Ана Петановска испеа брза песна во стилот на Витни Хјустон на Макфест во Штип, на втората вечер на 24 октомври. Григор Копров ја напиша музиката за песната „Со тебе до ѕвездите“, таа е автор на текстот, а аранжманот е на нејзиниот брат Стефан Петановски. „По баладите кои ги испеав на фестивалите изминативе месеци, оваа песна ми дојде како освежување. Многумина коментираа дека е како Витни Хјустон на почетоците од кариерата, што ми е многу ...

Најемотивните моменти на Макфест 2025 - Коки пееше сам без Дуле, Стојан Троицки се расплака за наградата за животно дело „Како ми е? Еве вака... тажно, сам... Дуле го нема покрај мене. Ме фати трема на крајот, гласот ми затрепери кога требаше да кажам два-три збора. Иако, мислам дека вчера ми беше потешко“ - рече Коки за CRNOBELO.com откако сам ја испеа „Виолина и гитара“. Изминатиот викенд во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се ...

По успешната премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, која предизвика одличен прием кај публиката и бурни аплаузи, Националната опера и балет ја најавува следната изведба на ова ремек-дело, што ќе се одржи на 28 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е ...

По успешната премиера која публиката ја награди со бурни аплаузи и одушевување, Националната опера и балет ја најавува новата изведба на едно од најпопуларните и највесели музички дела – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Настанот ќе се одржи на 28 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот, на големата сцена на МОБ. Оваа безвременска оперета, позната по својата разиграност и виенски шарм, повторно ќе го оживее светот на валцерите, ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 304, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (25-26.10.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со министерот за култура и туризам Зоран Љутков: Системот бара реформи за да биде фер и ефикасен – разговор Даниел Кунерт, уредник во списанието „Арх+“: Современата архитектура не се занимава само со градење нови ...

Осум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Прочитајте ги неговите најнови мисли исполнети со духовитост и остроумна опсервација на секојдневието. -Дури и најмалиот зрак светлина, ја менува сенката на денот. -Во желбата и обидот да го зголемат своето банкарско салдо, некои ново-стари, алчни градоначалници, ќе вложат голем труд и драгоцено време, да си ја доосиромашат…општината. -Парламентот е најскапиот театар: билетите ги ...

Самостојната изложба на уметницата Аница Китаноска, насловена „Скаменети потези: еволуција на формата“, ќе се одржи во понеделник, 27 октомври 2025 година, во 19, 30 часот, во изложбениот простор Магаза – Битола. Изложбата ќе ја отворат директорката на Завод и музеј – Битола, Маргарита Спасов, која ќе даде воведен збор, кустосот советник во истата установа, Наде Геневска-Брачиќ, и уметницата Љубица Мешкова Солак, членка на ДЛУМ која живее и ...

Книгата „Индиго солзи“ од Нино Наумовски во издание на „Бата прес“ ќе биде промовирана вечерва во 19.19 часот во Салон Импреијал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. За делото ќе зборуваат Снежана Стојчевска и Александар Русјаков „Индиго солзи“ е бит-балада на младоста што се соочува со првите предизвици на зрелоста, рокенрол-елегија за бунтот што произлегува од бесмислените апсурдни детали на патетичноста и поетичноста меѓу ...

Во Народниот театар во Гевгелија вечер ќе се одржи мултимедијалниот перформанс „Тунел на традицијата“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ и Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија во рамки на програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, информираа од Општината. Како што се наведува во информацијата, перформансот претставува уникатно уметничко доживување во кое преку живи модели облечени во традиционални ...

27/10/2025 08:35 - МРТ

Откако го освои светот со сагата „Самрак“, која собори рекорди на гледаност, имаме нова возбудлива екранизација на романот на Стефани Мајер. Приказната е сместена во иднината каде што Земјата е колонизирана од паразитски вонземјани кои ги преземаат човечките тела и на тој начин ја уништуваат личноста и сеќавањата на поединецот. Човештвото е на работ на уништување, а една од последните незаразени е Мелани Страјдер, која ќе ризикува сè за да го ...

Вечерва, во 20:00 часот, во КСП Центар – Јадро ќе се oтвори изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“, дел од континуираната читачка група што веќе пет години функционира во рамките на програмата за критичка теорија и современа уметност. Оваа година форматот е проширен – покрај теоретските средби, проектот вклучува и уметничко истражување кое ја поврзува теоријата со уметничката практика, отворајќи простор за нови форми на ...

Во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, вечер (18:30), ќе се одржи предавање на проф. д-р Димитар Пандев по повод 195 години од раѓањето на Григор Прличев и Константин Миладинов и 90 години од раѓањето на Живко Чинго. – Јубилејни спомени на три големи имиња од македонската книжевност. Годинава одбележуваме значајни јубилеи на тројца истакнати дејци на македонската книжевност и култура – 195 години од раѓањето на Григор ...

Патријархатот не бира возраст Кога удира на мали години, тој шиба отсечно, па нагло ги сосекува тековните емотивни процеси. Посебно кога станува збор за ожалостеност или оплакување. Зашто, машки (деца) не плачат. И што прават децата на кои им е одземена можнооста да изразат болка, тага, гнев? Тие замолкнуват, односно занемуваат. Во таква состојба го затекнуваме малиот Наим, до пред некоја година годиначе, а сега сираче без мајка, но со татко. ...

Претставата „Ќелавата пејачка“ во режија и адаптација на Јагош Марковиќ, ќе гостува вечерва во 20 часот во Драмски театар во Скопје, на Фестивалот на регионални театри РУТА, што беше отворен синоќа. Претставата е според текстот на Ежен Јонеско, а ликовите ги толкуваат регионалните актерски ѕвезди: Олга Одановиќ, Бранко Видаковиќ, Дубравка Дракиќ, Момчило Оташевиќ, Сандра Бугарски и Бранимир Поповиќ. Продукцијата е на Центарот за култура ...

Денес, „Матица македонска“ ќе ја промовира новата книга од универзитетскиот професор, истражувач и писател Стефан Влахов-Мицов, „Земјата – база за космички експерименти“. Целта на оваа книга е да ги покаже специфичните космички експерименти врз земниот свет, нивното влијание врз „сапиенсот“ и неговите реакции, кои обезбедуваат целост и успех на тие експерименти. Промоцијата ќе се одржи со почеток во 12 часот, во мултимедијалниот центар ...

На големата сцена на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври во 20 часот. Диригент на оперетата е Бисера Чадловска, режијата на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор ...

Шпанската полиција ја пронајде сликата од Пабло Пикасо „Мртва природа со гитара“, која исчезна на почетокот на месецов, пред нејзиното изложување во Гранада. Сликата на Писако беше пријавена за исчезната од магацин во Мадрид, од каде што требало да биде однесена во Гранада за изложба во Културниот центар „КахаГранада“. „Мртва природа со гитара“, врамен слика од 1919 во гваш техника, била дел од 56-те дела спремни за изложба, откако е изнесена ...

Во интервјуто за Рацин.мк, Дијана Имери Илкоска, диригент и композитор вели дека кај нас сѐ уште преовладува мислењето дека жената не е родена да биде лидер и на тоа одговара дека е тука за да се кршат стереотипите. Се сеќава на еден разговор со нејзиниот професор Саша Николовски Ѓумар кој ѝ рекол: Ќе ти простат сѐ, ама успехот и талентот нема никогаш да ти го простат Како еден од авторите на мултимедијалниот проект „Дон Кихот во Скопје“, таа ...

Почина Диме Поповски, филмски уметник, фотограф, режисер, и пејач на забавна и народна музика. Поповски важи за еден од пејачите кои со својот глас остави силен печат во македонската забавна музика во 1960-тите и 1970-тите години. Според многумина, тој е најдобриот машки глас на македонската забавна музика во 20. век. Негови славни песни се „Лени“, „Ноќеска шумеа брезите“, „Планино, моја рудино“, „Девојко“, „Мојот дом“, „Убавино, насмевни се“ ...

„Поетроника за млади“, нов проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе со српската поетеса Радмила Петровиќ ќе се одржи на 29.октомври 2025, (вторник), со почеток во 20:00 часот во Јавна соба. Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, туку преку живо, современо и инспиративно доживување. Преку музичко-поетски перформанс, поезијата станува блиска, ритмична и разбирлива за ...

Томе Манчев велеше, мое првично мото е да создадам висококвалитетно и уметничко дело со моќна експресија, високо ниво на психоенергија, совршено композициско-техничко обликување, но и дело кое ќе ме потпише како граѓанин на Македонија, на мојата Татковина… Како истакнат композитор, педагог, музички писател, истражувач и општествен деец, тој со својата музика ја збогати македонската културна ризница Во рамки на програмата за манифестацијата ...

Под мотото „Не спиј – снимај“, во склоп на годинешниот фестивал „Ѕирни“ на кафе-киното „Котур“, се одржа новото издание на „Skopje Film Challenge“ (Скопски филмски предизвик). Се работи за 48-часовен филмски предизвик, каде ентузијасти имаат шанса да направат филм за еден викенд, и тоа под услов во краткиот филм да употребат три клучни зборови / поими. Оваа година, тие зборови беа перница, мост и новинар. Откако ги направија филмовите, делата ...

Дали сте подготвени за уште една епизода што ќе ве натера да размислувате, да се насмеете и да посакате да сте на местото на Дијана и Игор од Скопје и Драгољуб од Тетово? Со Дејан Лилиќ и Виктор Петров – Викса, кои гарантираат вистинско шоу, и натпреварувачи што секогаш изненадуваат – квизот „Седмо небо“ е вистинското место за забава, знаење и добри вибрации! Во ова возбудливо финале некој ќе ја освои главната награда, а сите ќе понесат ...

Тридневната манифестација Денови на македонската литература за деца 2025 во Белград, заврши вчера со посета на Саемот на книгата во Белград и потпишувањето меморандум за соработка помеѓу нашето книгоиздателство Едука Мак и познатото српско книгоиздателство за деца Пчелица. Претходниот, втор ден од книжевната визита за деца, беше реализирана посета на детска градинка во белградската општина Савски венац, каде со вработените во градинката беа ...

Во неделниот број „Култура” на угледниот новосадски весник „Дневник” објавен е расказ на македонскиот писател Томислав Османли. Расказот насловен „Есен во воздухот” е почетната, лирична проза на неговата книга насловена „Каприча” инаку објавена пред 16 години во издание на скопски „Магор”, додека 2019 година под игривиот наслов „Збир-ка-прича” ја објави угледното книгоиздателство „Прометеј”, во превод од македонски на преведувачот и писател ...

Делчево, 25 октомври 2025 (МИА) - Во Спомен-домот АСНОМ во Делчево синоќа се одржа културно-уметничкиот настан „Културна кауза“, во организација на „Fin Project“, со кој започнува серија концерти посветени на промоцијата на современата македонска уметност и нејзино поврзување со младите генерации. Настанот донесе спој на музика, поезија и мултимедијални содржини, инспирирани од делата на македонските поети Гане Тодоровски и Анте Поповски, ...

Меѓу најредовните учесници во последните три децении на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид е и проф. д-р Ала Шешкен од Руската федерација. Таа и д-р Елена Верижникова се столбот на македонистиката во Москва. Основата на македонската катедра во далечната 1975 година ги постави покојната, академик Рина Усикова. Годинава Московскиот државен универзитет Ломоносов слави 50 години македонистика и предавања на македонски ...

Виница, 24 октомври 2025 (МИА) - Во Виница вечерва започна овогодишното издание на фестивалот „Ин Виница веритас“. Овој настан од културата, посветен на хуморот и сатирата, за отворен го прогласи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Тој пред гостите рече дека во овој фестивал се вложени многу љубов и посветеност истиот да прерасне во еден од најпопуларните во овој регион. Неговата препознатливост и уникатност секоја година ја ...

Фестивалот за детски и забавни песни „Јаболчиња“ од Тетово оваа година прославува јубилеј, 30 години од постоењето, со што го става во редот на детски фестивали со најдолга традиција во Македонија. Во сите овие изминати години, па дури и во времето на конфликтот од 2001 и ковид-пандемијата тетовските „Јаболчиња“ наоѓаа начини и сили да не ја прекинат традицијата на фестивалот. Основач на фестивалот е тетовецот Никола Димовски-Т’мница, а од ...

Во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје на 27 октомври во 20 часот ќе биде отворена изложбата на дела од работилниците на фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно 2025“. На изложбата има дела на кои учесниците работеа со различни благородни фотографски процеси – цијанотипија, Van Dyke Brown, мокар колодиум, фотограм, лумен принт, напредна црно бела фотографија, фоџо, гумотипија… „Фотографиите претставуваат спој на експеримент, ...

weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
0.0
86%
1024
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
89%
1021
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
2.06
73%
1026
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
1.99
97%
1024
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
97%
1023
weather icon

Атина

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
77%
1024
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
2.24
91%
1024
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.57
90%
1024
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
5.66
75%
1024
Currency

61.545

Currency

52.851

Currency

70.942

Currency

35.3941

Currency

38.0477

Currency

65.9491

Currency

7.57395

Currency

0.67113

Currency

0.33186

Currency

0.52432

Currency

1.22539

Currency

0.58618

Бакар

12.02

Платина

74245.83

Злато

147673.55

Кобалт

59.52

Рутениум

44946.74

Сребро

2756.60

Алуминиум

3.17

Паладиум

57839.19

Иридиум

174307.10

Калај

48.40

Родиум

318292.39

Цинк

3.15