметност ќе можат да уживаат во „МСУ водич“ – специјално матине-разгледување на тековните изложби со кустосот Бојана Јанева. Настанот започнува во 12 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, а музички избор подготвува Дарко Јорданов. Влезницата изнесува 150 денари. Јанева ќе ги води посетителите низ три самостојни изложби што го дефинираат есенскиот циклус на ...

Американската филмска продукција „Дизни“ не ја прифатила идејата за одгранок-продолжение на „Војна на ѕвездите“, со Адам Драјвер како Бен Соло, овојпат во главна улога, открива глумецот. Имено, Драјвер вели дека бил расположен за тој филм, но одлуката била спротивна на неговите желби, објави „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment). – Секaко дека бев заинтересиран да снимам уште една „Војна на ѕвездите“… Разговарав за снимањето уште во 2021 ...

Денес ќе се одржи промоција на книгата „Охридски фолклористи” од авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков. Промоцијата е во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, уредникот на едицијата „Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, ...

Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме – своето не го даваме“, во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, се игра во Драмскиот театар на 23 октомври, во 20 часот. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Градскиот театар од Љубљана и продукцијата на „Град театар“ од Будва. Премиерата на „Плејбои…“ беше на 10 август, ...

Македонските уметници, музичари, посветени се на камерната музика истражувајќи ги можностите на дрвените дувачки инструменти, односно флејта, кларинет, англиски рог и бас кларинет. Во ансамблот членуваат Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Елена Дојчинова – флејта како и композиторот и акордионист Дарко Илиевски кои ќе изведат дека од Иванов, Цанев и Илиевски. Ансалблот „Консонанс“ ...

Стеван Феди од Црна Гора ја доби Гран при наградата на фестивалот „Песните на Тоше Проески“, кој годинава се одржа во Културниот центар во Битола. Феди го пееше хитот на Тоше на англиски јазик „Најтешкото нешто“ (The Hardest Thing) и победи во конкуренција на пејачи од Словенија, Хрватска, Украина, Црна Гора, Македонија, Казахстан и други земји, кои ги пееја песните на оригиналнот јазик на кој се снимени. Минатата година, овој фестивал се ...

По успешниот пат на уметничкиот проект „Поетроника“, кој со спој на поезија и електронска музика создаде нов сценски израз, авторите Оливер Митковски и Андреја Салпе го претставуваат своето ново, едукативно продолжение – „Поетроника за млади“. Настанот ќе се одржи на 29.октомври 2025, (вторник), со почеток во 20:00 часот во Јавна соба. Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, ...

Новиот документарен филм на „Paramount+“ со наслов „We Will Dance Again“ ја раскажува болната, но во исто време и длабоко човечка приказна за младите кои го преживеаја нападот што го потресе светот. Преку емотивни сведоштва, архивски снимки и интимни разговори, филмот открива како една ноќ исполнета со музика, слобода и радост се претвори во кошмар. Сепак, на местото на стравот и загубата, никна неверојатна сила – заедништво, љубов и верба во ...

Кога се соработува со прекрасни луѓе, излегува и прекрасен продукт, вели Горан Таневски, најавувајќи го јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски“, кој ќе се одржи на 20 декември 2025 година (сабота) во МКЦ – Скопје. „Новата музичка подлога и концептуалниот пристап кон музиката, ме наведе на тоа дека Девојка од Бронза е најдобар показател, во кој правец оди вториот албум ” More” од трилогијата “Среќен сум дури и без себе”, а тоа е – ...

Некои дела не се само платно и боја – тие се дел од човечката меморија, сведоштво за време, емоција и историја. А токму тие дела, понекогаш, имаат највозбудлива – и најтажна – судбина. Додека светот деновиве зборува за кражбата од колекцијата на Лувр, кое е дел од круната на царицата Евгенија, сопругата на Наполеон Трети, ние не можеме да не се сетиме на една поинаква, но блиска приказна – приказната за подарената слика на Пикасо за Скопје, ...

Кочани, 21 октомври 2025 (МИА) - Во Кочани синоќа почна 62. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. Први на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ настапија тетовци од „Летечката театарска група“ со претставата „Малиот принц“. ДАФ, вообичаено, секоја година се одржува во текот на последната недела од мај, но, поради мартовската трагедија во „Пулс“ и овој настан од културата беше одложен. На годинашниот фестивал на ...

Светот одамна му се восхитува и поклонува. Фотографиите од Охрид и езерото се вистинска мамка за случајните и намерните посетители, оние што дошле или допрва ќе стигнат. Стојан Стојановски, секој миг е со својот моќен апарат и уште помоќната сензибилност за естетиката и природната убавина. Охрид е како од бајките, но на неговите фотографии доловените мигови се уште поубави. По подолго време Публицитет.мк во рубриката „Фото на неделата “ ви ...

За прв пат по 200 години, величествениот Партенон на Акропол е во голема мера ослободен од надворешни скелиња, нудејќи им на посетителите прекрасен, непречен поглед на античкото ремек-дело. „Најмалку две генерации не го виделе Партенон визуелно слободен, бидејќи скелињата на неговата западна страна беа поставени пред дваесет години. Но, да се види Партенон целосно слободен, каков што е денес, е нешто што не се случило најмалку 200 години“, ...

На денешен ден, пред точно 25 години — 21 октомври 2000 година — излезе „Primitive Science“, вториот макси-сингл на Кирил Џајковски, објавен под неговата издавачка куќа Avant Garde Records. Изданието, објавено на 12-инчен винил, ја содржи оригиналната тема и уште три ремикси направени од странски продуценти, што му даваат меѓународен звук и универзален пулс. Колекционерите и љубителите на електронската музика го сметаат ова ЕП за едно од ...

Македонскиот долгометражен филм „Утре наутро“ по сценарио и режија на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан пред македонската публика на 19 ноември во киното „Синеплекс“, а од наредниот ден ќе почне неговото киноприкажување низ целата земја. – „Утре наутро“ е политичка драма, зборува за луѓето што носат одлики, поточно за одлуките со чии последици се соочуваат сите. Одлуки кои ги уништуваат прво нивните семејства, а потоа целата заедница – ...

Во петок, на 24 октомври 2025 година, во камерната сала на Македонска филхармонија во Скопје ќе се одржи концертот „Подиум на млади“, на кој ќе настапат пијанистот Виктор Рафајловски, виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтијари. Настапот започнува во 20 часот и ветува вечер исполнета со виртуозност и емоција. Во програмата на Рафајловски се вклучени дела од Франц Лист – „Трансцендентална етида бр. 4 Mazeppa“, Тома Прошев – ...

На малата сцена во Македонскиот народен театар, на 22 октомври, во 20 часот, ќе биде одиграна јубилејна 50. изведба на монодрамата „Торонто експрес“, работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф и во режија на Јордан Симонов. Во претставата игра Александар Микиќ. „Торонто експрес“ е агенција за помош при емиграција во Канада, чија цел е да се убедат сите Македонци колективно да се иселат во ветената земја. ...

По повод 25 Октомври – Денот на операта во амфитеатарот на Спомен куќата на Мајка Тереза на 27. овој месец ќе се одржи изложба посветена на Милка Ефтимова. Како што информираат организаторите, изложбата е резултат на соработка меѓу НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Музеј на Македонската борба за самостојност. -Изложбата ја слави уметноста, животот и хуманоста на Милка Ефтимова(1936–2025) – првенка на Македонскиот народен театар, оперска ...

Саат кулата во Скопје е изградена е во 15 век и служела за мерење на времето и означување на молитвените часови. Се наоѓа во дворот на Султан Муратовата џамија и е еден од препознатливите симболи на Старата чаршија. Препорачано Султан Муратовата џамија е изградена во 1436 година, за време на султан Мурат Втори. Таа е една од најстарите џамии во Скопје и важен споменик на османлиската архитектура. За споредба, саат кулата Биг Бен во Лондон е ...

Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата. Во време кога ...

weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
83%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
3.6
89%
1021
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
1.03
67%
1026
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
1.46
97%
1025
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
98%
1023
weather icon

Атина

9ᴼ / 5ᴼ
0.45
71%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -7ᴼ
0.0
91%
1025
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.06
90%
1024
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
5.14
81%
1025
Currency

61.545

Currency

52.851

Currency

70.942

Currency

35.4018

Currency

38.0477

Currency

65.9491

Currency

7.57395

Currency

0.67113

Currency

0.33186

Currency

0.52432

Currency

1.22539

Currency

0.58452

Цинк

3.15

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.17

Родиум

318292.39

Платина

74245.83

Кобалт

59.52

Калај

48.40

Иридиум

174307.10

Бакар

12.02

Паладиум

57839.19

Сребро

2756.60

Злато

147673.55